Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Раководството на Ајакс по подолго време реализира поагресивен преоден рок, во кој холандскиот клуб ангажира докажани фудбалски имиња како засилувања на повеќе позиции, a истите ќе бидат предводени и од нов тренер. Денеска, великанот од Амстердам официјално го потврди пристигнувањето на Марк Андре тер Штеген, до пред одреден период првиот голман на Барселона, кој го загуби тој статус во ерата на Ханси Флик. Искусниот германски голман ќе биде ...
Наполи излезе со официјално соопштение, заканувајќи се со активирање правни инструменти против германскиот клуб Шалке 04. Причина е договорениот, па нереализиран трансфер на Јеспер Линдстром, фудбалер кој требаше да се пресели во редовите на бундеслигашот, но сега повторно останува сериозен товар на клупскиот буџет на Наполи. Наполи и Шалке постигнале начелен договор за условите за трансферот на Линдстром, данскиот фудбалер отпатувал да ...
Новата сезона во англиската Премиер лига не е започната, а медиумите одбележуваат дека веќе е јасно дека со неа ќе биде испишана историја. Дури девет клубови ќе ја почнат сезоната со нов менаџер, нешто што досега не се случило во историјата на Премиер лигата и е подобрување на рекордот поставен пред десет години. Чаби Алонсо го презема Челси, Енцо Мареска го замени Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, а нови менаџери имаат и Ливерпул, Нотингем, ...
Американската фудбалска асоцијација стави крај на драмата околу иднината на селекторот Маурисио Покетино и аргентинскиот стручњак и наредниот период ќе ја води фудбалската репрезентација на САД. Покетино размислуваше да му се врати на клупскиот фудбал со тврдење дека му недостасуваат секојдневните ангажмани, но реално извиси за тренерските позиции во Милан и Тотенхем, па на крајот сепак прифатил да остане американски селектор. И покрај ...
Лос Анџелес Лејкерс и натаму се обидува да го надгради ростерот во пресрет на новата сезона, а американските медиуми најавуваат дека главна цел на тимот од Калифорнија се Клеј Томпсон и Пи Џеј Вашингтон. Лука Дончиќ посакува повторна соработка со некогашните соиграчи од Далас, а новинарот Марк Џејкобс најави дека многу блиску до вакво сценарио е повозрасниот во ова друштво. 36-годишниот Томпсон наводно договорил разделба со Далас и по ...
Преговорите меѓу Реал Мадрид и Винисиус за продолжување на соработката со нов договор продолжуваат, а постмундијалскиот период донел подобри услови на маса за бразилскиот репрезентативец. Цврстиот став на шпанскиот клуб малку попуштил, односно Реал ја подобрил понудата со зголемување на годишната плата на 22 милиони евра, пренесуваат неколку угледни медиуми. Тоа е напредок во однос на претходната фаза, но сепак не и големо приближување до ...
Бернардо Силва вчера го одработи првиот тренинг како играч на Реал Мадрид и имаше можност одблиску да се запознае со новите соиграчи, но и да ги чуе првите инструкции од својот сонародник, Жозе Мурињо. Искусниот португалски играч за врска пристигна како слободен агент и се очекува да биде големо засилување со оглед на репутацијата која ја ужива во европскиот фудбал, а како што вели самиот, планот во Реал му е брзо да го пренесе она по кое ...
Феран Торес се стави во далеку покомотна позиција да преговара за следниот чекор во кариерата откако постигна злато вреден гол во финалето на Светското првенство, момент кој многу веројатно целосно ја промени неговата стартна ситуација во преговорите со Барселона, но и ПСЖ. Напаѓачот има понуда на маса од Луис Енрике и ПСЖ и за тоа се говореше уште за време на Светското првенство, па иако првичниот план на Барселона беше да почне преговори со ...
Македонскиот репрезентативец, Виктор Ташовски ја заврши приказната со ТФТ Скопје и за првпат во кариерата ќе игра надвор од Македонија. Ташовски беше еден од најдобрите играчи на ТФТ во претходната сезона, играше квалитетно во домашното првенство како и во АБА2 лигата, па сега ќе се проба надвор од нашите граници и тоа во редовите на Дубровник. Со емотивна порака на социјалните мрежи, ТФТ ја официјализираше разделбата во Виктор на кого му ...
Тиквеш со убедлива победа над Арсими од 5-1 ја започна новата сезона во Првата македонска лига, но овој триумф не ги трансфер активностите на клубот од Кававдарци кој во меѓувреме официјализираше неколку нови засилувања. Прво беше потврден потписот со Андреј Велков, потоа пристигна Жоао Габриел Фереира Сантос – „Ренатињо“, а последното освежување е Октај Ракипи. -Млад, амбициозен и технички поткован играч, Октај доаѓа во Кавадарци подготвен ...
