Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека од понеделник Владата ќе ја разгледува предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на работната група и најави дека ќе го покани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во наредните десетина дена, на која, како што рече, би разговарале за носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји. -Јас планирам ...

Претседателот на државата (Стево Пендаровски) ќе го каже својот финален збор во однос на законските решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д , врз основа на анализата којашто тој и неговиот правен тим ќе ја направи за законите кои Собранието веќе ги усвои, изјави премиерот Димитар Ковачевски. -Никогаш не ги прејудицирам одлуките на претседателот на државата или на претседателот на ...

Припадниците на српското МВР идентификуваа и приведоа маж кој пукал од пиштол и ранил две лица во улицата Максима Горки во белградската општина Врачар во текот на вчерашната вечер. Според медиумите, приведен е Н. Ѓ. (20) кој е осомничен дека во понеделникот околу 19.40 часот во Врачар пукал од пиштол и ранил две лица. Ранетите се А. П. (26) и македонскиот државјанин Д. Л. (21). Од Брзата помош констатирале дека 26-годишен маж бил застрелан во ...

Алексис Ципрас – лидерот на СИРИЗА денеска ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и таа ќе му го додели мандатот за формирање Влада во Грција. Откако претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, сега тој оди во рацете на второрангираната партија на парламентарните избори во неделата – СИРИЗА која освои 20,07 отсто од гласовите и 71 пратеничко место. Сепак, партијата на Ципрас е далеку од ...

Во холандскиот авион што се урна вчера кај Мала Капела загинаа сите патници, најверојатно тројца, колку што имало според планот на летот, потврди денеска очевидец на местото на несреќата на авионот „Цирус 20“ што го спроведе полицијата во Карлови Вари и главниот авијациски истражител. Како што соопшти денеска ДОРХ, „во шумскиот дел на Мала Капела во областа на градот Огулин, во тек е истрага и утврдување на сите околности за падот на авионот ...

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во општина Куманово, а тогаш вработена во Собранието, Елена Доцевска-Божиновска ја доби Македонија на Судот за човекови права во Стразбур кој пресуди дека и биле прекршени правата при постапката за одредување притвор, а во врска со нападот на Собранието на 27 април. Државата сега треба да и плати на Доцевска-Божиновска 1.600 евра. Случајот се однесува за неможноста на апликантката, а која била дел од топлата на 27 ...

онредна ситуација е прогласена во Петриња и Сисак поради зголемувањето на водостојот на реката Купа. Се очекува нивото на водата да достигне и до десет метри, а следните 24 часа се сметаат за критични за ова подрачје. Многу насипи, кои се оштетени во областа по земјотресот, се санираат од страна на хрватската армија. Водостојот на реката Купа на мерното подрачје кај Петриња во петокот во пет часот изнесувал 972 сантиметри. „Надоградивме ...

– Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за анализа на предметот. -Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи ...

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер е уверена дека процесот во кој е инволвиран „Бехтел“ е целосно транспарентен и законски, бидејќи, како што вели, тоа е начинот на кој функционира оваа компанија, во спротивно не би имала проекти насекаде во светот и неколку во регионот на Западен Балкан. Агелер во интервју за МИА изрази разочарување поради тоа што опозицијата без да располага со сите факти и информации го ...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешното рочиште против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки истакна дека доказите кои ги презентирала денеска пред судот во рамките на подготвителните рочишта се најголемите докази коишто ја потврдуваат вистината којашто таа ја зборува. -Оскудните т.н докази да не речам “рекла-казала” докази кои ги презентираше тужената страна, покажуваат навистина за каква несериозност пристапиле кон сето ова, ...

Министерството за внатрешни работи објави дека утрово се пронајдени две тела во станови во зграда во Демир Капија. Оттаму информираат дека по пријавата се пронајдени две безживотни тела. „Денеска (16.5.2023), во 6.50 часот, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека во сопствените домови со прострелни рани биле пронајдени Б.М.(34) и М.К.(72), двајцата од Демир Капија. Смрт кај двајцата констатирал лекар од Итната медицинска ...

