ЧЕлси остана со играч помалку на дерби пресметката против Арсенал поради црвениот картон на Каиседо, а тоа ги натера избраниците на Енцо Мареска да дадат повеќе од 100 проценти во обидот да стигнат до поволен резултат. „Лондонските сини“ потврдија дека се во добра форма и со херојско издание во второто полувреме се изборија за реми, па конечните 1:1 секако позадоволни ги остава домаќините кои повеќе од 50 минути играа со играч помалку. ...

Македонија со важната победа на гостувањето во Даблин кај Ирска на хартија си го обезбеди првото место во претквалификациската група за Евробаскетот во 2029-та година, но јасно е дека избраниците на Марјан Илиевски ќе треба да ја довршат задачата кога ќе дојде ред за нови ФИБА прозорци. Нашиот национален тим ја заврши својата работа за 2025-та година со две победи против Азербејџан и Ирска, со тоа што оваа денешната во Даблин беше далеку ...

Еурофарм Пелистер не победи на натпревар на кој се чинеше дека ги има бодовите во свои раце, а тоа може да има и негативно влијание врза шампионските амбиции на тимот кој важи за актуелен првак во македонското првенство. Избраниците на Гарабаја пропуштија убава шанса да го добијат дербито со Алкалоид и да го заборават кошмарното гостување кај Пик Сегед, но позитивата од пет гола во првото полувреме, па и од седум во вториот дел се покажа како ...

Хајдук не победи второ коло по ред и му остави простор на Динамо да избие на првото место на табелата, особено откако тимот од Сплит не успеа да победи вчера на натпреварот против Вараждин. Домаќините избегнаа пораз и спасуваа бод во второто полувреме, но овој меч привлече посебно внимание и поради мајсторијата која била режирана во првиот дел. Еден отпадок по изведен слободен удар на Вараждин се чинеше дека ќе заврши со очајнички обид на ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја запиша и втората победа во овој ноемвриски ФИБА прозорец, во кој нашиот национален тим одигра два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029-та година. По уверливата победа над Азербејџан на домашен терен, избраниците на Марјан Илиевски имаа далеку потежок тст на гостувањето во Даблин, но нашите репрезентативци сепак ќе се вратат со планирана победа од Ирска. Иако домаќините ни ...

Интер се врати на победничките патеки по двата болни порази од Милан и Атлетико Мадрид, славејќи триумф на гостувањето кај Пиза со два гола на својот капитен. Критикуваниот Лаутаро Мартинез одговори со блесок и двата негови погодоци донесоа доста важна победата за Интер во период кога се говореше за мини-криза, па тоа го натера и тренерот Кристијан Киву да го апострофира значењето на капитенот. – Моравме да реагираме после двата порази и ...

Обвиненијата за обложување против Лукас Пакета беа утврдени како недокажани од зависната комисија и Бразилецот избегна доживотна забрана за играње фудбал, но иако се чинеше дека го остави овој скандал зад себе, ѕвездата на Вест Хем денеска одново се најде во центарот на вниманието. Поради два непотребни приговори во период од 30-тина секунди, Пакета го натера судијата да му покаже два жолти картони и да го испрати на предвремено туширање на ...

Големото лондонско дерби меѓу Челси и Арсенал ги оправда очекувањата на сите фудбалски експерти, а во една тешка и рововска битка, на крајот двата тима мораа да се задоволат со по еден освоен бод. Во ситуацијата кога двата ривали пристигнаа со огромна самодоверба на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Челси сакаше да ја продолжи добрата атмосфера по големата победа која ја оствари над Барселона, додека Арсенал бркаше продолжување на серијата по ...

Продолжија возбудувањата во НБА лигата, а саботната програма ни донесе осум натпревари од кои само на еден се играа дополнителни минути-тоа беше соочувањето во Шарлот меѓу Хорнетс и Торонто Репторс кое заврши со славје на домаќините од 118:111. Меѓутоа многу лесно можеше да се случи и на уште еден меч да има продолжение, но такво сценарио спречи Паскал Сиакам. Ѕвездата на Индијана Пејсерс го имаше последниот збор на битката со Чикаго Булс, ...

Макс Ферстапен продолжува со својата потера по петта шампионска титула во Формула 1, без оглед на тоа што таквиот потфат изгледаше како невозможна мисија на средина на сезоната. Холанѓанецот заостануваше повеќе од 100 бодови и се чинеше дека само професионално ќе си ја довршува задачата до крајот на сезоната, но наместо тоа, сега во завршната трка во Абу Даби ќе влезе со реални шанси за петта последователна титула во „најбрзиот циркус“. Иако ...

Лаутаро Мартинез со два погодоци беше човек на одлука во денешната победа на Интер над Пиза (2-0) во италијанската Серија А. Капитенот двапати реализираше во второто полувреме и го врати својот тим на победнички патеки по поразите од Милан и Атлетико Мадрид. Лаутаро двоен стрелец, Интер им се врати на победите во Серија А (ВИДЕО) Ова издание го мотивираше Аргентинецот да ги „поздрави“ оние што го критикуваат. -Навикнат сум на критики. ...

