Шкендија е последниот македонски претставник во Европа, клуб кој веќе знае со што треба да се соочи на патот до повторување на минатогодишниот успех, влез во главната фаза на Конференциската лига, „Црвено-црните“ веќе ги оставија зад себе Европа и Браво и веќе се фокусира на битката со Хибернијан од Шкотска во третото квалификациско коло. Ако ја мине и оваа рунда, поранешниот македонски шампион знае со што ќе се соочи во плејофот, финалето за ...

Германскиот прволигаш Борусија Дортмунд го комплетираше засилувањето кое треба да донесе магија во офанзивната линија, 18-годишниот Константинос Карецас. Карацес доаѓа во бундеслигашот од редовите на Генк, тим за кој настапуваше во претходните две години и на вкупно 92 натпревари даде 6 гола и забележа 23 асистенции. -Борусија Дортмунд е посебен клуб и сум неверојатно горд што сега можам да го носам црно-жолтиот дрес. Навистина се радувам што ...

Манчестер Сити почнува нова ера, ера без човекот кој им ги донесе најголемите успеси во историјата Пеп Гвардиола кој одлучи дека е време за крај по завршувањето на минатата сезона. Изборот за нов тренер падна на Енцо Мареска, човекот кој во минатото го водеше младиот тим на „граѓаните“, а потоа беше и дел од стручниот штаб на Гвардиола. Италијанецот потоа почна да се гради како стратег, го внесе Лестер во Премиер лигата, па имаше и добри ...

Ливерпул доживеа пораз од Лидс Јунајтед од 4-2 во последниот натпревар на турнејата низ Соединетите Американски Држави. „Црвените“ покажаа повеќе лица на средбата во Чикаго на кого водеа со 2-0, но потоа застанаа и во вториот дел беа „попарени“ од поранешниот клуб на Џани Алиоски. -Мислам дека научивме многу работи. Секако, резултатот не е онаков каков што би сакале, но ова е најкорисниот пријателски натпревар што сме го одиграле. Позитивно ...

Манчестер Јунајтед внимателно ги бира трансферите во овој преоден рок и засега не се одлучи да активира некоја „бомба“, да вложи доста пари во некој играч како некои од екипите во Премиер лигата како Манчестер Сити, Тотенхем, Челси… Најскапите зделки на Јунајтед се Андреј Сантош и Јури Тилеманс за кои беа издвони 85 милиони евра, играчи кои треба да ја освежат средината на теренот. Меѓутоа според некогашниот напаѓач Емил Хески тоа не е ...

Кевин Дурент во септември ќе го прослави 38. роденден, но тој воопшто не размислува за пензија и најдобра потврда тоа е што сака да игра за својата репрезентација на Летните Олимписки Игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес. Популарниот Кеј-Ди со четири освоини злата е најуспешниот кошаркар на ОИ, меѓутоа тој се уште е гладен и сака нов успех, ново злато со тоа што сака да си го заслужи местото во тимот. -Се зависи од Грант Хил и ...

Италијанскиот прволигаш Јувентус веќе некое време се обидува да доведе квалитетен голман, Емилијано Мартинез од Астон Вила беше прва желба, но калчолигашот никако не успева да пронајде заеднички јазик со премиерлигашот и таа опција како полека да отпаѓа. Како алтернатива се споменува(ше) Зион Сузики, еден од најквалитетните голмани во Серија А во претходната кампања, меѓутоа како што стојат работите Јуве и тука е на добар пат да доживее ...

Тимот на Пелистер продолжува да влече потези на трансфер пазарот, па денеска официјализираше уште едно засилување за престојната 2026/2027. Нов член на „зелено-белите“ е 25-годишниот Виктор Златевски кој доаѓа од редовите на Феникс 2010. Тој е уште едно домашно освежување за Пелистер по Коста Кириловски, Иван Сапунџиев и Благој Димитриев, плус тука е тренерот Тане Спасев, но и Алонзо Едвард Денинг кој има македонско државство. Инаку Златевски ...

Шкендија во минатата сезона играше во групната фаза на Конфернциската лига на УЕФА, а целта и оваа кампања тој резултат да се повтори, а за да се случи тоа ќе мора да се минат уште две рунди. Клубот од Тетово веќе знае што го очекува во третото квалификациско коло, двомеч со шкотски Хибернијан, тим кој има слабости и кој може да се мине особено ако се оствари позитивен резултат на негов терен. Ако ако се случи тогаш Шкендија може да ја ...

Екипата на Ливерпул доживеа пораз од Лидс Јунајтед од 4-2 во последниот натпревар на подготовките во Соединетите Американски Држави. По победите над Сандеренд и Рексам многумина очекуваа нов позитивен резултат за „црвените“ и така беше во првото полувреме на соочувањето во Чикаго, период во кој поранешниот англиски шампион водеше со 2-0 со головите на Чемберс и Вирц. Меѓутоа сликата комплетно се смени во вториот дел или поточно од 60 до 85 ...

