Винисиус Жуниор ја носеше капитенската лента на Реал Мадрид на „Ел Класико“, дерби кое ќе остане запаметено по тоа што Барселона ја освои и ја потврди својата 29-та титула во домашното првенство во клупската историја. Каталонскиот великан го „сомле“ лутиот ривал и можеше да постигне далеку повеќе голови во мрежата на Тибо Куртоа, но ако Белгиецот беше расположен да одржи што е можно поприфатлив резултат за својот тим, капитенот Вини реши да ...

Столе Димитриевски испорача уште еден голмански мастерклас во шпанската Ла Лига, а истиот беше клучен за Валенсија да освои многу важни три бода во борбата за опстанок. „Лилјаците“ успеаја да го освојат „Сан Мамес“ и да запишат тесна победа од 0:1 во Билбао, но иако голот за триумф го постигна Умар Садик, играч на мечот беше македонскиот чувар на мрежата. Од четирите одбрани кои ги имаше, три беа од светска класа, а особено тоа беше случај во ...

Лионел Меси важи за еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, ас кој ги освои сите можни титули на клупско и репрезентативно ниво. Сега Лео настапува во МЛС за Интер Мајами и се уште прави разлика, а додека се чека неговата одлука за тоа дали ќе биде дел од аргентинската репрезентација на престојното Светско првенство во САД, Канада и Мексико тој издвои еден фудбалер за кого може да го наследи. Не се работи за Аргентинец, туку за ...

Манчестер Јунајтед ја оствари основата цел за оваа сезона, топ 4, топ 5 пласман во Премиер лигата кој носи место во Лигата на шампионите во натпреварувачката 2026/2027. Секако клуб како Јунајтед мора да има повисоки амбици, цели и останува да се види што ќе се случи наредната кампања, а во меѓувреме клубот ќе мора да реши некои прашања како менаџерската позиција, но во исто време ќе треба добро да го одработи и летниот преоден рок. „Црвените ...

Македонија сака да го продолжи настапот на големите ракометни натпреварувања, а за да се случи тоа ќе мора да ја добиеме Словачка во баражот за Светското првенство во 2027 година. Ќе играме дома и гости против Словаците, прво во Прешов на 14 мај, а потоа три дена подоцна ќе го пречекаме во СЦ „Јане Сандански“. Ние го имаме статусот на фаворити, меѓутоа македонските репрезентативци се свесни дека тоа ќе мора да го оправдаат на теренот, но и ...

Екипата на Крива Паланка e нов шампион на Македонија во женска сениорска кошаркарска конкуренција. Вечерва, во четвртиот натпревар од финалето на Плеј-офот, како гости славеа минимална победа против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3-1) ја затворија серијата која го даде новиот државен првак за натпреваруваќката сезона 2025/2026. По одличното отворање на гостинската екипа во овој натпревар во кое во првите десет минути се стекнаа со високо ...

Пари Сен Жермен е на добар пат да ја одбрани титулата во Франција откако вечерва забележа минимален триумф во соочувањето со Брест. Тимот што го предводи Луис Енрике славеше со 1-0 со погодокот на џокерот Дуе кој влезе во 53 минута, а во 82 ја смести топката во мрежата на гостите. „Светците“ сега имаат шест бода повеќе од второпласираниот Ланс и ако тука останат непоразени и математички ќе го потврда статусот на најдобар клуб во Лига 1. Merci ...

Македонскиот прволигаш ТФТ Скопје го заврши својат настап за оваа сезона АБА лигата и тоа без остварување на сонот, место во елитното јадранско друштво. ТФТ не успеа докрај да ја круниса оваа кампања преку АБА2 лигата каде падна на последниот чекор против Широки Бријег, но имаше уште една можност, бараж соочувањето со Борац Чачак. Меѓутоа српскиот тим е на друго ниво, многу подобар, поквалитетен и тоа се види на двете средби, првата во Чачак ...

Фудбалерите на Барселона издвојуваа победа над Реал Мадрид од 2-0 во второто сезонско Ел Класико во Примера, победа со која каталонците и официјално се старо-нови шпански шампиони. Избраниците на Ханси Флик ја имаа улогата на фаворити пред овој меч, а тоа го потврдија на теренот каде беа многу подобри од лутиот ривал. Барса уште по 18 минути игра водеше со 2-0 со головите на Рашфорд од слободен удар и на Торес по одличната асистенција на ...

Милан продолжува да губи бодови бодови и со тоа да си го загрозува пласманот во Лигата на шампионите за наредната сезона. „Црвено-црните“ оваа вечер загубија од Аталанта на „Сан Сиро“ со 3-2, пораз со кој Милан сега останува 67 бода, исто колку што има и Рома, а шестопласираниот Комо 65 што значи не очекуваат пеколни две завршни рунди. Аталната имаше предност од 3-0 по 52 минути игра со погодоците на Едерсон, Запакоста и Распадори. Домаќините ...