Един Џеко побара доста повеќе време од потребното за да одлучи дали има смисла да ја продолжи играчката кариера, но откако остави втор мундијал зад себе како капитен на Босна и Херцеговина, очигледно се уште има мотив да игра фудбал на високо ниво. „Босанскиот дијамант“ имаше ужасна прва полусезона во Фиорентина и се доби дека ќе го дочека 40-то роденден во најлошо можно расположение, но преминот во Шалке 04 му даде нова шанса да се ...
Мастерсот во Монтреал е прва голема подготовка за грен слем турнирот во Њујорк, но како и многупати во изминатите години, најдобрите тенисери од врвот нема да се појават во Канада. Покрај планираното отсуство на Карлос Алкарас, учеството во Монтреал го откажаа и Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, а во период кога нивната одлука е предмет на расправа во тениските кулоари, Саша Зверев се претвори во прв фаворит за освојување на трофејот. Победникот ...
Првото од двете најавни засилување од Реал Мадрид вечерва доживеа промоција во Лондон, а тоа е младиот напаѓач Гонсало Гарсија кој стана прекуброен во проектот на Жозе Мурињо. Голгетерот кој воодушеви со настапите на минатогодишното Светско клупско првенство, минатата сезона добиваше шанса и од Чаби Алонсо и од Алваро Арбелоа, со тоа што сега со овој вториот ќе соработува и во Фулам. По барање на новиот тренер на премиерлигашот, Фулам го ...
Тони Крос ја заврши својата играчка кариера со шест освоени титули во Лигата на шампиони, со што слободно може да се каже дека е еден од најуспешните во историјата на ова натпреварување. Германецот освои една титула со Баерн Минхен и пет со Реал Мадрид, вклучувајќи ги оние три во низа за кои беше еден од најважните во ростерот на Зинедин Зидан. Крос ја заврши кариерата како еден од најдобрите играчи за врска во новата фудбалска историја, а ...
Јувентус ги промовираше Рендал Коло Муани и Керим Алајбеговиќ како големи летни засилувања во краток временски интервал, но уште побрзо договори позајмици на двајца фудбалери кои нема да бидат дел од проектот на Лучијано Спалети. Во период од само неколку часа, Јувентус ги официјализираше постигнатите зделки со Сасуоло и Фиорентина, и тоа за отстапување на Василијe Аџиќ и Жоао Марио. Црногорскиот фудбалер се сели во Сасуоло на позајмица за ...
Бернардо Силва како слободен агент направи голем трансфер во Реал Мадрид, па иако трансферот беше потврден уште пред еден месец, искусниот Португалец денеска за првпат се појави во Валдебебас центарот. Откако ги одработи стандардните лекарски проверки пред стартот на пресезоната, Бернардо им се приклучи на соиграчите и го одработи првиот целосен тренинг, по кој направи и кратко интервју за клупската телевизија. Силва собра огромно искуство во ...
Ханси Флик доби две засилување по мерка во имињата на Антони Гордон и Карим Адејеми и во нив доби продорни и брзоноги крила кои целосно се вклопуваат во неговата филозофија, но од друга страна, каталонците се уште не го решаваат најважното прашање. Барселона се уште не доведе замена за Роберт Левандовски кој се пресели во МЛС лигата и во овој момент неизвесна е и иднината на Феран Торес, па од одлуката која ќе ја донесе новиот светски шампион ...
Џордан Хендерсон направи неочекуван трансфер во Челси во залезот на својата кариера, бидејќи 36-годишниот играч за врска имаше неколку неуспешни епизоди откако си замина од Ливерпул пред три години. Лошата етапа во Ал Етифак продолжи со скромно искуство во Ајакс, Хендерсон не успеа да се наметне и во Брентфорд како што беше тоа случај во Ливерпул, но откако не одигра речиси ниту една минута на Светското првенство, направи трансфер кој никој ...
ТФТ допрва ќе треба да ја среди финансиската документација за да добие лиценца од КФМ за натпреварувањето во македонската лига, но во клубот од Тафталиџе остануваат мирни на ова поле и денеска го претставија и третото летно засилување. Финалистот од АБА 2 лигата се подготвува за нова возбудлива сезона и на регионален план, па поради тоа, тимот денеска е засилен и со трет странски играч по Накавион Вајт и Секу Сила. – Со големо задоволство му ...
Ајуб Буади се претвори во име кое изби на првото место на листата на многу големи клубови кои планираат амбициозна трансфер политика ова лето, пред се поради импресивните настапи кои ги прикажа мароканскиот вундеркинд на Светското првенство. Играчот кој пред неколку месеци беше капитен на младинската репрезентација на Франција на крајот избра да игра за Мароко и импресионираше со настапите на мундијалот, а неговото патување на Светското ...
