Припадниците на српските вооружени сили не смеат да имаат алкохол во крвта, односно алкотестот не смее да покажува ништо повеќе од нула. Поради постоење основно на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство Краљево го приведе возачот М.В.(54), кој управувал возило на Српската војска. Нему му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе ...

Во МНР е повикан бугарскиот амбасадаор за да му се врачи протестна нота за, како што објаснува официјално Скопје, протоколарниот пропуст при средбата меѓу претседателите Гордана Сиљановска Давкова и Румен Радев минатиот петок во Софија Нотата од македонска страна следи по реакциите во домашната јавност зошто на фотографијата од ракувањето меѓу двајцата претседатели го има само бугарското знаме На тукушто акредитираниот амбасадор на Бугарија во ...

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес. – Овој родител наместо да го плачи своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви некоја лажен мотив и врска. Јас него не го познавам, рече Палчо за таткото на Вања. Таткото на Вања кажа дека на располагање се става на судот да се открие вистината за овој случај. Тој ...

Во Основниот кривичен суд Скопје утрово започна долгоочекуваниот судски процес за убиствата кое ја потресе Македонија. Обвинетите за смртта на Вања Ѓорчевска и фризерот Панчо Жежовски излегоа пред судија и ќе ги имаат воведните обраќања. Најголемо внимание предизвика појавувањето на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Изненадување беше кога обвинителот прочита писмо од Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања која побара исклучување на ...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека американските еврејски гласачи ќе бидат делумно виновни доколку тој ги загуби изборите на 5 ноември од потпретседателката Камала Харис, кандидатот на демократите. За време на Националниот самит на израелско-американскиот совет во Вашингтон, поранешниот претседател се пожали дека заостанува зад Харис меѓу американските Евреи. Израел најверојатно ќе престане да постои во рок од две ...

Оризопроизводителите од кочанско тврдат дека ориз увезен од Индија, Пакистан и земјите од далечниот Исток се пакува со декларација „кочански“ и се продава во маркетите со што се руши квалитетот на домашниот ориз. Тие бараат институциите да реагираат и да го заштитат домашниот бенд. – Имаше многу увезен ориз оваа година, кој се брендира како кочански. Бараме инспекторатот да излезе на терен и да го провери квалитетот, па ако не е кочански, да се ...

Израелската шпионска агенција Мосад стои зад поставениот експлозив во 5.000 пејџери увезени од либанската група Хезболах месеци од чиешто симултано експлодирање загинаа девет лица, изјави за Ројтерс висок либански безбедносен извор и друг извор, а операцијата, чии траги водат од Тајван до Будимпешта, значи досега невидено нарушување на безбедноста на Хезболах. Меѓу убиените се син на истакнат политичар на Хезболах и 8-годишно девојче, според ...

Поплави ги погодија Чешка и Полска, додека најмалку пет лица загинаа во големите поплави во источна Романија, објави денеска новинската агенција Медиафакс. Службите за вонредни состојби во Чешка и Полска и во делови од Австрија од петокот се подготвуваат за лошо време. Обилните врнежи во Чешка веќе предизвикаа покачување на водостојот на реката Елба, а чешката метеоролошка служба (ЦХМУ) објави дека во најтешко погодените региони во претходните ...

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон. Кога се ...

Националната опера и балет имаше исклучително претставување пред софиската публика со изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди синоќа на сцената на Националната опера и балет во Софија, Бугарија. Аплаузи на отворена сцена, овации по завршувањето на оперската претстава добија учесниците од ансамблот на нашата Опера. Големо медиумско внимание во бугарските медиуми доби овој настан. Ова е возвратна посета на нашата Опера по гостувањето ...

Цените во маркетите постојано растат, а особено високи се тие на зеленчукот и овошјето што не е карактеристично за месец септември. Доматите достигнаа цена и до 130 денари, пиперките за ајвар 80 денари, краставиците 70-80 денари. Цената на грозјето се движи меѓу 80 и 130 денари, пиперките 60 денари, а слични се цените и на пазарите. Владата најави мерка дека ќе поевтинат над 100 производи, но таа уште се разгледува, наредната недела би се нашла ...