Барселона успешно го реши предизвикот Алавес и во добра атмосфера ќе го дочека дербито со Атлетико Мадрид кое се игра во вторник од 21 часот. Каталонците славеа со 3-1, а еден од најдобрите на теренот беше повратникот Рафиња кој доби шанса од првата минута и веднаш направи разлика во првото полувреме. -Се обидувам да го дадам најдоброто од себе во минутите што сум на теренот. Со оглед на тоа што можам да бидам стартер, сум доста среќен. Она ...

Ливерпул ја прекина серијата од три порази (првенство и ЛШ) и славеше над Вест Хем со 2-0 на средбата во Премиер лигата. Слот за овој меч се одлучи да направи неколку потези кои му донесоа резултат, Салах го седна на клупа и воопшто не го употреби, дефанзивецот Џо Гомез доби соодветна шанса и на ниво си ја заврши работата на десната бековска позиција, додека Собослаи конечно можеше да игра, да биде блиску до противничкиот отколку до својот ...

Составот на Интер во изминава седмица доживеа два порази во низа од Милан и Атлетико Мадрид, па јавноста очекуваше реакција од актуелниот европски и италијанскиот шампион на денешниот меч со Пиза, реакција која се случи и фаворитот славеше со 2-0. Тимот што го предводи Киви и на ова соочување покажа некои слабости, но она што е најважно е што ги обезбеди трите бода со два гола во второто полувреме. Капитенот Лаутаро Мартинез беше човек на ...

Поранешниот англиски репрезентативец, Џо Кол го оправда трансфер потегот кој Челси го повлече во летниот преоден рок. „Сините“ се одлучија да се ослободат од Нони Мадуеке кој заврши во редовите на Арсенал, а тоа донесе далеку поголем простор за талентираниот Естевао кој пристигна од бразилски Палмеирас. -Тој трансфер секогаш имаше смисла. Сакате да ги добиете најдобрите млади играчи во вашиот клуб. Дебатата со Челси отсекогаш била околу тоа ...

Тотенхем претрепе уште еден пораз во Премиер лигата и тоа од градскиот ривал Фулам кој славеше со 2-1. „Петлите“ повеќе од еден месец се без триумф во шампионатот, а пак во својот дом немаат славено уште од август кога го добија Барнли со 3-0. Навивачите почнуваат да го губат трпението, да стануваат нервозни, па вчера почнаа и да го исвиркуваат голманот Викарио по грешката која ја направи и по која Вилсон ја затресе неговата мрежа. -Не ми се ...

Манчестер Јунајтед забележа победа над Кристал Палас од 2-1 во првиот натпревар од денешната програма во англиската Премиер лигата. Избраниците на Рубен Аморим успеаа да слават на тешкиот терен на „Селхрст Парк“ или поточно да му го нанесат првиот пораз на Палас пред своите навивачи во шампионатот. Домаќините го добија првиот дел со голот на Матета од пенал во 36 минута, меѓутоа во второто полувреме гостите беа далеку поконкретни и успеаа ...

Екипата на Вардар издвојува висока победа над Шкупи од 6-1 во битката на двата големи скопски ривали кои сезонава се наоѓаат во сосема различна позиција и ситуација. „Црвено-црните“ се лидери на табелата со јасна цел освојување на титула, додека чаирчани се последни со само еден освоен вод. Домаќините влегоа во ова соочување како апсолутни фаворити и тоа го потврдија на теренот на ФФМ во Ново Лисиче каде ја запишаа 12. сезонска победа. Во ...

Вечерва се игра големото дерби меѓу Челси и Арсенал, меч на два лондонски ривали, екипи кои се борат за врвот во Премиер лигата. „Сините“ во моментов заостануваат зад „топчиите“, ама со триумф можат да дојдат на само три бода, сценарио кое го посакуваат. Ќе се водат жестоки битки низ 90+ минути на теренот, а една од најважните ако не и најважна е таа на средината на теренот каде главниот збор ќе го имаат Моисес Каиседо и Деклан Рајс. -Сите ...

Амбициозниот ГРК Охрид доживеа пораз од Вардар од 28:26 во еден од двата дерби натпревари во 14. коло во Суперлигата. Охриѓани посакуваа да земат уште еден голем скалп и по Алкалоид да го добијат и Вардар, меѓутоа двокраниот европски шампион покажа стабилност, квалитет и славеше на гостувањето во салата „Билјанини Извори“. Тренерот Борис Ројевиќ направи првична анализа и ги издвои причините за овој резултат на популарните „гладијатори“. -Прво ...

