
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Македонскиот прволигаш Силекс го совлада Дечиќ со 2-1, меѓутоа оваа победа не беше доволно за да се обезбеди пласман во второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА. Избраниците на Васоски со пресврт се изборија за славје на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, меѓутоа резултатот од првиот меч и поразот од 2-0 му обозможува на клубот од Црна Гора да оди на мегдан со Рапид Виена. Стриковиќ уште во 3. минута од средбата ...
Италијанската фудбалска легенда, Кристијан Виери има интересна прогоноза за тоа кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата во натпреварувачката 2025/2026. Популарниот Бобо кој своевремено беше еден од најдобрите италијански напаѓачо смета дека тоа нема да биде ниту Ливерпул, ниту Арсенал, ниту пак Манчестер Сити, односно му дава предност на составот кој неодамна стана светски клупски шампион-Челси. -Тој (Мареска) работеше со Гвардиола со години ...
Борац Бања Лука беше едно од најголемите изненадувања минатата сезона во Конференциската лига на УЕФА, но оваа кампања доживеа елиминација уште на самиот старт и тоа од Санта Колома од Андора. Претставникот на Босна и Херцеговина славеше на денешниот реванш со 2-0, меѓутоа поразот на првиот меч од 4-1 беше пресуден за тоа да се заврши настапот во Европа. Македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски доби шанса од првата минута и ја сочува ...
Италијанскиот шампион Наполи комплетираше уште една операција на трансфер пазарот со која обезбеди засилување од Холандија. Нов член на наполитанците е офанзивецот Ноа Ланг кој доаѓа од редовите на ПСВ Ајндховен. Тој е играч кој во младите категории играше за Феенорд, потоа настапуваше и за Ајакс за да сега го направи најголемиот чекор во кариерата и потпише за великанот од Италија. Се работи за петгодишен договор, Наполи за него ќе издвои 25 ...
Екипата на Работнички со нов пораз од Торпедо Белаз го заврши настапот во Европа или поточно во квалификациите за Конференциската лига во УЕФА. Пред седум дена претставникот на Белорусија славеше со 3-0 на средбата која се одигра во Унгарија, додека пак вечерва на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје триумфираше со 1-0. Торпедо имаше се под контрола и одигра колку што му беше потребно да го заокружи овој двомеч со „романтичарите“. ...
Машката одбојкарска репрезентација попладнево во Маврово ги започна подготовките за квалификациските дуели со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство. Дел од репрезентацијата е средниот блокер Филип Маџунков кој го надмина проблемот со коленото и сега сака да помогне да ја оствариме целта, пласман на уште едно големо натпреварување. -Се чувствувам одлично, по поголема пауза, ако ја сметам и првата операција. Се мина во најдобар ред, ...
Атлетико Мадрид продолжува да прави промени во составот и да носи играчи за кои верува дека ќе го кренат квалитетот на екипата во обидот да се дојде до што подобри резултати во сезоната 2025/2026, но и во иднина. Шпанскиот прволигаш официјално го комплетираше четвртото засилување ова лето по ангажманите на Матео Руџери од Аталанта, Алекс Баена од Вилјареал и Џони Кардозо од Бетис, а тоа е аргентинскиот интернационалец Тиаго Алмада. Алмада има 24 ...
Женската ракометна репрезентација до 19 години претрпе пораз од Швајцарија до 33:23 во борбата за пласман од 17. до 24. место на Европското првенство што се игра во Црна Гора. Нашите млади ракометарки одиграа уште еден натпревар што нема да се памети, лошо прво полувреме во кое противникот успеа да создаде предност од дури седум разлика (17:10) и втор дел во кој го поправивме впечатокот, бевме порамноправни, но Швајцарките и тука беа подобри со ...
Македонската кошаркарска репрезентација во доста изменет состав ќе настапи во претквалификациска фаза за пласман на Мундобаскетот во 2027 година. Доста важни играчи нема да му бидат на располагање на селекторот Марјан Илиевски, па некои други момци ќе треба да ја преземат одговорноста и да се погрижат да се претставиме во што подобро светло против Романија и Унгарија. -Скоро сите меѓу нас, се познаваме доста добро, долги години сме заедно. И ...
Џамал Мусиала е еден од играчите кој има квалитет, знаење, потенција да ја одбележи фудбалската сцена во наредниве 10-15 години. Тој уште како тинејџер се проби во првиот тим на Баерн Минхен, а брзо потоа доби и шанса во сениорската германска репрезентација. Мусиала денеска е меѓу клучните асови во Баерн и националниот тим и сигурно доста ќе недостасува во наредниов период со оглед на тоа што заработи потешка повреда која ќе го оддалечи од ...
