Раководството на Челси ја прифати и потврди казната од 10 милиони фунти поради кршење на правилата поврзани со исплати на фудбалски агенти во периодот од 2009 до 2022 година. Првичната казна за лондонскиот клуб изречена од независна комисија беше потешка и подразбираше поголема парична сума и одземање шест бодови, но на крајот Челси помина со условна казна во делот кој не е финансиски. Покрај сумата од 10 милиони фунти, Челси доби условна ...

Ливерпул го победи Рексам на контролниот натпревар во Соединетите Американски Држави, а она што го привлече вниманието на јавноста е конфликтот меѓу двајца фудбалери во ростерот на „црвените“. Доминик Собослаи и Кртис Џоунс влегле во вербален дуел на теренот додека екипата се поздравувала со своите фанови, а барем засега не е целосно јасно што го предизвикало конфликтот. Најсериозната претпоставка е дека Собослаи при напуштањето на играта му ...

Екипата на Шкендија успеа да се избори за продолжување на својата европска сезона, но од клубот денеска потврдија дека остануваат без еден искусен и квалитетен фудбалер. Се работи за Имран Фетаи, кој ќе ја продолжи кариерата во редовите на Динамо Букурешт, клубот кој ја активирал откупната клаузула во неговиот договор и со тоа ги обезбедил услугите на фудбалерот. – Имран Фетаи веќе не е дел од Шкендија, откако романскиот клуб ја исплати ...

Михаило Мудрик последен пат играше официјален фудбалски натпревар во 2024 година, но денеска доби позитивна вест од Спортскиот арбитражен суд во Лозана. Украинскиот фудбалер доби 4-годишна суспензија од Англиската фудбалска асоцијација поради позитивен допинг тест, за кој не беа објавени детали, но документите на судот покажуваат дека се работи за супстанцата мелдониум. Мудрик имал позитивен тест по натпревар на својата репрезентација, по што ...

Барселона се уште не завршила со активностите во овој преоден рок, па додека се чекаат нови засилувања клубот ќе се обиде да се ослободи од играчите кои не се во плановите на тренерот Ханси Флик. Еден од нив е голманот Марк Андре Тер Штеген, асот кој до лани беше капитен на екипата иако вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Џирона. Сега искусниот голман одново си заминува со тоа што ќе ја напушти Каталонија по дванаесет години. Се е ...

Касемиро се раздели со Манчестер Јунајтед и во изминатиов период како слободен фудбалер можеше да ги „измери“ понудите кои ги имаше на маса и да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата. Неговиот избор беше дека е време да се направи голема промена, да се напушти Европа и потпиша за шампионот на МЛС лигата-Интер Мајами. Бразилецот веќе дебитираше против Монтреал, но сега ја имаше официјалната промоција на која јасно посочи дека една од главните ...

Италијанската фудбалска федерација покажа доста слабости и по доаѓањето на Џовани Малаго, а причината за тоа беше изборот на новиот селектор, наследникот на Џенаро Гатузо. Паоло Малдини и Леонардо добија функции како технички директор и советник, па тргнаа во потрага по селектор, први желби беа Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола, откако добија негативен одговор го договорија Андреа Пирло, избор кој не беше прифатен од јавноста и федерацијата ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува нова фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година, фаза во која прв предизвик ни е селекцијата на Австрија. Ова е меч закажан на крајот на наредниов месец, а нашиот национален тим може да биде засилен со плејмејкерот Ненад Димитријевиќ кој ова лето потпиша за грчки Арис. Имено македонската куќа на кошарката ја информираше јавноста дека Арис дал зелено светло и нема ...

Ливерпул се уште нема направено некој екстра трансфери во овој преоден рок или поточно е далеку помирно од минатото лето кога на „Енфилд Роуд“ беа потрешени огромни суми на пари за засилувања. „Црвените“ мерат каде треба да вложуваат, па една од целите е да се најде замена за Мохамед Салах или во таа линија е веќе доведен Виктор Муњиз. Во изминатиов период се повеќе се говори за опција Бредли Баркола од Пари Сен Жермен, се споемнува сума од ...

Членот на младинската школа на ШК Алкалоид, Стефан Мелник, се враќа со медал од Државното првенство во шах за слепи и слабовидни лица, кое се одигра во Охрид од 22 до 27 јули. Талентираниот шахист во мај оваа година беше дел од репрезентацијата на слепи и слабовидни лица, кога направи сензација со освојување на сребрен медал на петтата табла на Светското екипно првенство во организација на IBCA (Интернационалната Брајова шаховска ...

