Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Суд во Истанбул нареди притвор на еден од најпопуларните стендап комичари во Турција, Дениз Гокташ, откако беше приведен на главниот аеродром во градот за настап што е прегледан 9,4 милиони пати на YouTube. Гокташ е обвинет за „поттикнување омраза и нетолеранција“ и навредување на претседателот Реџеп Таип Ердоган, објавува „Би-би-си“. Тој е најновиот во низата изведувачи кои се цел на репресија против неистомислениците во Турција, која исто ...
Полицијата ги идентификуваше и изврши службен разговор со двете малолетнички осомничени за бруталното врсничко насилство во скопската општина Аеродром, а по целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави не само против нив, туку и против нивните родители. Случајот беше пријавен вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, кога 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка претходната вечер, околу 22 часот, во парк ...
„Од Божји нишан не се бега, збогум, стар пријателе. Некој асфалт – кај и да е и таму ќе ме однесе..“, велеше Владо Јаневски во неговата песна „Булки“. Како во песната, така беше и денес на неговото последно патување. Додека неговото тело беше во капела, неговите блиски со цвеќе дојдоа да го испратат и да му запалат свеќа, свиреа неговите песни. Достоинствено испраќање на човекот кој ги напиша најубавите љубовни стихови. Го испратија ...
Со 58 гласа „за“ и шест „против“ Собранието, по скратена постапка го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Со новите законски измени се воведуваат реформи кои се однесуваат на проширување на кругот на живи дарители. Министерот за здравство Азир Алиу, образложувајќи го законот пред пратениците, истакна дека ова решение има огромно значење. Тој нагласи дека ...
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука, согласно која, од ноќеска на полноќ цените на нафтените деривати се намалуваат од 3,5 до 7 денари по литар. Според одлуката на РКЕ, бензинот еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,5 денари по литар, цената на бензинот еуросупер БС-98 ќе се намали за 4 денари по литар, а дизелот и екстра лесното масло поевтинуваат за 7 денари по литар. Па така, бензинот еуросупер БС-95 од ...
Основното јавно обвинителство Скопје синоќа донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишник за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во ...
Американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC) го подигнаа нивото на одговор на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго на највисокото можно ниво, поради забрзаното ширење на болеста. И покрај тоа, американските здравствени власти нагласуваат дека ризикот од ширење на вирусот во САД засега останува низок. Според последните податоци, епидемијата на сојот Bundibugyo заразила повеќе од 1.200 лица во Конго, а 321 човек ...
Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 се повредени во двата земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што ја погодија Венецуела, изјави денеска привремената претседателка Делси Родригез, прогласувајќи вонредна состојба. Таа нагласи дека сè уште нема информации за државата Гуарија, која се наоѓа во близина на главниот град и која, како што рече, е најтешко погодена. Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од ...
Граѓаните во Албанија повторно протестираа во петок, 20-ти ден по ред, а главното барање беше оставка од премиерот Еди Рама. Во 19:00 часот, како и секој друг ден, демонстрантите прво се собраа на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, а потоа, скандирајќи ги слоганите „Рама во затвор, Бериша во затвор“, маршираа кон зградата на владата, каде што ги одржаа своите говори. Како што веќе стана вообичаено, протестот продолжува со маршеви низ главните ...
Голем шумски пожар избувна на грчкиот остров Евбеја, прв во земјата оваа година, а властите наредија превентивна евакуација бидејќи силните ветрови ги туркаат пламените јазици кон станбените области, објави новинската агенција dpa. Пожарот избувна во близина на селата Месохорија и Раптеи попладне, а противпожарната служба ги повика жителите да го напуштат подрачјето. Според медиумските извештаи, околу 120 пожарникари, 35 противпожарни возила, ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, заедно со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи, спроведува координирана акција на повеќе локации во Скопје. Од ОЈО ГОКК информираат дека активностите се спроведуваат под раководство на јавен обвинител, а се резултат на повеќегодишна предистражна постапка поврзана со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), објави 4news.mk Во ...
Три девојки се повредни отккао со четирицикл излетале од коловоз во тетовско. Од СВР Тетово информираат дека вчера во 13:00 часот било пријавено дека четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Е.Т. (25) од селото Селце, излетал од коловозот. Во несреќата возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзините сопатнички Е.Б. (18) и В.Т. (20), исто така од селото Селце, се здобиле со телесни повреди. Повредите биле ...
Скопјанец пронашол бебе на клупа во Скопје, по што пријавил во полиција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 19:30 часот во СВР – Скопје, А.С. пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари, на клупа пронашол оставено бебе, старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР – Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош, бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е ...
Полицијата трага по непознат напаѓач, кој денеска подметна пожар на возила на бугарската Амбасада во центарот на Скопје. Според засега неофицијални информации, напаѓачот полил и запалил едно возило „сузуки витара“, а пожарот го зафатил и соседното возило, сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија, по што побегнал. Вработените во обезбедувањето на Амбасадата за кратко го изгаснале пожарот. Полицијата е на терен. Полицијата ...
САД и Иран во неделата објавија дека постигнале договор со цел прекинување на непријателствата што ќе стапи на сила во петок. Целосниот текст сè уште не е објавен, а формална церемонија на потпишување е закажана за петок во Швајцарија. САД и Иран велат дека постигнале договор што ќе стапи на сила во петок. Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ја укинуваат поморската блокада на иранските пристаништа и дека Ормутскиот теснец ќе биде ...
