Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Третиот пораз на последните четири натпревари во Серија А го ставаат топ четири финишот под знак прашалник за Милан, особено ако Макс Алегри не успеа да пронајде решенија во најскоро можно време за мини-кризата која веќе е актуелна. „Росонерите“ вчера се посрамотија на домашен терен и претрпеа убедлив пораз од Удинезе со резултат 0:3, а домашните навивачи не ја криеја фрустрацијата и незадоволството. Разочарувањето беше огромно и цел тим ...
Арсенал влезе во непосакувана криза во критичен дел од сезоната и тоа го потврди со трет пораз на последните четири натпревари, но овој во Премиер лигата доаѓа после тринеделна пауза во англиската елита. Долгата пауза се чинеше дека ќе ги мотивира „топчиите“ за да се вратат на победничките патеки, но наместо тоа, избраниците на Микел Артета повторија бледа партија како против Манчестер Сити и Саутемптон во Куповите, па претрпеа пораз од ...
Тајсон Фјури ја прекина 15-месечната пауза и одново се врати во рингот по таканаречено „пензионирање“, а тоа го направи со доминантна претстава против предизивкувачот Арсланбек Махмудов. Непосредно по вториот пораз од Усик на крајот на 2024-та година, популарниот „Џипси Кинг“ најави дека се повлекува од боксот по којзнае кој пат во кариерата, за на стартот на 2026-та година повторно да најави враќање, кое сега го зачини со победа. Пред речиси ...
Милан се посрамоти на домашен терен и претрпе тежок пораз од Удинезе со резултат 0:3, неуспех кој доаѓа во период во кој тимот на Макс Алегри не изгледа воопшто добро. „Росонерите“ со новиот пораз почнаа да го доведуваат во прашање и топ четири пласманот на крајот на сезоната, а Алегри ќе мора да се занимава и со дисциплината на Рафа Леоа кој вчера беше опоменат при резултат 0:0. Португалецот се обиде да исценира фаул и слободен удар за Милан ...
Иако станува збор за два ривали кои имаат целосно дијаметрални спротивни цели, дербито меѓу Барселона и Еспањол секогаш е доста тензично и носи голема жестина, но и голем број провокации на теренот и на трибините. Така мина и вчерашното градско дерби кое се одигра на „Камп Ноу“, а на кое Еспањол се држеше до самата завршница, пред целосно да потклекне со два примени гола. Барселона на крајот славеше со 4:1 и имаше добра увертира пред реваншот ...
Битигхајм на Мартин Томовски направи нов исчекор кон остварување на зацртаната цел, пласман во првата германска лига во натпреварувачката 2026/2027. Мартин и неговите соиграчи се изборија за славје над Дормаген од 36-34 (21-19) и остануваат на врвот на табелата со 45 бода, еден повеќе од второпласираниот Балинген и пет од Елбфлоренц. И овојпат Томовски беше меѓу најважните играчи, имаше значајни интервенции во клучните моменти, а на крајот ...
Разиграниот македонски интернационалец, Мартин Карапалевски беше вистински лидер во новата победа на Валјадолид во АСОБАЛ лигата. Карапалевски блесна и беше прв стрелец на екипата во триумфот над Морасо Кангас од 29:23 (15:9). Македонецот постигна шест гола од седум обиди, имаше и една асистенциja и заедно со голманот Мануел Бар (16 одбрани) одиграа клучна улога во дваесеттата победа во шампионатот. Кога е во прашање Шпанија, Барселона со ...
Реал Мадрид има негатива по првиот натпревар со Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но Тони Крос смета дека клубот во кој ја заврши кариерата има шанси да стигне до победа и пласман во следната фаза. Крос во кариерата настапуваше и за Баерн и за Реал, се уште внимателно ги следи случувањата на фудбалската сцена, а сега ги анализирал шансите на Реал да избори полуфинале. – Не бев изненаден од текот на првиот натпревар. – ...
Јувентус победи на незгодното гостување кај Аталанта (0:1) и освои три големи бодови во дуелот со директен ривал за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите. Домаќините ги притиснаа „бјанконерите“ од почетокот на средбата, не ги искористија своите шанси, а гол немаше до почетокот на второто полувреме. Џереми Бога имаше клучна улога откако во 48. минута ја искористи лошата интервенција на голманот и одбраната на Аталанта и постигна ...
Кошаркарите на Работнички остварија важна победа во плејаутот од македонската прва кошаркарска лига и со триумфот над Феникс 2010 (93:83), си ги зголемија шансите за опстанок во најквалитетното натпреварување на домашната сцена. Работнички диктираше темпо во првите три периоди, Феникс успеа да дојде на минус два во решавачката етапа од натпреварот, но домаќините го одбија нападот и го потврдија важниот триумф во плејаутот. Ефремовски со 30 ...
