Крвавиот поход во српското училиште во Белград започнал во 8 часот и 30 минути кога избезумен ученик пристигнува во училиштето, почнува да се расправа со чуварот, а потоа, кога мажот се обидува да го смири, тој почнува да клоца се околу себе, па вади пиштол и пука во чуварот, пишува Пинк.рс. Убиецот потоа продолжува кон просториите на училиштето а во ходник сретнува три деца и ги убива. Од тука се упатува кон училницата по историја, а таму е ...

Меѓу жртвите на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград има и ученичка од француска националност, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пишува Н1 Србија. „Со тага дознавме за вооружениот напад што се случи во училиштето ‘Владислав Рибникар’ во Белград, кој предизвика голем број жртви меѓу учениците и наставниците, меѓу кои и ученичка од француска националност. Нашите служби и нашата амбасада во Белград се ...

Тешко ранетото момче В.Т., кое има повреди опасни по живот во нападот во основното училиште во Белград, е син на познат пулмолог д-р Спасој Попевиќ, јавува Информер.рс. Според извор на медиумот докторот Поповиќ веќе осум часа седи во Ургентниот центар и чека вест за состојбата на своето дете. При пукањето момчето се здобило со повреди на градниот кош, вратот и два ’рбетни пршлени. – Она што го доживеавме денес е слично на сцени од хорор филмови ...

По масакрот во Белград во кој 14-годишно монче со пиштол уби 7 ученици и обезбедувач во школото, а рани 6 други луѓе, загрижени родители од ОУ ,,Браќа Миладиновци” во Аеродром алармираат дека ученик од ова училиште носел нож и им се заканувал на соучениците. Во писмо испратено до нашата редакција, велат дека се обратиле до сите надлежни институции, но засега сите молчат. -Се работи за еден ученик кој носеше нож во училиште и се закануваше на ...

Четиринаесетгодишник е уапсен за убиството на македонски државјанин во Сончев Брег, објави бугарската полиција. Регионалната канцеларија во Несебар вчера во 11:14 часот примила повик дека тело на маж со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска област во Сончев Брег. Полицијата утврди дека жртвата е 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија на 24 јануари. По спроведените испрашувања и прегледувањето на снимките од ...

Министерството за правда со голема загриженост ги следи настаните во Судскиот совет. И покрај тоа што Судскиот совет е самостоен и независен орган кој треба да ја обезбеди самостојноста и независноста на судската власт, она што во моментов се случува во голема мера ќе влијае на натамошната доверба на граѓаните во судството. Заради добивање на повеќе информации,Министерството за правда испрати барање до Судскиот совет да ги достави на увид ...

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева е разрешена од функцијата, констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми. По кавгите кои траеа скоро четири часа, а откако Дамева одби да се стави на гласање точка која ја немаше на дневен ред, нејзиниот заменик реши да се гласа со кревање рака. Седум членови го поддржаа заменикот, кој го презеде раководењето на седницата при нејзино присуство. „Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи сос ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него. -Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да ...

Потпретседателот на Судски совет Селим Адеми побара претседателката Весна Дамева да биде разрешена на денешната седница. Тврди дека таа го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Аглеер и не им го давала на членовите. На ова одговори Дамева, која рече дека била на одмор, а тој како нејзин заменик го примил писмото и требало да го презентира. Му посочи дека целта е нејзино разрешување поради други причини, а писмото е само повод. На ...

Родилката од Битола, Викторија Крстеска, чие бебе почина на гинеколошкото одделение во Битолската клиничка болница, на Фејсбук реагира дека и по две недели, се уште ја нема добиено отпусната листа, иако тоа требало да биде направено веднаш откако го напуштила објектот. Тоа, вели таа, отвора дополнителен сомнеж дека нешто се крие во врска со нејзиниот случај. Крстеска раскажува дека вчера отишла да го побара отпусното писмо, но не добила одговор ...

Почна процесот на интеграција на Православна Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски во МПЦ-ОА. Ваквата информација ја потврди митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод. Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА. Тимотеј вели дека се донесени неколку одлуки во однос на поделбата на епархиите, коишто ...

Повеќе од две недели нема имунолошка терапија за болните од карцином на скопската Клиника за онкологија, неофицијално дознава „Фокус“. Според нашите информации, пациентите кои ја чекаат оваа терапија се уште не ја примиле. Најверојатно станува збор лошо испланирана набавка, што на некој начин им го загрозува животот на сите оние болни од оваа подмолна болест, чија терапија е неопходна. Имунолошкта терапија се прима на секоја трета недела. „Јас ...

Беспилотно летало со американски мотор се урна кај Ногинск, во близина на Москва, пишува руска РИА. Ногинск е град со околу 100.000 жители, тој е на само 50 километри од Москва, па оваа вест навистина ги загрижи Русите кои се прашуваат „Па што прави нашата противвоздушна одбрана, за која ни велат дека е најдобра на светот? – Беспилотно летало тешко околу 100 килограми е пронајдено на периферијата на градската област Богородски – пишува РИА. Иако ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали очекува исход од работната група за уставни измени ако се земе во предвид и последната информација дека вљубеник во Русија ќе биде дел од таа група за уставни измени потенцираше дека темата за уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворена. -Јас не ја коментирам, за нас тоа е затворена тема, но оттаму има членови кои што еве вие самите кажавте дека го величаат делот на ...

Франција започна „операција за брза евакуација“ на своите граѓани и дипломатскиот персонал од Судан, каде борбите меѓу силите на двата ривалски судански команданти влегоа во втората недела, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи. Претходно денеска, американските сили за специјални операции користејќи хеликоптери за помалку од еден час извршија евакуација на Американската амбасада во Картум, главниот град на Судан. ...

