7 април 2023 година. Датумот кога настапува апсолутна застареност за кривично гонење на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, за делото примање награда за противзаконито влијание бидејќи навршуваат 10 години што е дупло повеќе време од максималната казна (5 години) за ова дело, сметано од времето на сторување. Мијалков за ова дело се гонеше и првостепено беше осуден на две години затвор во случајот „Титаник 2“ кој се однесува на договарање за ...

Непознато лице вчера во Загреб украло трамвај, го возело по Трешњевка, каде го оставило и заминало во непозната насока. „Вчера нешто пред 23 часот, непознат сторител во Трешњевка украл трамвај кој бил подготвен за излегување во сообраќај, го возел кон исток до Тратинска улица, каде го напуштил возилото заминал во непозната насока“, соопштиле од „ZET“ за хрватскиот портал „Index“. Во трамвајот за тоа време немало патници, а во инцидентот, велат, ...

„Огнените“ од ДУИ и официјално станаа фракција. Тие тоа денеска го соопштија на прес-конференција, изнесувајќи ги причините за ваквото дејствување, а дадоа и неколку предлози до власта. „Како што изјавивме по завршувањето на состанокот на 1 април, официјално ви се обраќаме како фракција. Сметаме дека е демократски чин изразувањето на поинакво мислење и дека тоа ќе ѝ помогне на партијата да ги исправи пропустите во своето функционирање. За жал, ...

Две лица ги загубија животите, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје. Од МВР потврдуваат дека несреќата била пријавена кај нив околу 16.40 часот. -Патничко моторно возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(70) од Скопје излетало надвор од коловозот. На местото на несреќата починале возачот и сопатникот С.О.(65) од Скопје, а смрт констатирал ...

Членови на семејствата кои се лекувале во клиниката „Жан Митрев“ денеска со транспаренти го пречекаа кардиохирургот за кого утрово во Кривичниот суд беше закажан нов почеток на судскиот процес против него и против неговата клиника за кривично дело „измама“. Како што објави телевија „Алсат“, членовите на семејствата носеле транспаренти на кои пишува „Нашиот роднина не умре од Ковид, туку од пропустите на Жан Митрев“, „Хемофилтрацијата ги удави ...

Бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар, откако претходно министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност. Министерот Лога го потпиша решението за неусогласеност врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности за употреба на името Цар Борис III во називот на Здружението за афирмација ...

Апелациониот суд му одговори на Кривичниот суд во врска со враќањето на предметот „Организатори за 27 април“ поради пропусти. Апелација смета дека судовите не смеат да си лоцираат вина еден во друг, а дека на Апелација е да дава напатствија кон првостепениот суд, а не обратно. „Ставот на Кривичен суд е нивни. Но, против одлуката на Апелација – нема што да се изразува став. Судовите не можат да комуницираат на тој начин, да лоцираат вина еден во ...

Сопственикот на порталот, Доказ, Марјан Стаменковски е осуден на затворска казна од три години и еден месец. Изречена му е и забрана за вршење на професија и регистрација на портал и домејн во рок од 10 години, ако сака да отвори портал во свое име во Македонија. Исто така порталите коишто му се регистрирани во Македонија се затвораат. Кривичниот суд го осуди за четири дела на по една година, за уцена, пиратерија на аудивизуелно дело, ...

Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда со која на вкупно 25 години затвор беа осудени организаторите на „крвавиот четврток“, за што беа обвинети поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. Апелација ги прифатила жалбите на обвинетите и предметот го врати на повторно судење пред ...

Комисијата за стручен надзор за случајот со лекувањето на 6-годишната пациентка Ј.Х. во Клиничка болница Битола, констатираше дека според анамнезата, клиничкиот преглед и работната дијагноза, се преземени соодветни чекори во однос на анализи, третман и опсервација на пациентката, информираа денеска од Министерството за здравство. Во него стои, „од анамнезата има податок за прележан ковид пред шест месеци“. „По направените лабораториски анализи ...

Пред Специјалниот суд во Хаг утрово во 9 часот почна судењето на поранешните водачи на ОВК – Хашим Тачи, Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи. На почетокот беа претставени тимовите на обвинителството и одбраната на сите четворица обвинети, по што беше планиран воведен говор на обвинителството. Хашим Тачи изјави дека го разбира дополнетото обвинение, но дека не е виновен. „Јас сум целосно невин“, рече Тачи. Весели изјави дека не го ...

Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во своето прво обраќање откако го победи Мило Ѓукановиќ порача дека со оваа победа се збогувале со последниот диктатор во Европа и рече дека ќе ја внесе Црна Гора во ЕУ за пет години. -Ова е победа на помирена Црна Гора. Црна Гора вечерва одлучи решително да се збогува со овој застарен режим на Ѓукановиќ и кажа „Да“ за европска Црна Гора. Вечерва заедно со сите граѓани им кажавме збогум на ...

Општина Центар експресно го одби барањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето во тревникот пред комплексот судови во Скопје. Тоа е истата локација на која споменикот беше поставен како дел од серијата споменици што беа поставени во главниот град за време на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Споменикот беше отстранет во 2018 година, а тогашниот градоначалник Петре Шилегов образложи ...

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е осудена на затворска казна, е во одлична психофизичка состојба и достоинствено и стоички се справува со сите малтретирања и дискриминации“, рече нејзиниот сопруг, адвокатот Влатко Илиевски, во вечерашното гостување во „360 степени“ на „Алсат“. Јанкулоска е осудена на четири години затвор за случајот „Тенк“. Нејзиниот сопруг вели дека таа во затворот „Идризово“ секојдневно ...