Република Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија, затоа очекувам овој дијалог да придонесе кон наше културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка и туризмот. Ова денесака го изјави бугарскиот претседател Румен Радев при негова посета на авиобаза, а пред да ја оствари предвидената средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е во официјална посета во Софија. Како што пренесува ...

Од фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците денеска информираа дека Апелациониот суд во Гостивар го вратил на повторно судење предметот за печатите на партијата. Апелациониот суд го враќа предметот на повторно судење по претходната одлука донесена од Основниот суд Тетово, каде што се одолговлекуваше и се менуваа неколку судии додека не се донесе скандалозната одлука под притисок на поранешниот министер за правда Кренар Лога, ...

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи вчеравечер на патот Гостивар-Кичево. Како што пренесуваат дел од медиумите, еден од загинатите бил сопственик на синџир аптеки додека пак другиот бил часовничар. Возачот на возилото марка „БМВ“, Б.Х. починал на местото на настанот, додека другиот сопатник Т.Р. не ги преживеал повредите и починал во гостиварската болница. „Синоќа во 21:20 часот во СПБ Тетово било пријавено дека на ...

Да се вклучат странски експерти од УНЕСКО, Советот на Европа или ОБСЕ во работата на Историската комисија со Бугарија побараа денеска нејзините поранешни членови, кои Владата завчера ги смени. Тие сметаат дека само така ќе се тргнат политичките влијанија од работата на Комисијата. Во отвореното писмо до јавноста, поранешните членови велат дека комисијата била постојана мета на политички напади. Наместо да помогне во надминување на проблемите ...

Пратениците на СДСМ бараат да се повлече законот за заем од Унгарија по скратена постапка и тој да се носи во редовна постапка, за него да се организира дебата со вклучување на експертската јавност. Предлог законот, како што кажа, е коруптивен и земјата се става во должничко и политичко заложништво кон Унгарија. Пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието побара законот да се донесе во редовна постапка, да ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија одржа јавна расправа во врска со постапка иницирана по поднесени барања за одговорност на судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев. На седницата, не присуствуваше судијата Нанев, иако барал од Судскиот совет да биде јавна, за да може јавно да се произнесе по наводите. Претседателката на Комисијата Лорета Георгиева информира дека Нанев поканата ја примил на 8 февруари, но до започнување на ...

Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, најави дека започнува со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководството на министерството. Тој напомена дека народот ќе слушне и види како работел екс министерот Љупчо Николовски. Трипуновски напомена дека одредени правни лица надвор од сите прописи земале државни пари. Од денес повеќе нема ништо да биде исто. Започнуваме со објавување на сите ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 38-годишен тетовец со непријавено престојувалиште во Скопје, кој е осомничен дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 септември, по пријава за нарушен јавен ред и мир, полициски службеници дошле во станот ...

На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С.. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител. ...

Рано утринава, околу 200 луѓе – пожарникари, припадници на Армијата, полицајци, вработени во „Национални шуми“, но и локално население се очекува да се упатат кон пожарот во Мариовско и да интервенираат на негово гасење. Ова синоќа во видеоизјава го најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, откако пожарот кај Мариово ескалираше, зафаќајќи ја линијата на огнот над 20 километри. Потребата од повеќе човечки ...

Во следниот период Министерството за внатрешни работи (МВР) преку кампања ќе ги повикува граѓаните што не ги обновиле возачките дозволи со новото име, да го сторат тоа, зашто старите ќе важат до крајот на годината. Ова денеска го изјави Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, по посетата на пунктот за промена на личните документи „Пролет“ во Скопје, посочувајќи дека досега околу 750 илјади возачки дозволи се издани согласно одредбите од ...