Македонската репрезентација ќе биде активна во наредниот период, односно ќе води битки со Словачка во баражот за пласман на Светското првенство. Термините за двомечот се 14 и 17 мај, поточно Прешов и Скопје, а нашата селекција има една и единствена цел, пласман на уште едно големо натпреварување. -Сакам да кажам дека голем дел од играчите се во добра форма, а најважно е дека сите сме здрави. Мора да сме максимално подготвени за двомечот со ...

Македонските репрезентативеци, Андреј Јакимовски и Ненад Димитријевиќ забележаа победи со своите Тренто и Баерн Минхен во последните натпревари од регуларниот дел во првенствата на Италија и Германија. Андреј и другарите мораа да го добијат Олимпија Милано ако сакаа пласман во плејофот и притоа да чекаат пораз на Варезе, сценарио кое се реализираше. Тренто го доби евролигашот со 84:74, додека Варезе немаше сили за изненадување и загуби на ...

Македонските фудбалери, Андреј Тодороски и Милан Ристовски потврдија дека се во одлична форма со нови квалитетни партии за ТСЦ Бачка Топола и Бохемијанс. Тодороски даде гол и забележа асистенција во убедливата победа над Јавор од 6-1 во српскиот шампионат. поточно во фазата каде екипите се борат за опстанок во елитата. Инаку офанзивецот на последните пет натпревари има учинок од 6 гола и 1 асистенција. Репрезентативецот Ристовски пак беше ...

Кошаркарите на Пелистер славеа над МЗТ Скопје со 81:76 во вториот натпревар од полуфиналето на плејофот во Суперлигата. „Зелено-белите“ го надиграа бранителот на титулата, го добија првиот дел со 46:33 и потоа во вторите 20 минути ги одбија сите напади на скопјани и дојдоа до израмнување на серијата, поточно се изборија за „мајсторка“ која ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“. Џенкинс со 31 поен беше прво име кај победникот, Дејвис додаде 15, ...

Тимот на Рома успеа да издвојува победа во трилер соочувањето со Парма кое се одигра на „Енио Тардини“. Мален донесе водство за гостите во првиот дел, меѓутоа потоа „волчицата“ дозволи противникот да направи пресврт со погодоци во 47 и 87 минута. Тука веќе изгледаше дека клубот од Рим е пред невозможна мисија да дојде до трите бода, меѓутоа фудбалот е чудесен спорт и тоа се потврди уште еднаш. Ренш во 94 израмни на 2-2, а врз истиот играч во ...

Барселона и Реал Мадрид вечерва ќе ги одмерат силите во второто сезонско Ел Класико во Примера, средба која од 21 часот е закажана на „Камп Ноу“. Двајцата тренери Ханси Флик и Алваро Арбелоа ги отворија картите и германскиот стратег направи неколку изненадувања. Во почетните единаесет нема место ниту за Кунде, ниту за Де Јонг, Левандовски, па и за Рони кој во изминатиов период го менуваше Јамал. На голот е Гарсија, во одбраната се Ерик ...

Составот на Арсенал направи нов исчекор, можеби и клучен на патот до освојување на пехарот во Премиер лигата откако вечерва на драматичен начин го преживеа и совлада градскиот ривал Вест Хем. „Топчиите“ не го искористија почетниот налет и не го отворија резултатот, па домаќините во финишот на првиот дел можеа да дојдат до гол, ама одличниот удар со глава на Кастелјанос го скроти голманот Раја. „Чеканите“ ја имаа најубавата можност во вториот ...

Кливленд Кавалирс и Оклахома Сити Тандер забележаа триумфи на плејоф натпреварите во НБА лигата. Кавси на тој начин намалија на 2-1 во соочувањето со Детроит Пистонс, додека Оклахома поведе со 3:0 против Лос Анџелес Лејкерс и е на чекор да подели уште една „метла“ во западната конференција. Од двете средби ги имаме потезите на денот, топ листа која ја предводи Донован Мичел со мајсторијата против Карис Лаверт. Кливленд Кавалирс и Оклахома ...

Македонскиот репрезентативец, Даниел Мусовски со својот прв сезонски гол го спаси Сиетл Саундерс од пораз во пресметката со Сан Диего во МЛС лигата. Мусовски доби шанса во второто полувреме кога домаќините бркаа негатива од 1-0, а неговото влегување се покажа како вистински потег затоа што во 80 се најде на вистинското место и стрелаше за конечни 1-1. Дени и компанија со 21 бод се на четвртото место во западната конференција. El gol del ...

Брегалница и Шкендија Арачиново одиграа без победник 1-1 во дерби натпреварот од 28. коло во Втората македонска лига. Борбено и тензично беше на соочувањето во Штип кое на крајот заврши со реми, резултат кој ја остава Брегалница и понатаму во пол позиција за првото место кое води во најсилната домашна фудбалска конкуренција. Гостите го добија првиот дел со погодокот на Шаркоски, во второто полувреме Капсаров стрелаше за Брегалница од пенал за ...

Столе Димитриевски беше главен виновник за четири бода кои ги освои Валенсија против Мајорка и Џирона, не можеше да направи ништо повеќе во поразот кој го претрпе Валенсија од Атлетико Мадрид пред една недела, но затоа денеска повторно направи главна разлика на едно од најжешките гостувања во Шпанија. Валенсија успеа да запише круцијални три бода во битката за опстанок откако го освои „Сан Мамес“ во Билбао, но тоа го направи воглавно поради ...

