Дејмиан Лилард е последната голема НБА ѕвезда која одлучи да се врати во јатото кое го одведе до најголемите височини во американската кошарка, па по низата шпекулации кои се појавија во изминатите неколку дена, сега самиот потврди дека е официјализиран кам-бекот во Портланд. Фантатичниот плејмејкер пред две години со тешко срце го напушти Портланд во потрага по шампионски прстен, но откако не се снајде баш најдобро во Милвоки, реши да се врати ...

Македонската спортска делегација ќе брои вкупно 203 члена, од кои 181 спортист на претстојниот Европски младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје, Куманово и Осиек. Нашите претставници ќе се натпреваруваат во сите 15 спортови што се дел од програмата, што претставува историски момент за македонскиот спорт. На денешната прес-конференција, на која официјално беше промовиран македонскиот ...

Сам Беукема ова утро пристигна на лекарски прегледи во Наполи пред да стави параф на договорот, па иако се очекуваше тој да биде четврто летно засилување, всушност досегашниот стопер на Болоња ќе биде петто освежување за тимот на Антонио Конте. Пред да дојде до промоција на докажаниот дефанзивец, Наполи соопшти дека четврто засилување всушност е Лоренцо Лука, млад и надежен напаѓач кој доаѓа од редовите на Удинезе. Првично, аквизицијата е ...

Марко Милошевиќ вечно ќе го памети реванш дуелот со АЕК Ларнака во квалификациите за Лигата на Европа, бидејќи голманот на Партизан најпрво спречи елиминација на неговиот тим во регуларниот дел, пред да се претвори во трагичар во дополнителните 30 минути игра. Партизан ја анулираше негативата од Кипар со голот на Угрешиќ и го израмни двомечот (1:1), но потоа во 95-та минута гостите добија пенал со кој може да си го осигураат пласманот во ...

Манчестер Јунајтед до оваа фаза на летниот преоден рок ги потврди Матеус Куња и Диего Леон како единствени летни засилувања, но како што јавуваат медиумите од Островот, набрзо ќе биде потврден и третиот фудбалер. Рубен Аморим му даде приоритет на нападот и побара од управата да располага со сосема поинаков тип на фудбалери во офанзивата во новата сезона, па така по Куња кој пристигна од Вулверхемптон, Јунајтед договори уште еден докажан голгетер ...

На два дена пред отворањето на Европскиот младински фестивал, денеска водечките луѓе на настанот одржаа прес-конференција и ја открија точна бројка на македонски спортисти кои ќе ги гледаме на најголемиот спортски настан во нашата земја, манифестација која е историска поради неколку причини. Македонија за првпат огранизира еден ваков масовен собир и за првпат во историјата на ЕМОФ ќе има 15 спортови во едно издание, а нашата делегација како ...

Ерик Тен Хаг после осум месеци ја заборави етапата во Манчестер Јунајтед и си пронајде нов амбициозен ангажман, бидејќи уште во месец јуни беше претставен како нов тренер на германскиот вицешампион Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ го ангажираа холандскиот стручњак и му ветија сериозен проект и покрај заминувањата на Флоријан Вирц и Џереми Фримпонг, а доказ за тоа се осумте доведени фудбалери во краток временски интервал. Најзвучни засилувања ...

Македонија Ѓорче Петров ќе има за цел да обезбеди прволигашки статус во сезоната во која се враќа во елитата, а доказ за тоа е активноста на „лавовите“ на трансфер пазарот. Директорот Александар Бајевски ова утро го претстави и шестото летно засилување за тимот на Бобан Грнчаров, и тоа во името на босански голгетер со големо искуство. Мирсад Рамиќ пристигнува во Ѓорче Петров како важно засилување за нападот на Македонија, што за него интересно е ...

Јувентус влезе во фаза од летото кога мора да биде подиректен и поефективен за да ги добие посакуваните засилувања, а иако се чини дека е во завршна фаза од преговорите за Џејдон Санчо, последните информации се дека клубот од Торино во меѓувреме се распрашува и за трет фудбалер на Манчестер Јунајтед. Англискиот великан стави пет фудбалери на трансфер листата и меѓу нив се Санчо и Рашфорд со кои Јувентус оствари контакти, но најновата вест од ...

Македонија има еден сигурен претставник во ЕХФ Европската лига во името на РК Вардар, а желбата на цела јавност е да добиеме и втор во Алкалоид. Победникот од ЕХФ Купот доби тежок ривал за баражот при извлекувањето кое се одржа пред три дена, но денеска имаше нова ждрепка во седиштето на Европската Федерација и беше составен изгледот на групите. Вардар се падна во групата Ф како тим од вториот шешир и ќе игра против Кристијанштад од Шведска и ...

