Излезеноста на гласање во првиот круг од претседателските избори до 9 часот изнесува 3,85 отсто, соопшти Државната изборна комисија. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кажа дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места. До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на Комисијата, сите гласачки места се отвориле навреме. „До ...

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во четвртата изборна единица, Венко Филипче, денеска во објава на Фејсбук најави дека ќе го тужи за клевета својот противник во истата изборна единица од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Ова следува откако Николоски од посетата на село Новаци, меѓу другото, говорејќи за носителот на СДСМ во „четворката“, праша од каде му се пари за хациенда на Водно и дали со ...

Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија. Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“. На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица. Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во ...

„Смртната казна за нив не е доволна, треба да бидат затворени до крајот на животот. Тие се чудовишта, тоа што го доживуваме цело време е неописливо. Само родител може да го разбере тоа“, изјави за „Телеграф“ Милош Илиќ, таткото на убиената двегодишна Данка. Тој заедно со сопругата Ивана дојде во Вишото јавно обвинителство во Зајечар да даде исказ. Несреќниот татко и мајка беа во солзи. -Полицијата ни дојде неколку пати, ѝ ги одзеде работите на ...

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска најави тужба за клевета против скопската градоначалничка, Данела Арсовска. – Нема да дозволам Универзална сала да биде дел од политичко препукување и дел од изборната агенда на Арсовска – изјави денеска министерката Костадиновска-Стојчевска. Според неа, обвинувањата дека таа знаела за пожарот, но не пријавила веднаш, се само измислена приказна. – Таа самата детално ќе објасни во тврдењата ...

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти гневни на министерот Демири зашто се обидел да ги исполитизира нивните барања. Младите специјализанти продолжуваат со штрајкот. Тие се револтирани и се чувствуваат понижени. Велат дека тие ја работат „измеќарската работа што докторите не сакаат да ја работат“, вклучително со целата административна работа, а дежурствата им се исплаќаат со редовно доцнење.Револтот им е голем, ...

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да не сведочи во обвинителството. Таа го има тоа право како најблиска роднина на осомничените. – Сведокот Светлана Драгијевиќ е привилегиран сведок. Таа го искористи правото да не сведочи – изјави адвокатот Небојша Живановиќ. Денеска ќе бидат сослушани уште двајца сведоци, додека утре во обвинителството се ...

„Пресретнавме. Блокиравме. Заедно ќе победиме“, напиша израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во пораката на мрежата Икс по синоќешниот напад на Иран. Голем број проектили навлегле во одбраната. Нема извештаи за директни повредени како резултат на иранските напади, според информациите на израелската служба за итни случаи, пренесува Си-ен-ен. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека 99 отсто од околу 300 проектили истрелани од ...

Повеќе луѓе се избодени со нож во популарен трговски центар во Сиднеј, меѓу кои и бебе и нејзината мајка, јавуваат австралиските медиуми. Нападот се случил во саботата попладне нешто пред 16 часот по локално време. На социјалните мрежи се шират снимки и фотографии од лице за кое се тврди дека е напаѓачот, како прободува луѓе во трговскиот центар „Вестфилд бонди џанкшн“ во Сиднеј. Џејсон, еден од купувачите евакуирани од центарот, изјавил за ...

Спасувачка акција е во тек во Анталија, откако група туристи пропаднале низ кабина од жичарница. Спасувачите и понатаму се обидуваат да ги евакуираат сите туристи кои се заглавени во кабините кои останале да висат по несреќата. Досега се спасени речиси 100 лица од околу 180 заглавени лица. Најмалку едно лице загинало во несреќата, а околу 10 се повредени, откако паднале од висина. Во потрагата се вклучени спасувачки хелокоптери и воени ...

Три лица се приведени во врска со пожарот што утринава избувна во Универзалната сала во Скопје, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според полициското соопштение, се работи за тројца градежни работници кои во моментот на пожарот извршувале работни задачи во објектот на Универзалната сала. „Во врска со пожарот, во полициска станица од општа надлежност ‘Центар’ се приведени тројца градежни работници кои изведувале ...

