
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на клупскиот мундијал против Реал Мадрид уште во првото полувреме и ќе се бори за трофејот на првото издание на ова натпреварување со специфичен формат. Францускиот претставник издоминира, брутално казнувајќи ги грубите грешки на одбраната на шпанскиот ривал, а најава за епилогот добивме уште во 9. минута кога ПСЖ поведе со голот на Фабијан Руиз. Дембеле зголеми три минути подоцна, а до ...
Раководството на Интер денеска имало средба со претставници на Галатасарај, по која станало јасно дека не постојат услови за трансфер на Хакан Чалханоглу во овој преоден рок. Турскиот клуб се обидуваше со состанок во Милано да го олесни трансферот за кој е заинтересиран и фудбалерот, но новинарот Џанлука Ди Марцио тврди дека Интер останува на цврст став да го задржи искусниот играч за врска. Главен услов на италијанскиот тим е да добие 30 ...
Македонската женска ракометна репрезентација за играчи до 19 години забележа пораз на првиот натпревар на Европското првенство. Нашите талентирани ракометарки загубија од актуелниот европски шампион Унгарија со 38:21, па ќе мора да се надеваат на прва победа на некој од следните настапи. Велкова и Котевска со по 4 голови биле најефикасни во македонскиот табор, а Унгарките уште на полувреме го најавиле конечниот епилог со предност од 16:11. ...
Новак Ѓоковиќ денеска оствари победа над Флавио Коболи и си го потврди местото во полуфиналето на Вимблдон, а фановите се надеваат дека во него нема да има проблеми со повреди и ќе може да го даде својот препознатлив максимум. Ова посебно по загрижувачката сцена во финишот на денешното четвртфинале, во кое Ѓоковиќ пролизга незгодно на меч топка и неколку секунди лежеше на теренот, предизвикувајќи паника меѓу своите најблиски и кај фановите. ...
Јувентус одамна му најави на Тимоти Веа дека треба да си бара нов клуб, а по одбивањето на понудата од Нотингем Форест, американскиот репрезентативец решил да се врати во Франција. Веа веќе има договор со Олимпик Марсеј за четиригодишен договор за кој ќе добива по 2,5 милиони евра по сезона и ќе биде освежување на десната страна во тимот на Роберто Де Ѕерби. Марсеј ќе биде трет француски клуб за кој настапувал Веа иако има само 25 години. ...
Преговорите меѓу Тотенхем и Вест Хем беа интензивирани последните денови, а денеска раководството на освојувачот на Лига Европа успеал да го договори трансферот на Мохамед Кудус. Офанзивниот играч за врска ќе му донесе 55 милиони фунти на Вест Хем, а ќе биде промовиран во градскиот ривал веднаш штом ги помине лекарските прегледи. Кудус дојде во Премиер лигата од редовите на Ајакс пред две години и тогаш Вест Хем за неговите услуги плати 38 ...
Новак Ѓоковиќ влезе во големата четворка на годинешниот Вимблдон, победувајќи го многу помладиот Флавио Коболи со 3:1 во сетови. Денешното четвртфинале започна како што посакуваа неутралните фанови, сетот заврши со тај-брејк и тоа со предност за Италијанецот кој се закани со предноста од 1:0. Сепак, Ѓоковиќ дополнително го подигна нивото во продолжение и не дозволи изненадување, добивајќи ги наредните три сета за победа и пласман во ...
Ралф Рангник се соочил со непријатен здравствен проблем, поради кој морал да биде и хоспитализиран. Австрискиот селектор кој во минатото водеше и неколку европски клубови, неодамна направи рутинска операција на повреден зглоб, но истата донела неочекувани компликации. Лекарите утврдиле инфицирање на раната од оперативниот зафат, па Рангник морал да добие соодветна нега, односно нов оперативен зафат во клиника во Салцбург. Поранешниот тренер на ...
Повредата на Џамал Мусиала е голем проблем за Баерн Минхен, но и уште поголем удар за фудбалерот кој требаше да биде еден од носителите на играта на бундеслигашот во новата сезона. Мусиала заработи сериозна повреда по дуелот со Џиџио Донарума за време на натпреварот меѓу Баерн и ПСЖ на Светското клупско првенство, а му следува и долга пауза по оперативниот зафат. По натпреварот имаше многу негативни коментари на сметка на италијанскиот голман, ...
Добрите игри во дресот на Аталанта донесоа многу заинтересирани клубови за Марио Ретеги, но напаѓачот изненадувачки решил да прифати понуда која не доаѓа од европски клуб. За италијанскиот репрезентативец се интересираа и домашните ривали на Аталанта, но клубот сега ќе заработи цело богатство од неговиот трансфер во редовите на Ал Кадсија. Новинарите кои го следат трансфер пазарот тврдат дека во клупската каса на клубот од Бергамо ќе се слеат 70 ...
