Арсенал беше доста тивок во месец јуни и најчесто се споменуваше во јавноста во вид на шпекулации, но по ангажманот на Кепа Аризабалага од Челси како резервна опција за голманската позиција, клубот тргна доста фуриозно во првата седмица од месец јули. „Топчиите“ пред два дена го потврдија Мартин Зубименди како прво големо летно засилување за средниот ред на Микел Артета, клубот е во финишот од преговорите и со Виктор Ѓекереш, но пред да слета ...

Григор Димитров уште еднаш се запозна со најсуровото лице на професионалниот спорт и одново мораше да предаде меч на грен слем турнир, петти пат во низа во последната година. Без никаков сомнеж, вчерашното откажување во осминафиналето на Вимблдон е она кое е најболно до сега за бугарскиот тенисер, од едноставна причина што Григор играше брилијантен тенис и беше на добар пат да режира сензација. Димитров водеше 2:0 во сетови против Јаник Синер и ...

Реал Мадрид и ПСЖ утре ја играат својата полуфинална пресметка на Светското клупско првенство, натпревар на кој веќе добро познато е дека нема да гледаме тројца актери поради суспензија. Пачо и Лукас Ернандес од ПСЖ заработија директни црвени картони против Баерн Минхен, додека истото се случи и со Дин Хаусен во финишот од мечот со Борусија Дортмунд, што автоматски значеше дека самите се прецртаа за големото европско дерби. Сепак, на еден ден ...

Индијана Пејсерс беше на чекор од историски резултат и титула во НБА лигата, меѓутоа падна на последниот испит и тоа во мајсторката и пехарот заврши кај Оклахома Сити Тандер. Пејсерс покажаа неверојатен карактер, борбеност и навистина е прашање што ќе се случише ако нивниот најдобар играч Тајриз Халибартон не се повредеше во седмиот клучен меч против Тандер, меч кој го започна извонредно. Потоа дојде до повредата, ја скина десната ахилова тетива ...

Вечерва ќе го дознаеме првиот патник во финалето на Светското клупско првенство, а прашањето е дали тоа ќе биде премиерлигашот Челси или изненадувањето Флуминенсе. Бразилскиот прволигаш игра квалитен турнир во кој веќе ги елиминираше Интер и Ал Хилал, додека во групната фаза го надигра и бундеслигашот Борусија Дортмунд иако тој меч на крајот заврши без победник (0-0). Челси на хартија е фаворит, меѓутоа од таборот на Флуминенсе веруваат дека ќе ...

Масимилијано Алегри го започна вториот мандат како предводник на Милан, мандат во кој ќе има задача да го врати славниот клуб на врвот или при самиот врв на италијанскиот фудбал, а потоа истиот да фати и „залет“ во Европа, Лигата на шампионите. Мора да се оди чекор по чекор, „росонерите“ ќе имаат само домашни обврски во натпреварувачката 2025/2026, но без разлика на тоа ќе мора да се има квалитетен состав ако се сака да се достигнат посакуваните ...

Њукасл ќе игра во Лигата на шампионите во наредната сезона и тоа носи нови екстра натпревари за клубот од северот од Англија, но и обврска да се претстави во најдобро светло, плус во исто време да го задржи ритамот, чекорот со најдобрите во Премиер лигата. Ова дефинитивно ќе биде сериозен предизвик за Њукасл и тоа го знаат луѓето од „Сент Џејмс Парк“ кои сакаат да го засилат составот, па првиот значаен потег ќе ги чини 55 милиони фунти. Нов член ...

Новиот член на елитната ракометна конкуренција, Еурофарм Пелистер 2 се засили со младинскиот репрезентативец Јован Даневски. Даневски е десно крило кој досега го носеше дресот на ГРК Тиквеш. Тој ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков на крајот од месец јули на почетокот на подготовките за сезоната 2025/26. Неговото претставување е предвидено веднаш по почетокот на припремите во клубот. Претходно клубот од Битола се засили и ...

Пари Сен Жермен го победи Баерн Минхен со 2-0 во борбата за место во полуфиналето на Светското клупско првенство и тоа во меч во кој се случија многу работи, а меѓу нив беше и тешката повреда на Џамал Мусиала. Мусиала заработи скршеница на левата нога по еден дуел, судир со Џанлуиџи Донарума во завршницата на првото полувреме. Имаше доста кои ги критикуваа Донарума за неговиот потег, критики пред се од таборот на Баерн, но повеќе од јасно е дека ...

Жозе Мурињо ќе добие уште една шанса во Фенербахче, шанса која мора да ја искористи ако сака да продолжи да биде дел од составот од Истанбул и во иднина. Повеќе од јасно е дека основна цел е да се симне градскиот ривал Галатасарај од врвот на турскиот фудбал што секако нема воопшто да биде лесна мисија. Прво ќе мора соодветно да се одработи летниот преоден рок, а потоа да се одигра идеална сезона. Фенер веќе го обезбеди потписот на Џон Дуран од ...

