Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Босна и Херцеговина ја очекува настап на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, мундијал за кој ќе се загрева со меч со македонската фудбалска репрезентација. Имено тоа што се најавуваше сега доби и официјална потврда, Македонија ќе и гостува на БиХ на 29 мај во Сараево. Средбата ќе се одигра на стадионот “Асим Ферхатовиќ Хасе”. Точниот термин за почетокот на натпреварот ќе биде дополнително одреден. Ова ќе биде добар тест за ...
Се игра самата завршница од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, па така рано утрово се одиграа шест натпревари на кои до победи стигнаа екипите на Хјустон Рокетс, Торонто Репторс, Лос Анџелес Лејкерс, Њујорк Никс, Индијана Пејсерс и Чикаго Булс. По одигрувањето на сите мечеви стандардно беа избрани најдобрите моменти и новата топ листа брои десет мајстории. Број еден е Адебајо со моќното забивање над Барнс, но на одбројувањето има ...
Футсал репрезентацијата на Македонија ја забележа и втората победа на првиот круг од квалификациите за пласман на Светското првенство, односно по Бугарија ја суредија и селекцијата на Турција на турнирот во Литванија. Составот предводен од селектотор Хисејини славеше со 6-3 и на тој начин обезеди место во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство. Нашите футсалци доминираа во првиот дел и истиот го решија со 4-1 со ...
Во периодот од 14 до 20 април во Струмица ќе се одржи развоен турнир на УЕФА на кој покрај репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе настапат и селекциите на Северна Ирска, Узбекистан и Турција, Селекторот Иљами Исејни за овие три средби ќе смета на: ГОЛМАНИ: Димитар Петров (АП Брера), Илан Мемети (Лозана) ОДБРАНА: Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена Звезда), Илија Аксентиев ...
Во првиот натпревар од елитниот квалификациски турнир за фудбалерки до 19 години што се одржува во Шкотска, репрезентацијата на Норвешка ја совлада Македонија со 3:0. Еден од фаворитите за освојување на првото место првиот погодок го постигна во осмата минута, а стрелец е Џули Стен. По три минути игра во второто полувреме, Ина Раум Андреасен зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Ана Малмин со голот постигнат во 58. минута. ...
Карлос Алкарас и Јаник Синер продолжуваат со позитивните резултати на АТП Мастерсот во Монте Карло каде со денешните победи обезбедија пласман во полуфиналето. Првиот светски рекет беше подобар од Александер Бублик со 2-0 во сетови. Бублик не е тенисер на кој му одговара оваа подлога, па немаше никаков одговор за Карлитос кој особено издоминира во втората „рунда“ (6-3, 6-0). Ова за Алкарас беше 300. триумф во кариерата, учинок до кој дојде во ...
Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да избори пласман во полуфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид. Ѓорческа во денешната четвртфинална битка доживеа пораз од Лиса Пигато од Италија со 2:0 во сетови. Соочувањето траеше околу час и половина, Лина имаше одлично отварање и поведе со 4-0 во првиот сет, но потоа доживеа огромен пад и дозволи Италијанката да ги земе наредните шест гејма и слави с 6-4. Во втората рунда ...
Медиумите често знаат да одбележат одредени јубилеји и да потсетат на важни моменти од фудбалската историја, а денеска вреди да се истакне еден натпревар и гол кој има посебно значење за фудбалот во нашата земја и регионот. Во 1991 година, тогашна Југославија првпат доби европски шампион откако Црвена Звезда славеше во финалето против Олимпик Марсеј во Бари, а во таа генерација на „црвено-белите“ важно место имаа Дарко Панчев и Илија ...
Голем скандал се активираше во Саудиска Арабија, откако фудбалерите на Ал Ахли јавно ги нападнаа судиите дека се обидуваат на секој начин да го одведат Ал Нарс до шампионската титула. Ал Ахли освои само еден бод на последниот натпревар и сега заостанува четири бодови зад големиот ривал, а Ајван Тони по средбата јавно потенцирал дека на неговиот тим не му биле досудени неколку пенали. – Најмалку два пенала беа јасни како ден, но тие сега го ...
Јувентус одамна донесе одлука да му понуди долгорочен договор на тренерот Лучијано Спалети, а се очекува денеска и официјално да биде соопштено дека тој добива договор за наредните две сезони. Покрај тоа што Спалети ќе добие посакувани финансиски услови, успеал да го убеди менаџментот да му го исполни условот и поврзан со своето влијание во преодниот рок. Платата на Спалети ќе биде меѓу 5 и 6 милиони евра по сезона, но не сакал да ја прифати ...
