
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Процедурите за чување и ништење податоци собрани со посебни истражни мерки (ПИМ) се систематизирани и развиени во новоизготвениот водич, кој ги зема предвид меѓународните стандарди за чување и ништење податоци собрани со ПИМ, предизвиците, пречките и ограничувањата кои би можеле евентуално да го спречат складирањето и ништењето на ваквите податоци, но ги определува и лицата/субјектите кои треба да бидат вклучени во процесот на ништење, нивните ...
Во јавноста се уште е актуелна темата по бегството на екс-вицепремиерот Артан Груби откако беше обелоденето дека е вмешан во злоупотреба на службената должност за проневера во државната Лотарија. Најголемите партии продолжуваат со обвинувањата за тоа кој е виновен за неговото бегство и дали се осудува таквиот потег. Од СДСМ прашуваат дали министерот Панче Тошковски ќе преземе одговорност за настанот. -Последните информации за бегството на ...
Почесниот конзул на Косово во Македонија и познат бизнисмен, Арсим Папранику, е повикан на распит во полициската станица Карпош, каде што дава исказ во врска со истрагата за финансиски махинации во Државната лотарија. Во овој случај е поврзан и поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, кој моментално е во бегство, а полицијата го бара. Папранику е идентификуван како бизнисменот кој го превезол Груби со своето возило со дипломатски таблички до ...
„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, напиша Сулејмани во објавата на фејсбук. Историско кафе со Али Ахмети во Приштина, напишна извесен Исмет Сулејмани на својот фејсбук профил утрово. Во објавата не пишува која е причината поради која лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска е во посета на Косово. Во придружба на Ахмети е генералниот ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За уште четири лица е поведена постапка за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик. Постапувајќи по поднесени кривични пријави ...
Сведокот Тодорче Георгиевски, вработен во Единицата за економски и компјутерски криминал, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, рече дека не забележал дека некој ѝ вртел на Вања додека бил вршен претресот на имотот на братот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Баже Палевски. Тој рече дека бил ангажиран околу одземањето на предметите и околу техниката и дека имал обврска да го чита имеи бровите, односно сериските ...
Синот на поранешен висок функционер на ДУИ во МВР и во други институции, од Турција на криминалните банди им ја дојавил акцијата што МВР планирало да ја почне во вторник. Поради тоа, полициската акција против мафијашките кланови почна во неделата во доцните попладневни часови. Иако започната пред планираното време, акцијата е успешна. Се апселе членови на кланови во Дуќанџик и во Арачиново. во моментов 7 лица се зад решетки. Пронајдени се ...
Извршен е претрес во домот на поранешниот вицепремиер Артан Груби, но тој не е пронајден. Од вчера во јавноста има шпекулации дека Груби е пребеган во Косово. Тој се огласи на социјалните мрежи дека бил во приватна посета во Косово и дека ќе се врати, „веднаш штом ќе заврши со обврските. . „Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично ...
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена пријава дека на Попова шапка шест (6) лица се изгубиле, не можеле да се ориентираат и побарале помош. Конкретно, со скии-лифт се качиле горе на скијачките патеки и кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла, а и поради снегот што бил нов и немало изгазена патека од други скијачи тие не можеле да се ориентираат за правец за спуштање. Согласно ...
Според уставот, премиерот Хан Дак-су, назначен од Јун, станува вршител на должноста претседател. Јун е вториот конзервативен претседател кој е отповикан во Јужна Кореја. Парк Геун-хе беше отстранета од функцијата во 2017 година. Одлуката дојде откако некои членови на Партијата на народната моќ на Јун им се приклучија на опозициските партии, кои контролираат 192 места во 300-членото Национално собрание, со што го пробија прагот од две третини ...
Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, ни одговорија од МВР за Телма. Нредбата ја побарало МВР за да собере докази за евентуално криивчно дело. Премиерот Христијан Мицкоски на 28 ноември од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, рече дека континуирано добива информации за тоа што се случува во ...
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 12.12.2024 година во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрираа земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата: – епицентарот на првиот земјотрес е 76 км ...
Ексдиректорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е еден од осомничените во вчерашната акција „Адитив“, не е достапен за домашните органи на прогон, но полицијата ќе стори сè што е рамките на нејзините надлежности тој да биде изведен пред лицето на правдата. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за шпекулациите во јавноста во ...
Ние изминатиов подолг период сме сведоци на едно непримерно, можам да го наречам и политичко насилие, влијание, притисоци на некој начин и уцени на Уставниот суд. Тоа е резултат на едно фрапантно отсуство на елементарна политичка култура, да не зборувам за уставна култура, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. -Повеќе пати имам кажано дека нема да дозволам Уставниот суд да биде уценуван од ...
Најмалку десетина луѓе се уапсени поврзани со РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино при денешната акција на Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР е наведено дека во тек е полициска акција и дека позавршувањето на истатата ќе бидат соопштени детали. Истрагата ја води Обвинителството за борба против организиран криминал и оттаму велат дека детали ќе соопштат во текот на денот. Истрагата опфаќа 25 субјекти од кои 23 се ...
Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во фирмата „АТЛАНТИК“ во населба Визбегово. Според првичните информации се работи за пожар на два камиони (шлепери), но според пријавата на јавувачот постои опасност да бидат зафатени и други камиони. Од спротивна страна на патот се наоѓа бензинската пумпа ХИБ Петрол. За настаната состојба веднаш се известени БППЗ на Град Скопје и ...
Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) треба да се состане на вонредна седница за ситуацијата во Сирија на 9 декември по соборувањето на бруталниот режим на долгогодишниот претседател Башар ал Асад и падот на Дамаск во рацете на бунтовниците предводени од исламистите. Вонредната седница, свикана од Русија, според Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на земјата во Обединетите нации, ќе се одржи зад затворени врати ...
Дете на возраст од 14 години и двајца возрасни денеска се пронајдени мртви во неготинското село Црвени Брегови. Тие се најдени починати во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект. Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село ...
„Сите деца се исти“, рекоа кантавторката Мијата и Денис Јанкуловски-Космонаутко од Центарот за јавно здравје, на промоцијата на инклузивната песна „Гуш и бац“ вчера (7 декември) во Кинотеката. Песната беше промовирана на фестивалот „Златно славејче“ во ноември. „Ова е трета песна посветена на децата со атипичен развој, за зголемување на свеста, за почитување и инклузија, прва песна во соработка со Мијата и Весна Малинова која ги напиша овие ...
Сириските бунтовници објавија дека ја презеле контролата врз главниот град Дамаск, откако во последните денови започнаа молскавична офанзива која брзо напредуваше низ земјата. Видеа што кружат на социјалните мрежи ги прикажуваат бунтовниците во дворот на претседателската палата и на влезните порти. „Дамаск сега е ослободен од Асад“, објавија бунтовниците на социјалните мрежи на 8 декември, мислејќи на претседателот на Сирија, Башар ал – Асад, ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга, откако спроведе истражна постапка, донесе одлука и поднесе Обвинителен акт против 38-годишник од селото Велешта за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија според член 193-а став 1 и став 2 во врска со став 3 од Кривичниот законик. Обвинет е за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во периодот од ноември лани до мај годинава пренесувал, нудел и на друг ...
По долги пет години реставрација, иконата Нотр Дам во Париз повторно ќе ги отвори вратите за туристите на 8 декември, на празникот на Безгрешното зачнување. Повторното отворање означува значаен момент во раскошната историја на катедралата, бидејќи таа се издигнува од пепелта на разорниот пожар што речиси ја уништи во април 2019 година. Средновековната катедрала стара 860 години, симбол и на Франција и на Париз, е прецизно реставрирана, со нов ...
Мажот од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги уби братот и снаата, доби 20 години затвор, информираа од Јавното обвинителство. Осудениот Љ.К. кој е на возраст од 67 години, по вербална расправија со метална шипка ја удирал прво жената, нанесувајќи и тешки телесни повреди од кои таа веднаш починала. Потоа од братот побарал да му даде клуч од гаражата, па кога тој одбил исто така го удрил со шипката повеќе пати во главата, нанесувајќи ...
Обвинителството во Кавадарци поднесе обвинение против 32 годишната жена која се обидела да ја лиши од живот својата мајка, со која живеела во заеднички дом. Според обвинителниот акт, инцидентот се случил на 10 септември годинава, во семејната куќа во Кавадарци. „Обвинетата, додека жртвата спиела, ја удрила со чекан повеќе пати во главата, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Потоа чеканот го фрлила во дворот и го прекинала делото“, соопштуваат ...
9- годишно дете се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје, а 70 годишна жена починала на самото место по пад од балкон синоќа во скопската населба Кисела вода, објави Канал 5 телевизија. Од МВР за Канал 5 го потврдуваат настанот, но не даваат детали во интерес на истрагата. Не е познато под кои околности жената скокнала од балконот и дали детето било со неа во тој момент или паднало претходно. Детето е во стабилна состојба, но има повреди ...
Претпладнево во Вараждин започна распит на родителите на двете бебиња чии тела беа пронајдени закопани во дворот на нивната семејна куќа во Општина Љубешчица, изјави Дарко Галиќ, заменик на жупанискиот државен обвинител. Телата на закопаните бебиња беа пронајдени синоќа, откако полициската управа Вараждин добила дојава за сомнеж за сторено кривично дело „повреда на права на дете“. Како што е утврдено со истрагата, бебињата се најдени во шума во ...
Новинската агенција Reuters објави информација за потенцијалниот мировен план за Украина што треба на Киев и Москва да им го претстави новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Reuters собра информации за мировниот план од интервјуа со неколку луѓе блиски до Трамп и изјави од неговите советници и јавно и приватно. Предлозите на тројцата клучни советници, пратеникот на Трамп за Русија и Украина, Кит Келог, споделуваат некои елементи, ...
Против доскорашниот шеф на Вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јован Цветановски ќе биде поведена дисциплинска постапка поради утврдено нестручно и несовесно работење, што го покажала ревизијата кое републичкото јавно обвинителство ја изврши врз Вишото обвинителство. -Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ги разгледа записникот и конечниот извештај од извршениот надзор во Вишото јавно обвинителство ...
Учениците од прво до четврто одделение од Основното училиште „11 Октомври“ во Скопје денеска не дојдоа на настава. Причина за оваа одлука е бојкот поради префрлање на ученик кој претходно бил отпишан од друго училиште поради насилно и проблематично поведение. Родителите на учениците во ова училиште организираа бојкот, а одлуката беше донесена од Советот на родители. Тие посочуваат дека се плашат дека насилното однесување на ученикот ќе се ...
Коалицијата Зелен хуман град (ЗХГ), на 10 декември оваа година организира протестен марш за чист воздух. Како што соопштија, маршот ќе започне во 16 часот, од Министерството за животна средина преку Собрание и ќе заврши пред Владата. – Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност ...