Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство. Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и ...

ДУИ донела три одлуки во врска со информацијата дека САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа поради сомневања за значителна корупција, соопшти порпаролот на партијата, Бујар Османи. „ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт департментот на САД. ДУИ Ја прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски ...

Владиниот коалициски партнер Демократската унија за интеграции (ДУИ) по два дена, денеска се очекува конечно да излезе со коментар за ставањето на градоначалникот на Струга и член на централното претседателство на партијата Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД. Неговиот сопартиец, министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека партијата ќе има свој став и изјава во врска со случајот. Министерот не сакаше да одговори како тој гледа на ...

Урош Б., кој на 4 мај во селата Мало Орашје и Дубона во Србија уби осум лица и рани 14, синоќа се степа со цимерот во затворската единица во Смедерево. Според неофицијални информации, по расправија со цимерот, Урош Б. физички го нападнал и со тупаници го претепал по лицето. Затвореникот кој се борел со Урош „заврши“ со модро око, додека убиецот е неповреден. На рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Урош Б. призна дека пукал во ...

– Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, но не може да прецизира кога ќе биде донесена. -Овој процес на назначување трае подолго и е процес кој внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и се што е утврдено. Има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и на разгледување и ...

Ставањето на струшкиот градоначалник на американската „црна листа“, според премиерот е само уште една потврда дека на истражниот и правосудниот систем на државата му е потребен ремон. Прашан дали ќе бара од советничката група на СДСМ во Општина Струга да му ја откаже поддршката на градоначалникот Мерко, премиерот со став дека околу тоа добро ќе треба да размислат сите советнички групи во општината На ставовите на Ковачевски веднаш реагираа од ...

Стејт департментот денеска му забрани влез во САД на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и неговото семејство поради негова вмешаност во значителна корупција. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија. Денешната постапка ...

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови. Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба. Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на ...

Исчезна подморницата што ги носела туристите да ги видат потонатиот брод Титаник во Атлантскиот Океан. Бостонската крајбрежна стража изјави за Би-Би-Си дека е во тек операција за пребарување на океанот во потрага по подморницата. Не е јасно дали и колку луѓе имало во подморницата во моментот кога исчезнал. Малите подморници повремено носат туристи на тури за да го посетат потонатиот брод Титаник. Титаник некогаш беше најголемиот брод во светот, ...

Министерството за правда бара начин да ги разреши членовите на Судски совет. Таква можност, Лога гледа во законски измени со кои ќе се одземе мандатот на сегашниот состав на советот. Вели дека веќе разговара со политичките партии и очекува поддршка од власта и опозицијата. „Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите коишто може ние да ги имаме како решение. Тоа што ...

Вчера во вечерните часови царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана. Имено, на 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген ...

Загребската полиција почна кривична истрага против 23-годишен маж кој налета на тројца пешаци и автомобил во кој се повредени уште две лица по ударот со неговиот мерцедес на паркингот во трговскиот центар „Супернова“ на неофицијална „средба на автомобили“, при што се повредени упте двајца. Како што извести полицијата утринава, три лица се тешко повредени, а две полесно. Полициската управа (ПУЗ) во Загреб прецизираше дека 23-годишниот маж ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, процеси кои локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време со наврнати над 20 литри на квадратен метер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во пладневните часови ...

Бугарското министерство за надворешни работи добило информација дека во текот на вчерашниот ден бил извршен напад врз копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески жител на селото Лабуништа. Од таму информираат дека по информациите за инцидентот во Струга веднаш бил испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали овој инцидент има етничка позадинa. ...

Германскиот парламент ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка и признание за македонската култура, идентитет и јазик, и се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија. Според резолуцијата, македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ. „Во последните две децении, Северна Македонија мина низ различни фази, во кои постоеше ризик од губење на јасната ориентација за приближување кон ЕУ и нејзините вредности. Во ...

Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Ристовски и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука дека ...

Вишиот суд во Белград донесе решение со кое на таткото на Коста К., тинејџерот што уби девет соученици и чуварот на училиштето, му се забранува да располага со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од ...

Вработените во Царинската управа во петок на пладне ќе протестираат, најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија (УПОЗ). Тие бараат додаток на платата од 30 отсто кој им бил ветен со колективниот договор. Од УПОЗ велат дека почнува долгото жешко лето бидејќи следуваат и други протести по други институции. „Како што најавивме дека ќе имаме жешко синдикално лето, в петок од 12 часот имаме протест во Царинската ...

