
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



„Обвинителството мината недела донесе одлука да се повлече од двете дела против Цветан Панделевски во случајот „Империја“. OJO со овој чин ги потврди сите аргументи кои Панделевски ги објаснуваше пред јавноста и судот односно дека не постои никаква злоупотреба на службена должност, дека не постои дело перење пари, исто така дека не постојат оштетени акционери и дека воопшто нема направена штета на држава по ниту еден основ. Од првиот момент на ...
Наставникот по физичко образование А.С. во основното училиште „Абдил Фрашери“ во Боговиње брутално го малтретирал својот син со аутизам, кој воедно бил и негов ученик. На видео снимката која е објавена на повеќе медиуми на албански јазик, се гледа како возрасен човек, за кој се тврди дека е наставникот го тепа ученикот, а потоа го соборува на земја. – На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на полицијата од ПС Камењане, во ...
Малата Василики Николопоулу(11) исчезна во неделата вечер во 21.10 часот, а семејството околу 3 часот утрината го пријавила нејзиното исчезнување. За жал девојчето вчера е пронајдено мртво, со убод во вратот. За убиството се сомничи нејзиниот чичко, кој и претходно бил осудуван за силување на малолетнички. Тој наводно во полиција го признал убиството. Ја одведов во нива и ја убив со штрафцигер, наводно рекол осомничениот чичко после апсењето. ...
Антикорупционерите едногласно се согласија за покренување на постапка против одлуките на Министерот за здравство Илир Демири да ги разреши на медицинските директори на Токсикологија Данил Петровски и Кардиохирургија Марјан Шокаровски, пристигнатите пријави до ДКСК се прифатија и дека до надлежните органи ќе покренат иницијатива за одговорност на министерот за здравство. Според нив не биле почитувани процедурите за разрешување од функцијата ...
Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши, потврди ЦУК. „Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. ...
Заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска остварила средба со дел од стручниот колегиум и претставници на лекарскиот колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија. На средбата, како што соопштија од Министерството за здравство, било дискутирано за состојбата и функционирањето на Клиниката. Заменик министерката Манолева побарала од стручниот и лекарскиот колегиум да дадат предлог за именување на медицински директор, кој ...
По тешкиот пораз од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент и одлуката да распише предвремени парламентарни избори во земјата, францускиот претседател Емануел Макрон утрово во објава на социјалните мрежи порача дека има доверба во способноста на францускиот народ да го направи најправедниот избор за себе и за идните генерации. „Мојата единствена амбиција е да бидам од корист за нашата земја ...
На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандати. Поранешниот премиер и сè уште актуелен лидер, Димитар Ковачевски на седница на Извршниот одбор на партијата на 22 мај официјално потврди дека се повлекува од претседателската функција во ...
Според информации во повеќе медиуми, веќе е направена конечната поделба на директорки и заменик директорски места во новата владина коалиција. Коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ ќе управува со МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Управа за водење на мМатичните книги, Државните резерви Но ВЛЕН ќе добие директорско место и во Филхармонија институција што до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во ...
Со 88 гласа “за” пред 3 часот ноќеска беше изгласан Законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата на владата се зголемува за 25% односно од 16 на 20. Во двотретинското мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, им се приклучи Европскиот фронт на ДУИ и ги обезбеди клучните гласови за промена на составот на владата. Пресвртот се случи претходно кога пратенички делегации на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот ...
Во однос на прашањето за мојата татковина, свесен сум за обвинувањата и искривувањата од различни медиуми кои се обидуваат да привлечат внимание. Како претседател на Собранието на сите граѓани на Република Северна Македонија, сакам да појаснам дека Африм Гаши е роден во Скопје, каде живее и работи со своето семејство, а негова татковина е Северна Македонија, вели Африм Гаши во објавата на неговиот фејсбук-профил. Тој додаде дека неговата точна ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска на пладне, ќе му го врачи мандатот за состав на влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој вчера ги поднесе во собрание законските измени со кои треба да се реформираат министерствата и да се формираат нови. Очекува измените да бидат изгласани најдоцна во вторник. Собранието во петок, по скратена постапка, ќе расправа за законските измени што ги предложи Мицкоски. ...
Причините за изборните порази на СДСМ во 2021 г. на тогашните локални избори и на последните парламентарни и претседателски лежат во разлојувањето на членството и не надминатите внатрепартиски пропусти во меѓувреме. Ова денеска го изјави ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска по поднесувањето на кандидатурата за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во партиското седиште. Излезот од ваквата ...
Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња. „Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението. Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“. „Ние ќе ги ...
Почитувани членови и симпатизери на СДСМ, Почитувани граѓани, По долго размислување и низа разговори со голем број поддржувачи на СДСМ, решив да се кандидирам за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на престојните внатрепартиски избори. Нашата партија е соочена со голем предизвик и ги поминува веројатно најтешките моменти од нејзиното основање. Ова е време кога многумина се прашуваат дали СДСМ ќе опстане и каква е иднината на ...