Милан издвојува победа над Лацио од 1-0, триумф со кој го презема врвот на табелата во италијанската Серија А. Погодокот на Рафаел Леао во 51 минута беше доволен за да домаќините дојдат до посакуваниот резултат, осмиот триумф во тринаесеттиот сезонски натпревар во Калчо лигата. -Учам да бидам „деветка“, но тимот ми помага, на теренот и надвор од него. Тие ги разбираат движењата, центаршутот на Томори беше движење што го испробавме на ...

Република Ирска е вториот ривал на македонската репрезентација во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. По убедлиот триумф над Азербејџан сега целта е да се слави во Даблин против селекцијата која во првата рунда загуби од Луксембург со 89:77. –Ирците се поквалитетен противник од Азербејџан. Но она што ние мораме да го сториме е да ја оправдаме фаворитската улога на терен. Најважно е да ја играме нашата игра, да покажеме ...

Вчерашното италијанско дерби меѓу Милан и Лацио заврши со голем хаос, во кој во главна улога беа судиите, односно одлуката поврзана со потенцијалниот пенал за гостите. Главниот судија доби порака од ВАР собата дека треба да ја прегледа снимката поради потенцијално играње со рака на Павловиќ, што би значело пенал за Лацио. По долгата анализа пред екранот, главниот судија Колу се обиде да ја објасни конечната одлука, за што заработи и одредени ...

Ретко кој фудбалски фан можеше да претпостави дека актуелниот англиски шампион Ливерпул може да се најде во толку голема резултатска криза, што менаџерот Арне Слот е пред отказ од своите претпоставени. „Црвените“ доживеаја неколку неочекувани и убедливи порази, дури и пред своите фанови на „Енфилд“, па денешното гостување кај Вест Хем може да донесе сериозни последици за холандскиот стручњак. Ричард Кис и Енди Греј се легендарен англиски ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го прифатила предлогот на поранешниот судија Пјерлуиџи Колина и ќе тестира ново правило со кое ќе се обиде да стави крај на прекините предизвикани од симулирање повреда. Колина кој има важна функција во судиската комисија на ФИФА препорачал ново правило и истото ќе биде тестирано на Арапскиот куп, по што подоцна со зелено светло од ИФАБ би можело да се употребува на сите официјални натпревари. Според ...

ПСЖ вчера загуби на дербито со Монако и им овозможи на ривалите да ја подобрат својата позиција на врвот на табелата во француското првенство, а тренерот Луис Енрике смета дека неговиот тим одиграл најлошо сезонава и не заслужил нешто повеќе на незгодното гостување. Монако победи со голот на Минамино, а ја одржа предноста и покрај фактот што од 80. минута играше со фудбалер помалку. – Не можевме да направиме нешто повеќе со толку индивидуални ...

Барселона вчера ги освои планираните бодови против Алавес, но тренерот Ханси Флик уште по натпреварот потенцирал дека не е задоволен од играта на своите фудбалери. Германскиот стручњак не заборавил да го истакне значењето на освоените бодови, но и побарал подигнување на нивото во пресрет на следните потешки натпревари за актуелниот шпански шампион. Токму Флик го привлече вниманието и со еден момент кој го уловија камерите по завршувањето на ...

Далас доби големо засилување со изборот на Купер Флег на НБА драфтот, а 18-годишното момче успеа да се истакне на двата гостински дуели во Лос Анџелес. Откако постави рекорд како најмлад играч со 11 асистенции во поразот од Лејкерс, Флег утринава постигна 35 поени против Клиперс и со тоа го собори рекордот на ЛеБрон Џејмс, за најмлад кошаркар кој постигнал 35 поени на еден натпревар. Џејмс два пати успеа да стигне до таков ефект во ...

Фламенго победи во бразилското финале против Палмеираш и освои нов трофеј во Копа Либертадорес. Најпрестижното јужноамериканско натпреварување беше заокружено со пресметка на големите бразилски ривали, а човек на одлука беше искусниот дефанзивец Данило. Поранешниот фудбалер на Јувентус, Манчестер Сити и Реал Мадрид постигна убав гол со глава во 67. минута, а Фламенго ја одбрани предноста до крајот и ја освои четвртата титула во Либертадорес ...

Интер Мајами ја наполни мрежата на Њујорк Сити (5:1) и првпат во клупската историја ќе игра во финалето на плејофот, односно МЛС купот. Лионел Меси не постигна гол, но ги разигруваше соиграчите кои брзо дојдоа до водство од 2:0 со два погодоци на Аљенде, а Њујорк до полувремето успеа да намали на 2:1. Во продолжението реализираа Силвети, Сеговија и Аљенде кој комплетираше хет-трик, па избраниците на Хавиер Маскерано го потврдија местото во ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1008
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
92%
1008
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
80%
1007
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.39
94%
1006
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.45
97%
1008
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
67%
1005
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
87%
1007
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
94%
1005
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.79
92%
1008
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Алуминиум

3.07

Кобалт

64.04

Сребро

2497.79

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Иридиум

215504.98

Паладиум

54077.56

Платина

67484.42

Калај

46.06

Злато

159436.20

Бакар

11.83