Барселона ги започна подготовките со четворица голмани во првиот тим, но повеќе од јасно е дека Ханси Флик нема да смета на двајца, а тоа се Ињаки Пења и Марк Андре Тер Штеген. Случајот со Пења не е изненадување поради тоа што се случуваше во вториот дел од сезоната, но ситуацијата со капитенот е навистина комплексна и носи доста непријатни моменти во Барселона, нешто што може да се одрази и врз атмосферата во соблекувалната. Од недопирлив и прв ...

Енди Мари на почетокот на 2025-та година реши да отвори една интересна авантура со својот голем ривал од играчките денови, односно одлучи да се вклучи во тимот на Новак Ѓоковиќ и ја презема улогата на прв тренер. Британскиот грен слем шампион со големи амбиции и ентузијазам влезе во новата и премиерна авантура како тениски тренер, но пет месеци подоцна, двајцата меѓусебно си се заблагодарија и тргна секој по различен пат. Ѓоковиќ објави крај на ...

Челси целосно ја прочита тактиката на ПСЖ и со брилијантен одговор го неутрализираше пресингот на европскиот шампион, а со мастеркласот во првото полувреме во Њу Џерси си го обезбеди епитетот нов светски шампион. Англискиот премиерлигаш го освои премиерното Светско клупско првенство на ФИФА и покажа дополнителен напредок во сезоната во која беше освоена и Конференциската лига, па во оваа рана фаза од летните подготовки, дел од експертите веќе го ...

Ливерпул рано го одврза ќесето и исплати 116 милиони фунти за да го ангажира Флоријан Вирц, играч кој доаѓа во Англија за да го засили тимот кој изгледаше речиси непогрешливо во Премиер лигата минатата сезона. Младиот германскиот фудбалер важи за еден од најнадежните играчи во светот и пристигнува на „Енфилд“ со огромни очекувања, но во оваа фаза од летото, се поставуваат големи прашања за тоа на која позиција ќе биде користен од Арне Слот. Како ...

Ламин Јамал изминатиот викенд наполни 18 години и неговиот роденденски чин предизвика многу реакции во Шпанија, но младиот фудбалер немаше многу време за уживање, бидејќи вечерта по славјето мораше да се појави на тренинг. Строгиот Ханси Флик не прави отстапки за било какви приватни забави и Јамал се појави на неделниот тренинг, а веќе во новата недела брзо се најде во центарот на вниманието поради фудбалски потег. Каталонскиот великан полека ја ...

Игли Таре од ова лето е задолжен за спортскиот проект на Милан и тој е клучен човек во креирањето на тимот во друштво на Масимилијано Алегри, а воедно беше и пресуден фактор во преговорите кои „росонерите“ ги водеа со Лука Модриќ. Италијанскиот великан успеа да го привлече големиот шампион и да го договори уште пред стартот на Светското клупско првенство, но од почит кон Реал Мадрид, Хрватот промоција ја одложи за средината на месец јули. Модриќ ...

Иван Љубичиќ важи за еден од најдобрите хрватски тенисери во историјата на „белиот спорт“, но откако се повлече од професионалното играње тенис, имаше влијателна улога и како тренер. Убедливо најдоброто искуство го доживеа во годините кога работеше со Рожер Федерер, а како човек кој одблиску ги следеше секојдневните мајстории на швајцарскиот маестро, сега доби за задача да бира тенисер кој го потсетува на магионичарот од Базел. Љубичиќ смета ...

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски по голема борба загуби од третиот носител Матео Гиганте на Челинџер турнирот во Сан Марино. Откако успешно ги мина квалификаците, Ивановски со самодоверба влезе во соочувањето со Италијанецот кој пред некое време славеше над Стефанос Циципас на Ролан Гарос. Калин во супер интересниот прв сет славеше во тај-брејкот со 12-10. Ова го „запали алармот“ кај фаворитот кој во продолжението имаше повеќе решенија од ...

Македонските фудбалски прволигаши Пелистер и Струга Трим Љум промовираа по уште едно засилување во овој летен преоден рок. Клубот од Битола се пофали со потписот на Марјан Ристовски. Ристовски е искусен фудбалер од домашната сцена со настапи за Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс, Вардар, Брера Струмица, а има играно и во Грција во Кавала. Тој е трето засилувањ за „зелено-белите“ по Стефан Спировски и Петар Ристиќ. Поранешниот шампион ...

Јаник Синер и Карлос Алкарас во моментов доминираат на светската тениска сцена, а истовремено Александер Зверев е еден од тенисерите кои никако не можат да го потврдат својот потенцијал на големите турнири. Германскиот тенисер наскоро ќе има нов стручен штаб, а во последната изјава звучи и самоуверено, најавувајќи дека планира да се замеша за трофеите на најзначајните турнири. – Можеби ова не е мојата најдобра година, но сметам дека не сум многу ...