Сеск Фабрегас набрзо ќе добие големо засилување во одбраната за сезоната во која Комо ќе игра премиерно во Лигата на шампионите, и тоа во вид на фудбалер кој беше еден од најдобрите и најстандардните во сезоната за заборав која ја имаше Челси. Трево Чалоба се избори за првотимски статус и беше сигурен стартер на натпреварите кои ги играше Челси минатата сезона, но откако брзо разбра дека Чаби Алонсо има целосно друг концепт за играчи кои ќе ...
Ѓоко Хаџиевски изненадувачки се раздели со Спартак од Варна и тоа беше направено во крајно пријателски услови, но бидејќи до ваков расплет дојде сосема ненадејно и неочекувано, бугарските медиуми почнаа да се ја бараат и вистинската причина за заминувањето. Бугарски „Блиц“ денеска излезе со своја ексклузива и ја „откри тајната“ за заминувањето на искусниот македонски стручњак, кој според нивни извори решил сам да си замине во вистинско време, ...
Феран Торес беше на излезни врати од Барселона и беше речиси сигурно дека ќе направи трансфер ова лето, но ситуациајата драстично се промени откако тој испадна човекот кој донесе втора светска титула за Шпанија. Торес се претвори во национален херој со голот во финалето против Аргентина и Барселона зазема став дека сега нема да го продава Феран, па иако ставот на клубот се промени во период од само неколку недели, оној на напаѓачот е поважен ...
Челси е клубот кој убедливо најмногу троши на трансфер пазарот ова лето, но во своите редови донесе и двајца фудбалери за кои малку кој очекуваше дека ќе ги видиме на „Стемфорд Бриџ“. Покрај големите трансфери на имиња како Морган Роџерс, Максенс Лакроа, Марко Палестра и Валентин Барко за кои беа исплатени милиони фунти, Чаби Алонсо во својот тим побара и доза искуство во фудбалери кои имаат долгогодишно педигра во Премиер лигата. Покрај Дани ...
По трите порази во исклучително тешка конкуренција во групната фаза, македонската кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство во Белград. Избраниците на Горан Кузмановски денеска одиграа комплетни 60 минути отпочеток докрај, а во такви услови, Италијанците едноставно немаа што да бараат во дуелот со расположените Македонци. Ракометарите до 18 години почнаа да го диктираат темпото од самиот старт, поведоа брзо со ...
Сагата Јан Диоманде ќе продолжи најмалку уште една работна седмица, а потврда за тоа пристигна и од спортскиот директор на Ред Бул Лајпциг кој посочи дека немаат постигнато договор со Реал Мадрид. Иако пред една недела неколку трансфер инсајдерии побрзаа со ексклузивните информации да објават дека Диоманде веќе е нов фудбалер на Реал Мадрид, реалноста во овој момент е дека двете страни се уште преговараат и дека во моментов се далеку од ...
На крајот на овој месец ќе се вратат возбудувањата во Серија А, сезона во која Интер ќе ја има улогата на бранител на тронот од Наполи, Јувентус, Милан, Аталанта, Рома, Комо… „Нероаѕурите“ издоминираа во претходната сезона, ги освоите двата најважни пехари на домашно тло (Серија А и Копа Италија), па за славниот Кристијан Виери нема никаква дилема кој е фаворит за Скудетото. -Интер не се раѓа ова лето, тие веќе се таму, тоа е многу силен тим. ...
Индонезија почнува да станува нова атрактивна дестинација за македонските фудбалери, македонските репрезентативци, па така по Милан Ристовски во оваа земја ќе настапува и Стефан Ашковски. Искусниот Ашковски беше промовиран како нов член на ПСС Слеман, тим кој минатата сезона ја заврши како вицешампион. Ова за Стефан е уште една нова дестинација во кариерата, пред Индонезија настапуваше во Иран, Србија, Кипар, Турција, Ерменија, Грција, ...
Рома низ целиот овој преоден рок се обидува да доведе засилување во офанзивната линија или поточно на крилните позиции, меѓутоа не успеа да реализира ниту една од целите како Рашфорд и Самервил кои на крајот добија подобри понуди од Фенербахче и Ал Хилал. Сега „волчицата“ се доведува во врска со Антонио Нуса од РБ Лајпциг, ама и таа операција би била над 50 милиони евра и токму поради тоа се бара поевтино решение, опција која може да биде ...
Италијанскиот шампион Интер ангажираше играчи како Џон Стоус, Иван Проведел и Александар Станковиќ во овој преоден рок, а преговара и со Кристијан Ромеро од Тотенхем за негова преселба во Милано. Од друга страна тренерот Кристијан Киву побара да биде засилена една опција до крајот на овој преоден рок, а медиумите денеска најавуваат дека Интер повторно активирал една желба, ангажман на Муса Диаби. Киву директно побара уште едно засилување од ...