
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Вчера доцна вечерта, по наредба на судија на претходна постапка извршен е во домот на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети во Тетово и претрес во службените простории на Советот на јавни обвинители. Има сомнение дека Мемети заедно со Наке Горгиев имал влијание злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за екс градоначалникот кој е во притвор Боро ...
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави за Си-Ен-Ен дека бара налози за апсење на водачот на Хамас, Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за нападот на Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа. Во интервју за Си-Ен-Ен, главниот обвинител на судот, Карим Кан, рече дека судот бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, ...
Портпаролот на Европската комисија изјави за „Euractiv“ дека Договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија од 2018 година мора да биде спроведен од „сите страни“ и со „добра волја“ во време на нова расправија меѓу Атина и Скопје што се заканува да го оживее 25-годишниот спор. Новата дипломатска криза меѓу двете земји избувна откако новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која доаѓа од националистичката ...
Кавадаречката полиција синоќа привела 35-годишен маж од Кавадарци кој насилно се однесувал и му се заканувал на градоначалникот на општината, Митко Јанчев. Инцидентот се случил во угостителски објект. „Синоќа во 23:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го лишиле од слобода П.Н. (35) од Кавадарци, затоа што агресивно се однесувал кон М.Ј. (43) од Кавадарци и му упатил закани“,информираат од МВР за МИА. ...
Верувам дека Албанците ќе имаат претседател на Собрание и значителен број министри, вели за РТК, претседателот на „Вреди“, Арбен Таравари. -Верувам дека една од трите главни функции на државата, имено претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец и значителен број министри, особено таму каде што имаме експерти, ние како партија ВЛЕН ќе ги именуваме. Верувам дека таму застапеноста ќе биде достоинствена, со стручни луѓе – рече тој. ...
Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничениот за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски мирно ја поминал првата ноќ во затворот „Скопје“, каде што синоќа беше спроведен по екстрадицијата од Турција извршена во текот на вчерашниот ден. Палевски, како што вели за „360 степени“ директорот на затворот во скопската населба Шуто Оризари, Филип Андов, е примен во затворот и досега се нема пожалено на некакви здравствени ...
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, вчера веднаш до нејзиното гаражно место, каде што го паркира приватното возило, пронашла импровизиран кревет и забоден кујнски нож, дознава „360 степени“. Претседателката на Уставен случајот го пријавила во полиција, од каде што ни го потврдија настанот и велат дека за него е известен надлежен јавен обвинител. Дополнително, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за ...
Пет браќа на возраст од 3 до 15 години завршиле во болница откако мајка им ги избањала со срество за убивање паразити. Децата од Липница во неделата вечерта биле донесени во болница во исклучително тешка состојба, а 14-годишното момче паднало во кома и било интубирано. Како што пишуваат медиумите во Србија, мајката се капела себе си и децата со исклучително токсично средство, кое се користи за чистење на овци, коњи, кучиња и мачки од крлежи и ...
Државната изборна комисија соопшти дека ќе ги прифати приговорите поднесени од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за три избирачки места од парламентарните избори. Прегласување според приговорите ќе има на избирачкото место 1272 во општина Охрид, како и на избирачките места 1194 и 1202 во Крушево. Претседателот на ДИК посочи дека по извршеното пребројување на гласови, на избирачкото место 1272 во Охрид, било утврдено дека ...
Европската Унија очекува од новите власти во Северна Македонија да покажат посветеност на европската иднина и да продолжат по успешниот пристапен пат, рече денеска портпаролот на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано. Стано, на новинарско прашање да ги повтори позициите на ЕУ во однос на условите за натамошен напредок на Северна Македонија кон европската интеграција, рече дека вчера имале изјава за несреќниот настап на ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ќе го оствари првиот официјален настан по преземањето на функцијата. Како што информираат од Кабинетот, таа во 14:00 часот ќе ги прими ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово и „Мајка Тереза“ – Скопје. Државава вчера го доби шестиот претседател и воедно прва претседателка од ...
Од партијата жестоко ги отфрлија неоснованите обинувања и тактиките за поттикнување на страв која според нив ги користи Демократската унија за интеграции, а притоа изјавија и дека македонскиот народ непосредно на избори се изјаснил преку демократскиот процес, а секој обид за поткопување на неговата волја, за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатлив. „Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските ...
Ќерката на новоизбраната претседателка на Македонија Гордана, Марија Давкова Јордановска, објави песна и моќна порака на својот фејсбук профил. Имено таа сподели музичко видео од Бигорскиот манастир со наслов „Разумна молитва“ и посака просперитет за земјава. – Нека убоста и просперитетот бидат главната одлика на нашата земја во наредните години, декади и столетија, драги земјаци. А слогата и соживотот нека постанат наша навика. Амин! – напиша ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ѝ честиташе на Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори. „Честитки за Гордана Силјановска Давкова за нејзината убедлива изборна победа. И посакувам успешен и плоден мандат. Го цениме нашето силно партнерство и ја цениме поддршката на Скопје за Украина во спротивставувањето на руската агресија. Со нетрпение очекувам да ја зајакнеме нашата билатерална соработка со цел да ги ...
Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир денеска преку објава на Икс ѝ ја честита победата на претседателските избори на кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Во објавата, Гир додава оти со новата шефица на државата очекува тесна соработка за европската иднина на С Македонија. „Честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија. Очекувам тесна соработка со неа за европската ...
Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот. Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со ...
Според последните податоци и симулацијата на ДИК, нема промени во бројот на пратенички места што ги освои СДСМ – 18, а идентичен е случајот и кај коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, која, како што покажуваат првичните резултати, останува со 19 пратеника ВМРО-ДПМНЕ има освоени 58 мандати во новиот пратенички состав. Ова го покажува последната симулација на Државната изборна комисија (ДИК), објавена утрово врз основа на обработени ...
Од обработени 92,13 отсто или 3 232 од вкупно 3 508 избирачки места излезеноста на гласачите во вториот круг од претседателските избори е 4,32 отсто. За парламентарните избори на обработени 92,87 отсто или 3229 избирачки места од вкупно 3477 места излезеноста до 9 часот, според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, кои се ажурираат сукцесивно, излезеноста до 9 часот е 4,70 отсто. Од почетокот на изборниот ден во 7 часот, по два часа ...
Триесет и деветгодишен возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани. Сопатничката и двете малолетни деца поради здобиените повреди се пренесени во штипската Клиничка болница. Пријавата во СВР-Штип е во 2.24 часот, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип. Несреќата се случила во близина на клучката кај селото Крупиште, а според првичните информации, во несреќата учествувало само едно возило. Автомобил марка рено „лагуна“ со ...
Обвинителен предлог против актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, неговиот претходник на функцијата Дарко Каевски, како и за првиот човек на Македонскиот олимписки комитет Даниел Димевски и за уште 9 лица е поднесен во врска со доделувањето на таканаречените спортски ваучери. Мојсоски и Каевски се обвинети за злоупотреба на службена положба, а Димевски и останатите обвинети за несовесно работење. „Постапувајќи по ...
Традиционално и оваа година на 7 мај, во градот на поезијата, во Струга ќе се одржи сенародната Струшка Еордија (Литија), со моштите на „Свети Георгиј Победоносец”, неговата чудотворна икона, како и Крнинската чудотворна икона на Богородица. На раскошно украсени епитафи, со локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества, со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, ...
Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување како што пренесува ФОКУС денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите: –Светол патот, татко мој. Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност. Како што во минатото за ,,Фокус” изјави сопругот на ...
Србија денеска (5 мај) одбележуваат една година од масовното убиство во основното училиште во центарот на Белград. Годишнината се одбележува со еднодневна комеморативна програма наречена „Будење“. Пред училиштето „Владислав Рибникар“ се собираат голем број роднини и пријатели на убиените, како и граѓани кои во текот на целиот ден ќе може да остават цвеќе и да се запишат во спомен книгата за сеќавање на деветте ученици и училишниот чувар кои беа ...
Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски. На Фејсбук статус Лога напиша: „Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“ Палевски е осомничен за двете убиства на Вања ...
Силен земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово окол во 7.42 минути е регистриран во регионот на Кладово во Србија, соопшти српскиот хидрометереолошки завод. Интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје. Сѐ уште нема извештаи за евентуална штета. Земјотресот што го погоди Кладово е ...
СДС знаат дека ќе изгубат катастрофално во вториот изборен круг, и наместо чесно да го прифатат поразот, тие мислат ќе го изманипулираат народот. СДС деновиве коваат две сценарија кои во суштина се завера против Македонија. Првото е сценарио на бојкот. Европјаните и демократите од СДС кои се утепаа од крадење, сакаат да бојкотираат зошто народот не ги сака и ќе доживеат тежок дебакл. Со ова сценарио сакаат свесно да предизвикаат уставна криза, ...
Од вчера има нови поскапи цени на осигурителните полиси за регистрација на возилата. Новите цени се повисоки за 15 отсто и се однесуваат за автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста. Сопствениците на возила со моќност од 44 до 55 КВ наместо 5. 453 денари, според новите цени за осигурување ќе плаќаат 6.292 денари. Оние со возила со мотор од 55 до ...
Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост. – Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител ...
Се соочувам со апсурдни обвинувања до апсолутност. Во моментите кога не можев да пуштам ниту глас, ниту солза, бев обвинуван во полициска станица и тоа за работи што не ми се јасни и не ги разбирам. Би сакал да го дознаам идентитетот на луѓето што го направија ова и сите тие се подеднакво виновни. Со овие зборови, низ солзи, Александар Ѓорчевски, осомничен за помагање во грабнувањето на неговата 14-годишна ќерка Вања Ѓорчевска, која беше убиена, ...
Првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија донесе убедливо водство на претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова и неочекувано лоши резултати за актуелниот претседател, Стево Пендаровски кој останува во трката за втор мандат. „Нема предавање, се уште ништо не е одлучено, конечниот победник ќе се знае на 8 мај“, порача Пендаровски, откако стана извесно дека неговата противкандидатка има двојна предност ...