Арсенал има квалитетен и комплетен тим, состав кој можеби е најдобар во Европа и светот ако се погледнат играчите по позиции и тоа со што менаџерот Микел Артета располага во овој момент. Јасно е дека не можат сите да бидат задоволни со статусот, минутажата и останува да се види што ќе се случи по крајот на сезонава особено ако се остварат некои цели и се освојат титули. Кога е во прашање Премиер лигата секој потег, момент со големо внимание ...

Жоан Лапорта се бори за нов мандат на претседателската позиција во Барселона и ако нема некое изненадување би требало и во иднина да го води шпанскиот великан. Додека трае овој процес, битката за претседател токму Лапорта е актуелен со некои коментари, изјави во негов стил, а притоа и потврди една информација која дел од медиумите ја пренесоа во минатото. Имено Лапорта откри дека Барса одбила нереална понуда за талентираниот Ламин Јамал, ...

Барселона го загуби првото место на табелата по поразот кој го претрпе во каталонското дерби од Џирона, но една седмица подоцна се врати на врвот благодарение на услугата која ја доби од Осасуна. Тимот од Памплона го победи Реал Мадрид и им овозможи на каталонците да се вратат на врвот со победа над Леванте, па иако јавноста веќе подзаборави на инцидентот кој го одлучи градското дерби меѓу Џирона и Барса, судискиот комитет сега се јави со ...

Бодо/Глимт ја продолжи својата сензационална сезона во Европа и се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампиони, подвиг кој беше остварен со нова победа над Интер, овојпат среде Милано. Норвешкиот претставник со играта во нокаут фазата покажа дека победите над Манчестер Сити и Атлетико Мадрид не биле случајност, а тоа најдобро на своја кожа го почувствуваа избраниците на Кристијан Киву. Откако победија на првиот меч на домашен терен со ...

Виктор Осимен одново се враќа во Италија овојпат во дресот на Галатасарај и тоа во соочувањето со Јувентус во Лигата на шампионите. Нигериецот четири години настапуваше за Наполи и многу добро го познава италијанскиот фудбал и сега се надева дека со Галатасарај ќе успеа да избори пласман во осминафиналето, цел која е реална по убедливиот триумф од 5-2 во Истанбул. -Нема да биде лесен натпревар, особено за нив, но сакаме да победиме, -порача ...

Екипата на Бодо/Глимт продолжува да биде сензација во Лигата на шампионите, иако зборот сензација почнува да губи тежина затоа што овој состав ги реши Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, а сега двапати го доби и Интер во 1/16 финалето на елитното натпреварување. Норвешкиот прволигаш минатата седмица го доби лидерот во Серија А со 3-1 и многумина веруваа дека калчолигашот токму вечерва соодветно ќе одговори и ќе возврати, но Бодо славеше и во ...

Македонскиот ракометен вицешампион, Вардар 1961 издвојува победа над Мелсунген од 37:33 во вториот натпревар од главната фаза на Европската лига на ЕХФ. Скопскиот тим имаше една и единствена цел, да го добие овој натпревар против бундеслигашот кој не допатува во Скопје со најсилниот состав. „Црвено-црните“ покажаа слабости, се мачеа во одредени делови од мечот, но тоа што е најважно за нив остварија триумф во СЦ „Јане Сандански“. Првите 15 ...

Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер утре го игра 12. натпревар во оваа сезона во Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против ГОГ Гудме. ГОГ е состав кој е пред Пелистер на табелата, тим кој славеше во Битола, но секој натпревар си е посебна приказна и искусниот Жарко Пешевски порача дека како група ќе дадат се од себе да дојдат до позитивен резултат и со тоа ги задржат шансите за пласман во наредната фаза. -Секој нов натпревар во ...

Џон Оби Микел повеќе од една деценија го носеше дресот на Челси, период во кој ги освои сите најважни титули со клубот како на домашната така и на меѓународната сцена. Денешниот Челси има турбулентна сезона, сезонава во која се очекуваше да биде направен дополнителен исчекор по освоените пехари во Конференциската лига на УЕФА и Светското клупско првенство. Меѓутоа засега резултатите не се оние што се посакуваа, а повеќе го нема ниту стратегот ...

Шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид го совлада Бриж со 4-1 и со вкупни 7-4 обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите. На крајот избраниците на Чоло Симеоне забележаа убедлив триумф, но Бриж и оваа вечер се покажа како незгоден, жилав ривал кој постојано беше опасност кон голот на Облак, меѓутоа Словенецот беше на висина на задачата, додека на другата страна четири од петте директни удари на домаќините завршија во мрежата на ...

Две македонски ракометни селекции, младинската и кадетската ќе настапат на Европски првенства, а денеска во Виена ги дознаа ривалите за тие предизвици. Ждрепките не беа поволни за нас и македонските таленти ги очекуваат тешки тестови. Младинците се најдоа во групата Д заедно со селекциите на Хрватска, Данска и Норвешка. Шампионатот ќе се игра во Романија од 8 до 19 јули. Кадетите пак ќе бидат дел од ЕП во Белград кое е на програмата од 29 ...

Легендарниот Талант Душебаев повторно ќе води национален тим и тоа една од најмоќните репрезентации на светот-Франција. Имено француската федерација објави дека Гијом Жил е минато и дека Душебаев е човекот кој ќе ги води во иднина. -Вистинска чест ми е да ја тренирам француската репрезентација. Всушност, тоа е нешто што го посакував повеќе од сè, бидејќи Франција има неверојатна генерација играчи. Мојата цел со овие играчи е јасна: да освојам ...

Ракометарите на ГРК Охрид остварија убедлива победа над Тинекс Пролет од 39:23 во последниот натпревар од регуларниот дел од Суперлигата. Гостите доминираа на соочувањето во салата „Македонско сонце“ во Скопје каде уште во првиот дел се „одлепија“ на плус седум (16:9), предност која продолжија да ја зголемуваат и во преостанатите 30 минути. Најефикасни во редовите на Охрид беа Савревски со 10 погодоци и Бојан Блажески со 13 одбрани. Кај ...

Младиот тим на Еурофарм Пелистер го дозна патот низ кој треба да помине за да дојде до завршниот турнир во Лигата на шампионите. Минатата сезона талентите на клубот од Битола дојдоа до Келн, а сега ќе се обидат тоа да го повторат, но ќе треба да бидат најдобри на турнирот во Пореч. Имено Пелистер во полуфиналето на квалификациската група ќе ги одмери силите со Алборг на 30 март, а ако победи потоа оди на мегдан со подобриот од Загреб и Фуксе ...

Манчестер Јунајтед успешно го реши гостувањето во Ливерпул кај Евертон, а стрелец на единствениот гол вреден три бода беше летното засилување Бенјамин Шешко. Словенецот одново се покажа како одличен џокер и со голот во 71. минута донесе славје за Јунајтед на „Хил Дикинсон“. Ова за Шешко беше шести погодок на последните седум натпревари што е потврда дека е во посакуваниот ритам и почнува да се исплаќа сумата која „црвените ѓаволи“ ја вложија ...

Вечерва Милано е во центарот на вниманието на фудбалска Европа, а причината за тоа е реванш натпреварот меѓу Интер и Бодо/Глимт во Лигата на шампионите. Калчолигашот не се прослави на првото соочување во Норвешка, доживеа пораз од 3-1 и ова дефинитивно ќе биде сериозен предизвик да се дојде до осминафиналето на елитното натпреварување. Два гола се сериозна предност за норвешкиот состав, но Интер и понатаму ја има улогата на фаворит со тоа што ...

Хјустон Рокетс, Сан Антонио Спарс и Сакраменто Кингс се клубовите кои остварија победи на средбите кои се одиграа во НБА лигата. Од трите битки го имаме најубавите акции или поточно најновата листа која брои пет потези. Број еден е атракцијата н Херис од Детроит пред „постерот“ на Дурен над Вембањама. Хјустон Рокетс, Сан Антонио Спарс и Сакраменто Кингс се клубовите кои остварија победи на средбите кои се одиграа во НБА лигата. Од трите ...

Првиот човек на судиската комисија на УЕФА, Роберто Росети, испрати охрабрувачки пораки за развојот на македонските фудбалски судии. При посетата на Фудбалска федерација на Македонија, тој истакна дека напредокот е очигледен, како во физичката подготвеност, така и во професионалниот пристап и користењето на ВАР-технологијата. Росети потенцираше дека УЕФА внимателно следи неколку македонски судии и дека можноста за делегирање на големи ...

Екипата на ГФК Охрид Лихнидос направи огромно изненадување и го елиминираше Вардар од Купот на Македонија. „Црвено-црните“ беа апсолутни фаворити на ова соочување, меч во кој сите очекуваа рутински пласман во полуфиналето, меѓутоа се случи сосема спротивното на соочувањето на теренот на ФФМ. Вардар не успеа да го матира второлигашот во првиот дел, но во 60 минути поведе преку зимското засилување Николов. Од тука требаше да биде полесно за ...

Андреј Јакимовски беше лидер на македонската кошаркарска репрезентација за време на двата натпревари против Азербејџан и Ирска кои се одиграа на крајот на месец ноември, а три месеци подоцна, играчот на Тренто влегува со исти амбиции на претстојните два меча. За разлика од претходниот собир, сега Македонија ќе биде водена од нов селектор, а уште на воведните средби, Шпанецот Жозем Марија Берокал им објаснил на играчите кон каква игра ќе се ...

