Фенербахче успеа да ја добие битката со Милан и го обезбеди потписот на дефанзивецот Арчи Браун од редовите на Гент. „Росонерите“ беа фаворити за Браун, меѓутоа турскиот тим со реакција и завршна офанзива направи пресврт и го доби играчот кој може да покрие повеќе позиции. -Договорот беше практично склучен со Милан. Бев подготвен да одам. Но, потоа, преку ноќ добив повик од претседателот на Фенербахче. Тоа сè промени. Страста што ја покажа, ...

Вечерва ќе го добиеме победникот на Светското клупско првенство, а тоа ќе биде подобриот од соочувањето на двете екипи кои во минатава сезона освоија европски трофеи Пари Сен Жермен и Челси. „Светците“ триумфираа во Лигата на шампионите, „сините“ во Конференциската лига на УЕФА и ова дефинитивно ќе биде интересно соочување кое носи пехар, пари, но и статут на најдобар клуб на светот. ПСЖ на хартија важи за фаворит, меѓутоа повеќе имиња од ...

Анхел Ди Марија по пауза од скоро две децении повторно заигра фудбал во својата татковина и тоа во матичниот клуб, клубот во кој започна одличната и успешна фудбалска приказна. Офанзивецот доби спектакуларен пречек од навивачите на Розарио Сентрал, имаше доста емоции што беше нормално, но овој прв натпревар не заврши онака како што посакуваше ветеранот и сите навивачи на овој клуб. Impactante recibimiento a Rosario Central en el regreso de Di ...

Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до нов финале на Вимблдон, турнир на кој постојано имаше успеси низ годините и освојуваше пехари. Тој беше запрен во полуфиналето од страна на првиот светски рекет Јаник Синер кој славеше со 3-0 во сетови со 6:3, 6:3 и 6:4. Србинот немаше соодветен одговор за Италијанецот, а и на теренот покажуваше дека не е се најдобро со него, меѓутоа во ниту еден момент не размислуваше за повлекување. Легендарниот Џон Мекинро ...

Поранешниот англиски репрезентативец и екс член на Ливерпул, Њукасл и Вест Хем, Енди Керол се врати во својата татковина и тоа со еден неочекуван ангажман кој го носи во шестиот фудбалски ранг во неговата земја. Тој ќе го носи дресот на Дагенхем и Редбриџ или скратено Даг и Ред, тим кој е дел од Националната лига југ во Англија. Клубот доби сопственици од Катар, па ова сигурно имало влијание врз изборот на Енди кој исто така ќе биде и акционер. ...

Аргентинскиот репрезентативец, Лионел Меси е во одлична форма и ритам и продолжува да блеска во МЛС лигата во дресот на Интер Мајами. Рано утрово тој му донесе нова победа на својот тим и тоа во пресметката со Нешвил, триумф од 2-1. Двата гола беа дело на капитенот кој со ова продолжи да испишува историја, да ги поместува границите затоа што прв фудбалер во ова натпреварување кој успеал на пет средби во низа да постигне по два погодоци. CF ...

Бобан Марјановиќ прифати разделба со Фенербахче и за првпат во кариерата се одлучи да игра далеку од Европа, но по крајот на сезоната во Кина, очигледно се регенерира со работни обврски во своето село. Еден од највисоките играчи во светот објави хит видео на социјалните мрежи и успеа да ги насмее своите следбеници, бидејќи им долови на фановите како може да изгледа животот на една кошаркарска ѕвезда. Човекот кој беше миленик и на многу голем ...

Виктор Ѓекереш ги договори личните услови со Арсенал и сака по секоја цена да го напушти Спортинг Лисабон, но од друга страна, португалскиот клуб не сака да навлезе во преговори со англискиот премиерлигаш и бара да биде исплатена откупната клаузула во целост. Португалскиот шампион не попушта и бара да бидат исплатени до цент предвидените 69 милиони фунти, па доколку не се случи тоа во скоро време, Спортинг е подготвен да ја замрзне цела ...

Некогашниот прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер не е среќен и задоволен од правецот во кој се движи најпопуларниот спорт на планетава. Контроверзниот Блатер долго време беше прв човек на ФИФА, време во кое се случуваа позитивни и негативни работи, но според него сега фудбалот е продаден во Саудиска Арабија. -Да, го загубивме фудбалот од Саудиска Арабија. Им го понудивме, а тие ни го одзедоа, -вели Блатер за РТЛ. ...

Легендарниот британски бенд „Оејзис“ ја стартуваше својата повратничка турнеја и привлекува големо внимание со своите настапи, а последното шоу во Манчестер не останало пократко за неколку спортски ѕвезди. Џек Грилиш не ја пропуштил можноста во живо да го следи случувањето на „Хитон парк“ во Манчестер, а за време на настанот, англискиот репрезентативец ја искористил приликата за да има неколку конверзации со фанови на Сити. Неговата иднина во ...