Верниците од муслиманска вероисповед во земјава денеска го слават празникот Рамазан Бајрам. Овој празник муслиманите го слават по завршување на постите кои траеја цел месец, а во кој тие не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Месецот Рамазан е деветтиот месец во исламскиот календар, а воедно се смета за месец на почетокот на објавата на светата книга за муслиманите – Куранот. Денеска празникот се означува со утринска молитва во ...

Далибор Драгијевиќ (40) ќе биде погребан денеска на гробиштата во селото Злот. Тој е уапсен под сомнение дека им помагал на осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ да се ослободат од телото на убиената Данка Илиќ (2). Само неколку часа пред рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, тој почина во полицискиот притвор во Бор. Според последните информации, судот во Заечар не им дозволил на неговиот татко Радослав и брат Дејан да ...

Од планината Беласица вчеравечер, околу 19:30 часот, пронајдени се двајцата велосипедисти за кои претходно попладнето било пријавено оти се изгубиле, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Исчезнувањето на велосипедистите било пријавено вчера попладне во 16:50 часот во регионалниот Центар за управување со кризи Струмица на единствениот број за итни повици 112. По добиената пријава, како што додаваат од ЦУК, во контакт со двајцата ...

Најмалку едно лице е повредено во вооружен напад што денеска попладне се случил во скопско Арачиново. Како што објави МИА, пукано било кон автомобилот во кој се превезувал градоначалникот на оваа општина, Ридван Ибраими. Покрај него, во моментот на пукањето во возилото се наоѓале и неговиот возач и лице вработено во Општината. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во изјава за МИА потврдил дека во престрелката е повреден возачот на ...

Oсомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по која половина Европа трагаше десет дена, се Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот. Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило ЈКП Водовод во моментот кога наводно удрил во двегодишното девојче, додека со него бил Драгијевиќ. За Курир зборува и братот на Дејан, Далибор кој е во шок. – Брат ми од вчера е во полиција. Го извадија од дома, но ништо не знам, никој ништо не ...

Александар Вучиќ, претседателот на Србија изјави дека полицијата уапсила две лица кои се осомничени за убиство на девојчето Данка Илиќ, која исчезна на 26 март. – Имаме лоши вести за Данка… Полицијата уапси две лица кои ако добро разбирам ја убиле малата Данка. Како што разбрав, тие го признаа делото. Со какви чудовишта си имаме работа – резигнирано рече Вучиќ. Според првичните информации девојчето било преказено со автомобил. Двајца мажи ...

Две лица се приведени под сомнение за помагање во вчерашниот обид за атентат врз градоначалникот на Арачиново. Извори од МВР велат дека полицијата се уште е на терен и се прават напори да се идентификува и приведе напаѓачот кој вчера со автоматска пушка отвори оган врз Ридван Ибраими, кој доаѓа од редовите на ДУИ. Тој својот мандат нема да го памети по добро бидејќи откако стана градоначалник ова е трет пат полицијата да добие пријава дека бил ...

Судот во Тетово донел одлука печатите од партијата Алијанса за Албанците да ги добие крилото на Зијадин Села. Ваквата информација ја потврдија крилото на Села, додека Арбен Таравари кој е дел од другото крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најавува жалба. „Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално ...

Неколку деца се повредени во пукање во училиште во Финска, соопшти полицијата. Полициските службеници добиле пријава за пукање во основното училиште Виертола во Вантаа во 08:08 часот. Осомничениот е приведен и се здобил и со повреди. Локалните жители се замолени да се држат настрана од областа, пишува Sky News. Финската телевизија MTV Uutiset објави дека службите за итни случаи, вклучително и вооружени полицајци, биле на местото на настанот. ...