Тибо Куртоа му правеше друштво на Алваро Арбелона на официјалната прес-конференција која послужи како најава за реваншот меѓу Реал Мадрид и Бенфика во Лигата на шампиони, натпревар кој дефинитивно останува одбележан од она што се случуваше на „Луж“ пред седум дена. Иако „кралевите“ победија со 1:0 и ќе стартуваат со предност на реваншот, цела јавност зборува за расистичкиот инцидент за кој се пожали Винисиус Жуниор, па ова беше тема на ...

Линдзи Вон заработи повеќекратна фрактура на ногата по тешкиот пад кој го имаше на спуст трката на Зимските олимписки игри во Италија, па после неколку направени операции се врати дома и влезе во втора фаза од рехабилитацијата. Во период кога состојбата е стабилизирана, Вон откри шокантни детали и се исповеда за сложеноста на повредата, а на своите следбеници им сподели дека извонредната интервенција на докторот Том Хакет спречила ампутација ...

Сантош на драматичен начин избори опстанок во бразилската елита и Нејмар се жртвуваше себеси за да му помогне на својот матичен клуб, односно играше со повреда во обидот да се стигне до целта. Нејмар доби улога на херој поради начинот на кој се бореше за Сантош со повредено колено, но откако замина на операција и ја санираше повредата, сега повторно има кам-бек на терените. Популарниот Неј по којзнае кој пат се враќа после една повреда која ...

Џејми Варди игра елитен фудбал и на 39 години и во доцната фаза од кариерата се одлучи за првпат да ја напушти Англија, па иако веќе неколку месеци не е во родната земја, тој се уште е тема на разговор на Островот. Легендарниот напаѓач на Лестер кој освои историска титула во Премиер лигата во овој момент настапува за Кремонезе во Серија А, па иако Италијанците веќе се запознаа со неговите необични и не толку здрави навики, Бен Чилвел открива ...

Виктор Вембањама е лидер во импресивната серија на Сан Антонио, а на денот кога Спарси стигнаа до деветта победа во низа, францускиот „вонземјанин“ оствари и еден уникатен учинок. Детроит беше единствениот тим против кој Вемби немаше запишано ниту една блокада, но рано утрово во раната фаза оствари такво нешто, а до крајот на мечот запиша уште пет. Вембањама на овој начин само покажува дека е исклучително важен за својот тим и во фаза на ...

ФФМ во полна пареа работи на подобрување на фудаблската инфраструктура во целата земја и иако веќе се преземаа големи чекори од гарнитурата која ја предводи Масар Омерагиќ, за жал се уште има терени кои во принцип не помагаат во нудење на фудбалски спектакл. Дербито кое го играат Силекс и Шкендија заврши со победа на актуелниот шампион со резултат 1:2, а по тешко извојуваната победа на неговиот тим, тренерот Јетон Беќири најде големи ...

Во хотел „DoubleTree by Hilton“ во Скопје денеска се одржа Втората панел дискусија во организација на „Само Ракомет“, посветена на улогата и иднината на ракометот во Македонија. На панелот учествуваа претставници од ракометните институции, клубови и стручната јавност, меѓу кои и генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски, како и координаторот на машките национални селекции, Филип Миркуловски, кои разговараа ...

Фудбалската Федерација на Македонија транспаратетно ги споделува сите одлуки кои ги носи како најважно фудбалско тело во нашата земја, а по низата шпекулации кои се појавија за фудаблски местенки во нашата земја, сега реши транспаретно да ги сподели и сомнежите кои ги има УЕФА. Европската фудбалската Федерација испратила серија дописи до ФФМ поради сомнеж дека се наместени неколку натпревари, за кои се отворени истраги поради високи уплати. ...

Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди поддршка за КК Крива Паланка, продолжувајќи ја својата континуирана заложба за развој и унапредување на македонскиот спорт. Како модерна и општествено одговорна компанија, вложуваме во спортски проекти кои создаваат вредности – тимски дух, посветеност и победничка енергија. Поддршката за КК Крива Паланка е поддршка за младите, за спортскиот начин на живот и за заедништвото кое го гради спортот низ ...

Сен Ламенс полека почнува да се покажува како вистински избор од управата на Манчестер Јунајтед, а се чини дека синоќа го имаше и најкомплетното издание како голман на „црвените ѓаволи“. Младиот Белгиецот доминираше во својот шеснаесетник, извонредно се справи со секој предизвик кој го имаше пред себе, па во самата завршница покажа и страшен рефлекс по топовскиот удар кој го испрати Кин. Ламенс имаше серија добри реакции на голот и ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
52%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.08
57%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
93%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
54%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
61%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
5.66
79%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.57

Калај

50.03

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Сребро

2840.84