Утрово околу 05:45 часот избувна пожар во орман на ЕВН пред зграда на булеварот „Борис Трајковски“ во скопска Кисела Вода, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во пожарот, според полицијата, биле зафатени и изгореле кабли. „Пожарот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје“,се вели во полициското соопштение. Според МВР, се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на ...
Жителите на скопската населба Капиштец за утре, 11 јуни, во 19 часот најавија мирен протест кај кошаркарското игралиште, револтирани од, како што велат, долгогодишниот проблем со прекумерната бучава од угостителските објекти и недоволната реакција на институциите. Протестот го организира граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, која преку социјалните мрежи ги повика жителите да се приклучат и јавно да го изразат своето незадоволство. ...
Нестабилна воздушна маса попладнево зафати делови од западна Македонија, носејќи пороен дожд и грмежи во планинските региони околу Кичево и Македонски Брод. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилност има во планинските предели во западниот дел од земјата, а радарската слика која е од европскиот сателит, покажува развој на облачност северозападно од Македонски Брод. „Според радарската слика нестабилност имаме во ...
Со презентирање снимки од полициската акција, обвинителката Искра Хаџи Василева откри дека таткото на обвинетиот судија Ѓоко Ристов, на истражителите кои правеле претрес во куќата во Неготино, барајќи ги парите, им кажал дека неговиот син го користел просторот на вториот кат. Парите биле завиткани во фолија да не ги изедат глувци, во 13 парчиња со вкупно 610 банкноти во апоени од 200 и 500 евра, скриени во шуплина зад кујнски ѕид. При ...
Редок и исклучително комплексен медицински случај објави Болницата „Плодност“, откако пациентка на 58-годишна возраст останала бремена со тројка по постапка на ин витро оплодување. Според информациите што ги сподели д-р Таше Трпчевски, станува збор за пациентка од Србија која била во менопауза пет години. По соодветна подготовка на ендометриумот и со користење донорски јајце-клетки и семен материјал од нејзиниот сопруг, биле создадени три ...
Партијата Самоопределување на Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово со 43%, но политичката криза продолжува, со неизвесно формирање влада и потреба од компромис за избор на претседател. На второ место според освоените гласови на овие избори е Демократската партија на Косово со 21 процент, а на трето Демократската лига на Косово со 18 проценти. Излезноста, според изборната комисија, падна на речиси 37 проценти, во споредба со ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 (во обид). На 6 јуни, во близина на авто плац во селото Шишево, двајцата браќа на возраст од 43 и 44 години, со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице, а притоа го довеле во ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила во Софија, во близина на селото Челопечене, во која животот го загубија три лица, а уште 10 се здобија со повреди, од кои дури седуммина се во критична и тешка состојба. Меѓу жртвите во оваа катастрофа се двајца патници од автобусот, мажи на возраст од 27 и 31 година, од кои едниот починал набрзо по приемот во болница. Третиот загинат, исто така маж, им подлегнал на повредите во болницата „Св. Анна“. ...
Адвокатката на поранешниот директор на Царината Стефан Богоев утре ќе поднесе жалба на одлуката за притвор. Таа потврди дека понудиле и гаранции, но Судот ги одбил. Во однос на сомневањата за злоупотреби на тендер во Царината рече дека на одбраната не и биле никакви докази. „Не очекувавме таква одлука особено што станува збор за предмет којшто е од финансова природа, а не насилен криминал. Ние понудивме гаранција, понудија и другите бранители ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија за 2024 година. Ревизијата била спроведена на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопственото учество на осигурените лица во цената на здравствените услуги и други сопствени приходи. „Изразивме неповолно мислење во ...
Нефер и несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, рече премиерот Христијан Мицскоски одговарајќи на новинарско прашање што очекува од денешната средба во Скопје со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроинтерграцијата на Македонија е блокирана од Бугарија која бара измени на Уставот за да бидат внесени околу 3.000 македонски граѓани кои се изјасниле како Бугари ...
Драги Ѓоргиев, татко на трагично загинатиот тапанар на групата ДНК, Ѓорѓи Ѓоргиев, објави видео со кое повторно реагира на, како што тврди, кражби од гробот на неговиот син. Во емотивната објава, тој наведува дека ова е 14-ти пат да биде оштетен или ограбен гробот на Ѓорѓи. „14 кражби на нашиот ангел и ден-денес не го оставаат гробот на мојот син. Не знам со какво срце и душа сè уште крадат од гробот. Да ми си здрава и жива тетке, која ли да ...
Седум и пол години казна затвор за Вангелица Илијевска изрече денеска судскиот совет од Основен суд Куманово, откако обвинетата призна вина, а Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од кривичниот законик. Илијевска пред речиси две години на 13. јуни, 2024 со нож ги уби сопругот Јован и свекорот Стојан. Јавниот обвинител Газменд ...
Компанија поврзана со ќерката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, Иванка Трамп и нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, започна со изградба на луксузно одморалиште во Албанија, но на отворањето на градилиштето настанал хаос. Имено, компанијата „Афинити партнерс“, која исто така требаше да ја изгради кулата Трамп во Белград, купи земјиште на островот Сазан, најголемиот остров во Албанија. Проектот за трансформирање на ...
Зголемена фреквенција на возила и утрово е регистрирана на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција, каде голем број македонски граѓани го користат продолжениот викенд за патување кон грчките летувалишта. Според информации од патници кои утрово ја минале границата, на македонска страна, односно на граничниот премин „Богородица“, се формираат колони поради зголемениот број возила. Времето на чекање за патничките автомобили изнесува околу ...