Барселона вечерва со бод против Реал Мадрид ќе ја завери титулата во шпанскиот фудбал, но јасно е дека тимот на Ханси Флик ќе брка победа, уште повеќе после веста која пристигна ова попладне. На неколку часа пред големата пресметка на „Камп Ноу“, пристигна лоша информација од семејството на германскиот стручњак, односно беше пријавено дека починал возрасниот татко на Ханси Флик. Трагичниот настан од Германија брзо се прошири во Шпанија, а ...

По вчерашниот брилијантен старт во кој доби седум позиции во првите две кривини, Хорхе Мартин изби на врвот и доминантно стигна до победа на спринтот, но денеска на главната трка одеше по потешкиот пат, но сепак стигна до максимални 37 бода во Франција. Шпанскиот мотоциклист кој имаше ужасна сезона поради тешка повреда полека се враќа во препознатлив ритам, а тоа го прикажа со страшните перформанси на патеката во Ле Ман во изминативе 24 часа. ...

Карлес Пујол е жива легенда на Барселона и како поранешен капитен на тимот остави голем белег на „Камп Ноу“, а како човек кој секогаш го сака најдоброто за тимот, свесен е дека ротацијата мора да биде подобра од година во година. Барселона е на добар пат да ја одбрани титулата во Ла Лига и се очекува тоа да го направи вечерва на „Ел Класико“, но клубот веќе почна и со планови за тоа кои позиции треба да се засилат во летниот преоден рок. ...

КАко што се ближи крајот на сезоната, Комо не игра течно и допадливо како што тоа беше случај во добар дел од сезоната, но тимот кој е вистинска сензација во Серија А, се уште пронаоѓа начин да слави и во такви услови. Тимот на Сеск Фабрегас се мачеше со отпишаната Верона и едвај стигна до победа, но за разлика од Јувентус, успеа да го пронајде патот до голот. Анастасиос Дувикас претвори во гол акција која не изгледаше воопшто опасна за ...

Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски од АК „Скопски маратон“ триумфираше со нов државен рекорд на 10 км на пат, постигнувајќи време од 29 минути и 34 секунди во машка конкуренција на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 ...

Селекторот Кирил Лазаров денеска очекиувано прозиваше на првиот собир кој го имаше нашата најсилна ракометна репрезентација во месец мај, се со јасна цел да се оствари уште една важна мисија, пласман на Светско првенство. Поради добриот настап на последниот голем турнир, Македонија ја прескокна првата бараж фаза и беше поставен како фаворит од првиот шешир, па нашиот репрезентативен тим за противник во финалниот бараж ја доби селекцијата на ...

Баерн Минхен вчера не успеа да издоминира на вообичаен начин на бундеслигашкиот натпревар со Волфзбург, но на крајот успеа да забележи минимална победа. И покрај позитивниот епилог, тренерот Венсан Компани морал јавно да опомене еден свој фудбалер, откако во коментарот по средбата тој испратил сериозни критики за начинот на кој Баерн се претставил против „волците“. Се работи за младата ѕвезда Том Бишоф, кој не штедел критики во интервјуто по ...

Манчестер Јунајтед одигра реми без голови на вчерашното гостување кај Сандерленд, а менаџерот Мајкл Карик по натпреварот истакнал дека ги прифаќа ремито и бодот како позитивно сценарио од овој премиерлигашки дуел, посебно што неговиот тим не примил погодок. Ваквиот став го испровоцирал Пол Мерсон, кој како стручен коментатор на „Скај Спортс“, имал многу поинакво мислење од она што го видел на соочувањето на „црвените ѓаволи“ и „црните мачки“. ...

Реал Мадрид денеска ќе се соочи со Барселона во ново издание на „Ел Класико“ дербито, а тренерот Алваро Арбелоа има проблеми и со повредите на важни играчи. Последен кој отпадна од комбинација за денешниот дуел е Килијан Мбапе, кој официјално не се најде во ростерот со кој Реал ќе гостува во каталонската престолнина. Французинот вчера не успеал да го комплетира тренингот со своите соиграчи, па останал во Мадрид каде ќе продолжи со ...

Иако на самиот старт не беше меѓу потенцијалните кандидати, во последно време името на Жозе Мурињо посебно доби на значење во Реал Мадрид, а добро информираните новинари и медиуми од шпанската престолнина сега објавуваат дека токму Португалецот се претвори во прв избор за наследник на Алваро Арбелоа. Поранешниот дефанзивец на Реал го наследи Чаби Алонсо и беше јасно дека ќе го води тимот само до крајот на сезоната, а во период кога настанаа ...

Ливерпул не успеа да го победи Челси на домашен терен, а навивачите не ја криеја фрустрацијата од актуелната сезона, исвиркувајќи го Арне Слот и неговите фудбалери по крајот на средбата. „Црвените“ беа далеку од позиција да ја одбранат титулата во Премиер лигата и покрај сериозните инвестиции во ростерот, но Слот е убеден дека доаѓаат подобри времиња за оваа генерација играчи. – Секако дека ќе ги вратиме фановите на наша страна, но тоа нема ...

