Нејмар и натаму не е во конкуренција за настап за бразилската репрезентација, а федерацијата денеска потврдила дека тој воопшто нема ни да патува со колегите за дуелот од второто коло. Бразилците ќе бидат големи фаворити на дуелот со Хаити, но и под притисок откако освоија само бод со Мароко и мора да одат на победа против аутсајдерот. Селекторот Карло Анчелоти ќе се надева дека ќе може да смета на џокерот Нејмар во нокаут фазата, а тоа ...

Нејмар конечно е подготвен да игра за Бразил на Светското првенство оваа година. Првата ѕвезда на тимот ќе биде подготвена за натпреварот против Шкотска во третото коло од групната фаза, откако се опорави од повредата што го мачи со недели. „Нејмар ќе тренира сам во сабота. Во недела ќе го започне процесот на работа со тимот и ќе биде во комбинација за натпреварот против Шкотска “, рече селекторот на Бразил, Карло Анчелоти. Ова е добра вест ...

Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва го исмеа Нејмар, кој пристигна на Светското првенство повреден и ги пропушти првите два натпревари на петкратниот шампион. „Нејмар е првиот играч во светот кој е повикан во репрезентацијата да работи од дома. Тој работи од дома“, рече Лула и продолжи со шегата: „Изгледа дека еден ден ќе мора да ја составиме репрезентацијата користејќи вештачка интелигенција – тогаш ќе имаме 11-мина Пелеа“. Ова ...