Екс шефицата на СЈО Катица Јанева оставува во затвор. Шефот на државата Стево Пендаровски го одбил барањето за нејзино помилување. Неговата одлука ќе биде објавена во Службен весник наредните денови, со што ќе стане официјална, потврдуваат од кабинетот на Пендаровски. -Претседателот го одби барањето за помилување на поранешната обвинителка Катица Јанева. Негативно мислење даде и Комисијата за помилување која одржа седница пред една недела. Оваа ...

Тесна трка во Турција. За првпат по две децении сè поизвесно е дека ќе се оди на втор круг претседателски избори, кој ќе се одржи за две недели. Реџеп Таип Ердоган е во водство во однос на Кемал Киличдароглу. Но, актуелниот претседател падна под 50 отсто гласови кои се потребни за победа во првиот круг. Ердоган за првпат во 20 години освои 49,76 отсто, додека кандидатот на опозицијата има 45 отсто по обработени над 95 отсто од гласачките ...

Во пресрет на утрешните избори кои ќе се оддржат во Турција, кандидатите ги правеа последните подготовки. За прв пат по неколку години, анкетите покажаа дека актуелниот претседател Ердоган не ужива огромна поддршка од избирачите како што беше случај во минатото. Анкетите му даваа предност на неговиот опонент Киличдароглу кој во својата кампања велеше дека ќе се залага за враќање на независните судови и слободниот печат во земјата. Од 2017 ...

Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милеска е ослободена од обвинение за предметот познат во јавноста како „Тендери“, бидејќи, според Судот, обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото. Во овој предмет таа беше обвинета од поранешното Специјално обвинителство за злоупотреба на функцијата при изградбата на Скопје 2014. Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се ...

Денеска сите заедно споделуваме еден убав ден за сите наши граѓани и цела наша држава. Дојде крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Оваа владина коалиција од минатиот петок па до денес демонстрира како може да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира, порача денеска вицепремиерот Артан Груби во своето обраќање од ...

Организаторите на Изборот за песна на Евровизија го одбија барањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски за видеообраќање пред финалето в сабота. Според соопштението цитирано од британските медиуми, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) не сака да го политизира настанот. Украинскиот лидер се надеваше дека ќе ѝ се обрати на публиката, која се проценува на 160 милиони, за да апелира за поддршка во конфликтот со Русија. Барањето на Зеленски, ...

Група граѓани утрово се собра пред Основниот кривичен суд во знак на поддршка и апел за правда на Жан Митрев. Собирот за поддршка на Жан Митрев доаѓа непосредно пред почетокот на судскиот процес. Граѓаните кои се дел од собирот се претставуваат како поранешни пациенти. На претходното рочиште, кое се одржа на 5 април, пред судот исто така имаше собир, но на него беа дел од оштетените, семејства на починати пациенти. Тогаш судскиот процес беше ...

Поради план за масакр, полицијата уапсила 17-годишник во Унгарија. Кај него биле пронајдени докази дека тој „виртуелно веќе го извршил убиството“, имајќи предвид дека во една виртуелна игра нацртал совршена скица од своето поранешно основно училиште, во која влегол со пиштол, а потоа ги застрелал сите што се движеле Унгарски „Бликк“ пренесува момчето од градот Мишколц на неколку социјални мрежи го претставило својот план да пука во училиштето. ...

Од 12 Мај за влез во Соединетите аерикански држави за странските посетители нема да важи условот за задолжителна вакцинација против коронавирусот. Американскиот претседател Џо Бајден вчера ја укина регулативата за задолжителна вакцинација против коронавирусот за странски посетители, а во исто време истече и регулативата која бараше задолжително да бидат вакцинирани и федералните службеници и изведувачите на работи. Одлуките на Бајден ќе стапат ...

Српскиот одбојкар Драган Кобиљски за првпат проговори откако неговата ќерка беше една од деветте жртви на масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Кобиљски и се обрати на јавноста преку објава на социјалната мрежа Фејсбук. „Почитувани, ја цениме вашата желба да земете од таква трагедија барем порака за луѓето и општеството да се вратат на вистинските вредности и да застанат на патот на злото околу нас. Ние сме скромни луѓе ...