Владини извори велат дека сега е важно ВМРО-ДПМНЕ да ги консолидира своите позиции по минатонеделната лидерска средба и се надеваат дека опозициската партија ќе „остане во процесот“ за успешно спроведување на уставните измени со кои Бугарите и деловите од други народи треба да бидат вклучени во Уставот Димитар Ковачевски му дал неколку опции на Христијан Мицкоски кога му ја испратил поканата за лидерската средба која се одржа минатата недела, ...

Се огласија сирените во северниот дел на Косово, косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља потврди дека едно лице е уапсено, наведувајќи дека наводно станува збор за водачот на Цивилната заштита, но и организатор на нападот на КФОР во Звечан, пренесоа српските и косовските За ова време граѓаните повторно се собираат кај Техничкото училиште, а кај мостот кај ЕТЦ има неколку оклопни возила на специјалните единици на косовската полиција. ...

Апсолутно не се чувствувам виновен за делото кое ми се става на товар, изјави обвинетиот Жан Митрев кој се товари за продолжено кривично дело „измама“, на денешното судење. Покрај Митрев, дека не се чувствува виновно за истото кривично дело, на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје се изјасни и застапничката на правното лице, која рече дека во целост го одбива обвинителниот акт. Одбраната на Жан Митрев и на денешното рочиште побара ...

Во селото Подлес, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 61-годишниот С.И. од село Подлес. Како што информира МВР, тој вчера околу 16:10 часот пред неговата куќа по претходна расправија од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон 42-годишниот М.Д. и 44-годишниот М.В., двајцата од Велес. -Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. ...

Актерот Трит Вилијам загина на 71-годишна возраст во сообраќајна несреќа со мотор во американската сојузна држава Вермонт. Како што соопшти вермонтската полиција, околу 17 часот вчера по локално време, тој се судрил со теренско возило кои во тој момент свртело кон паркинг. Вилијамс не успеал да го избегне судирот и паднал од моторот. Се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен со авион во медицинскиот центар во Њујорк каде била ...

Првиот вицепремиер Артан Груби во телевизиско гостување зборуваше за ставот на ВМРО ДПМНЕ понудата од премиерот Димитар Ковачевски за влез во владата по што лидерот Христијан Мицкоски го услови со излегување на ДУИ. Груби изјави дека Мицкоски нема ништо против Албанците, ниту против Албанец премиер, а како потврда рече дека во 2020 година, кога се преговараше за преземање на владата од ВМРО ДПМНЕ, до ДУИ стигнал и ваков предлог: -Ова сегашно ...

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, чија политичка кариера ја обележаа секс скандали и обвинувања за корупција, почина на 86 години во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано. Берлускони се бореше со низа здравствени проблеми во изминатите години, а неодамна му беше дијагностицирана и леукемија. Милијардерот и медиумски тајкун беше една од најпрепознатливите личности во поствоената италијанска политика. Првпат стана премиер во 1994 и ...

Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев сè уште не го потпишал решението за разрешување од директорската функција на државната Кардиохирургија. Тој денеска гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77, потсетувајќи се на формирањето на државната кардиохирургија за што преговарал две децении пред и официјално да биде формирана. Во емисијата Јовев истакна никогаш не му било нудено да биде министер за здравство, но ако тоа се случи со задоволство ќе ...

Постапувајќи по двете кривични пријави против поранешниот директор на Управата за финансиска полиција и вработени службеници во Управата за финансиска полиција, јавниот обвинител врз основа на прибраните вербални и материјални докази утврди дека во однос на двете кривични пријави не постои основано сомнение дека пријавените ги сториле кривичните дела или друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштија од Обвинителство. Според ...

Украинската служба за внатрешна безбедност во петокот соопшти дека пресретнала телефонски повик кој докажал дека руските сили ја разнеле хидроелектраната и браната Каховка во регионот Херсон во јужна Украина. Службата за безбедност на Украина на својот канал на Телеграм објави аудио снимка во траење од една и пол минута од наводниот разговор, пишува „Гардијан“. Да потсетиме, уништена е голема брана во областа под контрола на руската армија на ...

На судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска-Стефкова им престанаа мандатите во Судскиот совет. Едногласно беше донесена одлуката од сите членови. Врховната судијка Радева Стефкова детаљно образлжи што ѝ пречи во Судскиот совет потенцирајќи ги одлуките што се носеле, а посочувајќи го и разрешувањето на Весна Дамева од претседателската функција, кое го нарече незаконско. Герасимовски, пак, посочи дека ќе биде подобро да суди во Апелација оти ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
40%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
56%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
46%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.06
45%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
88%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
57%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
78%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
61%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
50%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
65%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052