Мемфис Депај си создаде потенцијален голем проблем откако го користел својот мобилен телефон по принудната замена на дуелот меѓу неговиот Коринтијанс и Фламенго. Холандскиот репрезентативец заработи повреда и беше повлечен од игра, а снимките од средбата откриваат дека го користел телефонот откако се преселил на клубот. Дисциплинската комисија веднаш отворила истрага, со потенцијална казна од шест натпревари суспензија поради ваков потег, но ...
Поранешниот премиерлигашки напаѓач, Крис Сатон, продолжи со своите прогнози за резултатите во англиското првенство, а во претстојното коло не очекува кикс на екипите кои водат битка за шампионската титула. Сатон смета дека Арсенал нема да има големи проблеми со незгодниот Борнмут, додека Манчестер Сити ќе ги освои трите бода на дербито со Челси во Лондон. И вториот клуб од Манчестер ќе обезбеди победа и тоа против Лидс, но Ливерпул нема да го ...
Бразилската репрезентација ќе биде меѓу фаворитите за највисок пласман на СП 2026, а синот и асистент на селекторот Карло Анчелоти типува дека еден фудбалер на „селесао“ ќе биде најголемо изненадување на мундијалот. Италијанецот зборувал пред медиумите за мундијалскиот предизвик и го истакнал Естевао како играч кој може да предизвика најголемо внимание на СП. – Фудбалерот кој ќе ве изненади најмногу е играч кој и не е во центарот на ...
Шпанските медиуми често шпекулираат на многу теми поврзани со Реал Мадрид, но клубот ретко се решава да демантира шпекулации со официјално соопштение. Овојпат тоа се случи поради информацијата презентирана во емисија на „Кадена СЕР“, во која новинарите најавиле дека Реал ја менува клупската политика и ќе ангажира спортски директор. – Реал Мадрид објавува дека информацијата презентирана синоќа во програмата „Ел Ларгуеро“ на „Кадена СЕР“, во ...
Охрид со големата победа во Битола покажа дека е цврсто решен да се бори за второто место до крајот на сезоната, но македонскиот суперлигаш има намера да се бори и за трофејот во ЕХФ Купот. Тимот на Борис Ројевиќ потврди дека има навистина амбициозен проект оваа сезона, а до крајот на истата, екипата ќе биде посилна и за Косуке Јасухира. Поранешниот играч кој го разигруваше Вардар пред две години повторно се враќа во македонското првенство, ...
Џамал Мусиала се врати на теренот по долгата пауза поради сериозната повреда, но една германска легенда смета дека треба да го пропушти светското првенство за целосно да работи на својата форма во пресрет на следната сезона. Оливер Кан во последното интервју зборувал за напаѓачот на Баерн Минхен и му препорачал да размислува што е најдобро за себе. – Мислам дека треба да заборави на СП. – Ако гледам дека нешто не оди најдобро во мојата игра и ...
Енди Робертсон ќе ја заврши својата етапа во Ливерпул по крајот на сезоната, со што ќе го следи примерот на Мохамед Салах, кој уште претходно потврди дека ќе се раздели со премиерлигашот од „Енфилд“. Египетскиот интернационалец реагираше преку социјалните мрежи за информацијата поврзана со Робертсон, испраќајќи му порака на својот соиграч преку Инстаграм. – Ми беше чест да бидам твој соиграч и пријател. – Oсвои сè и си заминуваш како легенда. ...
Барселона се уште не пресекла околу одлуката дали да му понуди нов, краткорочен договор на Роберт Левандовски, но полскиот фудбалер очигледно донел одлука за својата следен чекор. „Газета дело Спорт“ тврди дека агентот на полскиот напаѓач веќе има стапено во комуникација со Милан, клубот кој Левандовски го избрал за своја следна дестинација. Финансиските услови подразбираат голема плата, но не и отштета за напаѓачот, па сега топката е ...
Баерн Минхен победи на првото соочување со Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но предноста од еден гол не е гаранција за мирен реванш во Германија. Тоа го потенцирал и поранешниот германски репрезентативец, Диди Хаман, кој во својата стручна анализа потенцирал дека тренерот Венсан Компани направил и една грешка, која не била казнета од противникот. Хаман алудирал на двојната замена во вториот дел, со која во игра влегоа ...
Микел Артета и неговите фудбалери се блиску да ја донесат толку посакуваната нова титула во Премиер лигата, но тоа не значи дека Арсенал нема да прави реконструкција на тимот по крајот на сезоната. Инвестициите од претходното лето бараат излезни трансфери во текот на следниот преоден рок, а Артета и неговите соработници ќе мора да обезбедат и неколку засилувања на позициите каде има потреба за такво нешто. Англиските медиуми тврдат дека пет ...