Лука Јовиќ не успеа да се избори за останување во Милан и покрај тоа што имаше добра втора полусезона под водство на Сержо Консеиосао, од едноставна причина што новиот тренер Масимилијано Алегри процени дека не му е потребен напаѓач со такви карактеристики. Некогашната ѕвезда на Реал Мадрид за која Флорентино Перез плати 60 милиони евра сега си бара клуб како слободен агент, но во период кога му се отвораат неколку прилики, угледната „Марка“ ...

Жозе Мурињо ја подготвува втората сезона како тренер на Фенербахче и ги стартуваше подготовките со своите фудбалери, кои вчера успеаја да остварат победа на првиот тест против Портимоненсе. Турскиот великан славеше со 1:2 на гостувањето во Португалија, а истото беше исклучително интересно за домашните новинари, пред се поради славниот сонародник. Мурињо се врати во Португалија како противнички тренер на странска екипа, па претставниците на ...

Епитетот италијански шамион е многу потешко да се одбрани, отколку да се стекне, а свесни за тоа се Аурелио Де Лаурентис и Антонио Конте, кои по крајот на сезоната си подадоа рака и се договорија за продолжување на соработката, но само во услови ако тимот биде конкуренте на повеќе фронта. Конте доби гаранција за неколку важни засилувања и Де Лаурентис почна да го остварува тоа уште во месец јуни, но откако пред неколку дена најави дека следи ...

Во магичниот амбиент на црквата „Св. Софија“ во Охрид, на 16 јули се одржа уште една незаборавна австриска вечер – дел од престижната програма на фестивалот „Охридско лето“. Касинос Австрија Интернешанал Македонија како ексклузивен спонзор, обезбеди поддршка за реализацијата на оваа вечер – симбол на културен дијалог, почит и уметност. Музиката не познава граници – таа ги поврзува луѓето, народите и срцата. Гудачкиот квинтет на Тиролскиот ...

Британскиот таблоид „Сан“ објави изјава со познатиот медиумски лик Џереми Кларксон, кој откри дека бил во блиска комуникација со Кристијан Хорнер за време на трката во Силверстоун. Познатиот водител на повеќе автомобилски шоу програми во минатото имаше успешни прогнози во врска со некои големи трансфери, меѓу кои и тоа дека Адријан Њуи ќе премине во Астон Мартин, а не во Ферари. Овој пат, тој укажува дека веста за смената на Кристијан Хорнер од ...

Вардар го остава зад себе двомечот со Ла Фиорита и полека се насочува кон второто квалификациско коло во Конференциската лига, рунда во која македонскиот освојувач на Купот ќе има далеку посериозна задача. Избраниците на Гоце Седлоски ќе одиграат два меча против швајцарска Лозана и ќе бидат тестирани од поквалитетен ривал, но тоа е само дополнителен потстрек за играчите да се прикажат во вистинско светло, нешто што го нагласи и самиот Азер ...

Кристијано Роналдо често ги менува прославите и знае да предизвика планетарна популарност со истите, но онаа последната со потсконување и извикување „Сиууу“ веќе неколку години се провлекува на фудбалските терени. Португалската ѕвезда направи неговата прослава да биде легендарна и да биде имитирана од голем број фудбалски асови, меѓутоа сега добивме прв доказ дека истата знае да стане и опасна. Натпреварот од Копа Паулиста во Бразил меѓу Монте ...

Арина Сабаленка доживеа ново разочарување на грен слем турнирите оваа сезона, но тоа не ја онерасположи најдобрата светска тенисерка од намерата да промовира еден нов и интересен концепт, според кој на фановите им доловува како изгледаат најголемите дуели од една поинаква перспектива. Белорусинката ги отвори вратите од својот привремен дом во Лондон и откри каде била сместена за време на Вимблдон, па при снимањето на интересниот влог, ја ...

ИВан Ракитиќ официјално замина во играчка пензија на 7-ми јули, а десетина дена подоцна, Хајдук излезе со официјално соопштение дека легендарниот играч за врска останува дел од проектот на клубот од Сплит. Ракитиќ пред една година за првпат заигра во Хрватска и тоа го правеше бранејќи ги боите на фудбалската гордост од Сплит, но по одличната конекција која ја воспостави, сега првиот фудбалски ангажман по крајот на кариерата исто така ќе го има ...

Наполи влезе во посериозни трансфер активности и почна да му ги исполнува желбите на Антонио Конте, но пред да се продолжи со инвестирањето во нови фудбалери, актуелниот италијански шампион е цврсто решен да заврши едни преговори кои се провлекуваат речиси два месеци. Клубот од Неапол одамна се откажа од Виктор Осимен, но до ден денеска тој се уште е под договор со Наполи, нешто што Де Лаурентис и неговите соработници сакаат да биде завршено на ...

Минатиот викенд, 12 и 13 јули 2025 година, македонскиот бисер Охрид беше домаќин на четвртиот собир на дел од сегашните и поранешните уредници на „Барса Балкан“ и пријателите на оваа најголема навивачка заедница на странски клуб во поранешна Југославија и цела Југоисточна Европа. Основан со мисија да ги собере сите навивачи и симпатизери на ФК Барселона од Балканот под еден покрив, „Барса Балкан“ е омилено катче на интернет за голем број домашни ...

