
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилуваше десет осуденици од кои на тројца извршувањето на затворската казна им се заменува со условна додека на останатите седуммина со одлуката им се скратува времетраењето на казната. Нејзината одлука е објавена во Службен весник на 22 октомври, каде не се наведени информациите за кривичните дела. Меѓу помилуваните има и лица кои беа осудени во познати случаи во јавноста. Еден од нив е поранешниот ...
На 88 годишна возраст почина писателката Оливера Николова. Твореше на деца и за возрасни, а ќе остане запаметена по внесувањето на првиот градски лик – Зоки Поки, во македонската литература. Работниот век во помина во јавниот сервис – МРТВ како уредничка и драматург. Па, од таму и нејзиното авторство на повеќе куклени и играни серии за деца. Таа е автор на 30- тина книги за деца и возрасни, меѓу кои има раскази, романи, сликовници и пиеси. За ...
Дванаесеттемина планинари за кои вчера било пријавено дека се изгубени во планинскиот предел на Шар Планина доцна синоќа биле пронајдени, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Дека со планинарите не може да се воспостави контакт било пријавено вчера во 21:35 часот на единствениот повикувачки број 112. Последната локација, како што информирал пријавителот, на која биле регистрирани планинарите била во месноста Три Чешми во ...
Вулканот Лаки-Лаки, кој се наоѓа на островот Флорес, еруптираше во неделата во 23:57 часот по локално време, исфрлајќи огнена црвена лава, вулканска пепел и вжештени камења. Властите во Индонезија го подигнаа статусот на опасност на вулканот на највисоко ниво. „По ерупцијата дојде и до прекин на електричната енергија. Потоа врнеше дожд придружен со силни молњи, што предизвика голема паника кај луѓето кои се наоѓаат во близина на вулканот“, ...
Најмалку 51 лице загина во поплавите што во вторникот го зафатија источниот шпански регион Валенсија, откако дождот ги остави патиштата и градовите под вода, соопштија во средата локалните власти. Спасувачите успеаја да спасат неколку луѓе, а итните служби се обидуваат да стигнат до најтешко погодените области. Карлос Мазон, регионален лидер на Валенсија, рече дека некои луѓе останале изолирани на недостапни локации. „Ако (услугите за итни ...
Откако испрати писма до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави, во кои изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска такво слично писмо испратил и до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во писмото, кое интегрално го пренесоа од ДУИ, партискиот лидер изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд за „укинување на ...
Од утре во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето, со што стрелките на часовникот ќе се вратат еден час назад. Тоа значи дека стрелките на часовникот во три часот, ќе се поместат на 2 часот. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето. Изминатите години имаше иницијативи за прекин на праксата за ...
Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна. Очигледно оваа мерка ги штити трговците, а не граѓаните. Ова денеска го соопшти портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) Богданка Кузеска, посочувајќи дека се покажа дека голем дел од цените се намалени, некои минимално, а цените на одредени производи дури и се зголемени. „Оваа мерка се ...
МВР денеска излезе со детали поврзани со вчерашното пукање во Арачиново каде беше застрелано едно лице „Синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Ќ.Д.(42) од с.Арачиново-скопско со повреди од огнено оружје во пределот на десната нога“, велат од МВР. Од она што го посочуваат од МВР е дека застреланото лице Ќ.Д. било повикано од друго лице да излезе пред влезната врата на ...
Негативен е резултатот на жената посетител на скопската Зоолошка градина, што денеска е тестирана за птичји грип, информира попладнево Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), посочувајќи дека нема пријавено друго лице за тестирање. Поради појава на птичји грип, од викендов е затворена Зоолошката градината во Скопје. Жената е родена 1958 година. Ја тестиравме со нејзино убедување“,вели таа. Посочи дека се тестирани и ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против три лица кои ги товари за продолжено кривично дело – Проневера во службата според член 354 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Трите соизвршителки, во временскиот период од 01.12.2018 година до 05.08.2021 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и ...
Поранешниот претседател на Албанија и актуелен претседателот на Партијата на слободата Илир Мета е уапсен. Мета е уапсен поради отворен случај од страна на јавното обвинителство на Албанија за корупција и организиран криминал. Мета беше претседател на Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година. Тој беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година. , министер за Европа и ...
Турскиот верски водач Фетула Ѓулен, за кого Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија во понеделник турските медиуми и веб-страницата поврзана со Ѓулен. Ѓулен изгради влијателно исламско движење во Турција и пошироко, но последните години ги помина обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, што тој го негираше. Веб-страницата ...
Претседателот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) Самка Ибраимовски објави дека денеска во нивниот партиски клуб на ул „Иво Лола Рибар“ во Тетово била фрлена експлозивна направа, која предизвикала материјална штета. Засега нема информации за повредени луѓе. На 21 октомври беше фрлена експлозивна направа во клубот на ПЦЕР. Искршени се сите прозори и е направена значителна штета. Најостро го осудуваме овој чин на нетолеранција и ...
