Екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе биде дел од македонската фудбалска елита во натпреварувачката 2025/2026, а како клуб со историја и традиција сака да има што подобри резултати и да остане во оваа конкуренција и во следната година. „Лавовите“ почнаа да влечат потези кога се во прашање нови имиња, играчи кои ќе донесе дополнителен квалитет и конкуренција, па откако беше официјализирана соработката со Мартин Талаков и Дарко Глишиќ, скопскиот ...

Ветераните Един Џеко и Чиро Имобиле ги завршија епизодите во Турција и прават кам-бек во италијанската Серија А. Џеко и Имобиле настапуваа за великаните Фенербахче и Бешикташ, клубови во кои имаа добар придонес кога се во прашање погодоците и асистенциите, меѓутоа како клубовите така и играчите сакаат промени и двајцата се враќаат на Апенините. Един ќе го има третиот мандат во Калчото, односно негов нов тим е Фиорентина со која потпиша ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска во Скопје го започна најавениот процес на промена на Статутот на Федерацијата. Формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Мариана Трандафир – специјалист за управување со национални асоцијации, Енио Боволента – правен советник за статутарни и регулаторни ...

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа во еден интересен и динамичен меч доживеа пораз од Тара Вурт на фјучерсот во Ашафенбург, Германија. Ѓорческа има негативен учинок во дуелите со Хрватката, серија која продолжува и по денешното соочување во кое тетовката беше максимално конкуретна, но во третиот и последен сет во кој решаваа нијанси загуби со 7-5 и со тоа го заврши настапот на турнирот. Инаку првиот сет и припадна на Тара со 6-1, додека Лина ...

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 години го претрпе вториот пораз на Европско првенство што се одржува во Црна Гора. Нашите млади девојки вчера беа надиграни од Унгарија со 38:21, додека денеска од селекцијата на Полска со резултат 28:18. Направивме премногу технички грешки на ова соочување, противникот уште од самиот старт наметна свое темпо, ние постојано бевме во негатива и едноставно не успеавме да дојдеме до подобар ...

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок на најновата ранг листа која ја објави Светската фудбалска федерација (ФИФА). Нашиот национален тим во последниот квалификациски „прозорец“ успеа да остане непоразен во пресметката со фаворизираната Белгија (1-1), плус славеше над Казахстан со 1-0, резултати кои донесоа напредок на селекцијата и сега со 1390,79 поени сме 62. фудбалска сила. Наши „соседи“ пред и зад нас се две репрезентации од ...

Војчех Шчесни ужива во својот период во редовите на Барселона, а неодамна во интересно интервју зборувал на различни теми поврзани со неговата досегашна кариера. Полскиот голман добил прашање и за стилот на игра на клубовите, по што тој направил споредба меѓу играчите на Барселона и неговиот претходен клуб Јувентус. – Во Јувентус, кога ќе ја примев топката, најчесто дефанзивецот ќе ми го свртеше грбот иако беше оддалечен на само пет метри од ...

Тибо Куртоа искрено коментирал за случувањата на теренот на вчерашниот дуел меѓу Реал Мадрид и ПСЖ, но истовремено решил да одговори и на критиките на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас. Тебас редовно ја критикува ФИФА, па и клубовите кои ја поддржуваат, околу форматот на Светското клупско првенство и неговото одржување, а белгискиот голман имал што да каже за предводникот на шпанската лига. – Очигледно во Ла Лига ништо не се менува. Не сум ...

Бојан Миовски може да ја напушти Џирона по само една сезона, а контакт со неговиот агент веќе имале неколку реномирани европски клубови. Како што тврди „АС“, шпанскиот клуб нема да му прави проблем на македонскиот репрезентативец да ја промени средината, а во игра за неговиот потпис се шкотскиот гигант Селтик и бундеслигашите Фрајбург и Хамбургер. Селтик добро го познава Миовски од проблемите кои Македонецот му ги создаваше како член на Абердин ...

Баерн Минхен долго време е во потрага по крилен напаѓач, но повредата на Џамал Мусиала донесе и друг императив за раководството на бундеслигашот. Малерозниот натпревар против ПСЖ означи долга пауза за Мусиала и еден многу важен играч помалку за тренерот Венсан Компани, кој сега има потреба од дополнителна надградба на составот. „Билд“ тврди дека прва опција за Баварците е Чави Симонс, актуелниот фудбалер на РБ Лајпциг, кој сигурно сака да ...

ПСЖ вчера оствари убедлива и голема победа над Реал Мадрид и ќе се обиде да ги обедини европската и светската клупска титула. Ѕвездите на Луис Енрике одиграа уште еден импресивен натпревар во кој ја наполнија мрежата на противникот, а Ашраф Хакими по натпреварот решил да го испорача својот дрес како специјален подарок за еден од поранешните ментори. Мароканецот е поранешен член на младинската академија на Реал, период во кој соработувал со ...

Џордан Хендерсон постигнал договор со Ајакс за крај на соработката и ќе биде слободен агент во актуелниот преоден рок. Повремениот англиски репрезентативец направи интересен потег, откако по незадоволството од престојот во Саудиска Арабија, реши да се врати во Европа, но во редовите на холандскиот гигант. Искусниот играч за врска беше и капитен на Ајакс, но покрај обезбедениот настап во Лигата на шампионите, сезоната заврши со разочарувачки ...

Трагичната сообраќајна несреќа во која погинаа Диого Жота и Андре Силва уште долго ќе биде топ тема во фудбалската јавност, а посебно во Португалија и Шпанија. Фудбалерот на Ливерпул и неговиот брат го загубија животот веднаш по влегувањето од Португалија во Шпанија, а првичните информации од истрагата на полицијата наведуваа на заклучок дека Жота возел и пребрзо во моментот кога пукнатата гума била причина да ја загуби контролата врз ...

Реал Мадрид вчера го заврши настапот на Светското клупско првенство, со што фудбалерите одат на заслужен одмор во пресрет на подготовките за новата сезона. Тренерот Чаби Алонсо мора да ги анализира грешките и случувањата од натпреварите одиграни во САД и пред се поразот од ПСЖ, а вели дека неговиот тим допрва ќе треба да го достигне нивото на најквалитетните ривали. – Има многу работи за анализирање и работи од кои може да научиме нешто. – ПСЖ е ...

Со огромна гордост и емоција ја претставуваме официјалната химна на Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, насловена „Together We Shine“, со што симболично започнува финалното одбројување до настанот што ќе ја испише новата страница на спортската историја на нашата татковина. Химната не е само песна – таа претставува енергија, визија и повик до цела Европа. „Together We Shine“ е музичка прослава на заедништвото, младешката ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Миркуловски, денеска официјално е претставен како нов координатор на машките ракометни селекции. По долгодишниот престој во Германија, Миркуловски се враќа во Македонија откако ја прифати понудата на РФМ и ќе се обиде да го искористи своето искуство да им помогне на националните тимови во сите категории. Миркуловски ќе ја преземе функцијата од Влатко Тасевски, кој пак ќе биде генерален секретар на ...

Виктор Осимен беше поврзуван со евентуален трансфер во Јувентус уште откако замина на заем во Галатасарај, но „Тутоспорт“ тврди дека италијанскиот клуб веќе не размислува за соработка со нигерискиот напаѓач. Осимен беше фаворит на претходниот менаџмент предводен од Кристијано Џунтоли, но новиот извршен директор Демиен Комоли донел одлука дека Јувентус треба да размислува за други опции. Во моментов Галатасарај е најблиску до договор со Наполи за ...

Трофејната сезона за Барселона носи стабилност во однос на актуелниот состав на стручниот штаб и раководството, но каталонските медиуми најавуваат дека шпанскиот шампион наскоро ќе остане без многу влијателен член. Се работи за предводникот на скаутинг мрежата на Барселона, Пауло Араухо, кој најавил заминување од клубот и за кого менаџментот активно бара замена. Назначувањето на Араухо во 2022 година предизвика изненадување во круговите околу ...

Девин Букер ја прифатил понудата на Феникс за двегодишно продолжување на договорот и со неговите финансиски параметри постави нов рекорд во НБА лигата. Со последниот потег, првата ѕвезда на „сонцата“ се обврзала на соработка со клубот до сезоната 2029/30, а медиумите тврдат дека ја искористил опцијата за максимален договор од 145 милиони долари за тој двегодишен период. Букер вчера имал состанок со првите луѓе на Феникс во Лас Вегас и ставил ...

Лионел Меси непланирано одигра цел натпревар за Интер Мајами, а неговиот ефект донесе победа за тимот од Флорида и нов индивидуален МЛС рекорд за Аргентинецот. Интер Мајами му гостуваше на тимот на Њу Ингланд, а првата ѕвезда на гостите постигна два гола уште во првото полувреме и го најави важниот триумф во американското првенство. Сепак, Њу Ингланд во вториот дел намали и го зголеми притисокот во обидот да израмни, па Хавиер Маскерано се ...

Манчестер Јунајтед се „заглави“ во обидот да доведе најмалку еден нов офанзивен фудбалер во овој дел од преодниот рок, а тоа пред се, се однесува на преговорите со Брентфорд за Брајан Мбеумо. Преговорите меѓу двете страни траат веќе неколку недели, Јунајтед не ги исполнува барањата на ривалот, а клупската легенда Рио Фердинанд испратил предупредување до менаџментот во својот последен подкаст. Рио смета дека Јунајтед мора експресно да се договори ...

Тибо Куртоа не можеше да го спаси Реал Мадрид од убедливиот пораз од ПСЖ на Светското клупско првенство, а по натпреварот направил анализа на неуспешниот настап и се обидел да ги детектира проблемите во составот на Чаби Алонсо. Соиграчите на белгискиот голман дозволија ПСЖ да погодува од зицер позиции во кои Куртоа немаше шанса да го спречи најлошото, а тој имал повеќе забелешки за своите колеги. – Мора да ја анализираме видео снимката, ...

Наполи направи одличен потег со ангажирањето на Скот МекТоминеј од Манчестер Јунајтед, а италијанскиот шампион сега е заинтересиран за уште еден „непотребен“ играч во составот на Рубен Аморим. МекТоминеј блескаше во Серија А и го освои признанието за МВП на сезоната, додека во меѓувреме неговиот актуелен клуб очекува сличен ефект и од Алехандро Гарначо. Аргентинскиот интернационалец веќе е отпишан од Манчестер Јунајтед и мора да си најде нов ...

ПСЖ го оправда статусот на актуелен европски шампион во дуелот со Реал Мадрид и покажа дека во овој момент е за две или три класи повоигран и поквалитетен тим од оној кој сега го води Чаби Алонсо, нешто што најдобро го отсликува и конечниот резултат. Триумфот од 4:0 му дава јасна слика на Алонсо дека ќе има огромна работа пред себе за време на летните подготовки, но од друга страна пак, сатисфакцијата кај Луис Енрике е уште поголема, особено ако ...

Новак Ѓоковиќ наиде на доста неочекуван отпор од Флавио Коболи и мораше да прави пресврт за да се пласира во 14-то полуфинале на Вимблдон, но во завршницата од мечот со Италијанецот, српскиот тенисер предизвика и паника кај своите фанови со падот кој го имаше. Ноле се лизна и имаше навистина незгодно приземјување при меч топка, па иако неприродното движење можеше да му нанесе и непријатна повреда, Србинот успеа да стане и да освои два поени со ...

Македонскиоте фудбалски прволигаши Пелистер и Македонија Ѓорче Петров повлекоа потези и се засилија за престојната натпреварувачка 2025/2026. „Зелено-белите“ од Битола го обезбедија потписот на 25-годишниот српски интернационалец Петар Ристиќ. -Голема чест ми е што го носам дресот на Пелистер. Свесен сум што значи овој клуб, и за мене тоа претставува голема одговорност. Подготвен сум да дадам сè од себе и да му помогнам на тимот во остварувањето ...

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа го започна настапот на ИТФ фјучерсот во Ашафенбург, Германија. Ова е турнир што се игра на земјена подлога за награден фонд од 40.000 долари, а Ѓорческа во првата рунда беше подобра од домашната претставничка, младата Џози Димс. Лина го искористи своето искуство и триумфираше со 2-0 во сетови со 6-3 и 7-6. Овој триумф ја носи тетовката на мегдан со втората носителка Тара Вурт од ...

Фудбалерите на Вардар по подолго време се враќаат на европската фудбалска сцена, а утре ги очекува првиот натпревар од двомечот со Ла Фиорита во квалификациите за Конференциската лига. Македонскиот претставник има амбиции за сигурен пласман во следната рунда, а тренерот Гоце Седлоски очекува добар настап, иако бара и претпазливост поради квалитетите на противникот. – Одработивме добри подготовки овие месец дена, дома и во Словенија. Вардар нема ...

Големиот ростер на Челси подразбира неизбежна продажба на поголем број фудбалери во текот на овој преоден рок, а еден од играчите кои бараат нова средина е Ѓорѓе Петровиќ. Голманот не е меѓу повиканите за настап на Светското клупско првенство, а додека досегашните соиграчи обезбедија финале во САД, тој е во потрага по клуб кој ќе му обезбеди статус на првотимец. Борнмут сега е најблиску до Петровиќ, бидејќи раководството на премиерлигашот веќе ...

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на клупскиот мундијал против Реал Мадрид уште во првото полувреме и ќе се бори за трофејот на првото издание на ова натпреварување со специфичен формат. Францускиот претставник издоминира, брутално казнувајќи ги грубите грешки на одбраната на шпанскиот ривал, а најава за епилогот добивме уште во 9. минута кога ПСЖ поведе со голот на Фабијан Руиз. Дембеле зголеми три минути подоцна, а до ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
1.03
30%
1021
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
43%
1022
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1020
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
4.12
38%
1025
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.18
32%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 25ᴼ
0.51
62%
1020
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1020
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
27%
1021
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
6.17
50%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.59409