Јаник Синер се жалеше на повреда на лактот пред денешниот дуел од четвртфиналето на Вимблдон, но не само што таа не беше причина да се откаже од завршницата на грен-слем турнирот во Лондон, туку успеа без загубен сет да го добие мечот со амбициозниот Бен Шелтон. Италијанскиот тенисер славеше со 3:0 во третото комплетирано четвртфинале, кое донесе најголема драма во првиот сет, а му ја донесе и шестата победа по ред во дуелите со Шелтон. Истиот ...
Разделбата на Евертон со Доминик Калверт-Луин иницираше потреба за но квалитетен напаѓач за премиерлигашот, а изборот на „карамелите“ падна на досегашен член на Вилјареал. Се работи за талентираниот француски интернационалец Тирно Бари, за кого Евертон ќе му плати на шпанскиот клуб сума од 27 милиони фунти. Младинскиот репрезентативец на Франција потпишал четиригодишен договор со премиерлигашот, а Евертон успеал да ја намали сумата која ...
Карло Анчелоти ја напушти Шпанија по разделбата со Реал Мадрид, но денеска доби непријатна информација од Мадрид. Медиумите пренесуваат дека италијанскиот стручњак добил едногодишна затворска казна поради затајување данок и тоа за финансиските малверзации кои Анчелоти ги направил во 2014 година. Новиот бразилски селектор е ослободен од обвиненијата за затајување данок во 2015 година, но за тој период ќе треба да плати парична казна од 386.381 ...
Трансфер офанзивата на Арсенал продолжува, а еден од приоритетите на менаџментот покрај Виктор Ѓекереш, е и актуелен фудбалер на градскиот ривал Челси. Најугледните англиски новинари тврдат дека „топчиите“ веќе започнале преговори чија главна цел е Нони Мадуеке, фудбалер кој веќе прифатил петгодишна соработка со Арсенал. Челси побарал околу 55 милиони фунти за англискиот репрезентативец, додека Арсенал се надева дека ќе успее да ја симне таа ...
Реал Мадрид вечерва ќе го предизвика актуелниот европски шампион ПСЖ на „МетЛајф“ стадионот во Њу Џерси, па иако се очекува една тешка и рововска битка меѓу два разиграни тима, Герет Бејл нема сомнежи кој ќе се пласира во големото финале на Светското клупско првенство. Велшката фудбалската суперѕвезда со години го носеше дресот на Реал и гордо ги бранеше боите на „кралскиот клуб“, па носејќи се по историјата и традицијата, вели дека вечерва може ...
Јувентус планира да има сосема поинаков изглед во новата натпреварувачка сезона и тимот да биде засилен со неколку добри фудбалери, а еден веќе пристигна во името на Џонатан Дејвид. Напаѓачот кој воодушеви во Лига 1 пристигна во Торино како слободен агент, но последните вести кои пристигнуваат од Италија велат дека Јувентус сега ги интензивирал и преговорите за ангажман на Џејдон Санчо. Прецртаниот играч од Рубен Аморим нема иднина во Манчестер ...
МАртин Томовски имаше одлична сезона во германската Бундеслига како голман на Потсдам, но откако тимот испадна од елитата, се доби впечаток дека македонскиот репрезентативец ќе се врати одново на нашата сцена. Иако имаше понуди за кам-бек во мак-ракометот, Томовски сепак решава кариерата и натаму да ја гради во Германија, и тоа во редовите на Битигхајм. Крајот на сезоната знаечеше и крај за Томовски во редовите на Потсдам, па сега како слободен ...
Санти Касорла живее своја фудбалска бајка во матичниот клуб Овиедо, тим на кој минатиот месец му помогна да избори пласман во Ла Лига, откако една година претходно доживеа големо разочарување во плејофот. На залезот на својата кариера, Касорла реши да се врати во матичниот клуб и да му помогне во обидот да се избори за прволигашки статус, а откако успеа во својата намера, сега добива нов договор со што значи дека ќе се одјави во Ла Лига. ...
По големото разочарување на крајот од сезоната, Вардар одлучи да го менува тренерот и веќе го претстави Иван Чупиќ како нов лидер на проектот, а истиот од денеска е побогат за две имиња на бековските позиции. Македонскиот вицешампион со пофали со ангажман на двајца играчи кои играат на позицијата десен бек, а тоа се Јапонецот Харуки Кавада и Аргентинецот Николас Боно. Кавада е 19-годишен талентиран јапонски ракометар кој доаѓа од младинската ...
Григор Димитров одигра брилијантен тенис во осминафиналето на Вимблдон и целосно го надигра Јаник Синер, но иако беше на еден сет од сензација и четвртфинале, Бугаринот го напушти централниот терен во Лондон со солзи во очите. Причина за тоа беше повредата која ја заработи при еден сервис во пределот на рамото, па од силната болка и акумулираниот стрес, Димитров не можеше ниту да ја подигне раката во обидот да се поздрави со главниот судија. ...