Екипата на ПСЖ втора година по ред ќе игра во финалето на Лигата на шампионите, а раководството веќе размислува и за евентуалните засилувања во летниот преоден рок. Францускиот тим има квалитетен ростер, а тренерот Луис Енрике и минатото лето покажа дека не инсистира на скапи засилувања, туку стратешки ги пополни позициите за кои екипата имаше потреба да добие освежување. Претстојното лето, шпанскиот стручњак ќе очекува и ново име во нападот, ...

Стив Кер и раководството на Голден Стејт ги завршиле разговорите околу продолжувањето на соработката и искусниот стручњак ќе остане на клупата на „воините“ и наредните две сезони. Кер и претставници на франшизата имале повеќе состаноци, а преговорите не биле поврзани со финансиските услови, туку со проекциите за иднината на клубот, односно стратегијата и потезите кои ќе бидат влечени наредните години. Повод за размислување за евентуална ...

Интер стигна до убедлива победа на Лацио и уште еднаш сезонава ги израдува фановите, кои веќе ја прославуваат шампионската титула во Серија А. Тренерот Кристијан Киву по натпреварот бил прашан и за последната изјава на неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, кој истакна дека ниту еден фудбалер, па ни Лаутаро Мартинез, не би можел да игра во неговата генерација, која на Интер му донесе „триплета“ во 2010 година. Киву решил да одговори ...

Интер Мајами го победи Торонто на гостински терен со резултат 2:4, а Лионел Меси повторно беше клучен играч за тимот од Флорида. Аргентинецот постигна еден гол и испорача две асистенции, а со ваквиот ефект постави и нов рекорд во МЛС. Меси најбрзо стигна до 100 учества во гол, односно има 59 голови и 41 асистенција на 64 натпревари, со што го собори досегашниот рекорд на Себастијан Џовинко, кој имаше ваков ефект по 95 натпревари во ...

Јувентус вчера го победи Лече, но повторно го исфрустрира својот тренер Лучијано Спалети со минималната предноста која не беше зголемена и покрај големиот број шанси во текот на дуелот на „Виа дел Маре“. „Бјанконерите“ поведоа уште во првата минута, подоцна им беа поништени два гола со ВАР проверка, но не реализираа и многу други шанси, ризикувајќи да бидат казнети на другата страна од екипата која се бори за опстанок. Спалети не ја криел ...

Актуелниот НБА шампион, екипата на Оклахома Сити, стигна и до трета убедлива победа во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс и најави дека планира експресно да ја заврши серијата и во втората рунда на плејофот. Апсолутниот фаворит во ова соочување го обезбеди првиот брејк со резултат 108:131 и им најави на домашните фанови дека треба да бидат подготвени и за „метла“ во серијата и елиминација со најлошиот резултат. Лејкерс се држеа до полувреме, на ...

Остануваат уште пет натпревари од тековново 36. коло во англиската Премиер лига, а најзначајното соочување е она меѓу градските лондонски ривали Вест Хем и Арсенал. Тоа е меч закажан за денеска од 17:30 часот, меч во кој двете екипи си имаат свои пресметки, домаќините бараат позитивен резултат во борбата за опстаник, гостите пак триумф за огромен исчекор кон освојување на пехарот. „Скај Спортс“ преку нивниот типстер Џон Ноус даде прогноза со ...

Манчестер Сити ја оправда улогата на фаворит и издвојува победа над Брентфорд од 3-0 и ја намали предноста на Арсенал во трката за трофејот во Премиер лигата. „Топчиите“ сега имаат два бода повеќе од „граѓаните“, а утре ги очекува супер важен меч против градскиот ривал Вест Хем. Тоа е средба на која „чеканите“ се домаќини, тим кој дефинитивно ќе ја има поддршката од Пеп Гвардиола. Имено Шпанецот на специфичен начин ја заврши денешната ...

Битигхајм од вчера и официјално е нов член на првата германска лига, но иако целта е остварена тоа не значи дека екипата нема да ја заокружи тековнава кампања на перфектен начин. Имено лидерот оствари триумф на гостувањето кај Опенвајлер/Бакнанг со 32:27 и сега има десет победи на последните единаесет лигашки натпревари. Фаворитот беше подобар од домаќинот во двете полувремиња, во првото го надигра со 17:13, второто со минимални 15:14. Мартин ...

Јувентус најмалку до утре ќе биде третопласирана екипа во италијанската Серија А откако вечерва се избори за победа на гостувањето на „Виа Дел Маре“ кај Лече. Поранешниот шампион славеше со 1-0 со гол постигнат во првиот напад преку Влаховиќ. По центаршутот на Камбиасо, топката стигна до Влаховиќ кој ја затресе мрежата на домаќините по 10-11 секунди. Потоа не видовме ниту еден регуларен гол или поточно на „бјанконерите“ им беа поништени два ...