Машката сениорска репрезентација денеска на пладне во Маврово ги стартуваше подготовките за последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци за оваа акција, каде Македонија „брка“ учество на четвртиот континентален собир во низа. Реванш дуелите со Грција и Грузија во средината на следниот месец ќе дадат одговор на прашањето дали нашите одбојкари одново ќе ги гледаме ...
Машката сениорска репрезентација на Македонија од денеска е во Гевгелија каде ќе ги продолжи подготовките за настапите во претквалификациите за Светското првенство кое е на програмата 2027 година во Катар. Непосредно пред заминувањето за југот на нашата земја, селекторот на сениорите, Марјан Илиевски се соочи со персонален проблем. Имено, на последниот тренинг одработен во СРЦ „Кале “ во Скопје, Марин Петков се пожали на стомачни болки, поради ...
Шкендија во вторникот успеа да обезбеди пласман во втората квалификациска рунда во Лигата на шампионите, а по овој резултат македонскиот првак се одлучи да ги засили своите редови со едно добро познато име-Арбин Зејнулаи. Тој потекнува од школата на „црвено-црните“, клуб за кој потоа настапуваше за сениорскиот состав до 2021 година по што дојдоа ангажманите во Локомотива Загреб, Работнички и Егнатија за да сега официјално направи кам-бек во ...
Вчера на социјалните мрежи осамна обраќањето на најмладиот македонски Интернационален мајстор, Емил Ристески, кој во текстот се осврна на одлуката да не се испрати репрезентација на претстојното Европско првенство во Грузија. Во Македонија само неколку шахисти во минатото се имаат стекнато со титулата велемајстор, а последниот ваков случај датира од 2011 година. Новата генерација на шахисти која се појави во последните десет години, предводена ...
Нападот на Ливерпул во новата сезона веројатно ќе биде посилен за Иго Екитике, фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт кој е блиску до трансфер во редовите на англискиот шампион. Претходниот период беше јасно дека за Екитике се интересира и Њукасл, но германските медиуми сега велат дека Ливерпул има голема предност, додека Њукасл се повлекол поради одлуката да го задржи Александер Исак. Самиот Французин сака трансфер во Ливерпул, па секако и тоа е голема ...
Унгарскиот ракометен Веспрем се подготвува за новата сезона со слични амбиции, а денеска потврди четири нови имиња кои ќе му бидат на располагање во новата сезона, односно од 2026 година. Веспрем доведе нов скандинавски голмански тандем, односно Емил Нилсен и Микаел Апелгрен, но за разлика од поискусниот Апелгрен, Нилсен ќе пристигне во унгарскиот тим следната сезона. Хрватскиот репрезентативец Иван Мартиновиќ доаѓа како големо засилување на ...
Трансфер стратегијата на РБ Лајпциг традиционално е поврзана со ангажирање талентирани фудбалери, од кои најголем дел подоцна заминуваат во други клубови по многу повисоки цени. Бундеслигашот работи во тој стил и летово, па во рок од 24 часа потврди и трето засилување и уште еден фудбалски бисер, кој ќе треба да го потврди својот потенцијал во Германија. Јоан Бакајако од ПСВ Ајндховен е третото и засега последно ново име, а Белгиецот потпишал ...
Баерн Минхен ја заврши последната сезона со освојување на титулата, што беше и основна амбиција на клубот, но легендарниот Дитмар Хаман смета дека на клубот му недостасува влијанието на една влијателна легенда. Хаман смета дека Карл-Хајнц Румениге треба повторно да преземе оперативна функција, наместо да извршува само пасивна улога како член на надзорниот одбор, кој секако има свои важни ингеренции. – Мислам дека Румениге е премногу оддалечен од ...
Амбициозниот план за скапи засилувања на Арсенал не е поврзан само со машката секција на клубот, туку лондонскиот великан има големи амбиции и на женската фудбалска сцена. Женскиот клуб во новата сезона ќе смета на големата канадска ѕвезда, Оливија Смит, а за трансферот од англискиот ривал Ливерпул ќе биде платена рекордна трансфер сума. Англиските медиуми тврдат дека трансферот на Смит ќе биде тежок најмалку 1 милион фунти, што е нов глобален ...
Големите италијански ривали, Интер и Јувентус може да почнат преговори за размена на фудбалери кои имаат несигурна иднина во двата клуба. Интер и Јувентус влегуваат во сезона со нови (Киву) и речиси нови (Тудор) тренери, па тие заедно со раководствата носат одлуки за фудбалерите кои не се неопходни и можат да ја променат средината ова лето. Во Интер таков статус има Давиде Фратези, кој очекува поголема минутажа од досегашната, а Јувентус сака да ...
