Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Нејмар веќе направи сериозен оперативен зафат од кој се рехабилитираше и им се врати на настапите во редовите на Сантош, но со последната изјава навестил дека веќе размислува и за крај на кариерата. Бразилецот долг период се мачи со повреди, но и натаму не се откажува од можноста да добие шанса за настап на СП 2026 и веројатно посакува тој мундијал да му биде круна на кариерата. – Не можам да предвидам што ќе се случува наредниот период, не ...
Алваро Арбелоа го подготвува Реал Мадрид за гостувањето кај Осасуна, но „кралскиот клуб“ паралелно веќе размислува и за Бенфика, како противник во двомечот од плејофот во Лигата на шампионите. Шпанскиот претставник нема да смета на Дин Хаусен, дефанзивецот за кого Реал Мадрид плати сериозна сума пред почетокот на сезоната, а во истата имаше и подеми и падови, како и други проблеми со повреда. Хаусен денеска не тренирал со соиграчите и ...
Клупската стратегија на РК Алкалоид се заснова врз работата со младинските категории и форсирањето на македонските ракометари, а доказ дека клубот не отстапува од зацртаниот пат е и денешната вест за продолжување на соработката со еден репрезентативец. Капитенот Игор Ѓорѓиев ставил потпис на нов договор со Алкалоид и тоа е потврда дека останува долгорочно решение за македонскиот состав, кој има и сериозни амбиции во домашните и меѓународните ...
Шампионот Еурофарм Пелистер без проблеми го совлада тимот на Куманово (19:43) во натпревар од машката ракометна Супер лига и ги прокнижи очекуваните бодови во финишот на регуларниот дел од сезоната. Битолчани го играа овој дуел нецели дваесет и четири часа по дуелот со Висла во Лигата на шампионите, но фактот што средбата се играше на домашен терен и разликата во квалитет придонесоа за рутински шеесет минути во салата „Боро Чурлевски“. ...
Вејн Руни е клупска легенда на Манчестер Јунајтед, сигурно не е среќен кога гледа дека Манчестер Сити е во далеку подобра позиција последниот период, но искрено потенцирал дека посакува Пеп Гвардиола да остане на сината страна на градот. Во своите редовни анализи за англиската фудбалска сцена, Руни истакнал дека не е фан на идејата за разделба на Сити и шпанскиот стручњак. – Дел од фудбалерите ќе сакаат да замине, други да остане, тоа е така ...
Ремито со Волвс го зголеми притисокот врз Арсенал и му овозможи на Манчестер Сити дополнително да ја намали негативата зад актуелниот лидер, но менаџерот Микел Артета останува смирен. Шпанскиот стручњак денеска зборувал пред медиумите и истакнал дека и покрај различните коментари во јавноста, тој смета дека „топчиите“ се на посакувана и одлична позиција во сите натпреварувања. – Секој има свое мислење и своја перспектива и смета дека таа ...
Венсан Компани зборувал околу десет минути за инцидентот на дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, на кој Винисиус го постигна голот за победа, а подоцна пријави кај судијата дека добил расистичка навреда од противнички играч, што предизвика краток прекин на натпреварот. Домашниот тренер Жозе Мурињо по средбата порача дека Винисиус ги провоцирал домашните фанови со начинот на кој го прославил голот, а алудирал на клупската легенда Еузебио како ...
Јувентус се соочи со одбиена официјална жалба за исклучувањето на Пјер Калулу, но се обидува да ја искористи и последната инстанца за да го добие Французинот за дербито со Комо. Во претходното коло, Јувентус загуби во дербито со Интер, но резултатот беше засенет со неправедното исклучување на Калулу, откако Бастони симулираше прекршок за негов втор жолт картон, а потоа еуфорично го прослави црвениот картон за ривалскиот играч. Целата ...
Фудбалерите на Работнички конечно остварија победа во Првата македонска фудбалска лига и најавија дека докрај ќе се борат за евентуален опстанок во македонската фудбалска елита. Работнички славеше на гостувањето кај АП Брера со 3:4, со што ги освои првите бодови во вториот дел од сезоната, истовремено прекинувајќи ја солидната серија на струмичкиот клуб кој немаше пораз во трите последни рунди. Езеб со два гола во првиот дел најави дека ...
Заврши паузата во НБА лигата и утрово имавме богата програма од десет натпревари на кои поуспешни беа гостинските екипи со забележани шест победи. Од сите овие дуели ги имаме најдобрите моменти, мајстории на главните актери, топ десет листата која ја предводи ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама со моќната атракција во соочувањето против Феникс Санс. Уживајте!!! Заврши паузата во НБА лигата и утрово имавме богата програма од ...
Скот Мектоминеј ја игра втората сезона во Наполи, тим во кој пристигна од Манчестер Јунајтед каде мина седум години во првата екипа. Шкотот во месец декември ќе го прослави 30. роденден што јасно покажува дека се работи за искусен играч кој има фатено и некои други времињ во фудбалот и правајќи споредба со она што се случува денеска, некои случувања, одлуки не му се допаѓаат. -Мислам дека фудбалот станува мек; некои одлуки се премногу благи. ...
Премиерлигашот Кристал Палас е во тешка резултатска криза и потврда за тоа е остварената само една победа на последните петнаесет натпревари во сите конкуренции. Клубот од Лондон вчеравечер не успеа да го совлада ниту Зрињски во 1/16 финалето на Конференциската лига на УЕФА, навивачите веќе го имаат загубено трпението и се свртеа против тренерот кој им донесе огромни радости во 2025 година. Имено Оливер Гласнер го одведе тимот до историски ...
Победа минува низ тешка криза и најавите се дека нема да го одигра вториот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига. Победа поради тешка финансиска криза се повлече од Втората лига Според распоредот, Победа утре треба да го пречека составот на Новаци, а ако тоа не се случи еден голем навивач на клубот најавува црно сценарио. – Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум ...
Њукасл игра променливо во оваа сезона, но ако мора да се издвои еден играч тоа дефинитивно е офанзивецот Ентони Гордон. Гордон има 14 гола и 5 асистенции на 36 натпревари во сите конкуренции со тоа што на претходниот меч против Карабах даде дури четири погодоци и влезе во одбрано друштво кога е во прашање Лигата на шампионите. Неговото име одново почнува да се споменува со можен трансфер и како опции се споменуваат Арсенал и Ливерпул, но ...
Нејмар и во оваа 2026 година ќе биде дел од Сантош, клубот во кој ја започна кариерата и во кој се врати во 2025 по катастрофалната епизода во Ал Хилал. Тој има 34 години и е свесен дека неговата кариера се движи кон крајот, а причината за тоа се постојаните повреди. Офанзивецот сака да игра за Бразил на Светското првенство кое е на програмата во САД, Канада и Мексико и ако тоа не се случи ова може да биде негова последна сезона во светот на ...
Хулијан Алварез ја тера втората сезона како член на Атлетико Мадрид, тим во кој пристигна од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити. Напаѓачот беше доведен како играч кој може да му помогне на Атлетико да го направи следниот чекор, да биде многу поблиску до Барселона и Реал Мадрид во Шпанија, а секако тука се и настапите во Европа каде конкуренцијата е жестока. Меѓутоа Аргентинецот не се покажа како лидер или како човек кој може ...
Скот Мектоминеј се пресели во Наполи во летото 2024 година и веќе го првата година направи разлика и беше клучен играч на патот до освоеното Скудето. Шкотот се препороди во Неапол и со своите изданија ги освои срцата на навивачите, но и го привлече вниманието на останатите екипи кои во него гледаат фудбалер кој може да биде квалитетно засилување. Тој е под договор со наполитанците до 2028 година што секако остава простор за шпекулации, ...
Лидерот во македонската ракометна Суперлига, Вардар 1961 го официјализираше најновото засилување кое доаѓа од соседна Србија и е актуелен репрезентативец на оваа земја. Имено нов член на „црвено-црните“ е 28-годишниот Вукашин Воркапиќ, играч кој досега го носеше дресот на Војводина. Тој имаше импресивни настапи во тимот од Нови Сад, а како награда за истите дојде трансферот во редовите на двократниот европски шампион. -Воркапиќ е сега ...
Јаник Синер неочекувано го заврши настапот на турнирот во Доха и тоа во четвртфиналната рунда каде беше совладан од Јакуб Меншик. Италијанецот влезе како апсолутен фаворит во соочувањето со Чехот без разлика на тоа што се работи за играч од самиот врв (16 место), меѓутоа Синер не го потврди тој статус и со 2-1 во сетови доживеа пораз по кој призна дека не е на посакуваното ниво, односно има пад во формата. -По две фантастични години, сега сум ...
Се влегува во завршната фаза на Премиер лигата или поточно сме многу блиску до тоа да имамаме едноцифрен број на мечеви до крајот на сезоната, а тоа значи ќе имаме вистинска драма во борбата за пехарот ако се погледне табелата. Арсенал во средбата направи огромен кикс и освои само бод во соочувањето со „фенерџијата“ Вулверхемптон и сега има пет поени плус од второпласираниот Манчестер Сити со тоа што „граѓаните“ имаат одиграно еден натпревар ...