Преку писмено соопштение, попладнево од Град Скопје велат оти јавниот превоз во главниот град функционира нормално. И автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и на приватните превозници, како што додаваат од Градот, во моментов го опслужуваат јавниот градски превоз. „Јавниот градски превоз утринава функционира нормално, наспроти напорите и политичките притисоци на ВМРО-ДПМНЕ да предизвикаат нови тешкотии за граѓаните на градот ...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со обвинувања кон пратеничката на СДСМ и ексминистерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која, како што велат од партијата, додека ја извршувала функцијата во Владата трошела пари од буџетот за лични потреби и луксузирања. Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција рече дека почнуваат со обелоденување на скандалот „Бисера Антоанета“ (алузија ...

Лидерот на грчката опозициска Сириза, Стефанос Каселакис повторно е топ тема во Грција. Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, тој со неговиот сопруг американецот Тејлор Макбет изминативе четири дена правеа свадбена веселба на островот Крит. Тие пред неколку месеци склучија брак во САД, пред Грција да ги легализира истополовите бракови. Грчките медиуми и покрај тоа што немаа пристап до веселбата објавија бројни детали, но и фотографии. ...

Во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, што се наоѓа на врвот на Водно, утринава избил пожар, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК велат дека екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита веќе се упатени на терен. На пожарот интервенирале седум скопски пожарникари со две возила кои, како што вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, успеале да го изгаснат. На пожарникарите ...

Нападот со нож се случил синоќа околу 19:40 часот во автобус со најмалку 40 патници, кој одел на градска прослава во Зиген. Полицијата ја уапсила напаѓачката, а истражните органи засега не сметаат дека станува збор за терористички напад. Осомничената е Германка, која според информациите на агенцијата ДПА боледува од психички болести и отпорано ѝ била позната на полицијата. Таа со нож нападнала шест лица. Тројца се уште се во животна опасност, ...

Следниот месец ќе се ревидира проектот за изградба на автопат од Скопје до Блаце, најави вчера министерот за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека од предвидените 14 километри, изградени се само два, а за преостанатите 12 километри техничката документација е речиси невозможна. -Трасата оди низ планина шест километри и ако ова е изводливо, тогаш ќе чини многу повеќе од предвиденото, рече тој. Денеска за автопатот се огласи и неговата ...

Не треба во недоглед да бараме кривица во кого било за состојбите во Град Скопје, кривицата на крајот на денот е во менаџерот кој добил шанса од граѓаните да направи нешто за својот град и за своите граѓани. Верувам дека ќе смогне сили и ќе најде начин Арсовска да се надмине себеси и својата суета и конечно да поднесе оставка на функцијата градоначалник на Град Скопје што ќе биде добро за нејзе, но пред се за сите скопјани, порача претседателот ...

На Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) денеска и утре се врши пријавување за првиот рок за упис на студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година. Процесот се одвива на 23 факултети што се во состав на најстариот и најголемиот универзитет во земјава, каде што се слободни вкупно 9 921 места за нови студенти, од кои 4 761 за редовни студенти кои се финансираат од буџетот, 4 210 за редовни со школарина и 950 за ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
50%
1021
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
70%
1022
weather icon

Загреб

18ᴼ / 13ᴼ
0.51
66%
1023
weather icon

Софија

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
58%
1023
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.32
59%
1020
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
95%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
7.72
46%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
41%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
8.75
60%
1019
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
60%
1023
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 23ᴼ
2.57
100%
1015
Currency

61.53

Currency

52.9932

Currency

70.6389

Currency

34.452

Currency

38.5662

Currency

65.7253

Currency

7.37939

Currency

0.66071

Currency

0.35961

Currency

0.52665

Currency

1.3036

Currency

0.6042

Кобалт

42.99

Алуминиум

2.62

Иридиум

153726.40

Никел

14935.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.66

Сребро

1222.90

Злато

108621.42

Бакар

8.87

Паладиум

36876.91

Платина

43097.98

Родиум

225858.99

Цинк

2.78