Чаби Алонсо не чекаше долго за својата следна работа по неуспешниот период во Реал Мадрид и веќе го презема Челси, но во ситуација кога полека почнува да го комплетира тимот за новата сезона, шпанскиот стручњак во разговор за „Атлетик“ се осврна и на етапата која траеше далеку помалку од очекувањата. Иако дојде како наследник на Карло Анчелоти кој треба да го води проектот со години, Чаби едвај издржа пола сезона во првиот тим на Реал Мадрид, ...

Столе Димитриевски се приклучи на тренинзите на Валенсија и после две недели напорна работа го дочека првиот меч во пресезоната, а тоа беше оној против Стоук кој заврши со резултат 1:1. Македонскиот чувар на мрежата прими еден гол, но спречи неколку добри акции на противниците на тест натпреварот кој се одигра на англиско тло, а по воведниот меч кој го имаше во пресезоната, популарниот Дими направи интервју за „Плаза Депортива“. Димитриевски ...

Талентираниот Керим Алајбеговиќ го комплетираше трансферот во редовите на Јувентус, тим кој одлучи да вложи сериозна сума на пари затоа што верува дека може да се развива и да стане голем играч во Торино. Јувентус го официјализираше потписот на еден од најголемите таленти во Европа (ВИДЕО) Ова за младиот репрезентативец на Босна и Херцеговина е најголем предизвик во кариерата, меѓутоа не чувствува страв, има самодоверба и верува дека ќе се ...

Љубителите на фудбалот и тоа пред се на Премиер лигата ќе мораат да почекаат за новите возбудувања, но ова е месецот во кој ќе го имаме стартот на натпреварувачката 2026/2027 што значи дека дека се бројат деновите пред почетниот удар, натпревар во кој ќе бидат инволвирани Арсенал и Ковентри. Меѓутоа до 21 август атмосферата ќе се загрева, па како нова комбинација, нова видеа компилација ги имаме најдобрите мајстории, ремек дела на секој ...

Денеска е ден за трансфери во италијанскиот прволигаш Јувентус, па така откако беше официјализирана зделката за Керим Алајбеговиќ ја потврди и операцијата за напаѓачот Рандал Коло Муани. Јувентус го официјализираше потписот на еден од најголемите таленти во Европа (ВИДЕО) Калчолигашот долго време се обидуваше да пронајде заеднички јазик со ПСЖ за играчот кој блесна на позајмицата во сезоната 2024/2025, но дури сега дефинитивно се сели во ...

Спартак Моска успеа да го освои трите бода на средбата против Ахмат Грозни во првата руска лига, но токму гостите имаат очаен старт на натпреварот притоа подарувајќи му на противникот пенал. Голманот Максименко ја уфрли топката во игра, па откако дефанзивецот Ву истата ја смири одлучи да ја допре со раце и одново да изведе, но ваквиот потег не помина кај главниот судија кој веднаш досуди удар од 11 метри. Играчите на Спартак беа незадоволни, ...

Реал Мадрид не успеа да го добие пријателскиот меч против италијанска Фиорентина иако по само 24 минути игра водеше со 2-0. Шпанскиот клуб до крајот не успеа да реализира, а во исто време пак прими два гола по што тестот во Австрија заврши со конечни 2-2. Жозе Мурињо не беше претерано задоволен од тоа што го покажаа неговите играчи, но во исто време испрати комплименти за еден играч на „виолетовите“ со неколку зборови-тоа е Моисе Кен. Мурињо ...

Македонската ракометна репрезентација до 18 години настапува на турнирот на најдобрите европски селекции на стариот континент, шампионат кој се одржува во Србија. Нашите кадети доживеаа порази во трите средби во првата фаза, поточно загубивме од Словенија, Франција и Шведска, па сега ни следи разигрување за што подобар пласман на Европското првенство. Пред тие борби од ЕХФ ги избраа најубавите голови на досегашниот дел од турнирот, а во топ 5 ...

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години го претрпе третиот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое се одржува во романскиот град Тулчеа. По Данска и Грција подобри од нашите јуниорки беше селекцијата на Велика Британија со 59:43. Девојките одиграа три рамноправни четвртини со Британките, но оние први десет минути и резултатот од 21:4 беа пресудни за конечниот епилог. Најефикасна во македонскиот состав беше ...

Челси е еден од најактивните англиски клубови во овој летен преоден рок без разлика на тоа што во престојнава сезона нема да игра во Европа, но тоа воопшто не значи дека ќе му се исполнат желбите на новиот тренер Чаби Алонсо со јасна задача да се остварат зацртаните цели. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ официјално се пофали со уште едно засилување, репрезентативец на Аргентина-тоа е Валентин Барко. Пргавиот Барко од 2025 година настапуваше за ...

Вараждин на Марио Младеновски направи изненадување и издојува победа над Хајдук од 2-1 во натпреварот од првото коло во хрватскиот шампионат. Ова беше дуел на две екипи кои беа елиминирани од Конференциската лига и Лига Европа, драматичен дуел кој на крајот им припадна на домаќините, а за тоа голем удел има нашиот Младеновски. Дефанзивецот влезе во игра на стартот на второто полувреме и со удар со глава го отвори резултатот во 53 минута. ...

Италија конечно избра нов селектор и тоа во името на Роберто Манчини со што конечно беше затворен турбулетниот период. Паоло Малдини и Леонардо добија значајни позиции во италијанската федерација, прва задача им беше да изберат селектор, Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола беа први опции, откако истите отпаднаа, Андреа Пирло беше избран, избор кој не мина кај јавноста, федерација поради одредена поврзаност на некогашниот италијански ...

Македонскиот интернационалец, Љупче Дориев со фантастична партија во која испорача хет-трик донесе победа за Согдиана во првенството на Узбекистан. Согдинана како гостин славеше над Машал Муборак со 3-1, а сите три погодоци беа дело на Дориев од кои две беа мајстории. Офанзивецот го отвори и затвори натпреварот со стил со атрактивни голови во 5 и 60 минута, додека во меѓувреме и реализираше од пенал во 48 минута. Со ова Македонецот е најдобар ...

Селекцијата на Полска дојде до уште еден голем резултат на најзначајните одбојкарски настапи, овојпат во Лигата на нации. Полјаците ја одбранија титулата во ова натпреварување откако во големото финале во Кина славеа над Соединетите Американски Држави со 3-2 во сетови. Ова за селекцијата која ја предводи Никола Грбиќ е трето славје во ЛН (2023 и 2025) и со тоа воедно потврда дека се најдобри на светот. Завршниот меч беше вистинско уживање, ...

Италијанскиот великан Јувентус ќе се обиде да му состави што поквалитетен тим на Лучијано Спалети во овој преоден рок, а последното засилување кое официјално е потврдено е репрезентативецот на Босна и Хецеговина, Керим Алајбеговиќ. Алајбеговиќ има само 18 години и важи за еден од најголемите таленти, потенцијали во Европа, а Јувентус успеа да го обезбеди неговиот потпис пред Наполи, Аталанта и премиерлигашот Челси кој притискаше до крај ...

Украинецот со македонски пасош, Олег Приходко не успеа да го положи последниот испит и остана без титула на ИТФ фјучерсот во Кошалин што се играше на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец во финалето на турнирот во Полска се соочи со третиот носител Тиаго Переира од Португалија, играч кој одигра перфектен турнир без ниту еден загубен сет. Портуалецот во соочувањето за пехарот славеше со 2-0 ...

Интер го победи Манчестер Сити во пенал рулетот откако натпреварот заврши 1:1 во регуларниот дел, а откако италијанскиот тим го подигна симболичниот трофеј во Хонг Конг, соочување со новинарите имаше Кристијан Киву. Тренерот на Интер е задоволен од тоа како се развива подготвителниот период, но говорејќи конкретно за трансфер пазарот, тренерот директно побара уште едно летно засилување од Бепе Марота. Интер го претстави Џон Стоунс, на добар ...

Милан Илоски постигнува барем по еден гол на последните шест натпревари кои ги игра за Филаделфија, а тој тренд беше продолжен и рано утрово на мечот против Атланта. Напаѓачот со македонско потекло е се попопуларен во американската МЛС лига, со тоа што денеска најави еден луд пресврт на Филаделфија со гол кој долго ќе го памети. Илоски постигна осум голови на последните шест натпревари за Филаделфија, но овој денеска беше убедливо најубав и ...

Ламин Јамал си посака две желби на стартот на минатата натпреварувачка сезона, а откако заврши Светското првенство, стана јасно дека успеа да оставри една од тоа што го замисли. Талентираниот фудбалски суперстар ги посака титулите во Лигата на шампиони и Светското првенство, но иако доживеа мало разочарување на клупски план, она што следеше ова лето сигурно нема да го заборави уште долго. Иако не одигра најдобар можен мундијал на индивидуален ...

Христос Цолис е фудбалерот кој пристигна во Арсенал како замена за Леандро Тросар, а уште на првиот меч кој го одигра во новите клупски обележја, Гркот воодушеви со подвижноста и директниот пристап како брзоного крило. Цолис го засили Арсенал за сума од 40 милиони евра и ова ќе биде еден од поевтините трансфери на Арсенал ова лето, но без оглед на сумата, сите во клубот се уверени дека добија голема гаранција на левото крило. Христос отвори ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Сребро

1670.34