Техничкиот премиер Талат Џафери најави дека е можно да го разреши Стојанче Ангелов од позицијата директор на Центарот за управување со кризи доколку тој не стои зад владината коалиција. Ова доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ најави проширување на коалицијата во предизборие, а меѓу партиите беше и партијата на Ангелов – „Достоинство“. Напуштањето на владината коалиција викендов го најави и лидерот на Достоинство, потенцирајќи дека ниту една од заложбите на ...

Четворицата обвинети за масакрот во трговскиот центар во Москва вчера беа донесени пред судот. Од видеата и фотографиите што беа објавени во социјалните медиуми, можеше да се види дека биле брутално претепани и измачувани, поради што тројцата од нив сами одеа до судот, а четвртиот беше довлечен во инвалидска количка. Сите четворица се обвинети за тероризам. На видеото се гледаат маскирани полицајци како ги носат во Окружниот суд Басмани во ...

Принцезата Кејт и нејзиното семејство се засолниле во нивниот дом во Анмер Хол, каде таа, принцот Вилијам и нивните деца ќе бидат изолирани од јавноста додека таа се лекува од рак. Луѓе блиски до принцот од Велс изјавија дека кралската двојка сега е во позиција да се справи со ситуација кога здравјето на принцезата Кејт е на прво место. Кралската двојка се повлече од јавните обврски откако Кејт Мидлтон во емотивна видео порака објави дека оди на ...

Синот на Александар Вучиќ бил во Москва за време на нападите. Претседателот на Србија изјави дека цел час не можел да го добие на телефон. Прво не ми се јавуваше скоро еден час. Потоа ми се јави и се слушнавме. Жив не бев додека не ми се јави. Москва е под полна контрола на специјалците“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека утре се игра и натпреварот Црвена звезда – Зенит, и дека тој натпревар е под висок безбедносен ...

Најмалку 60 луѓе беа убиени, а повеќе од 100 ранети кога вооружени лица отворија оган со автоматско оружје врз луѓето во концертната сала Crocus City Hall во близина на Москва, во еден од најтешките такви напади во Русија во последниве години. Засега се уште не е јасно кои се напаѓачите. Руските новински агенции јавуваат дека на местото синоќа 70 возила на брза помош. Видеото до кое дојде новинската агенција Ројтерс покажува голем пожар и чад ...

Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин. Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан. Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС). Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент ...

– Студентите и раководството на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), денеска во 12 часот ќе одржи протест пред зградата на Владата. Протестот е согласно одлука на декенатската управа, а целта, како што велат од ФИНКИ, е укажување на власта за потребата од подобрување на условите за студирање на студентите на Факултетот. Посочуваат дека вистински предизвик за управата на факултетот е да ги смести сите запишани ...

Основното јавно обвинителство Струга денеска поднесе ново обвинение за несовесно работење на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Според обвинението, тој се товари дека како градоначалник на 31 јануари 2022 година, при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа, назначил лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во Законот за основно образование, и назначената немала ...

Познатиот автор и продуцент на електронска музика синоќа е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување во скопскиот Клинички центар. Според неофицијалните информации, тој во тешка здравствена состојба, а синоќа бил примен во болница и е ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори за неговиот живот. Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крварење. Попов е познат македонски музичар и ...

На 18.03.2024 околу 12.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 40 годишната В.Д.Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот. Од здобиените повреди починало бебе, кое било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицински центар Струмица. Со телесни ...

Градинките денеска ги отвораат вратите за децата кои примиле три дози од вакцината ДиТеПер. Условот е во наредните шест месеци тие да примат и ревакцина. Од националниот комитет за имунизација објаснија дека ваквата одлука следи по проценката дека дете вакцинирано со три дози во последните шест месеци ќе биде оптимално заштитено. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изминатата недела изврши стотина вонредни инспекциски надзори низ ...

Министерот за правда Кренар Лога информира дека и денеска неофицијално комуницирале со колегите од Турција околу екстрадицијата на Љупчо Палевски, и била побарана информација од наша страна кога ќе биде неговата испорака. На новинарско прашање дали од турска страна биле посочени одредени рокови кога Палевски би бил испорачан во нашата држава, Лога одговори: „ Ни дадоа некој рок. Јас не сакам да кажувам такви детали бидејќи таа работа зависи од ...

Притисоци врз судската власт во Северна Македонија е нешто што мора да престане. Судиите мора да бидат ослободени за да можат да го практикуваат правото. Граѓаните на оваа земја имаат потреба од тоа, и се повеќе го бараат тоа, порача американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќањето на Меѓународна конференција на тема „Уставно-судска заштита на слободата на мислата и слободата на јавно изразување на мислата“, организирана од Уставниот суд по ...

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден направена е уште една мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива. Министерот Демири упатува огромна благодарност до семејството на донорот коешто се одлучи да ги донираат ...

Во Врховниот суд на Република Македонија денеска со почеток од 12 часот ќе се одржи јавна седница по жалбата против мерката притвор на Александар Ѓорчевски, осомничен во предметот за убиството на неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Како што информираа од Врховен, во кривичниот предмет познат во јавноста како „Убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска“, пред Врховниот суд на Република Македонија, оформен е предметот по жалба на осомничениот Александар ...

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел рече дека Израел „го користи гладот како оружје за војна“ и ја обвини земјата за блокирање на копнените патишта кои се најдобриот начин за испорака на храна за стотици илјади Палестинци кои се соочуваат со глад во Газа. Борел синоќа пред Советот за безбедност на ОН изјави дека хуманитарната помош мора да се достави во Газа, каде што кризата е создадена од човечки фактор и ...