Ниту уставниот судија Осман Кадриу не доби поддршка за претседател на Уставниот суд. И вториот круг гласање денеска пропадна. Кадриу беше единствен кандидат откако утринава Павловска – Данева се повлече од трката за да се деблокира процесот, а Васиќ – Бозаџиева и без противкандидата повторно доби само 5 гласа. Изминатите денови пропаднаа шесте обиди во кои ниту еден од кандидатите не успеа да собери двотретинска поддршка од своите колеги или ...
ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата “Рапид Билд ДОО” дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар, во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година: – на ...
Како што најави ТВ21, убиство утрово се случило во Боговиње. Според информациите, убиен е 47-годишен маж со иницијали А.Ј. Најпрво настанала вербална расправија, по што М.М. (50) го убил, а веднаш бил приведен од полицијата. „Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е ...
Поминаа повеќе од два месеци од исчезнувањето на малата Данка Илиќ, за која подоцна беше откриено дека е убиена. Данка ја усмртија Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, двајцата на возраст од 50 години, кои се вработени во ЈКП „Водовод“ во Бор. Тој ден биле на работна задача и со службеното возило ја удриле малата Данка, по што ја удавиле во автомобилот и ја фрлиле во блиската депонија. Еден од осомничените, најверојатно со нечија помош, два дена ...
Околу 15 илјади ученици што завршуваат средно образование денеска ги исполнија холовите и салите во училиштата и го полагаа првиот од двата екстерни испита од државната матура – Мајчин јазик и литература. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), кој е организатор на полагањето на државната матура, пријавени се 10 088 кандидати за испитот по Македонски јазик и литература, 4 189 за Албански јазик и литература и 315 кандидати за Турски ...
Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се гонат за: – едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и едно кривично дело – Убиство од чл.123 ст.2 т.1 и т.4 в.в. со чл.22 од Кривичниот законик и двете казниви по чл.123 ст.3 од Кривичниот законик, – едно кривично дело – Грабнување од чл.141 ст.2 в.в. ...
Во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година со што мандатот на Панче Тошковски како министер за внатрешни работи во преодната Влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста, односно ќе ја врши функцијата министер за внатрешни работи до избор ...
Лидерот на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити тврди дека другата коалиција од албанскиот блок, предводена од ДУИ, не се обединила на идеолошка основа, туку за да опстанат и да бидат дел од Владата. Во интервју за албанската телевизија „A2CNN“, Меџити порачал дека од 18 пратеници на Европскиот фронт во Собранието, 3-4 пратеници веќе се дел од новото мнозинство, без притоа да спомене кои се имињата. „Европскиот фронт не ...
Оркестрирана хајка се води против државната Кардиохирургија. Некој сака да ја уништи Клиниката и нејзиниот углед, но тоа вработените нема да го дозволат вели разрешениот директор на оваа установа др.Марјан Шокаровски. Кардиохирургот пред неколку денови беше обвинет од министерот во заминување Илир Демири дека на Кардиохирургија се оперирале фантомски пациенти, но и дека смртноста во последните месеци е зголемена.Министерот таа анализа не ја ...
Шефот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во име на Европскиот фронт остро ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор. За Европскиот фронт, според Ахмети, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата. Ахмети ги повика граѓаните да се приклучат на Европскиот фронт во битката за почитување на ...
Членот и замени-претседател на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, кој е второосомничен во истрагата за примање поткуп со врховниот суд Наке Георгиев, не би требало да учествува во работата Советот и во носењето одлуки. Ова е препораката на неговите колеги кои денеска на седница дискутираа за постапката против Мемети, кои дополнително во своите излагања образложија дека во моментов немаат законска можност да го разрешат од функцијата, ...
Идентификувани се двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, во паркот на Вождовац, а еден од осомничените (16) е уапсен, дознава Курир. Како што дознаваме, малолетниот осомничен се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград. Како што дознаваме, малолетниците се осомничени дека со неколку удари во ...
Поради кандидатурата за претседател на Собранието на РСМ, Африм Гаши поднел оставка од функцијата претседател на Алтернатива На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четврток (23.05.2024 година), меѓу другото, се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи уставот на РСМ, член 67, одпределува дека претседателот на републичкото собрание не може ...
Пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во четврток, на 23 мај во 16:00 часот по средноевропско време, треба да започне расправата за Предлогот за резолуција за геноцидот во Сребреница. Резолуцијата со која се предлага 11 јули да биде прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница и го осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници, беше спонзорирана од триесет земји. ...
Четворица вработени во затворот Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за Токсикологија како последица од пожарот кој избувнал вчера во женското одделение од затворот, објави Слободен печат. Според информациите, нивната состојба е стабилна, а неофицијално пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци. Потврда за пожарот стигна и од МВР: „Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа ...