Дик Адвокат ќе станеше највозрасен селектор (78 години) во историјата на светските првенства, но официјално решил да се повлече од селекторската позиција во репрезентацијата на Курасао. Искусниот холандски стручњак ја одведе карипската земја до историски пласман на СП, но сепак решил да се повлече од функцијата поради болеста на својата ќерка. Курасао го назначи неговиот сонародник Фред Рутен за негов наследник, па тоа ќе биде стручњакот кој ...

Џанлука Престијани се најде во фокусот на медиумите откако беше обвинет од Винисиус и фудбалерите на Реал Мадрид за расистички навреди испорачани на сметка на Бразилецот. Дуелот Бенфика-Реал Мадрид беше кратко и во прекин поради овој инцидент, а аргентинскиот фудбалер сега доби провизорна суспензија за ситуациајата во која тој тврди дека навредувал на анти-геј, а не на расна основа. УЕФА реши да му одреди суспензија на еден натпревар на ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се обидува да обезбедува позитивно влијание врз фудбалот со мала еволуција на правилата, а претстојниот викенд, одговорното тело ИФАБ ќе разгледува повеќе интересни иницијативи. Една од поважните е одредувањето фиксно време за останување надвор од теренот за фудбалерите на кои им требала лекарска помош, нешто што досега најчесто беше поврзано со проценка на судијата. ФИФА сака времето да се фиксира на ...

Норвешки Бодо сезонава успеа да оствари две големи победи во Лигата на шампионите, а таа против Манчестер Сити во лигашката фаза, ја надополни со триумфот против Интер во плејофот. Италијанскиот тим се жалеше на вештачката трева, а подлогата беше посочена и како виновник за повредата на капитенот Лаутаро Мартинез. Одговорот стигна од тренерот на Бодо, Кјетил Кнутсен, кој направи споредба меѓу двете фаворизирани екипи кои загубија на истиот ...

Македонската Федерација денеска официјално го назначи Хосе Марија Берокал како нов селектор на националниот тим, но истовремено ги најави и другите новитети кои се активираат во мак-кошарката, а тоа се ангажманите на Ѓорѓи Кочов како асистент на новиот тренер, но и Владо Илиевски кој во иднина ќе биде координатор на националните репрезентативни селекции. Легендарниот македонски репрезентативец се враќа со цел да и помогне на македонската ...

Рахим Стерлинг стави крај на својата агонија и спогодбено раскина со Челси, а набрзо откако го направи тоа, успеа да си пронајде нова средина. Во улога на слободен агент, за поранешниот англиски репрезентативец беше далеку полесно да бара нова авантура, но ако до пред една година постоеше интерес од Арсенал и други англиски премиерлигаши, овојпат за Стерлинг најатрактивена беше опцијата од Холандија. Робин Ван Перси одлучи да му подаде рака ...

Атмосферата во Белград секогаш е жешка и на највисоко можно ниво кога се игра вечно дерби меѓу лутите ривали Црвена Звезда и Партизан, па така беше и вчера на „Маракана“ на 178-та по број меѓусебна пресметка. Црвена Звезда немаше проблеми на теренот и со сигурни 3:0 го надигра својот голем ривал за титулата, но како по традиција, големото дерби донесе и мали немири на трибините, како и употреба на недозволена пиротехника. Ова важеше за двете ...

Натпреварот меѓу Вардар и Башкими донесе немир во македонската спортска јавност поради навредливите пораки и националистичкото скандирање кое се слушаше од трибините, па по реакцијата која ја имаше клубот од Куманово веднаш по крајот на средбата, денеска ФФМ излезе со донесени одлуки за овој меч, но и оној меѓу Шкендија Арачиново и Преспа. На вонредната седница која ја одржа дисциплинската комисија при ФФМ, донесена е одлука Вардар да биде ...

Во светот на современиот бизнис, терминот „work-life balance“често се користи како теоретски концепт, но ретки се компаниите кои истиот го преточуваат во конкретна, опиплива придобивка за своите вработени. Еден таков пример е Flex Credit, компанија која неодамна ги прошири своите бенефиции, овозможувајќи дополнителни седум работни дена платено отсуство за татковците, покрај законските три. Оваа „благородна бенефиција“, како што ја опишуваат ...

Македонскиот кошаркарски врв денеска го претстави Хосе Марија Берокал како нов селектор на најсилната македонска репрезентација, бидејќи шпанскиот селектор беше прв избор на Томица Главчев и неговите соработници по неочекуваното заминување на Марјан Илиевски. Водечките луѓе на македонската кошарка брзо реагираа и успеаја да се договорат со шпанскиот стратег, кој денеска беше официјално презентиран пред јавноста и новинарите во нашата земја. ...

Легендарни фудбалери на Барселона и Реал Мадрид беа дел од интересна „Ел Класико“ пресметка во Лос Анџелес, град кој беше домаќин на познати ветерани кои оставија свој белег во лутите шпански ривали. Ревијалниот натпревар во Ел-Еј заврши со мирољубиви 1:1 и без победник во пресметката на ветераните, но посебно вирално стана видеото на кое во прв план се најдоа Марсело и Роналдињо. Легендарниот лев бек на Реал влезе во мал физички контакт со ...

Сен Ламенс замолкна голем дел од критичарите и со своите одлични изданија се избори за статус на стартер во Манчестер Јунајтед, без оглед на фактот што пристигна како голман кој треба да ја пополни ротацијата на Рубен Аморим. Португалскиот стручњак во прв момент нагласи дека Ламенс е голман за иднината, но откако му даде шанса, Белгиецот се претвори во незаменлив на голот на Јунајтед, нешто што остана пракса и по заминување на Аморим. Мајкл ...

Реал Мадрид запиша девет порази во сите натпреварувања од месец јуни наваму, а овој последниот од Осасуна беше навистина неочекуван и пристигна во период кога тимот изгледаше навистина добро под водство на Алваро Арбелоа. После осум победи во низа во Ла Лига, Реал потклекна на „Ел Садар“ и загуби од Осасуна со 2:1, но бидејќи Реал претходно со Арбелоа испадна во Купот и забележа пораз од Бенфика во Лигата на шампиони, англиската јавност не ...

Никола Јокиќ запиша нестварен трипл-дабл учинок во пресметката со Голден Стејт, но тоа се покажа како залудно за неговиот Денвер кој загуби на гостувањето во Сан Франциско. Српскиот центар го заврши мечот со 35 поени, 20 скокови, 12 асистенции, 3 украдени топки и 2 блокади, а по средбата која заврши со резултат 128:117, Јокиќ беше повод за дебата во студиото на „ТНТ“. Популарниот „Џокер“ стигна до својот 185-ти трипл-дабл во НБА лигата, а ...

Жоан Лапорта е во полн ек на својата претседателска кампања и прави напори за да си осигура уште еден мандат во Барселона, а во увертирата за изборите кои следат во месец март, искусниот фудбалски работник одново искрено говореше за најтешката одлука која ја донесе во изминатите четири години. Лапорта без размислување се откажа од клупски легенди како Роналд Куман и Чави Ернандес кои имаа тренерски улоги, но убедливо најтешка одлука беше онаа ...

Деклан Рајс покажа лидерски капацитети и ги смируваше своите соиграчи откако тој направи грешка со која кумуваше за гол на Тотенхем, но смиреноста која ја демонстрираше при резултат 1:1 само е потврда за неговиот карактер и самодовербата со која игра во Премиер лигата. Арсенал на крајот го преслуша Тотенхем и славеше во дербито со 4:1, триумф кој сигурно ќе биде уште посладок за Рајс поради провокациите кои ги добиваше од трибините. Лутото ...

Вардар си постави како цел две победи во главната фаза во Европската лига на ЕХФ со цел да се најде во осминафиналето, а по стартниот неуспех и лошото издание против Бенфика во Лисабон, лидерот на табелата во македонската Суперлига сега го пречекува првиот тим во својата група. Мелсунген е екипа која заслужува максимална почит поради квалитетот кој го поседува и игрите кои ги прикажува во Европа, но Вардар на домашен терен победувал и многу ...

Еберечи Езе се покажа како пеницилин за Тотенхем оваа сезона, бидејќи после хет-трикот кој го запиша на „Емирејтс“, вчера постигна уште два против истиот ривал во второто дерби на Северен Лондон. Идентично како и првото, она на теренот на Тотенхем заврши со резултат 4:1 за тимот кој се бори за титула, а бидејќи Езе повторно се најде во прв план против „петлите“, очекувано е што јавноста повторно пишуваше за него во суперлативи. Пет гола ...

Реал Мадрид ја прекина низата од осум победи во Ла Лига и претрпе пораз на гостувањето во Памплона, натпревар на кој за првпат загуби од Осасуна по пауза од цели 15 години. Домаќините победија со фантастичен гол во 90-та минута и на тој начин освоија важни три бода во обид да избегаат од опасната зона, но од друга страна, Реал после подолго време одигра лош натпревар на кој не беше на ниво од самиот старт. Алваро Арбелоа како тренер нагласи ...

Клаудио Раниери направи неверојатен пресврт во сезоната на Рома пред една година и остана за бод покус во намерата да обезбеди место во Лигата на шампиони, па токму поради тоа, новиот тренер доби за задача да се најде меѓу четирите најдобри оваа сезона. Џан Пјеро Гасперини засега одлично одговара на овој предизвик и Рома по вчерашната победа над Кремонезе е на делба на третото место на табелата, па во ситуација кога „волчицата“ изгледа како ...

Партизан претрпе убедлив пораз на 178-то вечно дерби во спрскиот фудбал и загуби на „Маракана“ со 3:0, а ова беше последната капка која ја прели чашата кај раководните структури на клубот кога е во прашање иднината на тренерот Ненад Стојаковиќ. Неполни 100 дена по назначувањето, Стојаковиќ заработува отказ од страна на „црно-белите“, па својата етапа во Партизан ја завршува со пет победи, едно реми и три порази. Угледните српски медиуми ја ...

Ливерпул одигра нов лош натпревар во Премиер лигата и во првото полувреме изгледаше посебно лошо во пресметката со Нотингем Форест, но на крајот се потпре на својот сув квалитет и на драматичен начин стигна до победа. Актуелниот англиски шампион продолжува во потерата по топ четири пласман во Премиер лигата, а вчерашната победа во 97-та минута сигурно ќе донесе мала доза на самодоверба во редовите на тимот кој го води Арне Слот. Голот на Мек ...

НБА лигата понуди навистина богата програма вечерта и утрото во недела кон понеделник, па покрај возбудливиот натпревар кој го играа Голден Стејт и Денвер, се играше и големо дерби меѓу вечните ривали Лос Анџелес Лејкерс и Бостон. Селтикси се навикнаа да играат без Тејтум и се во сериозен налет во последно време, па рано утрово ја запишаа и осмата победа на последните девет натпревари во НБА лигата. Играчите на Бостон го освоија Ел-Еј ...

Леванте немаше никакви шанси против Барселона и беше осуден на пропаст од самиот старт, но во самата завршница, голманот на тимот од Валенсија спречи уште потежок пораз за своите соиграчи. Барса прилично лесно си ја заврши работата и си осигура предност од 3:0, а во финишот од мечот, создаде и стопроцентна шанса за зголемување на предноста. Најпрво Рафиња се обиде да го загрози голот на противникот со силен удар со глава, па откако Метју ...

Рајан Шерки го загуби статусот на стартер во тимот на Пеп Гвардиола во последно време, но и во таква ситуација, Французинот успева да го украде шоуто со потезите кои ги нуди на зелениот терен. Шерки стандардно добива шанса и во изминатите неколку натпревари тоа го прави како „џокер“ од клупата, па така беше и на дербито против Њукасл. Рајан влезе во вториот дел и се погрижи за дополнителна стабилност во средниот ред на Сити, но пред воопшто ...

Голден Стејт продолжува по рецептот „топло-ладно“ без својата најголема ѕвезда Стеф Кари, но овојпат успеа да оствари голема победа во Сан Франциско, и тоа во дербито со Денвер. Пресметката која донесе многу подеми и падови на двата тима беше одбележана од нестварниот трипл-дабл учинок на Јокиќ, но и целосното „гаснење“ на Нагетси во одлучувачките 12 минути. Јокиќ стигна до страшен трипл-дабл уште во третата четвртина и зад своето име запиша ...

Талентираниот Ендрик ја промени средината во зимскиот преоден рок и сега го гледаме во дресот на француски Лион. Во оваа средина настапува како позајмен играч од Реал Мадрид, клуб во кој падна во втор, трет план и побара да си замине и настапува во клуб каде што може редовно да игра што се случува во Лион. На 7 натпревари има учинок од 5 гола и 1 асистенција и веќе доби нов прекар од дел од медиумите во Франција (матадор). -Можете да ме ...

Барселона дојде до посакуваните три бода во соочувањето со Леванте во меч во кој успеа и да ја сочува „чиста“ сопствената мрежа што беше повеќе од потребно по лошите изданија и шести примени голови против Атлетико Мадрид и Џирона. Трите погодоци на каталонците беа дело на Марк Бернал, Френки Де Јонг и Фермин Лопез, но еден друг играч беше најдобар на теренот, а тоа е Жоао Кансело. Португалецот го одигра најдобриот меч по кам-бекот во ...

Арсенал се навикна да победува во големото дерби на Северен Лондон во последно време, а петтиот триумф во низа беше забележан на жешкиот терен кај лутиот ривал Тотенхем. „Топчиите“ како гости измаршираа лесно до три бода и покажаа дека се далеку поквалитетни од ривалот кој е блиску до борбата за опстанок, а четирите гола во мрежата на Викарио беа и повод за сеир на социјалните мрежи. Со извонредната игра во одбрана, Габриел доби многу дуели ...

Регионалното дерби меѓу Вилјареал и Валенсија посебно доби на тежина во последните три децении, а во изминатите неколку години, „жолтата подморница“ покажува дека е подоминантен клуб во регионот на Валенсија. Тимот на Марселино Гарсија Торал е третопласиран во Ла Лига во овој момент, статус кој го оправда и со пресврт победа во големото дерби со „лилјаците“. Столе Димитриевски и неговите соиграчи подобро го почнаа дербито и изгледаа навистина ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
52%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.08
57%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
45%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
69%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
2.06
94%
1011
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
0.45
57%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
3.6
60%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
1.79
78%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Родиум

319899.93

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Платина

64172.89

Рутениум

51376.89

Калај

50.03