„Се што Ковачки досега изнесе е невистина, можеби јас имам оправдување за нападите врз мене, но не можам да најдам објаснување и оправдување за нападите на неговите поранешни колеги припадниците на Армијата кои одбрале да ја задржат униформата и да работат за интересите на државата“ рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа на денешната прес-конференција покажа две папки кои тврди дека го компромитираат Драган Ковачки, ...

Се наоѓаме во историски и многу важен момент за иднината на државата почитувајќи и промовирајќи ги сите вредности на вистинската демократија и сметаме дека е исклучително важен момент да се поправат историските грешки преку внатреетничка и меѓуетничка кохезија, кои се направени преку неадекватна формулација во Уставот на Република Северна Македонија и да се изгради устав, кој ќе биде главен извор на мирот, толеранцијата и демократските ...

По убиството на 46-годишен жител на Арачиново утрово во казино во центарот на Скопје, полицијата успеала да уапси двајца роднини кои се поврзани со убиството и се осомничени како сторители, информира тв Телма Според нивните информации, полицијата трага по уште едно лице од Скопје. Првичните информации се дека во казиното рано наутро избила кавга меѓу убиениот и другата група. Била поврзана со долгови кои ги имале меѓу себе. На крај со пиштол е ...

Апелацискиот суд закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, во којшто е обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осум дена пред да му застари делото. Второстепениот суд објави соопштение за јавната седница која ја закажа за на 30 март. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден ...

Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда, Кренар Лога. Тој посочи дека со писмото до Унгарија, каде што Груевски е азилант, ќе ги убедува тамошните власти дека осудениот ќе биде сместен во соодветни услови како во притворот така и во затворот, каде што треба да издржува затворски казни во согласност со пресудите за предметите од СЈО. „За девет предмети треба да одговара пред домашните ...

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се здобија со рани по експлозија во неделата во градот Киреевск, на околу 220 километри јужно од Москва“, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на итната служба. Причината за експлозијата не е веднаш позната, но оставила голем кратер во центарот на градот, во областа Тула, пренесува „Ројтерс“. Пронајдените остатоци од ...

„Македонски државјани стојат зад лажните дојави за поставени бомби кои со месеци пристигаа на електронските адреси на основните и средните училишта во Скопје, но и во повеќе други градови во државата“. Ова го потврди министерот Оливер Спасовски во интервју за „Слободна Европа“ и појасни дека станува збор за група меѓусебно поврзани лица кои ги закупувале „ВПН“ адресите во Иран и Русија од каде пристигаа заканите. Тој најави дека истрагата набрзо ...

Во текот на ноќта, на преминот од сабота кон недела, во 2 часот по полноќ, почнува летното сметање на времето. Тоа значи дека стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред, односно од 2 на 3 часот. Кај многу современи уреди, вклучувајќи ги паметните телефони, таблетите, компјутерите…, прилагодувањето на времето се случува автоматски. Летното сметање на времето ќе важи до 29 октомври, во 3 часот, кога ќе се врати зимското ...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола – одделение за педијатрија во врска со лекувањето и третманот на починатото 6-годишно девојче Јана Христовска од село Кравари-Битола. Согласно надлежностите ДСЗИ изврши увид во медицинската евиденција и документација која се води на одделението во рачна и електронска форма како и обезбеди изјави на дел од ...

Основното јавно обвинителество – Битола постапува во врска со случајот со смртта на шестгодишното девојче во Битолската болница, а причината за смртта се уште е не утврдена, инфомираа од Обвинителството. -Бидејќи неколкумина прашуваа веќе денеска за настанот во болницата во Битола – Основното јавно обвинителство Битола издава наредби и насоки за да се извршат сите неопходни проверки. Причината за смрт на девојчето се уште не е утврдена, велат од ...

Големите протести во Франција поради донесената пензиска реформа во земјата резултираа со палење на градското Собрание во Бордо. „Повеќе од милион луѓе во Франција се судрија со полицијата која користеше солзавец за растерување на демонстрантите. Запалени предмети и инциденти има и во Париз. Наредниот вторник е најавена посета на британскиот крал Чарлс III на Франциј, а синдикатите допрва повикуваат на нови протести“, објави „Би-Би-Си“. ...

Мајката која ја принудуваше малолетната 14-годишна ќерка на сексуални услуги доби 15 години затвор, а екс полицаец кој учествувал во чинот заработи казна од 18 години затвор. Ова е одлуката на скопскиот Апелациски суд. Мајката призна дека ја запознала ќерката со полицаецот и ја носела во неговата куќа, каде тој вршел полови дејствија врз девојчето, а за возврат мајката добивала 2.000. Вината ја призна и екс полицаецот. Судот констатираше дека ...

Кинескиот мировен план за Украина може да се искористи како основа за ставање крај на војната, но тој е изводлив единствено кога за тоа ќе бидат подготвени на Запад и во Киев, изјави рускиот претседател Владимир Путин по средбата со својот кинески колега Си Ѓинпинг, пренесува Би-би-си. Двајцата лидери вчера имаа средба во Москва на која разговараа за конфликтот во Украина и за односите меѓу двете земји. „Многу одредби од кинескиот мировен план ...

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна безбедност, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Агенцијата за национална безбедност спречи организирано бегство од Казнено поправниот дом Идризово. Имено, Министерството за внатрешни работи по добиени криминалистички сознанија дека група од најмалку 8 осудени лица кои издржуваат казна затвор во КПД Идризово, осудени за сериозни кривични дела со определени ...

По долго боледување, вчера на 20 март 2023 година, во неговиот дом во Лос Анџелес (САД) почина актерот Димче Мешковски. Доајенот на македонското глумиште Димче Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година. Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив ...

Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација. Неофицијално, во оваа акција е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостигале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во него имало ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
55%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.62
52%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
90%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
44%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
61%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052