Рома вчера лесно ја совлада Пиза во рамките на Серија А, но загуби важен фудбалер за неколку следни натпревари во кои ќе решава за својот пласман во првенството. Капитенот Лоренцо Пелегрини заработил мускулна повреда на левата нога на вчерашната средба, па Рома потврди дека мора да направи принудна пауза. Иако клубот не потврди колку ќе отсуствува Пелегрини, медиумите најавуваат дека тој тип проблем бара пауза од најмалку четири недели. Тоа ...
Карло Анчелоти има слатки маки при изборот на фудбалери кои ќе ги повика во бразилската репрезентација, а богатиот фонд на квалитетни играчи ќе трепери во пресрет на одлуката за конечниот избор на Италијанецот пред СП 2026. Јасно е дека нема да има место за сите бразилски ѕвезди во мундијалскиот ростер, а посебно деликатна е ситуацијата е со Нејмар, кој посакува, но никако не може да добие некаква гаранција дека ќе биде дел од националниот ...
Милан доживеа тежок пораз од Удинезе на домашен терен, по што фудбалерите и тренерот Макс Алегри заработија свирежи од трибините на „Сан Сиро“. „Росонерите“ примија три гола од денешниот противник и не само што има само теоретски шанси да се бори за скудетото, туку сега го ризикува и пласманот во Топ 4 зоната. Алегри зборувал по натпреварот и го оправдал однесувањето на домашните фанови. – Ова се тешки моменти за екипата, загубивме на три од ...
Мохамед Салах денеска постигна гол за Ливерпул и му помогна на својот тим да обезбеди победа над Фулам, додека истовремено самиот си обезбеди место во елитно друштво во Премиер лигата. Египетскиот репрезентативец стана само петтиот играч во историјата на првенството, кој стигнал до комбинација од 250 голови од игра и асистенции во Премиер лигата. За Сахал ова беше 157 гол од игра, а на своето конто има и 93 асистенции, со што ја заокружи ...
Баерн Минхен не само што ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Ст. Паули, туку со убедливи 0:5 постави нов престижен рекорд во Бундеслигата. Баварците на полувреме имаа само гол предност и тоа со реализацијата на Мусила од 9. минута, но затоа го скршија целосно отпорот на Ст. Паули во продолжението. Горецка, Олисе, Џексон и Гереиро се запишаа во листата на стрелци по еднаш до крајот на дуелот, комплетирајќи ја убедливата победа и ...
Фудбалерите на Барселона имаа комотна предност од два гола во градското дерби со Еспањол, во завршницата се најдоа во ризик откако гостите намалија и се обидуваа да израмнат, но два доцни погодоци ги реши дилемите за тоа кој ќе ги освои бодовите. Феран Торес одлично ја искористи минутажата и претвори две асистенции на Јамал за брзи 2:0 за Барса до 25. минута, а тој резултат остана до 56. минута. Тогаш Лозано со убав удар ја начна мрежата на ...
Ливерпул не дозволи нов неуспех во Премиер лигата и со победа над Фулам (2:0) освои три важни бодови во битката за местата кои водат во Лигата на шампионите. Триумфот го најави младиот Рио Енгумоа, кој во 36. минута на вистински начин се заблагодари за шансата да биде стартер и донесе водство за домаќините. Со овој погодок, Енгумоа стана најмладиот фудбалер кој реализирал во дресот на Ливерпул на „Енфилд“, соборувајќи го досегашниот рекорд на ...
Фудбалерите на Милан претрпеа убедлив пораз од Удинезе (3-0) во вечерашниот натпревар од 32. коло во Калчо лигата. Иако навивачите на „росонерите“ очекуваа соодведен одговор од нивните милениции по негативниот резултат против Наполи во дербито, се случи сосема спротивното и клубот од Милано доживеа вистински потоп на „Сан Сиро“. Гостите ги користеа шансите, постигнуваа голови во вистинско време и ги освоија трите бода. Се почна од автоголот ...
Шон Рајт-Филипс долго време настапуваше во Премиер лигата, а еден од клубовите за кој играше беше и Челси. Во тој период ги освои сите пехари со „сините“ во домашните натпреварувања, па дефинитивно му значи тимот од Лондон и има посебно место во неговото срце. Тој ги прати натпреварите на овој клуб и од свој агол имаше забелешки за засилувањето од Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо. -Мислам дека треба малку да го исконтролира егото. ...
Арсенал доживеа неочекуван пораз од Борнмут (2-1) на домашен терен и со тоа му даде идеална можност на Манчестер Сити да се врати во трката за титулата во Премиер лигата. „Топчиите“ се уште имаат се во свои раце, но дефинитивно има проблеми, слабости, притисок кој се чувствува и за кој веќе говорат резултатите во изминатиов период (порази од Манчестер Сити, Саутемптон). Менаџерот Микел Артета е свесен дека екипата не е на посакуваното ниво, ...