Тимот на Интер Мајами се мачи на домашен терен во досегашниот тек на оваа сезона во МЛС лигата, но затоа пак на страна резултатите се сосема противник и вечерва клубот од Флорида забележа нова победа. Актуелниот шампион славеше во Торонто со 4-2 и тоа во натпреварот во кој свое шоу имаше Лионел Меси. Капитенот блескаше на теренот, забележа асистенции при погодоците на Суарез и Регилон, а на крај и самиот се запиша во листата на стрелци. Со ...

Македонскиот интернационалец, Агон Елези постигна нов гол во шампионатот на Босна и Херцеговина и тоа во славјето на Сараево во Приједор. Гостите се изборија за славје од 4-2 иако по првото полувреме губеа со 1-0. Меѓутоа на стартот на вториот дел Елези погоди со глава по што се беше многу полесно за фаворитот. До крајот Сараево реализираше уште трипати пред домаќините преку Мохадено да го постават конечниот резултат. Агон го одигра целиот ...

Најдобриот светски рекет, Јаник Синер тргна со победа на АТП Мастерсот во Рим каде целта му е титула и повторување на успехот на Новак Ѓоковиќ-Златен Мастерс. Синер немаше проблеми во соочувањето со Себастијан Офнер кого го совлада во два сета со 6-3 и 6-4. Соочувањето траеше 90 минути во кои направи по еден брејк во двата сета и дојде до резултатот што го посакуваше. Ова за него беше 29. триумф во низа на Мастерсите, се израмни со Рожер ...

Шпанија ќе има пет преставници во наредната сезона во Лигата на шампионите, а токму тоа петто место е достижно за екипата на Селта Виго по вечерашната победа над Атлетико Мадрид од 1-0. Сега клубот од Галиција има само три бода помалку од петтопласираниот Бетис кој во тековнава рунда му гостува на Реал Сосиедад. Селта беше во подредена позиција на соочувањето на „Метрополитано“, имаше помал посед на топка, упати само три шута низ целиот меч, ...

Баерн Минхен одамна ја реши шампионската трка во Бундеслигата, но мора да се одработи сезоната со самиот крај, па така вечерва беше запишан нов триумф и тоа на гостувањето кај Волфзбург од 1-0. Домаќините можеби и заслужија подобар резултат, меѓутоа фудбалот е игра во кој победува оној кој ги користи шансите, а Баерн беше оној кој реализираше преку Олисе што беше доволно да ги освои трите бода. Кејн во првиот дел не реализираше удар од 11 ...

Екипата на Манчестер Сити го остави зад себе киксот со Евертон (3-3) и забележа победа над Брентфорд од 3-0 во последниот натпревар од денешната програма од 36. коло во Премиер лигата. „Граѓаните“ и на овој меч создадоа шанси, ама одново имаа проблем со реализацијата со тоа што овојпат се поправија во вториот дел. Одново најдобар, најконкретен играч на „граѓаните“ беше Доку кој со убав гол го отвори резултатот во 60 минута. Потоа беше полесно ...

Ракометарите на Охрид изборија победа над Вардар 1961 во дерби натпреварот од осмото коло во Суперлигата. Ова за „црвено-црните“ беше трет тежок меч во четири дена и тоа си зема данок, па на крајот попушти во салата „Билјанини Извори“ и загуби со 26:24. „Црвено-црните“ го добија првиот дел со 14:12, но во вторите 30 минути ја немаа потребната свежина и дозволија „гладијаторите“ да направат пресврт и дојдат до триумф со кој се во позиција да ...

Сан Антонио Спарс и Њујорк Никс беа екипите кои забележаа победи на новите средби од плејофот во НБА лигата. Спарси го вратија брејкот и за првпат поведоа (2-1) во серијата против Минесота Тимбервулвс, додека Никси пак уште еднаш ја нокаутираа Филаделфија и сега водат со 3-0 против „76-ките“. Ги имаме најдобрите моменти од двете средби, најдобрите потези кои ги предводи асот на „волците“ Рендл со забивањето во лице на Вембањама. Сан Антонио ...

Составот на Интер оствари убедлива победа над Лацио од 3-0 во средбата од 36. коло во Серија А, меч кој беше еден вид на најава за финалето на Купот меѓу овие два ривали кое е закажано за 13. мај од 21 часот. Актуелниот лидер и воедно нов шампион уште во првиот дел се стекна со предност од 2-0 со головите на капитенот Мартинез и Сучиќ, а во вториот дел искусниот Мхитарјан го постави конечниот резултат. Исто така вреди да се забележи дека ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.7
29%
1019
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
49%
1019
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.27
41%
1019
weather icon

Софија

32ᴼ / 27ᴼ
4.8
34%
1021
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.18
36%
1021
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
55%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
8.94
36%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.83
33%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.14
30%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
39%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
2.68
31%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
8.39
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Кобалт

56.29

Сребро

1902.84

Злато

131072.82

Алуминиум

3.20

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Бакар

12.33

Паладиум

38195.09

Калај

50.56

Платина

51923.46

Родиум

249168.29

Цинк

0.00