Една од најсериозните безбедносни кризи во Русија почна да се решава со договорот за заминување на лидерот на побунетите платенички сили „Вагнер“ од Русија, кој нема да се соочи со обвиненија, а неговите сили се повлекуваат од градовите на југот на Русија и застанува маршот кон Москва. Евгениј Пригожин го прекина движењето на своите сили кон Москва откако беше договорено да оди во Белорусија, а неговите сили нема да бидат санкционирани ниту за ...

Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди платениците од групата „Вагнер“ дека вооружената побуна е предавство и секој што ќе земе оружје против Русија ќе биде казнет. Путин вети, во вонредно телевизиско обраќање, дека ќе преземе решителна акција за стабилизирање на Ростов на Дон, град на југот на Русија, каде што шефот на Вагнер Евгениј Пригожин рече дека неговите сили ја презеле контролата врз сите воени постројки. „Тоа е удар за ...

За летото да звучи уште пожешко, еден од најпрепознатиливите музички фестивали во земјава добива ново засилување со најдоброто од домашната електронска музика: Galoski пристигнува на Д Фестивал 2023 директно на главната бина! Со посебно место на плејлистите од реномирани музички брендови како Tommorowland, Creamfields, Ministry of Sound и поддршка од светски музички великани меѓу кои и David Guetta, Tiesto, Afrojack, Martin Garrix, Steve Aoki и ...

Веста за смртта на младиот Кристијан Коцев – Кико од карабинското село Долни Балаван ја потресе македонската јавност. Тажната вест ја објави јутуберот Стефан Лазаров, кои изминативе денови активно се залагаше што побрзо да се соберат парите за да се овозможи лекување за Кико во Турција. Денеска на социјалната мрежа Фејсбук е објавено и емотивно видео од Лазаров, на кое тој се збогува со Кико. Тој меѓу другото потенцираше дека средствата кои беа ...

Финансиер од Лас Вегас одбил евтини седишта на подморницата Титан за себе и неговиот син на судбоносната експедиција, наведувајќи загриженост за безбедноста, но шефот на компанијата што го поседува бродот се обидел да го одврати, велејќи дека спуштајќи се на дното на Атлантик бил „побезбеден од преминувањето улица“. Џеј Блум сподели пораки што ги разменил со извршниот директор на Oceangate, Стоктон Раш – сега една од петте претпоставени жртви на ...

23/06/2023 01:56 - Досие

Иако беа собрани парите за лекување во Турција малиот Кико од Долни Балван почина. Не издржа да замине за странство да се лекува од ретката болест од која боледуваше. Неговата здраствена состојба нагло се влоши пред два дена кога во приватна болница му откажа дишењето и беше ставен на апарати. Иако после неколку часа се почувствува подобро сепак неговото срце не издржа. Претходно докторите одбиваа да потпишат трансфер за момчето со медицински ...

МВР информира дека вчера попладне, околу 18.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Александар Урдаревски“, Р.С.(41) од Скопје, управувајќи трицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот заедно со малолетна сопатничка. По несреќата, двајцата биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде на возачот Р.С. му биле констатирани телесни повреди. Малолетната сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и по укажаната помош, ...

Државната комисија за спречување на корупција на денешната прес-конференција потсети дека против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на „црната листа“ на САД, е отворен предмет уште во мај 2019, но немало никаква реакција од Обвинителството. Истовремено, до Судскиот совет во 2019 година било пријавено дека Мерко влијаел во Основниот суд Струга да му се зголемува минимумот за јавни набавки во услови на блокирана сметка на општината, ...

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува Би-би-си. Информацијата веднаш била споделени со американската крајбрежна стража, која ја искористила за да го намали опсегот на нејзината потрага, изјавил официјален претставник за Си-би-ес њуз. Сепак, како што наведува Би-би-си, не е јасно зошто оваа информација не беше објавена ...

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, а за нов организациски директор е назначен Исак Јакупи, соопшти Министерството за здравство. Во известувањето Министерството наведува дека д-р Шокаровски е дел од тимот на клиниката од нејзиното основање. Тој е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар – Загреб, има повеќегодишно хируршко и ...