Флоријан Вирц посети неколку тренинг кампови пред да донесе одлука за својата иднина, па иако во прв момент најмалку шанса му се даваше на Ливерпул, на крајот токму клубот од „Енфилд Роуд“ го обезбеди неговиот потпис. Англискиот првак издвои 116 милиони фунти за германскиот репрезентативец и го доби најдобриот играч на Баер Леверкузен, но што е уште поинтересно, доби битка која изгледаше однапред загубено со Баерн Минхен. Германските медиуми со ...

Лука Модриќ во месец април стана косопственик на англискиот второлигаш Свонси и си обезбеди инвестиција која ќе ја разработува по крајот на играчката кариера, но во меѓувреме, клубот од Велс очигледно стана до толку поплуларен, што дел од сопственичката структура стана и Снуп Дог. Светски познатата рап-ѕвезда е последниот инвеститор во клубот кој ќе има за цел што побрзо да се врати во Премиер лигата, а овој потег и не е преголемо изненадување ...

Един Џеко веќе ја тера 40. година од својот живот, меѓутоа тој се уште не размислува за пензија и потврда за тоа е трансферот кој неодамна го реализира или поточно преселбата во калчолигашот Фиорентина. Во претходните две години беше дел од Фенербахче и откако стана јасна таа приказна е завршена, искусниот напаѓач доби шанса да се врати на Апенините, понуда која ја прифати и сега има намера да им покажа на сите дека годините се само бројка. ...

Селекторот Јошко Миленкоски ја собра репрезентацијата во Маврово каде ќе бидат одработени дел од подготовките за квалификациските пресметки со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство. Стратегот се потпира на веќе проверени сили, истите оние кои беа дел од Европската Златна лига минатиот месец, за кои верува дека се вистинските и за да се оствари ново учество на еден континентален собир, четврти за Македонија во низа. -Одморот беше ...

Ламин Јамал уште како тинејџер почна да прави разлика во Барселона и потоа во шпанската репрезентација и денеска постојано се следи секој негов чекор, потег од страна на јавноста. Тој пред неколку дена стана полнолетен и се најде во фокусот на вниманието поради роденденската забава и луѓето кои биле присутни на истата. Претходно се зборуваше за неговите активности за време на летниот одмор, дружбата со повозрасни женски особи…односно како дел од ...

Фудбалерите на Вардар не успеаа да остварат втора победа над Ла Фиорита, но и ремито од 2-2 е доволно за македонскиот претставник да се пласира во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. „Црвено-црните“ беа на чекор од втора победа, меѓутоа во 93 минута Јанкулов си постигна комичен автогол откако не се разбра со голманот Талески. Претставникот на Сан Марино го отвори мечот со голот од пенал во 10 минута преку Фелипе. ...

Македонските прволигаши продолжуваат со активностите на трансфер пазарот, а нови имиња во своите редови промовираа две екипи Македонија Ѓорче Петров и Шкупи. Повратникот во елитната домашна конкуренција Македонија Ѓорче Петров е посилен за искусниот напаѓач од Босна и Херцеговина, Мирсад Рамиќ. Тој ни досегашната кариера има настапувано само во неговата земја, а меѓу клубовите кои играл е и Железничар. Рамиќ во таборот на „лавовите“ доаѓа од ...

Составот на Силекс успеа да избори победа над Дечиќ, меѓутоа резултатот од 2-1 не беше доволен да се помина оваа прва квалификациска рунда во Конференциската лига на УЕФА. Силекс го совлада Дечиќ, ама остана без „билет“ за соочувањето со Рапид Поразот од 2-0 на првото соочување во Црна Гора се покажа како пресуден во оваа битка во која Силекс немаше среќа во некои ситуации, ја погодуваше рамката од голот на противникот во двата меча, меѓутоа ...

Работнички и Силекс ги завршија настапите во Конференциската лига на УЕФА, натпреаврување во кое имавме и еден необичен меч кој ќе се памети и ќе се зборува уште долго. Тоа е соочувањето меѓу ХЈК и Рунавик, натпревар во кој клубот од Фарски Острови влезе со предност од четири гола остварена на првото соочување. Меѓутоа фудбалот знае да донесе чуда и токму тоа се случи вечерва во Хелсинки. Гостите уште во раната фаза останаа со играч помалку по ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
32%
1023
weather icon

Белград

30ᴼ / 28ᴼ
2.68
41%
1023
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
1.03
42%
1022
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
3.09
35%
1024
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.54
29%
1024
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
1.54
61%
1022
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
9.39
39%
1021
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.12
31%
1021
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
29%
1022
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
40%
1025
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
2.57
43%
1023
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
36%
1023
Currency

61.53

Currency

52.3207

Currency

70.6068

Currency

34.5173

Currency

37.9773

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941