Раководството на ПСЖ плати 65 милиони евра за Гонсало Рамош пред две години, но напаѓачот може да го промени клубот уште ова лето. Причина е тоа што португалскиот репрезентативец не е во прв план кај Луис Енрике и најчесто може да се надева на придонес од клупата за резерви, па ако сака поголема минутажа, ќе мора да ја бара во друг дрес. „Лекип“ тврди дека ПСЖ не инсистира на продажба, но е отворен за предлози и може да даде зелено светло за ...
Актуелното раководство на Реал Мадрид може да биде задоволно од трансфер стратегијата и изборот на фудбалери последните години, но Давид Алаба е еден од ретките фудбалери кои немаа можност да го испорачаат она што го најавуваа во претходните клубови. Австрискиот репрезентативец имаше сериозни проблеми со повреди и немаше простор да го докаже квалитетот во Реал на подолг рок, па „АС“ тврди дека шпанскиот клуб бара начин да се раздели со ...
Раководството на Арсенал продолжува со својата летна трансфер офанзива и преговори на неколку фронтови, а германските медиуми тврдат дека пред неколку недели премиерлигашот имал кратки и неуспешни преговори со Баерн Минхен. Причината се вика Жоао Палиња, односно желбата на „топчиите“ да го добијат играчот за врска за новата сезона, но германскиот шампион не дал зелено светло за трансферот во периодот кога екипата се подготвувала за настап на ...
Сантош оствари важна победа над Фламенго, а херој на домашните фанови беше Нејмар, кој го постигна голот за триумф во завршницата на средбата. Големата бразилска ѕвезда конечно беше стартер за својот тим и постигна гол во 84. минута, со кој Сантош го победи лидерот на табелата и барем за момент се издвои од екипите во опасната зона. Натпреварот беше одбележан и со дебито во првиот тим на Робињо Жуниор, синот на поранешниот бразилски ...
Барселона вчера со посебно задоволство го промовираше новиот договор на Ламин Јамал, како и неговото преземање на дресот со број десет, потези кои треба да ја зацврстат врската меѓу шпанскиот шампион и големиот талент кој веќе успеа да стигне до ниво да биде кандидат за „Златната топка“. Јамал и претставниците на клубот не го криеја задоволството од вчерашната официјална потврда на веќе најавените активности, а фудбалерот открил дека целата ...
Европската фудбалска федерација донесе одлука за сериозни казни за клубот Арсенал Тиват и дел од неговите службени лица и фудбалери, а како причина за суспензиите е наведено местењето на натпревари на европската сцена. Арсенал Тиват нема да може да игра во Европа наредните десет години, а УЕФА побарала од ФИФА сите казни да бидат проширени на глобално ниво, што секако ќе влијае најмногу и врз индивидуалните суспензии на инволвираните членови на ...
Португалскиот репрезентативец Франсиско Консеисао и дефинитивно ќе остане во Јувентус, официјално откажувајќи се од својот процент од договорот кој го имаше со Порто. Консеисао самиот инсистирал да ја продолжи кариерата во екипата чиј дрес го носеше и минатата сезона, но имаше ултиматум од претседателот Андре Вилјаш-Боаш да се откаже од 20 проценти, односно околу 6 милиони евра, кои беа предвидени лично за него од следниот трансфер. Фудбалерот ...
Позитивната серија на Интер Мајами заврши утринава со убедливиот пораз од Синсинати, тим кој успеа да ги неутрализира нападите на гостите од Флорида, прекинувајќи ја и рекордната серија на Лионел Меси. Синсинати потврди дека сезонава има големи амбиции во МЛС, триумфирајќи со високи 3:0 во дуелот со составот предводен од Хавиер Маскерано, кој по натпревар признал дека неговиот тим бил надигран од мотивираните домаќини. Валенцуела со еден и ...
Завршниот епилог од финалето на Вимблдон се уште е топ тема во тениската спортска јавност и тоа е очекувано со оглед на престижот кој го има британскиот грен слем, а оваа година добивме и нов шампион, за првпат Италијанец. Јаник Синер го совлада бранител на титулата и со 3:1 во сетови го победи Карлос Алкарас, па иако со прикажаната игра максимално го заслужи тоа, една тениска легенда има критики за односот кој го прикажа неговиот ривал во ...
Ламин Јамал вчера го дочека денот кој со месеци се најавуваше во Каталонија и стави потпис на нов договор со Барселона, клуб кој му довери уште поголема обврска и одговорност со бројката која му ја додели. По заминувањето на Ансу Фати во Монако, „десетката“ која важи за легендарен број во Барселона остана слободна за актуелните играчи од првиот тим, а по договор со водечките луѓе на клубот, Ламин реши да ја промени досегашната 19-ка. ...