ДУИ донела три одлуки во врска со информацијата дека САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа поради сомневања за значителна корупција, соопшти порпаролот на партијата, Бујар Османи. „ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт департментот на САД. ДУИ Ја прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски ...

Владиниот коалициски партнер Демократската унија за интеграции (ДУИ) по два дена, денеска се очекува конечно да излезе со коментар за ставањето на градоначалникот на Струга и член на централното претседателство на партијата Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД. Неговиот сопартиец, министерот за финансии Фатмир Бесими денеска најави дека партијата ќе има свој став и изјава во врска со случајот. Министерот не сакаше да одговори како тој гледа на ...

Урош Б., кој на 4 мај во селата Мало Орашје и Дубона во Србија уби осум лица и рани 14, синоќа се степа со цимерот во затворската единица во Смедерево. Според неофицијални информации, по расправија со цимерот, Урош Б. физички го нападнал и со тупаници го претепал по лицето. Затвореникот кој се борел со Урош „заврши“ со модро око, додека убиецот е неповреден. На рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, Урош Б. призна дека пукал во ...

– Американската амбасадорка Анџела Агелер најави дека црната листа на САД ќе се проширува и покрај името на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на неа ќе се најдат и други македонски граѓани, но не може да прецизира кога ќе биде донесена. -Овој процес на назначување трае подолго и е процес кој внимателно се спроведува и се врши ревизија на сите докази и се што е утврдено. Има една листа на имиња кои се во процес на ревизија и на разгледување и ...

Ставањето на струшкиот градоначалник на американската „црна листа“, според премиерот е само уште една потврда дека на истражниот и правосудниот систем на државата му е потребен ремон. Прашан дали ќе бара од советничката група на СДСМ во Општина Струга да му ја откаже поддршката на градоначалникот Мерко, премиерот со став дека околу тоа добро ќе треба да размислат сите советнички групи во општината На ставовите на Ковачевски веднаш реагираа од ...

Стејт департментот денеска му забрани влез во САД на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и неговото семејство поради негова вмешаност во значителна корупција. Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека градоначалникот на општина Струга злоупотребил средства и се мешал во судски и други јавни постапки, со што ја нарушил довербата на јавноста во демократските институции и функционерите на Северна Македонија. Денешната постапка ...

Жена од охридското село Горно Среднорече, која вчера берејќи печурки се изгубила, е пронајдена во раните утрински часови. Регионалниот ЦУК Охрид, повикувајќи се на информации од СВР Охрид, денеска соопшти дека жената се изгубила околу 20:40 часот и дека по целовечерна потрага, таа е пронајдена во раните утрински часови во добра здравствена состојба. Исчезнувањето го пријавил сопругот, кој информирал дека биле задно да собираат печурки на ...

Исчезна подморницата што ги носела туристите да ги видат потонатиот брод Титаник во Атлантскиот Океан. Бостонската крајбрежна стража изјави за Би-Би-Си дека е во тек операција за пребарување на океанот во потрага по подморницата. Не е јасно дали и колку луѓе имало во подморницата во моментот кога исчезнал. Малите подморници повремено носат туристи на тури за да го посетат потонатиот брод Титаник. Титаник некогаш беше најголемиот брод во светот, ...

Министерството за правда бара начин да ги разреши членовите на Судски совет. Таква можност, Лога гледа во законски измени со кои ќе се одземе мандатот на сегашниот состав на советот. Вели дека веќе разговара со политичките партии и очекува поддршка од власта и опозицијата. „Ако има вакви законски измени, тоа ќе биде со консензус во Собранието со сите политички партии. Затоа, ова е една од опциите коишто може ние да ги имаме како решение. Тоа што ...