Апелациониот суд во Скопје ја прифатил жалбата на Миле Јанакиески и одлучил тој да излезе од затвор на 16 јуни 2024 година. „Апелациониот суд – Скопје информира дека Кривичен совет на Судот донесе решение со кое жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се одбива како неоснована, додека жалбата на осудениот М.Ј, од С., изјавена преку неговиот бранител, со која се бара условен отпуст, се уважува“, се ...

Укинат му е ефективниот притвор на Стефан Димковски, осомничен за помагање при бегство на Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Одлуката ја донел Кривичниот суд, откако претходно, судија на претходна постапка во три наврати му го продолжуваше притворот и три месеци го држеше зад решетки. Сега Димковски ќе се брани од слобода. Димовски е осомничен дека му помогнал на Палчо да избега од Македонија, откако тој го извршил двојното убиство на Вања ...

Телата на пет скијачи, пријавени за исчезнати, се пронајдени на швајцарските Алпи, соопшти полицијата, а локалните власти се уште трагаат по шестото лице. Како што пренесува Би-би-си, во саботата е започната операција за пребарување и спасување, откако групата исчезнала во близина на планината Тет Бланш, висока 3 706 метри, на патеката Зермат-Арола, во близина на планината Матерхорн, која се протега блиску до граничната област меѓу Швајцарија и ...

Опенхајмер е најдоброто достигнување на 96-тото доделување на Оскарите. Од 13 номинации, приказната за креаторот на атомската бомба освои седум златни статуетки, меѓу кои Кристофер Нолан за режисер и Силијан Марфи за најдобар актер. „Poor Things“ освои четири статуетки, а Ема Стоун го освои својот втор Оскар. Реализацијата на „Killers of the Flower Moon“ на Мартин Скорсезе и покрај десетте номинации, не освои ниту една награда, додека „Барби“ ...

В.Ј. (30) вчера била ранета во пукање на патарина кај Прешево и била оперирана. Таа билa донесен во Универзитетскиот медицински центар Ниш половина час по полноќ во придружба на екипа на Итната медицинска помош од Врање поради здобиените рани од огнено оружје. – По прегледот, констатирани се примарна здравствена заштита и радиолошка и лабораториска дијагностика, повреди на душникот, вратните пршлени и вметнување воздух во градната празнина, како ...

Собирањето граѓански потписи за претседателските и кандидатурите за пратеници во парламентот, кое почна пред точно две недели, на 23 февруари, завршува денеска на полноќ. Во подрачните канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) граѓаните ќе може до вечерва заклучно со 24 часот да го дадат својот потпис за некој од претендентите за кандидати за шеф на државата или за независните листи за пратеници. По десет илјади потписи за кандидатура на ...

Денес околу 10.45 часот, во месноста Јелак на Шар Планина, мечка нападнала дански турист кој заедно со група скијачи учествувал во т.н. “фри рајд” скијање (надвор од скијачки патеки) во близина на Попова Шапка. Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон тетовска болница каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите. ...

По преземени мерки и активности, на 05 и 06.03.2024 во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија ги лишиле од слобода Ф.П.(29), Д.Д.(32) и Д.П.(25), сите од Скопје. На 05.03.2024 околу 22.00 часот на подрачје на Карпош, пред зградата во кој времено престојува Ф.П., од слобода бил ...

Во акцијата Армагедон полицијата уапси седум лица во Белград, Ниш, Пирот и Лесковац. Истите се сомничат дека преку социјалните мрежи влегувале во комуникација со малолетници од сопствени и лажни профили, праќале фотографии и видео снимки од порнографска содржина и прибавиле содржини кои произлегуваат од експлоатација на малолетник, како и договарале средба со малолетници за сексуален однос, јави дописникот на МИА од Белград. -Се сомневаат дека ...

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека во специјална операција го потопила рускиот патролен брод „Сергеј Котов“ во Црното Море, користејќи поморски дронови „магура В5“ во напад што се случи пред зори. Украинските поморски беспилотни летала на Главната управа за разузнавање (ХУР)на Министерството за одбрана потонаа еден од патролните бродови на руската Црноморска флота во нов удар врз поморската моќ на Кремљ во регионот, како што ...

Министерот за внатрешни работи во техничката влада, Панче Тошковски во гостувањето на утринската емисија на „Слободен печат“ апелира до Собранието да се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање се со цел да можат 100.000 да не го загубат правото на глас. „Доколку не се промени законската одредба кое што го регулира начинот на идентификација и начинот на гласање ќе имаме сериозен проблем, ...

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот. -На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски ...

Поради неодамнешните измени на Кривичниот законик застаре и случајот ,,Тендери” на СЈО, во кој една од обвинетите беше екс министерката за култура Елизабета Канческа -Милевска. По пет години судење, минатата година Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда, а кога случајот стигна на Апелација беше утврдена застареност. -Уважена е жалбата на ОЈО ГОКК (со навод за застареност) и по жалба и по службена должност преиначена е ослободителната ...

Претседателската кандидатка на Левица, Билјана Ванковска-Цветковска, е на чекор да обезбеди 10 илјади граѓански потписи неопходни за влез во трката за шеф на државата. Ова го покажува последниот пресек на Државната изборна комисија (ДИК), според кој, заклучно со вчеравечер, Ванковска собрала 9 085 потписи, што значи дека ѝ недостасуваат околу 900 за официјализирање на претседателската кандидатура.До потребниот број на потписи е и кандидатот на ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
0.51
54%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1022
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.82
32%
1020
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
91%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
6.17
26%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
41%
1021
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
78%
1019
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326