Зоолошката градина во Скопје е затворена, а евакуирани биле вработените поради смртоносна болест која се појавила кај гуските, а од која може да се заразат и луѓето. Во последниве денови во зоолошката градина угинале десетина гуски, а сега се усмртуваат и останатите. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов за Мета.мк изјавил дека од рано изутрина е во Зоолошката градина и дека ќе се вршат сите можни испитувања за да се ...
Целиот остров Куба се соочи со мрак предизвикан од недостаток на електрична енергија, откако нејзината главна енергетска централа откажа. Без струја останаа сите 10 милиони жители на Куба, по откажувањето на главната енергетска централа, што е само врв од проблемите со струјата кои ги има оваа држава изминатите месеци. Во четвртокот премиерот прогласи и „енергетска вонредна состојба“. Целосниот мрак се случи откако електраната Антонио Гитерас во ...
Три лица загинаа, а петмина се повредени кај тунелот Катланово откако се преврте комбе на автопатот Скопје кон Велес. Несреќата се случила попладнево во 17:45 соопштија од МВР. Повредените се префрлени во болница. Дежурниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидните екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа. Повикан е ѝ сообраќаен вештак за утврдување на причините. Меѓу првите кои ...
Музафер Калишиќ, кој на 27 ноември кога беше грабната и убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, бил помошник-началник на СВР Скопје за криминалистички работи и насилен криминал, денеска сведочеше за двојното свирепо убиство за кое што се обвинети Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. Претходно овој сведок одговараше на прашања на обвинителката, за чудното однесување на таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој ...
На денешната меѓувладина конференција ЕУ – Албанија во Луксембург ќе биде отворен првиот кластер „Основни вредности“, со што Тирана практично ги почнува преговорите за членство во Унијата. Оваа конференција, како што соопшти унгарското претседателство со Европската Унија, се одржува откако Комитетот за постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои заедничкиот став на Унијата за отворање на првиот кластер во ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за две одвоени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 27 септември, под возачкото седиште во автомобил, осомничениот 52-годишник држел пет ќесички марихуана со вкупна маса од 18,83 грама. Потоа, во текот на ...
МВР се огласи по повод ужасот во тетовско Слатино, каде попладнево беа пронајдени две безживотни тела на мајка и нејзината ќерка – бебе во семејниот дом. „Денеска (08.10) околу 14:00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на лекар пријавил дека бил повикан на интервенција во село Слатино од М.З. од Слатино, Тетово, кој без знаци на живот ги пронашол нејзината ќерка К.Ш (36) и нејзината внука доенче во нивниот семеен дом, каде што била ...
Поради добиени позитивни лабораториски наоди за зголемено присуство на манган, над максимално дозволените концентрации согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во петокот, издаде забрана за користење на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар. На јавното комунално претпријатие “ Комуналец” кое стопанисуваа со водоводната мрежа во овој град, наредено му е да ги ...
Министерот за здравство Арбен Таравари вчера потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој е запознаен со случајот, но детални информации очекува од Комисијата за стручен надзор која утре ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано бебето. Како што напомена Таравари, кој и да е виновен, ќе мора да сноси одговорност. „Вратено било, за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да ...
Вчерашните поплави ги однесоа животите на 21 лице во Босна и Херцеговина. Општините Јабланица, Кисељак, Крешево, Коњиќ, Фојница и Долна Јабланица се најпогодените од катастрофата, а според првичните проценки, штетата од поплавите на овие места е немерлива. EPA-EFE/NIDAL SALJIC EPA-EFE/NIDAL SALJIC Како исчезнати се водат шеснаесет лица, а потрагата по нив продолжила од раните утрински часови. Утринава беше соопштено дека е пронајдена загината ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му посекотини со скалпел кај вратот и десното уво. Оштетениот успеал да побегне, а осомничениот со скутер ...
Премиерот Христијан Мицкоски утрово остварил средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој вчера пристигна во официјална посета на државава. Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Orbán Viktor. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка. Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес и утре.ќе престојува во Скопје со официјална делегација која ќе ја предводи, објави МНР. Политичкиот лидер на Унгарија доаѓа и како претседател на Советот на Европската Унија во втората половина од годината. Утре, споре информациите на владината прес служба, ќе има средба со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во премиерската вила во Охрид. Потоа ќе има заедничка меѓувладина седница во хотелот Инекс ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, во својство на организациски директор на Јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, ги пречекорила своите службени овластувања со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица. Постапувајќи ...
Земјотрес со јачина од 3,4 степени по рихтер околу 2 часот по полноќ беше почувствуван на територијата на Град Скопје. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет епицентарот бил регистриран на 23 километри источно од главниот град на длабочина од 7 километри.. Земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, се вели во ...
Есента во земјава и на северната хемисфера почнува денеска во 14:43 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта. Есента ќе трае до 22 декември кога календарски ни започнува зимата. На првиот есенски ден времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до ...