Манчестер Јунајтед не изгледаше течно и допадливо како на последните неколку натпревари во Премиер лигата, па може слободно да се каже дека треба да биде тимот кој е позадоволен од ремито на „Стадионот на светлината“. Сандерленд беше подобар тим и поконкретен во најголем дел од мечот, но на крајот натпреварот заврши со разочарувачки 0:0 и истиот послужи како потврда за фановите на Јунајтед дека еден играч не треба да биде дел од тимот ...

Работнички и Македонија Ѓорче Петров цела сезона беа во опасната зона и стравуваа од испаѓање од елитното друштво, па иако успеаја да ги поправат резултатите во вториот дел од сезоната, на крајот не успеаја да го избегнат неизбежното. Двата поранешни македонски шампиони испаднаа од елитното друштво на две кола пред крајот, откако со денешните резултати останаа без математички шанси да се борат за бараж, или опстанок. Работнички одигра 2:2 ...

Кремонезе победи на натпревар на кој едноставно мораше да освои три бода, па со триумфот кој го запиша против Пиза, тимот од Кремона остана во игра за опстанок во Серија А. Дуелот со Пиза беше означен со црвено од играчите на Кремонезе, а во такви услови, во вистински час на теренот се појави Џејми Варди. Легендарниот напаѓач кој пропушти неколку натпревари поради повреда, немаше гол во италијанската елита од 8-ми јануари, но денеска стави ...

Новак Ѓоковиќ зборуваше за нова реалност кога минатата сезона загуби во полуфиналињата и финалињата на сите четири грен слем турнири, односно заклучи дека му недостасува „гориво“ кога ќе дојде во ситуација да игра со двајцата најдобри тенисери во моментов во завршницата. Големиот грен слем рекордер посакува да стигне до 25-та титула на турнирите од големата четворка и нема да се откаже од такво нешто се додека е дел од професионалниот тенис, ...

На две рунди пред крајот, Комо во најмала рака успеа да осигура место во Конференциската лига на УЕФА, а тоа е историски успех за малиот клуб од Италија, кој на овој начин осигура првпат во историјата да биде дел од едно европско натпреварување. Победата во Верона со резултат 0:1 го однесе Комо на плус десет од Аталанта, па без разлика на резултатот кој ќе го оствари „Ла Деа“ против Милан, тимот на Сеск Фабрегас ќе заврши најмалку шести. Тоа ...

Кога се игра „Олд Фирм“ дербито во шкотскиот фудбал, цела земја го вперува целиот фокус на оваа пресметка меѓу вечните ривали, а по денешниот епилог, стана јасно дека Селтик е оној кој до самиот крај ќе се бори за титулата. По двата порази во низа, за Ренџерс пристигна и третиот денеска на „Селтик парк“, па стана јасно дека Бојан Миовски и соиграчите полека се помируваат со судбината дека ќе завршат трети. Селтик беше подобар ривал и ...

Барселона вечерва со бод против Реал Мадрид ќе ја завери титулата во шпанскиот фудбал, но јасно е дека тимот на Ханси Флик ќе брка победа, уште повеќе после веста која пристигна ова попладне. На неколку часа пред големата пресметка на „Камп Ноу“, пристигна лоша информација од семејството на германскиот стручњак, односно беше пријавено дека починал возрасниот татко на Ханси Флик. Трагичниот настан од Германија брзо се прошири во Шпанија, а ...

По вчерашниот брилијантен старт во кој доби седум позиции во првите две кривини, Хорхе Мартин изби на врвот и доминантно стигна до победа на спринтот, но денеска на главната трка одеше по потешкиот пат, но сепак стигна до максимални 37 бода во Франција. Шпанскиот мотоциклист кој имаше ужасна сезона поради тешка повреда полека се враќа во препознатлив ритам, а тоа го прикажа со страшните перформанси на патеката во Ле Ман во изминативе 24 часа. ...

Карлес Пујол е жива легенда на Барселона и како поранешен капитен на тимот остави голем белег на „Камп Ноу“, а како човек кој секогаш го сака најдоброто за тимот, свесен е дека ротацијата мора да биде подобра од година во година. Барселона е на добар пат да ја одбрани титулата во Ла Лига и се очекува тоа да го направи вечерва на „Ел Класико“, но клубот веќе почна и со планови за тоа кои позиции треба да се засилат во летниот преоден рок. ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.64
34%
1019
weather icon

Белград

33ᴼ / 32ᴼ
2.68
54%
1020
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
1.82
43%
1019
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.52
33%
1022
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
3.83
39%
1021
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 29ᴼ
0.68
64%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
6.26
38%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
1.89
35%
1017
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.43
33%
1018
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
2.68
36%
1021
weather icon

Будимпешта

37ᴼ / 34ᴼ
1.34
37%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
8.25
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Злато

131072.82

Калај

50.56

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Платина

51923.46

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Паладиум

38195.09

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68