Реал Мадрид е еден од најактивните великани во овој преоден рок, но иако донесе неколку играчи се уште не дојде до некоја „бомба“, мега трансфер кој Флорентино Перез го најавуваше кога ја водеше битката за претседателската функција. „Кралевите“ излегоа со вест дека понудиле 150 милиони евра за Хулијан Алварес и дека понудата била одбиена, но потоа повторно не се обидоа да притиснат или да тргнат активно по некоја друга „крупна ѕверка“. Скоро ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Маџари има нов тренер и тоа проверено, докажано име на нашата сцена-Марјан Илиевски. Илиевски последниот ангажман го имаше како селектор на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, а претходно беше дел од Блокотехна, Приштина, Лирија, Кожув и косовскиот тим Раховеци. -Илиевски, кој е и еден од коосновачите на клубот и идеолог на овој проект, се враќа дома – во Маџари, каде ќе ја предводи екипата во ...

Тимот на Шкендија покажа дека е подобра екипа од Браво и со триумф во решавншот од 3-1 успеа да обезбеди пласман во третото квалификациско коло на Конференциската лига. „Црвено-црните“ заслужија многу подобар резултат и на првото соочување во Словенија, меѓутоа и тоа е една лекција која клубот од Тетово ја научи и на возвратниот меч во Скопје запиша триумф кој го носи на соочување со шкотски Хибернијан. -Ова беше важен меч, фудбалерите се ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје обезбеди уште едно странско засилување за натпреварувачката 2026/2027, засилување кое доаѓа од Соединетите Американски Држави и неговото име е Лесли Ворнер. Се работи за искусен крилен кошаркар кој минатата сезона ја започнал во Грција во Короивос, а ја заврши во Јонава од Литванија каде ја имал најдобрата партија против Жалгирис, 20 поени за 19 минути со само едно промашување од игра (4/5 за еден, ...

Паоло Малдини изминатиов период беше актуелен со драмата и краткиот ангажман што го имаше во италијанската федерација, но тоа е веќе минато, а денеска на „чизмата“ е ден на фудбалска жалост и причината за тоа е смртта на легендарниот Франко Барези. Големиот борец, иконата на Милан почина во 66 година од неговиот живот и тоа откако не успеа да ја добие битката со болеста која му задаваше проблеми во претходниов период. Италијанскиот и ...

Англиските клубови пред се оние од Премиер лигата веќе некое време доминираат на пазарот и тоа поради нивната финансиски моќ, супер суми на пари кои можат да си ги дозволат не само оние најголемите туку и сите останати тимови. Во нова акција имаме два клуба и тоа Борнмут и Брентфорд, првите договорија португалски репрезентативец и досегашен капитен а Бенфика, вторите пак ќе платат 41 милиони фунти за играч на средината на теренот, играч кој ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер продолжува да го склопува тимот со кој ќе настапи во натпреварувачката 2026/2027, а најново засилување е Иван Сапунџиев. Станува збор за искусен играч за кого ова ќе биде враќање во Битола, клубот за кој настапуваше од 2022 до 2024 година. Минатата сезона ја мина во редовите на Гостивар каде на 24 средби во Суперлигата имаше учинок од 5,5 поени, 3 скока и 1,2 асистенции. Пред Сапунџиев, ...

Зад нас е уште едно коло во натпреварувањата на УЕФА со тоа што сега од македонските клубови единствено жива е Шкендија која продолжува да не претставува во Конференциската лига. Шкендија го доби двомечот со словенечки Браво и оди на соочување со Хибернијан од Шкотска, додека пак Вардар ја доби Рига во најзин терен (во 90 минути), меѓутоа падна во продолженијата и доживеа елиминација од европските купови. Кога се во прашање досегашните ...

Сандро Тонали ја промени клупската средина во овој преоден рок со тоа што изненади со изборот и од Њукасл премина во Тотенхем. Италијанецот се поврзуваше со Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал…ама на крајот заврши во редовите на „петлите“ кои две сезони во низа имаат катастрофални резултати во Премиер лигата. Сепак ова лето Тотенхем работи „јако“ на пазарот, вложува доста пари, а меѓу оние за кои верува дека ќе направат разлика е ...

Александер Зверев долго време ја бараше првата титула на грен слем турнирите и конечно тоа успеа да го направи оваа година кога славеше на Ролан Гарос. Уште како тинеџер и потоа кога влегуваше да води битка си сениорите Зверев важеше за играч со голем потенцијал, квалитет, знаење, но му беше потребно време да се пронајде, да испорача најдобар резултат на најзначајните турнири во тенисот. Германецот имаше можност да игра против Новак Ѓоковиќ, ...