Двајца 30-годишници од Параќин, според неофицијалните информации што ги објавија српските медиуми, околу 05:00 часот паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина во Нови Сад. Едниот починал, а другиот во свесна состојба е пренесен во Клиничкиот центар Војводина. Брзата помош по повикот на полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, а лекарите се обиделе да го реанимираат тешко повредениот млад човек, но безуспешно. Другото момче кое ...

Четири лица се повредени во синоќешниот судар во Скопје меѓу патнички автомобил и возило на Итна медицинска помош. Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ и ул.„Св.Кирил и Методиј“. Се судриле патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош ...

Руски воен авион случајно испушти муниција кон градот Белгород во близина на границата со Украина во четвртокот доцна навечер, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција Тас, цитирајќи го Министерството за одбрана. Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека две жени се повредени. „Додека авионот Сухој Су-34 на воздухопловните ...

Полицаец денес претпладне случајно убил емигрант кај Гевгелија додека се обидувал да совлада криумчар кај Гевгелија. Макфакс пренесува дека криумчар го нападнал полицискиот службеник и се обидел да му го одземе пиштолот. Во метежот полицаецот испукал од својот службен пиштол, а куршумот завршил во еден од емигрантите кој бил смртно погоден. „Кај Касарна Гевгелија од страна на полициски службеници биле забележани патничко моторно возило ...

„Во најкус можен рок да ни го доставите Договорот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10Д потпишан на 8.03.2023 меѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот `Бехтел и Енка`“ – гласи барањето на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до премиерот Димитар Ковачевски. „Доколку овој Договор е класифициран со степен на доверливост, во прилог Ви доставуваме и наши безбедносни сертификати кои според член 37 ...

Службено возило на затворот „Идризово“ било запалено во понеделникот вечерта, а медиумите пренесуваат дека се работи за автомобилот што го користел заменик-директорот на затворот, Феми Јонузи. – На 17.04.2023 во 22.34 часот во Полициската станица Драчево, С.Ј.(45) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека околу 21.15 часот во с.Студеничани било опожарено патничко возило „фолксваген пасат караван“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Тетово покрена истрага против 19-годишник осомничен за силување на 14-годишно девојче кое живеело во неговото соседство. Опишувајќи го настанот за кој е осомничен тинејџерот, од Обвинителството наведуваат дека 19-годишникот во придружба на непознато лице на 12 април го пречекал девојчето во една уличка додека тоа одело во маркет во близина на Државниот универзитет во Тетово. Осомничениот потоа го повлекол ...

Денеска се одржа подготвително рочиште по тужбата за Министерот за надворешни работи Бујар Османи во Основниот суд во Скопје од страна на Македонското меѓународно движење за човекови права кои го обвинуваат за навреда и клевета. Тужбата се однесува за изјава дадена во октомври за бугарската БТВ во која Османи изјавил дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград и посочил дека токму Македонското меѓународно ...

Министерката за труд и социјала, Јована Тренчевска на својот фејсбук профил реагираше на вчерашната изјава на владиката Петар, кој во Велигденското послание жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена. Според митрополитот Преспанско-пелагонски пред појавата на ова движење жените биле домаќинки, а сега се еманципирани, но се се почесто разведени. На тоа реагираше министерката Тренчевска: „Жената не бара повеќе права, ...

Анестезиологот кој одеше во живо на социјалната мрежа ТикТок снимајќи пациентки и персонал на одделот на гинекологија во тетовската болница синоќа е приведен во селото Одри, информираа од МВР. -Приведен анестизиологот кој снимал и објавувал пациенти на “ТикТок”. На 14.04.2023 во 23.40 часот во тетовско Одри полициски службеници го привеле В.Д. (43), постапувајќи по пријава од страна на П.В. , директор на Клиничка болница Тетово дека ...

Лицето одговорно за објавувањето на доверливите американски документи, поради што започна истрагата за националната безбедност, е 20-годишен љубител на оружје, кој работел во воена база, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на членовите на социјалната мрежа Дискорд. Според извештајот на американскиот весник, лицето ги споделило доверливите информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои споделуваат „заедничка љубов кон ...

Осумгодишно дете од Скопје синоќа починало откако било нападнато од кучето на својот сосед, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според објави во дел од медиумите, настанот се случил во скопската населба Пинтија во Општина Кисела Вода. По нападот, детето било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје каде што им подлегнало на повредите. „На 11.04 Во 18:25 часот од ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ било пријавено ...

Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на трите млади момчиња кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. „11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу нас. Општината ќе излезе во пресрет на семејствата“, велат од Општината Македонска Каменица. Министерството за надворешни работи информираше ...

Во популарниот ски-центар Мала Мојстровка во Словенија денеска се случи голема несреќа кога лавина „однесе“ седум лица, известија од ПУ Нова Горица, а пренесуваат Словенске новице. Планинските спасувачи, планинската полиција и полициските хеликоптери се на терен. Управата за заштита и спасување на својата веб-страница објави дека планинската несреќа се случила во областа Бовац во 9 часот и 35 минути, пренесува Телеграф.рс. Според словенечките ...

Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убил еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“. По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и убие. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел. Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив. ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1018
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
2.68
63%
1018
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
55%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.62
52%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
3.09
90%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
78%
1015
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
53%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
44%
1019
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.75
61%
1014
Currency

61.54

Currency

52.6238

Currency

71.4705

Currency

34.1808

Currency

38.0973

Currency

65.0957

Currency

7.33089

Currency

0.66004

Currency

0.35593

Currency

0.52281

Currency

1.29004

Currency

0.60052