ТНС и Шкендија вчера одиграа без победник во Велс и ги оставија сите карти отворени за реваншот во Македонија, натпревар на кој нашиот првак ќе ја има улогата на фаворит со оглед на предноста која се очекува да ја има со настап пред своите навивачи. Вчерашниот дуел беше пресметка на велшкиот и македонскиот шампион, но мора да се напомене дека домаќинот на овој натпревар се посрамоти во јавноста со една ситуација пред крајот на првиот дел, кога ...
Виктор Ѓекереш е во напредни преговори за трансфер во Арсенал и се очекува операцијата набрзо да добие свој расплет, но пред да дојде до такво сценарио, шведскиот напаѓач во интервју за „Франс Фудбал“ се огласи за извонредната соработка која ја имаше со Рубен Аморим. Ѓекереш не крие дека најдобриот фудбал во кариерата го играл токму под водство на актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, па иако претпоставките беа големи дека тој ќе го следи ...
Гонсало Гарсија беше принуден стартер на почетокот на Светското клупско првенство, но како што одминува турнирот, така младинецот се почесто покажува дека заслужено се најде во почетните 11 на сите досегашни пет натпревари. Младиот напаѓач има биланс од четири погодоци и една асистенција на одиграните пет меча, а во пресрет на полуфиналето со ПСЖ, постои можност тој да се најде на клупата за резерви. Враќањето на Килијан Мбапе може да го остави ...
Ред Бул Рејсинг ова претпладне официјално ја информираше јавнсота дека после две децении е завршена соработката со најважниот човек во тимот, а врачениот отказ за Кристијан Хорнер пристигнува една година по скандалот кој изби во Милтон Кејнс. Хорнер пред нешто повеќе од 12 месеци беше обвинет за недолично однесување од страна на женски вработени во корпорацијата Ред Бул, па иако уште тогаш гласно се бараше негово разрешување, истото доаѓа една ...
Кол Палмер го доби прекарот „Колд Палмер“ (ладниот Палмер) поради начинот на кој мирно ги доживува сите случувања на теренот, но вчера видовме дека и ѕвездата на Челси знае да се изнервира и да реагира бурно по лош потег на негов соиграч. Челси го победи Флуминенсе со 2:0 и се пласираше во големото финале на Светското клупско првенство, меѓутоа напаѓачот Џексон во една ситуација изреагира максимално себично, а тоа предизвика очигледна нервоза ...
Наполи ја одби воведната понуда на Галатасарај вредна 55 милиони евра за Виктор Осимен, но Турците многу брзо возвратија со втора и го известија клубот чиј газда е Аурелио де Лаурентис дека ќе ја исплатат откупната клаузула која е впишана во неговиот договор. Откако турскиот шампион постигна договор со Осимен за тригодишна соработка, „лавовите“ не сакаат во ниту еден случај да го остават напаѓачот на цедило, па поради тоа, се согласиле на ...
Килијан Мбапе имаше доста проблеми при пристигнувањето во САД и извесно време беше надвор од стројот на Реал Мадрид, па како последица на стомачни проблеми кои ги имаше со денови, Французинот ги пропушти првите три натпревари кои се играа во групната фаза. Реал Мадрид во прв момент пренесе дека Французинот има стомачен вирус, но сега угледниот „Лекип“ открива дека проблемот бил доста посериозен, а токму поради тоа напаѓачот беше и ...
Жоао Педро на најдобар можен начин го искористи првиот старт како напаѓач на Челси, но судбината посака да има блесок против клубот од кој направи трансфер во Европа. Флуминенсе вчера гледаше како дете од младинската школа му пресудува во полуфиналето на Светското клупско првенство, па во ситуација кога Бразилецот не ги славеше мајсторските погодоци, по натпреварот пристигнаа честитки и од противничкиот табор. Тиаго Силва како капитен на ...
За разлика од Реал Мадрид кој ги одложи сите активности пред натпреварот со ПСЖ, Луис Енрике го одработи својот стандарден прес и е единствениот кој го најави вечершаното полуфинале, а по информацијата дека Чаби Алонсо нема да ги исполни стандардните обврски, Лучо се задржал на средбата со новинарите подолго од предвиденото. Лошиот лет на Реал Мадрид ги принуди „Кралевите“ да ја прескокнаат цела медиумска увертира и последниот тренинг, па ...
Игор Тудор е цврсто решен да добие нови решенија во нападот за новата натпреварувачка сезона, па покрај Коло Муани за кого клубот преговара нова позајмица или трансфер, великанот од Торино веќе го договори Џонатан Дејвид кој пристигна како слободен агент. Ова се првите активности кои Јувентус ги презема во раната фаза од летниот преоден рок, но според италијанските медиуми, сега следат најсложените денови, бидејќи пред да се тргне по потрага на ...