Барселона засега останува мирна и не се впушта во сериозна офанзива на трансфер пазарот како одговор за лутиот ривал Реал Мадрид кој веќе затвори неколку зделки, а се најауваат и уште неколку операции. Каталонците ги доведоа Гордон и Адејеми, но тешко оди потрагата по „деветка“ каде прва желба е Алварез, играч кој Атлетико Мадрид не сака да го продаде и останува да се види до кога Барса ќе инсистира да го доведе. Во исто време има дилеми, ...

Ливерпул веќе ги одработува подготовките за престојната натпреварувачка 2026/2027, сезона во која тимот ќе биде предводен од нов тренер, шпанскиот стручњак Андони Ираола. Ова е многу важен период за секоја екипа, а така и за Ливерпул, период кој знае да донесе и одредени проблеми, повреди и со таква ситуација се соочува премиерлигашот. Имено дефанзивецот Џо Гомез се повреди на средбата со Сандерленд и тој дефинитивно нема да биде достапен ...

Италијанскиот, европскиот и светскиот фудбал останува без една од најголемите икони, легендарниот капитен на Милан Франко Барези кој почина во 66. година од неговиот живот. Дефанзивецот кој водеше жестоки битки на теренот низ активната кариера не успеа да ја добие оваа животна битка, односно неговото срце не успеа да се справи со здравствените проблеми кои ги имаше некое време. Франко беше висок 176 сантиметри, но и покрај недостатокот на ...

Џани Инфантино даде радикален предлог-план за тоа како ФИФА и Федерациите можат драстично повеќе да заработат со продажба на брендот наречен Светско првенство, но оваа идеја на првиот човек на најважната светска фудбалска асоцијација наиде на многу жестоки критики и предизивка вистински револт во цела јавност. УЕФА како најважно тело во Европа прва испорача рафал на сметка на Инфантино и изречно се дистанцираше од сите ставови на првиот човек ...

Реал Мадрид во текот на вчерашниот ден договори продажба на Гонсало Гарсија во Фулам за 40 милиони евра, но пред полноќ, „кралевите“ ја известија јавноста за операција која никој не ја најави и која целосно се реализирала во тајност. Шпанскиот великан официјално го потврди петтото летно засилување по Конате, Дамфрис, Бернардо Силва и Кукурел, а тоа е талентираниот 21-годишен напаѓач Карлос Еспи. Реал Мадрид ќе добие класична „деветка“ во ...

Карим Адејеми направи интересен трансфер ова лето и Борусија Дортмунд ја замени со Барселона. Брзоногиот офанзивец немаше добра сезона во таборот на „милионерите“ и тоа беше причина плус за тоа да овој трансфер биде изненадување, но Адејеми е квалитетен фудбалер, играч во кој тренерот Ханси Флик има максимална доверба дека може да му помогне на тимот. -Убеди“ е погрешен збор. Едноставно ме повика и ме праша дали сакам да дојдам. Му кажав, се ...

Арсенал по пауза од 22 години дојде до пехарот во Премиер лигата и во новата сезона ќе има задача да го одбрани тронот, да остане на врвот во англискиот фудбал. Со оглед на промените и ситуацијата во другите клуботи, „топчиите“ дефинитивно се фаворит број еден за пехарот, но тоа ќе мора да го потврдат на теренот, преку маратонот од 38 натпревари. Многумина го гледаат Манчестер Сити како тим кој би требало да биде најблиску до Арсенал, екипа ...

Сезоната 2025/2026 донесе доста мајстории од слободни удари во Премиер лигата, а кога истите ќе ги имате на едно место, во една компилација тоа е вистинсо уживање за секој вистински фан. Од ПЛ излегоа со супер видео, ремек делата на сезоната, рангирани од најкратката до најдолгата далечина, голови од прекини кои и тоа како вредат да се погледнат. Уживајте!!! Сезоната 2025/2026 донесе доста мајстории од слободни удари во Премиер лигата, а ...

Шпанскиот вицешампион Реал Мадрид се согласи да го продаде Гонзало Гарсија во премиерлигашот Фулам, но за кратко време веднаш пронајде соодветна замена, класичен напаѓач по мерка на тренерот Жозе Мурињо. Се работи за 21-годишниот Карлос Еспи кој беше на пат за Англија, преселба во Премиер лигата во Брајтон или Хал Сити, меѓутоа од никаде се појави Реал и успеа експресно да го договори неговиот потпис. „Кралевите“ ќе ја активираат откупната ...

Македонскиот репрезентативец, Елмин Растодер од ова лето има нов клуб, поточно Швајцарија и Тун ги замени со Грција и Панатинаикос. Токму вечерва нашиот напаѓач се покажа како клучен за Пао и неговиот пласман во третото квалификациско коло во Конференциската лига. Тимот од Атина славеше на првото соочување со Пакс со 2-1, но денеска имаше проблеми на свој терен и губеше со истиот овој резултат до 85 минута која нововлезениот Растодер се најде ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87