Григор Димитров се покажа како тенисер кој нема воопшто среќа на грен слем турнирите во последната година, бидејќи на петти голем настан во низа го заврши својот настап поради повреда. Катастрофалната серија започна минатата година на Вимблдон, продолжи на Ју-Ес Опен и Аустралијан Опен, се чинеше дека последна лоша станица ќе биде Ролан Гарос, но сега Бугаринот го доживеа најлошото сценарио во осминафиналето против Јаник Синер. Кога се беше на ...

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ успешно ја реши и осминафиналната пречка на Вимблдон во името на Алекс Де Минор. Ноле доби силен отпор, меѓутоа покажа и потврди дека квалитетот е на негова страна и со 3-1 обезбеди место во топ осум на турнирот во Лондон. Со ова Ѓоковиќ е се поблиску до самата завршница, поточно во полуфиналето и финалето каде потенцијално би можел да се соочи со двајцата најдобри играчи на светот Јаник Синер и Карлос Алкарас. ...

Репрезентацијата на Мексико дојде до уште еден пехар на Голд Купот и тоа откако во финалето во Хјустон го совлада големиот ривал САД со 2-1. Раул Хименез даде гол и му го посвети на Жота, Мексико по десетти пат го освои Голд Купот (ВИДЕО) Мексиканците со пресврт ја одбранија титулата во ова натпреварување или поточно дојдоа до јубилејниот десетти трофеј. Овој триумф дефинитивно е сладок, значен затоа што е остварен против соседот, ривалство кое ...

По Осиек, Сараево и Нови Сад, македонскиот бисер Охрид ќе биде домаќин на собирот на некои од поранешните и сегашните уредници на Фејсбук страницата „FC Barcelona Balkan fans“, најголемата навивачка заедница на странски клуб во овој дел од Европа. Настанот ќе се одржи на 12 и 13 јули оваа година, кога Охрид ќе биде домаќин на млади луѓе од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и од Македонија, каде што Барса има силна база на ...

Јаник Синер на најнепосакуван можен начин се пласираше во едно четвртфинале на грен слем турнир, бидејќи Италијанецот денеска го направи тоа без да освои еден сет на теренот. Светскиот рекет број еден немаше никакво решение за Григор Димитров и беше во подредена улога цели два сета, но на стартот на третиот дочека еден малерозен момент за противникот, по кој останаа во шок сите присутни на трибините. Димитров се повреди при сервисот со кој ...

Милан ги почна подготовките за новата сезона и позитивна вест е што во тимот остануваат Рафаел Леао и Мајк Мењан, но покрај Тијани Рајндерс, дел од екипата на Макс Алегри дефинитивно нема да биде и Тео Ернандес. Левиот бек не ги отпочна подготовките со тимот и е пред комплетирање на трансферот кој го најавуваат италијанските медиуми, но како што стојат работите, тој очигледно е пред официјална преселба во Ал Хилал. По одредено размислување, ...

Григор Димитров потсети на своите најдобри денови со двата сета кои ги одигра против Јаник Синер, а кога се чинеше дека е на чекор од четвртфинале и нова голема сезнација на Вимблдон, Бугаринот уште еднаш доживеа огромен малер. Димитров го повреди рамото и при големо водство мораше да се откаже поради повреда на петти последователен грен слем турнир, статистика која едноставно не се памети во тениската Опен ера. Григор беше максимално депримиран ...

Шкендија го елиминираше ТНС во Европа пред седум години и двата тима поседуваат архива од која можат да собираат впечатоци за тоа што следи, иако мора да се напомене дека станува збор за целосно два различни тима кои ќе се соочат на теренот. Традицијата е на страна на тетовскиот тим кој со вкупни 5:4 се пласираше во следната фаза, но со оглед на тоа што првиот натпревар сега се игра во Велс, Шкендија ќе мора да одигра далеку попретпазливо за ...

Григор Димитров цели два часа личеше на тенисерот кој многумина го гледаа како можен наследник на Рожер Федерер, па иако изгледаше извонредно во мечот во кој поведе со 2:0 против Јаник Синер, Бугаринот уште еднаш се соочи со најсуровата страна на професионалниот спорт. Димитров му држеше лекции по играње на трева на светскиот рекет број еден и не му даде никаква шанса во ситуација кога водеше со 6:4 и 7:5, но откако израмни на 2:2 во третиот ...

Масимилијано Алегри се враќа на фудбалската сцена по пауза од една година, и тоа го прави во ситуација како повратник во клубот во кој почна неговата трофејна авантура во Италија. Макс ја прифати понудата од Милан и по вторпат ќе го води фудбалскиот великан од „Сан Сиро“, а на денешната презентација како нов шеф на стручниот штаб, Алегри ја постави и првата цел како лидер на проектот. Алегри верува дека Милан не може да се смета за конкурент за ...