Еурофарм Пелистер се обидува да изгради база од македонски играчи со тоа што тоа е процес низ кој мора да се помине, а тука многу помага втората екипа на „зелено-белите“ од Битола. Пелистер 2 во новата сезона ќе игра во најдобрата домашна конкуренција што секако може да им помогне на домашните ракометари дополнително да напредуваат со поквалитетни натпревари. Клубот како нови имиња веќе ги обезбеди младинските репрезентативци Славчо Шулески и ...

Ига Швјонтек мораше да чека 13 месеци за својата прва голема титула по онаа што ја освои на Ролан Гарос минатата година, а начинот на кој дојде до истата дефинитивно ќе послужи и за замолкување на критичарите кои и правеа дополнителен притисок во последно време. По четвртиот трофеј на Френч Опен, Ига влезе во голема резултатска криза и наиде на доста неочекувани и непотребни критики во јавноста, па така минатогодишната најдобра тенисерка во ...

Башкими продолжи со серијата на ангажмани за новата натпреварувачка сезона и денеска во еден ден потврди три нови засилувања, од кои последното го најави како „трансфер бомба“. Клубот од Куманово очигледно ќе има големи амбиции откако обезбеди прволигашки статус, а доказ за тоа се активностите на стартот на летниот преоден рок. Денот започна со потврда на Иса Адекунле од Нигерија кој е засилување за нападот, потоа беше официјализиран ангажманот ...

Челси успеа да се избори за топ четири пласман во Премиер лигата, ја освои титулата во Конференциската лига и се пласираше во финалето на Светското клупско првенство, па во пресрет на натпреварот на кој ќе се бори за втор трофеј, легендарниот Џон Оби Микел испорача една брутална изјава за најслабата алка во актуелниот тим на Енцо Мареска. Менаџерот на Челси ја оцени сезоната како извонредна и нагласи дека никој не можел да очекува ваков расплет ...

Лука Модриќ во полуфиналната пресметка против ПСЖ на Светското клупско првенство го одигра последниот натпревар како играч на Реал Мадрид, етапа на која и стави крај после незаборавни и блескави 13 години. Хрватот кој беше скромно претставен во 2012-та година се претвори во најтрофеен играч на Реал Мадрид на сите времиња, па затоа многумина почнаа да го ставаат и при самиот врв на најдобри играчи во историјата на клубот. Модриќ освои 28 титули ...

Ламин Јамал се подготвува за прославување на полнолетството во друштво на своето најблиско семејство, а од фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, слободно може да се заклучи дека се е подготвено за неговиот 18-ти роденден. Неверојатниот тинејџер на Барселона утре ќе наполни 18 години, но во пресрет на специјалниот ден, клубот му направи интервју и му даде интересен предизвик. Ламин доби за задача да го избере најдобриот тим на ...

Марк Маркез продолжи со својата саботна доминација во Мото ГП шампионатот, добивајќи нова спринт трка на која се чинеше дека ќе го оствари најлошиот резултат оваа сезона. Големиот шампион направи грешка во првата кривина и падна на петтото место, па во услови кога се возеше на влажна патека, имаше многу тешка задача за да стигне до врвот. Во продолжение, Марк направи уште една грешка во битката со Квартараро и малку фалеше да загуби контрола над ...

Касемиро е еден од најплатените играчи во Манчестер Јунајтед и многумина често знаат да ја доведат во прашање трансфер политиката на клубот за долгогодишниот договор кој го доби Бразилецот, но во ситуација кога искуството се очекува да биде многу важно за новиот тим кој го гради Рубен Аморим, очекувањата се поранешниот фудбалер на Реал да добие уште една шанса. Популарниот Касе имаше доста подеми и падови откако се пресели во англискиот фудбал, ...

Поради физички проблеми и извонредното ниво на Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ не можеше да се прослави во својот 14-ти настап во едно полуфинале на Вимблдон, па по пауза од цели шест години, првпат нема да го гледаме во еден завршен чин на грен слем турнирот во Лондон. Ѓоковиќ до оваа година беше дел од последните шест финалиња во Ол Ингланд клубот, но сега си заминува од Лондон еден ден порано и тоа го направи во свој стил. Србинот не пропушти да ...

Енис Барди по кратката авантура во Бодрум беше ослободен од страна на клубот и стана слободен агент на стартот на месец јули, а неполни две недели подоцна, македонскиот капитен веќе има нов клуб. Искусниот играч за врска ќе продолжи да ја гради својата кариера во турскиот фудбал, со тоа што во новата сезона ќе настапува за екипата на Коњаспор. Клубот од Коња му обезбеди двегодишен договор и со тоа јасно стави до знаење дека максимално верува во ...

Барселона пред точно една деценија имаше исклучително силен и ѕвезден тим од кој дел беше и ударно трио Меси, Нејмар и Суарез, но колку и да звучи неверојатно, споменатата генерација освои само една титула во Лигата на шампионите. Титулата под водство на Луис Енрике пристигна во последната сезона на Чави Ернандес како капитен на првиот тим на Барса, а десет години подоцна, Иван Ракитиќ вели дека токму заминувањето на капитенот било клучно за ...

Аманда Анисимова имаше величествен пат до големото финале на Вимблдон, но за жал денеска едноставно не успеа да се справи со емоциите и тремата, но и со разиграната Ига Швјонтек која се прикажа во брутално издание. Американката не освои ниту еден гејм во историското финале кое заврши со резултат 6:0 и 6:0, па така Анисимова стана првата тенисерка во Опен ерата која го завршила неделниот меч со „нула“ зад својата статистика. Ова е болен пораз кој ...

По мирниот месец јуни и низа шпекулации за различни фудбалери, Арсенал тргна крајно поофанзивно во јули и веќе договори две засилувања за средниот ред, но како што јавуваат угледните британски медиуми, Микел Артета веќе има договорено и ѕвезда на Челси. Кепа Аризабалага, Мартин Зубименди и Кристијан Норгард се фудбалерите со кои Артета веќе може да прави свои планови, а набрзо на таа листа треба да се придодаде и Нони Мадуеке. Брзиот крилен ...

Марк Маркез продолжи со својата саботна доминација во Мото ГП шампионатот, добивајќи нова спринт трка на која се чинеше дека ќе го оствари најлошиот резултат оваа сезона. Големиот шампион направи грешка во првата кривина и падна на петтото место, па во услови кога се возеше на влажна патека, имаше многу тешка задача за да стигне до врвот. Во продолжение, Марк направи уште една грешка во битката со Квартараро и малку фалеше да загуби контрола над ...

Фиорентина денеска ја извести јавноста за оифијално враќање на Стефано Пиоли на клупата на „виолетовите“, а неколку часа подоцна, значително се интензивираа шпекулациите дека искусниот италијански стручњак одобрил една операција за која интересно задолжен е Давид Де Хеа. Клубот од Фиренца максимално профитираше од ангжманот на Де Хеа и му обезбеди нов договор на трофејниот голман, кој според информациите од чизмата, сега има за задача да убеди ...

Милан засега се мачи на трансфер пазарот и досега го има доведено само Самуеле Ричи од редовите на Торино. „Росонерите“ се поврзуваат со повеќе имиња, меѓутоа никако не успеваат да затворат зделка, а последниот неуспех е со 23-годишниот Арчи Гудвин. Се некако изгледаше дека дефанзивецот на Гент ќе заврши во Милано, меѓутоа се случи пресврт во последен момент и тој ќе потпише за турскиот прволигаш Фенербахче. -Договорот беше практично склучен со ...

Најдобрата полска тенисерка, Ига Швјонтек со страшно издание дојде до победа и титула на третиот гренд слем во оваа календарска година Вимблдон. Ига во големото финале ја уништи Аманда Анисимова и со тоа дојде до прв пехар на турнирот во Лондон или вкупно шести на најзначајните настани во светот на тенисот. Швјонтек беше немилосрдна и славеше против Американката со 6-0 и 6-0 и стана прва тенисерка во Опен ерата која добила финале на Вимблдон без ...

Челси ќе се обиде да му застане на патот на Пари Сен Жермен и да не дозволи францускиот клуб да ги освои сите трофеи во оваа сезона. „Сините“ ќе ја имаат улогата на аутсајдер во големото финале на Светското првенство закажано за утре од 21 часот, меѓутоа премиерлигашот има квалитет, знаење, играчи кои знаат да играта фудбал на највисоко ниво и токму поради тоа менаџерот Енцо Мареска е убеден дека ќе се претстават во најдобро издание против тимот ...

Македонскиот кошаркарски шампион, ТФТ Скопје го официјализираше второто засилување за новата сезона во која клубот освен на домашната сцена ќе игра и во АБА2 лигата. Нов член на клубот од Тафталиџе е Станли Дејвис кој минатата кампања ја заврши во Поругалија во редовите на Галомар каде имаше просек од 14.2 поени, 2.8 скокови и 2.3 асистенции по натпревар. Инаку Дејвис е искусен играч кој има настапувано во Албанија, Босна и Херцеговина, ...

Виктор Ѓокереш се наметна на светската сцена со своите фантастични изданија во Спортинг Лисабон и ова лето се очекува да направи голем трансфер во една од најдобрите лиги во Европа. Најблиску засега е Арсенал со тоа што мора да се напомене дека премиерлигашот има проблем да постигне договор со португалскиот првак околу сумата за трансферот. Напаѓачот е лут затоа што претходно добил уверување во клубот дека нема да му прави проблеми кога ќе дојде ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.03
30%
1022
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
42%
1023
weather icon

Загреб

32ᴼ / 29ᴼ
2.06
40%
1020
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
34%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.88
29%
1023
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
59%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
27%
1021
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
2.68
37%
1024
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
3.09
39%
1022
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
6.17
44%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941