Вчера во вечерните часови царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за шверц на околу 71 килограм марихуана. Имено, на 18.06.2023 година на граничниот премин Деве Баир на излез од државата се пријавило патничко моторно возило со германски регистарски таблички, управувано од германски државјанин со кој патувало уште едно лице. При детална контрола на возилото извршена од страна на царинските службеници, во специјално ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (18.06) од страна на полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар во реката Лепенец се пронајдени починати трите лица по кои се трагаше по вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје –ГП Блаце. Пронајдено е и возилото „бмв“ во кое тие се превезувале. Како што веќе претходно информиравме, по наредба на јавен обвинител, возачот на возилото „фолксваген ...

Загребската полиција почна кривична истрага против 23-годишен маж кој налета на тројца пешаци и автомобил во кој се повредени уште две лица по ударот со неговиот мерцедес на паркингот во трговскиот центар „Супернова“ на неофицијална „средба на автомобили“, при што се повредени упте двајца. Како што извести полицијата утринава, три лица се тешко повредени, а две полесно. Полициската управа (ПУЗ) во Загреб прецизираше дека 23-годишниот маж ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови на повеќе места ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, процеси кои локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време со наврнати над 20 литри на квадратен метер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во пладневните часови ...

Бугарското министерство за надворешни работи добило информација дека во текот на вчерашниот ден бил извршен напад врз копретседателот на здружението на Бугарите во Македонија „Шемето“, Бекир Кадриески жител на селото Лабуништа. Од таму информираат дека по информациите за инцидентот во Струга веднаш бил испратен вработен во Генералниот конзулат во Битола, за да го расчисти случајот и да се установи дали овој инцидент има етничка позадинa. ...

Германскиот парламент ја изгласа резолуцијата со која се дава поддршка и признание за македонската култура, идентитет и јазик, и се дава поддршка за европската иднина на Северна Македонија. Според резолуцијата, македонскиот јазик и култура ќе ја збогатат разноликоста на ЕУ. „Во последните две децении, Северна Македонија мина низ различни фази, во кои постоеше ризик од губење на јасната ориентација за приближување кон ЕУ и нејзините вредности. Во ...

Основниот кривичен суд Скопје на денешното рочиште ги отфрли како неосновани барањата на Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Ристовски и Владимир Атанасовски за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков, информираше дека по барањето на одбраната за примена на Законот за амнестија од 2018 година за обвинетите за случајот и добиеното мислење на Јавниот обвинител, донел одлука дека ...

Вишиот суд во Белград донесе решение со кое на таткото на Коста К., тинејџерот што уби девет соученици и чуварот на училиштето, му се забранува да располага со недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој. Одлуката за определување привремени мерки е донесена на предлог на семејствата на убиените деца во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Како што соопштија од Вишиот суд во Белград, станува збор за стан во Белград, делови од ...

Вработените во Царинската управа во петок на пладне ќе протестираат, најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија (УПОЗ). Тие бараат додаток на платата од 30 отсто кој им бил ветен со колективниот договор. Од УПОЗ велат дека почнува долгото жешко лето бидејќи следуваат и други протести по други институции. „Како што најавивме дека ќе имаме жешко синдикално лето, в петок од 12 часот имаме протест во Царинската ...

Владини извори велат дека сега е важно ВМРО-ДПМНЕ да ги консолидира своите позиции по минатонеделната лидерска средба и се надеваат дека опозициската партија ќе „остане во процесот“ за успешно спроведување на уставните измени со кои Бугарите и деловите од други народи треба да бидат вклучени во Уставот Димитар Ковачевски му дал неколку опции на Христијан Мицкоски кога му ја испратил поканата за лидерската средба која се одржа минатата недела, ...

Се огласија сирените во северниот дел на Косово, косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља потврди дека едно лице е уапсено, наведувајќи дека наводно станува збор за водачот на Цивилната заштита, но и организатор на нападот на КФОР во Звечан, пренесоа српските и косовските За ова време граѓаните повторно се собираат кај Техничкото училиште, а кај мостот кај ЕТЦ има неколку оклопни возила на специјалните единици на косовската полиција. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
29%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
48%
1021
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.32
42%
1020
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.68
62%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
57%
1016
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
24%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
1.54
40%
1020
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
35%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
7.2
56%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62