Шкендија има добри спомени од ТНС во Европа и судбината повторно ги спои овие два тима во најава за Лигата на шампиони, натпреварување за кое утре стартуваат квалификациите. Македонскиот првак стартува од првата рунда и ќе ги одмери силите со велшкиот ривал, а пред утрешното гостување на Островот, членоците на Шкендија денеска го одработија и предвидениот прес. Јетон Беќири како тренер на тетовчани е задоволен од подготовките кои ги одработил ...

Иван Ракитиќ денеска официјално ја извести јавноста дека заминува во пензија на 37-годишна возраст, а покрај честитките кои ги доби за сето она што го направи од сите свои клубови, се јавија и голем број соиграчи од неговата долгогодишна кариера. Еден од нив е и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, кој во завршната етапа од престојот во Хајдук, имаше можност да ја дели соблекувалната со големиот шампион кој некогаш настапуваше за ...

Анхел Ди Марија стави крај на своето фудбалско патување во Европа со настапот на Светското клупско првенство, а последниот меч во дресот на Бенфика значеше дека е подготвен за кам-бек од соништата. Искусниот аргентински фудбалер реши својата играчка кариера да ја заврши во клубот во кој започна неговото фудбалско патување, па не е изненадување тоа што покажа големи емоции на самиот прес. Ди Марија беше претставен во Росарио Сентрал како момче ...

Трансфер сагата „Виктор Осимен“ се провлекува втор летен преоден рок, па откако лани мораше да си замине откако заврши трансфер пазарот, сега целта на Нигериецот е да биде на сигурно уште во раната фаза на месец јули. Поради голгетерските квалитети на Осимен го прават интересен и за топ клубови од Европа, но трансфер сумата која ја бара Наполи, во овој момент се подготвени да ја платат само расположените Саудијци. Ал Хилал е клубот кој се понуди ...

Средниот ред на Милан ќе изгледа целосно поинакво во новата натпреварувачка сезона, бидејќи покрај промоцијата на Самуеле Ричи и потврдениот ангажман на Лука Модриќ, „росонерите“ прават силни напори да го добијат и Ардон Јашари. Игли Таре како спортски директор на Милан на денешната прес-конференција потврди дека клубот практично има постигнато договор со швајцарскиот фудбалер чии родители се од Македонија, но засега наидуваат на отпор од Клуб ...

Новак Ѓоковиќ се мачеше со пронаоѓање на вистински ритам и одигра меч далеку од својот посакуван просек, но и покрај тоа, Србинот го пронајде патот до победата и со пресврт славеше над Алекс Де Минор. Откако го доби првиот сет со 6:1, Австралиецот сериозно се закани и имаше амбиции да игра одлучувачки петти сет, но такво нешто не дозволи Ноле кој направи серија од 5:0 во финишот за конечни 6:4, 6:4 и 6:4. Во неочекувано тешки околности, Србинот ...

Војчех Шчесни ја стави во мирување својата пензија и направи неочекуван трансфер во Барселона по тешката повреда на Марк Андре Тер Штеген, но осум месеци подоцна, искусниот чувар на мрежата добива награда која малку кој ја очекуваше во прв момент. Иако беше доведен за привремено решение, раководството на клубот остана воодушевено од залагањето и перформансите на популарниот „Тек“, па иако е јасно дека нема да биде прв голман во новата сезона, ...

Луис Дијаз наиде на жестоки критики во јавноста поради активностите кои ги имал на денот кога беше погребан Диого Жота, а сега во интервју за колумбиските медиуми, решил да говори за големата загуба, без да ги коментира своите насмевки и средба со тиктокери и стримери кои ги налутија и фановите на Ливерпул. Колумбиското крило во принцип важеше за еден од фудбалерите кои имаат изградено најблизок однос со Португалецот, па иако се најде во доста ...

Иван Ракитиќ денеска со емотивно писмо до јавноста официјално потврди дека заминува во играчка пензија, но исто така најави дека секогаш ќе остане близок до фудбалот и дека ќе биде отворен за интересни идеи поврзани со овој спорт. Хрватската фудбалска легенда ќе се памети по историските настапи за националниот тим, но и по брилијантните изданија кои ги имаше како член на Севилја, а потоа и Барселона. Ракитиќ успеа да освои се што може да се ...

Новак Ѓоковиќ дефинитивно не го одигра најдобриот меч на годинешното издание на Вимблдон, но и покрај тоа успеа да се пласира во 16-то четвртфинале на грен слемот во Лондон, турнир на кој ја брка осмата титула трета година по ред. Српскиот тенисер остана „жив“ во ждребот и покрај тоа што имаше ужасно отворање на мечот, па воведните 6:1 беа и своевидна најава за нова можна сензација на централниот терен. Де Минор постави висок ритам и успеа да ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
41%
1022
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
55%
1022
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.51
64%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 21ᴼ
3.09
41%
1026
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
3.18
39%
1023
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
79%
1021
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
4.92
44%
1019
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
68%
1022
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
39%
1021
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.54
47%
1023
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
2.06
45%
1021
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
5.14
64%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941