Виктор Осимен од сезоната 2024/2025 го носи дресот на Галатасарај, клуб во кој прво играше како позајмен играч за да потоа дојде до перманентен трансфер. Многумина беа изненадени со таа негова одлука Турција да биде негова наредна дестинација во кариерата затоа што се очекуваше да направи нов скок, поточно по епизодите во Лил и Наполи да отиде на повисоко ниво. Меѓутоа се случи тоа што се случи и Нигериецот воопшто не жали за тоа и воедно ...
Шеј Гивен целата своја професионална, сениорска кариера ја мина на островот или поточно во Англија каде беше дел од значајни екипи како Блекбурн, Њукасл, Манчестер Сити и Астон Вила, голман кој во најдобрите времиња важеше за Топ 10 на својата позиција во Премиер лигата. Денеска некогашниот репрезентаитвец на Република Ирска го гледаме како аналитичар и токму тој имаше што да каже за играчот за кого веќе има интерес од Арсенал, Манчестер ...
Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да го одбрани својот дом и загуби од Висла Плоцк со 28:25 во средбата од 11. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. „Зелено-белите“ има осцилации во играта, а пред се проблематично беше првото полувреме во кое противникот ја направи и клучната предност на ова соочување (13:9). -Многу лошо го отворивме натпреварот. Бевме во подредена позиција од почетокот и тешко е да се брка резултат против екипа ...
Составот на Шкендија доживеа пораз од Самсунспор (1-0) во првиот натпревар од 1/16 финалната рунда во Конференциската лига на УЕФА. Гостите не реализираа пенал во првото полувреме, но во вториот дел искористија една од шансите и направија голем исчекор кон пласман во наредната фаза особено ако се знае дека реваншот во играат на свој терен. Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири не е задоволен од нивото на игра што го прикажа неговиот тим, но не ...
Се вратија возбудувањата во НБА лигата, а најдраматично беше во Лос Анџелес каде домашниот Клиперс славеше над Денвер Нагетс со 115:114. Ова беше израмнето соочување во кое лесно можевме да видиме дополнителни пет минути затоа што гостинскиот плејмејкер Џамал Мареј беше фаулиран во последниот напад и тоа за три поени, ги погоди првите две слободни фрлања за да потоа го промаши последното и домаќините запишат триумф број 27 во тековнава ...
Легендата на Јувентис, Леонардо Бонучи тргна во нов предизвик во кариерата и сега е дел од стручниот тим на Џенаро Гатузо во италијанската репрезентација. Тој го прифати предизвикот и има одлична соработка со популарниот Рино, но и задачите кои се определени и кои треба да му помогнат на националниот тим. -Тој им дава чувство на важност на сите. Една од моите улоги е да ги подготвувам рутините за прекини, во напад и во одбрана. Не е само ...
Премиер лигата важи за најдобар, најкомпетитивен фудбалски шампионат на светот, а главна причина за тоа се парите со кои клубовите располагаат без разлика дали се работи за оние од врвот или од долниот дел од табелата. Многу пари се вртат на островот и кога е така јасно е зошто играчите од целиот свет доаѓаат во оваа средина. „Дејли Мејл“ направи топ листа од десет фудбалери со најголема заработка, односно играчите кои во моментов се ...
Карлос Алкарас и Карен Хачанов одиграа супер возбудлив и квалитетен прв сет во Доха, а во моментите кога се играше страшен тенис на теренот, главната судија малку успеа да го извади од рамнотежа светскиот рекет број еден. После еден долг поен кој го загуби, Алкарас малку доцнеше со својот сервис, па судијата не покажа симпатии и веднаш му испрати предупредување, за што Шпанецот реагираше доста бурно. – Ова тениско правило е срање, вистинско ...
Самсунспор пристигна како фаворит во Скопје и си замина со победа од македонската престолнина, па сега со поволен резултат ќе го стартува реваншот против Шкендија која за седум дена ќе се одигра во Турција. Иако долго се мачеа да го скршат отпорот на упорните тетовци, Самсунспор на крајот постигна гол преку „џокерот“ Мариус и оствари драгоцена победа на „Тодор Проески“. Натпреварот на националната арена беше историски за еден македонски ...
Фудбалерите на Арсенал направија неочекуван кикс во соочувањето со последниот тим на табелата во Премиер лигата, составот на Вулверхемптон. „Топчиите“ се мачеа и на првото соочување со волците кое го добија на драматичен начин со 2-1, меѓутоа сега како гости испуштија предност од 2-0 и на крајот мораа да се задоволат само со бод (2-2). Овој резултат дефинитивно е разочарувачки иако истиот ги однесе на плус пет во однос на второпласираниот ...