Нејмар може да одработи дел од својата професионална кариера на уште еден различен континент, бидејќи еден МЛС клуб веќе почнал официјални преговори со неговиот агент. Американските медиуми пренесуваат дека Синсинати официјално се обратил до претставникот на бразилската ѕвезда, обидувајќи се да обезбеди доволно информации за евентуално реализирање на трансфер, кој би значел дека МЛС ќе добие уште една големо фудбалско име. Синсинати е ...
Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон остварија победи во завршницата на регуларниот дел од сезоната и влегуваат со ист ефект на последните две средби и битката за четвртото место на Западот. ЛеБрон Џејмс ги предводеше Лејкерс до гостинска победа над Голден Стејт, на која се истакнал со 26 поени, 11 асистенции и 8 скокови, а неговиот тим успеа да слави и покрај фактот што му недостасуваат играчи како Дончиќ и Ривс. Стеф Кари бил поштеден од својот ...
Пау Кубарси им се извини на фановите на Барселона и со кратка порака на социјалните мрежи порача дека грешките се дел од фудбалот, а дека една таква е доволна за да се уништи еден натпревар. Неговото исклучување директно влијаеше врз епилогот на „Камп Ноу“ и Барселона претрпе пораз од 0:2 на првиот меч во четвртфиналето во Лигата на шампиони, но иако резултатот воопшто не е поволен, сите играчи во шпанскиот шампион веруваат во пресврт. Добар ...
Арне Слот се одлучи за систем со пет дефанзивци со цел да има подобар баланс на „Паркот на принцовите“, но наместо тоа, холандскиот стручњак мораше да гледа како неговиот тим е целосно разбиен и надигран во натпревар во кој единствена добра вест е што примија само два гола. Самиот Слот по крајот на средбата нагласи дека можат да бидат среќни што се враќаат само со „две парчиња“ во својата мрежа, па иако тоа остава простор за позитивни мисли ...
Енцо Фернандез во изминатиов период беше актуелен со изјавата дека во иднина сака да живее во Мадрид, изјава која му донесе казна во Челси од проста причина што во клубот на ова гледаа како флерт на Аргентинецот со Реал Мадрид. Фернандез беше санкциониран со два натпревари, веќе го пропушти дуелот со Порт Вејл во ФА Купот, а ако нема некоја промена треба да го скокне и дербито со Манчестер Сити. Меѓутоа се чини полека се смируваат работите и ...
Роналд Куман е легенда на Барселона, ас кој на клубот му ја донесе првата европска титула, па како човек чиј збор има голема тежина не се плаши да критикува и да посочи работи кои не функционираат. Имено каталонците загубија од Атлетико Мадрид со 2-0 во четвртфиналето во Лигата на шампионите и сега ќе имаат пеколна мисија да се вратат во игра и се пласираат во полуфиналето на европското натпреварување. Куман не е преголем оптимист и смета ...
Продолжија возбудувањата во Евролигата, а македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден квалитетен натпревар во дресот на Баерн Минхен. Пред два дена Нено забележа дабл-дабл учинок против Виртус во Болоња, додека пак оваа вечер беше на ниво против уште еден италијански клуб Олимпија Милано. Милано е тим во кој Димитријевиќ не доби вистинска шанса додека оваа екипа ја предводеше Еторе Месина, па нашиот ас се врати од Русија ...
Премиерлигашот Астон Вила ја суреди Болоња со 3-1 на првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. Клубот од Бирмингем важи за прв фаворит во ова натпреварување, па така вечерва направи уште еден исчекор до посакуваната цел и оствари сигурен триумф на „Ренато Дал Ара“ во Болоња. Конса и Воткис реализираа за гостите, Роу во 90 ја врати надежта за домаќините, но Воткинс во судиското продолжение со вториот гол донесе плус за Астон Вила пред ...
Реал Мадрид доживеа пораз од Баерн Минхен во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но шпанскиот великан е убеден дека оваа битка е далеку од загубена или поточно смета дека ќе има што да покаже и докаже на реваншот на „Алијанц Арена“. Тоа е средба закажана за в среда од 21 часот, ама претходно „кралевите“ имаат обврска на домашната сцена, соочување со Џирона. Реал е домаќин и за тренерот Алваро Арбелоа токму од утре почнува да ...
Младиот Мартим Фернандеш нема по добро да го памети вечерашниот меч на Порто против Нотингем Форест во Лига Европа, меч на кој за 20 минути му се случија две непријатни ситуации. Тој прво во 13 минута си постигна автогол од скоро половина терен и тоа откако одлучи да ја враќа топката назад кај голманот Диого Кошта. O QUE DIABOS O PORTTO FEZ AQUI MEU DEUS DO CEU???? pic.twitter.com/2rSpT5eqYl — GOLS WOW AUUUU (@resenhopolis) April 9, 2026 Ова ...