Реал Мадрид не го оправда статусот на фаворит во соочувањето со Џирона и освои само бод на вчерашното соочување во Ла Лига. На домаќините не им беше доволно и тоа што први го отворија резултатот преку Валверде, но потоа примија атрактивен гол од Лемар, удар по кој не се вратија (1-1). Ова значи дека лидерот Барселона потенцијлно по оваа рунда може да има девет бода повеќе од лутиот ривал, но тренерот Алваро Арбелоа не се предава и не прифаќа ...
Продолжија возбудувањата во Втората македонска лига, а разиграната Брегалница во овој момент е најсериозен кандидат за влез во елитната домашна фудбалска конкуренција. Клубот од Штип беше подобар од Големо Коњари со 6-1 или поточно дојде до шестиот триумф во низа и лидерска позиција на табелата. Капсаров, Михолов (2), Калпачки, Мемеди и Бојаџиев беа стрелци на погодоците за домаќините кои сега имаат две бода повеќе во однос на Охрид, Скопје и ...
Борусија Дортмунд имаше минимални шанси да го загрози Баерн Минхен во трката за пехарот во Бундеслигата, но по денешниот пораз од Баер Леверкузен се чини дека таа приказна комплетно е завршена и затворена. Имено „милионерите“ загубија на „Сигнал Идуна Парк“ со 1-0 и имаа девет бода помалку од лидерот кој допрва треба да го одигра мечот од оваа 29. рунда против Ст. Паули. На Дортмунд му пресуди капитенот на „фармацевтите“ Андрих кој во 42 ...
Составот на Вардар издвојува важна победа над Работнички од 1-0 во градското дерби во 27. коло во Првата македонска фудбалска лига. На двете екипи им беше потребен позитивен резултат поради различни причини, но „црвено-црните“ беа оние кои го освоија целиот плен и продолжуваат да бидат во пол позиција за пехарот во шампионатот. Како одлучувачки се покажа погодокот од слободен удар на зимското засилување Цветковиќ во првото полувреме. Во ...
Карлос Алкарас ќе биде противникот на Јаник Синер во утрешното големо финале на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло. Шпанецот не дозволи изненадување и го совлада домашниот фаворит Валентин Вашeро со 2-0 во сетови. Вашеро кој одигра одличен турнир се носеше одлично со фаворитот, но сепак Алкарас е ниво повисоко во овој момент и со 6-4 и 6-4 беше одлучен овој натпревар. Ова значи дека утре ќе имаме прва пресметка меѓу Алкарас и Синер ...
Пол Погба од оваа сезона е дел од францускиот прволигаш Монако, клуб кој се одлучи да му верува и да му даде нова шанса да се врати во елитниот фудбал по тешкиот период одбележан со повреди и казна, суспензија поради допинг. Меѓутоа Погба се мачи и вчера конечно запиша настап против Париз во Лига што му беше прв натпревар од почетокот на месец декември кога како резерва настапи против Брест. Има многу прашалници, дилеми кога е во прашање ...
Ливерпул треба да води уште значајни битки до крајот на сезонава, а главната цел е да се обезбеди место во Лигата на шампионите за следната кампања. За да се случи тоа „црвените“ треба да завршат во Топ 5 во Премиер лигата или пак да ја освојат ЛШ што во случајов би бил огромен резултат со оглед на сите проблеми низ целата години, но и фактот дека во четвртфиналето имаат сериозен минус во битката со ПСЖ без разлика на тоа што реваншот ќе го ...
Екипите на МЗТ Скопје и ТФТ забележаа тешки победи над Кожув, односно Тиквеш во првите натпревари во Топ 6 фазата во Суперлигата. Бранителот на титулата МЗТ Скопје го доби Кожув со 84:75. Гостите од Гевгелија ја добија првата четвртина со 27:20, а водеа и на полувреме и на крајот на третиот период. Меѓутоа завршните десет минути клубот од Аеродром ги доби со 25:15 и на тој начин се избори за славје над ривалот кој знае да им биде незгоден. ...
Составот на Борнмут направи изненадување и славеше над лидерот Арсенал со 2-1 во премиерниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата. И денешниот меч покажа дека „топчиите“ минутаат низ тежок период, криза без разлика на тоа што во вторникот славеа над Спортинг Лисабон во ЛШ (со гол во 90 минута). „Топчиите“ го загубија финалето на Лига Купот од Манчестер Сити, потоа доживеаа шок од Саутемптон во ФА Купот, а дека нешто не ...
Вториот светски рекет, Јаник Синер дојде до билет за финалето на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло и тоа откако попладнево ја оправда улогата на фаворит против Александер Зверев. Зверев веќе му станува „пациент“ на Италијанецот и доказ за тоа е што Германецот го доживеа осмиот пораз во низа во меѓусебните пресметки. Make it EIGHT in a row 🦾 Sinner extends his extraordinary run vs Zverev to reach the Monte-Carlo ...