Двете девојчиња од Струмичко кои вчера беа пријавени дека се изгубиле на територијата на центарот на Скопје, се пронајдени синоќа околу 23. 50 часот на бул. Борис Трајковски во Кисела Вода, соопшти МВР. -Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, наведуваат од МВР. Девојчињата на возраст од 12 и од 14 години беа пријавени вчера околу 16 часот во СВР Скопје, од ...

Поплаки за врсничко насилство во Македонија пристигнале на е- маил адресата на Mинистерството за образование и наука (МОН). Десетина пораки има на новата електронска адреса на Министерството за образование која е отворена со таа цел, граѓаните, родителите, младите да пријавуваат врсничко насилство и надлежните да пристапуваат по пријавите. Некои од пораките се однесувале и на проблеми со поранешни професори и сугестии како да се превенира и ...

„Во морето информации за момчето кое во средата уби осум ученици и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, недостигаше едно – што е направено кога бил преместен во друго одделение и дали со него се зборувало. Дали бил прифатен, а очигледно е дека не бил“. Ова се зборовите на д-р Зоран Димитријевиќ, пензиониран невропсихијатар и детски психијатар од Ужице, кој во својата кариера превентивно работел со над 60.000 ...

Полицијата интензивно трага по Урош Б., кој во селото Дубона кај Младеновац уби осум и повреди 13 лица. Избезумениот напаѓач пукал од автоматски пушки и пиштоли. Урош го започнал крвавиот пир на едно место кога излегол од својот автомобил и испукал рафал кон група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник. Потоа продолжил и на неколку километри и излегол од автомобилот и застрелал четири лица кои поправале капија во еден двор. Потоа се ...

По осум часа потрага, утринава беше уапсен Урош Б. кој синоќа уби осум, а рани 14 лица кај Младеновац во Србија. По интензивната акција на српската полиција која цела ноќ беше на терен со сите расположливи сили, убиецот е пронајден во Вињиште кај Крагуевац. Тој се криел кај свој роднина. Урош го започнал крвавиот пир на едно место кога излегол од својот автомобил и испукал рафал кон група луѓе кои седеле околу логорски оган на пикник. Продолжил ...

Одложена е денешната седница на Судскиот совет на која требаше да се избира наследник на разрешената претседателка Весна Дамева. – Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека 439-та итна седница која беше одложена за ден 02.05.2023 година (вторник) во 11:00 часот се одлага. За денот и часот на одржување на седницата дополнително ќе биде објавено соопштение, стои во денешното соопштение од Судски совет. Причината за одложувањето ...

Директорот на затворот „Идризово“, Зоран Јовановски тврди дека биле суспендирани вработени во казнено-поправната установа поради ископаниот тунел. -Има суспендирани, но не можам да кажам за колку вработени станува збор и други детали. Истрагата е во тек, се работи на расчистување на случајот, кажа Јовановски. Тунелот во затворот „Идризово“ беше откриен пред еден месец, а МВР соопшти дека за него дознале два месеци претходно. Во копањето ...

МВР информира дека синоќа во 19.20 часот на Железничка станица Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(28) од Скопје, кондуктер во Железници на Република Северна Македонија. Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418–б од Кривичниот законик. Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица „Кукуричани“, Неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на ...

14 – годишниот ученик Коста Кечмановиќ утрово упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар и уби најмалку осум соученици и чувар во училиштето, а неколкумина се повредени. Тој со пиштол влегол во една училница каде во моментот се одржувал час по историја и запукал кон учениците, откако најпрвин смртно ја застрелал наставничката. Веднаш по стравичниот настан, српските медиуми го објавија и идентитетот на убиецот. Според ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
40%
1017
weather icon

Белград

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
56%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
46%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.06
45%
1019
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
88%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
57%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
78%
1016
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
61%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
2.06
50%
1020
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.34
49%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
9.77
65%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052