Шпанскиот шампион Барселоне ќе добие дополнителна финансиска инјекција од спонзорскиот договор кој е потпишан со африканска држава. Се работи за соработка со туристичката заедница на Демократска Република Конго, во рамките на која името на државата ќе стои на опремата за тренинг на Барса, а клубот ќе добие солидна сума. Каталонците и ДР Конго договориле четиригодишна соработка вредна 44 милиони евра, односно 11 милиони по сезона, кои дефинитивно ...

Шкендија посакуваше полесно да го победи ТНС и да обезбеди место во втората квалификациска рунда за Лигата на шампионите, но на крајот славеше (2:1) во исцрпувачки натпревар во кој се играа дополнителни триесет минути. Македонскиот шампион на првиот натпревар избори реми без голови и мораше да оди на победа за пласман во следното коло, а на денешниот натпревар успеа да поведе со голот на Тамба во 18. минута. Дваесет минути подоцна, ТНС искористи ...

Ливерпул засега одбива да го продаде Луис Диаз и покрај сериозниот интерес од клубови како Баерн Минхен и Барселона, а неговиот комплициран статус донесе и коментари од различни страни. Диаз е незадоволен од фактот што Ливерпул не му нуди нов договор со поголема плата, ниту пак му дозволува да замине во друг клуб. Еден од оние кои јавно го кажале своето мислење за ситуацијата на Диаз е неговиот сонародник, Фаустино Асприлја. Легендата на ...

Холандската легенда Весли Снајдер во својата кариера освои многу трофеи, вклучувајќи го и тој во Лигата на шампионите, а ќе се надева дека до такви успеси ќе стигне и неговиот син Џеси. 18-годишниот Џеси Снајдер денеска е претставен од Утрехт откако го потпишал првиот професионален договор со холандскиот прволигаш, кој исто така се надева дека наследникот на Весли ќе го потврди големиот талент и потенцијал. Џеси исто така е играч за врска како и ...

Кевин Де Брујне ќе биде големо засилување за италијанскиот шампион Наполи, во чии редови дојде како слободен агент и по завршувањето на договорот со Манчестер Сити. Белгиецот носи дополнителен ентузијазам кај фановите на клубот од Неапол, а денеска бил меѓу фудбалерите кои се појавиле на првата прозивка на подготовките за новата сезона. Де Брујне во друштво на играчи како Лукаку, Ангиса, Ди Лоренцо и други ги направил вообичаените медицински ...

Диего Симеоне наскоро ќе добие нов сонародник под свое водство, бидејќи Атлетико Мадрид ги финишира преговорите за актуелен репрезентативец на „гаучосите“. Се работи за Тиаго Алмада, актуелниот фудбалер на Лион кој одамна ја прифатил понудата на шпанскиот клуб и сега очекува договор меѓу двата клуба. Алмада е во сопственост на сестринскиот клуб на Лион, бразилски Ботафого, кој минатата сезона плати нешто помалку од 20 милиони евра за да го ...

Реал Мадрид и Џуд Белингам постигнаа важен договор уште пред Светското клупско првенство, а утре истиот ќе биде формализиран со отстранување на проблемот кој го измачуваше англискиот репрезентативец. Белингам одмара по крајот на Светското клупско првенство, но утре во Лондон ќе му биде направена операција на рамото, со што ќе ја стави крај на болката која му создаваше проблеми речиси две години. Реал Мадрид дал зелено светло за зафатот кој ќе ...

Премиер лигата ќе биде ново и најважно искуство досега за Ел Хаџи Малик Диуф, 20-годишен дефанзивец кој досега настапуваше за Славија Прага. Сенегалецот се сели во редовите на Вест Хем, кој прифатил да исплати 19 милиони фунти за да ги добие правата на талентираниот фудбалер, кој зад себе има одлична сезона во редовите на чешкиот прволигаш. Диуф и Славија стигнаа и до титулата во националниот шампионат, а Вест Хем очекува тој експресно да им се ...

Ливерпул и Њукасл се дел од интересен „трансфер триаголник“, во кој се инволвирани двајца квалитетни офанзивни фудбалери. Јавна тајна е дека англискиот шампион е голем фан на Александер Исак, а медиумите на островот тврдат дека Арне Слот и неговите соработници влегуваат во финална офанзива за да го добијат потписот на шведскиот репрезентативец од Њукасл. Подготвена е сума со која Ливерпул ќе го собори неодамна поставениот рекорд со трансферот на ...

Барселона и тренерот Ханси Флик веќе му посочија на голманот Марк Андре Тер Штеген дека нема да биде прва, а веројатно ни втора опција во новата сезона, но засега германскиот интернационалец инсистира да остане во редовите на шпанскиот шампион. Сега Тер Штеген доби порака и од својата земја, односно од легендарниот Лотар Матеус, кој вели дека го разбира својот сонародник, но тој мора да најде нов клуб ако сака да настапува на СП 2026. – Ако сака ...