Германија од денеска го либерализира пазарот на канабис декриминализирајќи го поседувањето мали количини. Откако стапија во сила новите закони за лично поседување, пушењето канабис во Германија ќе биде легално за постари од 18 години, пренесува „Гардијан“. Од денеска, на возрасните во Германија им е дозволено да носат со себе до 25 грама сушен канабис и да одгледуваат најмногу три растенија марихуана дома. Новите закони следуваа по жестоката ...

Девојка од Албанија која студирала во Скопје вчера била пријавена за исчезната, потврдија и од Министерството за внатрешни работи. Од рано утрово по социјалните мрежи се споделува информација дека се бара дваесет и еднодишната Ени. Според објавата Енкеледа Чела висока е 160 сантиметри има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец. ...

Пожарот, што од вчера попладне е активен на Шар Планина над селото Вешала во Општина Тетово, каде вчера гореа сува трева и папрат, утрово се проширил и зафатил и букова шума, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). За гаснењето на пожарот, кој е на непристапен терен, од ЦУК велат дека е побарано да се интервенира со воздушна поддршка. Утрово во 06:55 на терен веќе биле испратени 10 ренџери од Националниот парк „Шар планина“ од ...

Малолетник од гевгелиското село Негорци вчера загина од удар на гром откако овој регион бил зафатен од силно невреме. Сите во шок и неверување, се опростуваат од 17-годишниот Трифун. Текстот е напишан од Васка Ј, во групата на земјоделие: -Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група. Плачам и пишувам ….. Денес Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 год. пасејќи ѓи ...

Завчера беше направена мултиорганска трансплантација на органи во којашто еден пациент доби срце, еден пациент доби црн дроб, двајца пациенти добија бубрези, а во наредните денови пациенти од Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива, информираа од Министерството за здравство. Министерот Демири упати благодарност до семејството на донорот, чиј идентитет веќе се споделува на социјалните мрежи и кому му се ...

Матичниот лекар Ацо Трповски синоќа во 23 часот бил пронајден без знаци на живот, со убодни рани по телото, во неговиот автомобил паркиран на паркинг во непосредна близина на поликлиниката Железара. Станува збор за лекар кој имал приватна ординација и е на 67 годишна возраст. – Инспекторите се овде. Докторот е вработен во приватна здравстствена установа која приватна концесија доби од кај нас и работеше активно, како втор тим. Поликлиниката ...

Срцата на приватните матични лекари ќе тажат денеска од 12 до 16 часот, кога ќе прекинат со работа, изразувајќи гнев и сочувство, откако нивниот колега, 67-годишниот д-р Ацо Трповски, кој со години работел во ординацијата во скопската поликлиника „Железара“, беше пронајден мртов во својот автомобил, паркиран пред установата. Неговата смрт ги потресе сите со неверица и безнадежност. Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, ...

Стрелките на часовникот во 02:00 по полноќ ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00, а овој начин на сметање на времето ќе важи до 27 октомври годинава, кога во 03:00 стрелките ќе се вратат еден час наназад, па затоа времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот. Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр.17/96 и 16/97) ...

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, објави синоќа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Министерот посочи дека се преземени 20 истражи дејствија и дека се прегледани над 50 камери и видео записи. Тошковски не ги откри мотивите и рече дека повеќе информации ќе се соопштат во текот на денешниот ден. Неофицијално претресот е вршен во населбата Автокоманда. Шеесет и седумгодишен лекар ...

„Вечерва за прв пат ви кажувам дека кандидатот за претседател Бујар Османи својата куќа ја има изграденo на диво, а јас како градоначалник на Чаир му ја легализирав нему како и на многу други граѓани. Османи наместо да плаќа комунални такси по 110 евра за м2, тој платил 1 евро, што значи самиот тој изградил куќа на диво“, изјави Меџити во интервју за ТВ21. „Артан Груби и неговите браќа имаат изградено доградба на станови, во Чаир, речиси ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
50%
1020
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
0.51
54%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 22ᴼ
1.03
56%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1022
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.82
32%
1020
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
91%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 26ᴼ
6.17
26%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
53%
1018
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
1.54
32%
1018
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
41%
1021
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
53%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.2
78%
1019
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326