Тео Ернандес го напушти Милан и отвори простор за нов лев бек во редовите на „росонерите“, а тие го гледаат неговиот наследник во редовите на Реал Мадрид. Местото на поранешниот играч на „кралскиот клуб“ може да го заземе Фран Гарсија, фудбалер за кого Реал е расположен да слушне соодветни понуди и да преговара со заинтересираните клубови. Дел од италијанските медиуми тврдат дека Милан веќе има остварено контакт со шпанскиот клуб на оваа тема, а ...

Женската ракометна репрезентација за играчи до 19 години забележа нов пораз на Европското првенство, овојпат од репрезентацијата на Исланд (48:26). Нашите младинки не можеа да му се спротивстават на фаворизираниот противник на турнирот во Црна Гора, посебно по лошото прво полувреме кое го загубија со 21:7. Тодоровска со 6 и Кралева со 4 голови беа најефикасни во нашата репрезентација, додека на спротивната страна доминираше Порхалсдотир со дури ...

Новиот генерален менаџер на Јувентус, Демиен Комоли, денеска го претстави својот нов соработник, односно новиот технички директор Франсоа Модесто. Французинот е поранешен фудбалер кој ја започна и заврши кариерата во матичниот клуб Бастија, во Италија долго го носеше дресот на Калјари, а имаше успешни етапи и во Олимпијакос и Монако. Потоа Модесто се префрлува во светот на скаутите, односно има успешни периоди во менаџментите на Олимпијакос и ...

Раководството на Ливерпул не сака да се откаже од Луис Диаз, барем не според условите кои очекува да бидат исполнети од заинтересираните клубови, па денеска одбило сериозна понуда од Баерн Минхен. Германскиот шампион инсистира токму Колумбиецот да биде потребното засилување на позицијата крилен напаѓач и не штеди пари за неговото ангажирање, но ќе треба да ја подобри понудата. Баерн денеска понудил околу 68 милиони евра за Диаз, но Ливерпул ...

Манчестер Сити го продолжил спонзорскиот договор со компанијата „Пума“, а за соработката ќе добие рекордна сума во Премиер лигата, а се чини и пошироко. Според англиските медиуми, премиерлигашот потпишал нов десетгодишен договор со производителот на спортска опрема, а сумата која ја ќе ја добие за соработката изнесува најмалку 1 милијарда фунти. Соработката на Сити и „Пума“ започна во 2019 година за годишна сума од 65 милиони фунти, но сега е ...

Алваро Карерас мораше да мине тежок и трнлив пат за да стигне до првиот тим на Реал Мадрид, а тоа го прави како елитен и докажан дефанзивец кој почетниот дел од професионалната кариера го изгради далеку од „Сантијаго Бернабеу“. Некогашниот младинец на Реал се пресели во Манчестер Јунајтед и имаше две тешки позајмици во Престон и Гранада, но во изминатите 18 месеци целосно се наметна во Бенфика и се претвори во еден од најнадежните дефанзивци во ...

Аталанта за ова попладне го имаше закажано првиот собир во пресрет на летните подготовки за новата натпреварувачка сезона, па во ситуација кога сите повикани фудбалери се појавија на закажаната средба, клубот мораше да даде известување за едно важно отсуство. Иван Јуриќ го замени ЏанПјеро Гасперини и се врати во Италија по катастрофалната етапа во Премиер лигата, но Хрватот ќе мора да почека за подобро да се запознае со играчите со кои ќе ...

Ова попладне беше раздвижено во Европската ракометна Федерација поради извлекувањата за квалификациите за ЕХФ Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп, а оваа година Македонија има најмногу претставници во третото по ранг европско натпреваруње. Бутел го почнува летото уште од првата квалификациска рунда и најрано ќе почне во Европа, а на денешната ждрепка имаше среќа бидејќи доби ривал од Луксембург. Скопскиот тим ќе одигра двомеч против Дуделанж и ...

Франсиско Консеисао остави навистина позитивен впечаток во првиот дел од сезоната и веќе во ноември се пишуваше дека Јувентус ќе ја активира откупната клаузула, но како што одминуваше времето, ваквите информации почнаа да се оладуваат и да дојдат до степен кога крилото повторно е сопственост на Порто. Јувентус не ја активираше опцијата за откуп до крајот на месец јуни, но „бјанконерите“ не се откажаа целосно од крилниот напаѓач, за кој сега се ...

Џордан Хендерсон пред две години неочекувано си замина од ПРемиер лигата и замина во Саудиска Арабија, но сега на исто така доста неочекувано се враќа во англиската елита, и тоа да игра за клуб кој има поинакви амбиции од оние на коие навикна во Ливерпул. Поранешниот капитен на Јирген Клоп доби договор за двегодишна соработка со Брентфорд, клуб кој реши да го ангажираше искусниот играч за врска како директна замена за Кристијан Норгард кој се ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1023
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
2.06
41%
1024
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
2.06
42%
1021
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
34%
1025
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
30%
1024
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.54
62%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
8.23
39%
1020
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
31%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
39%
1024
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
42%
1024
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
7.72
38%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941