Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Јошко Гвардиол остави зад себе едно разочарувачко Светско првенство на кое го загуби и стартното место во почетните 11, сето тоа како последица на повредата која направи да биде неизвесен и за настап на мундијалот. Хрватскиот стопер не пристигна во најдобра форма и лошите изданија го преселија на клупата за резерви, па токму поради тоа, исклучително важен за него ќе биде овој подготвителен период пред стартот на новата сезона. Гвардиол вчера ...
Луис Суарез не може против својата страст и одлучи да продолжи со играњето фудбал и покрај тоа што има хроничен проблем со коленото, па дури и во ситуација кога ја има загубено полетноста и брзината, Уругваецот останува голем фудаблски мајстор. Тоа често знае да го прикаже во МЛС лигата која брзо се реактивираше по крајот на Светското првенство, а рано утрово тој беше задолжен за мајсторијата на денот во САД. На натпревар на кој Лео Меси се ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го заврши својот настап на Европското првенство од Б сегментот кое се одржа во Хрватска, а по поразот од Велика Британија стана јасно дека нашите јуниори го освојуваат 14-то место. Во разигрувањето за конечен пласман на континенталниот собир, британските кошаркари беа подобри и славеа со 83:73, па така нашите млади кошаркари се враќаат дома како 14-то пласирата селекција на турнирот. ...
Челси досега ги претстави Палестра, Роџерс, Лакроа и Велбек како големи засилувања за новиот проект на Чаби Алонсо, но трансферите во Лондон нема да застанат тука и денеска е договорено уште еден играч по вкусот на шпанскиот стручњак. Покрај Џордан Хендерсон кој треба да му се приклучи на Челси во најскоро можно време, на „Стемфорд Бриџ“ ќе слета и засилување од шпанската престолнина, или поточно од Рајо Валјекано. Челси веќе неколку дена ...
Роберто Манчини после три години се врати на селекторската позиција во Италија и неговиот кам-бек донесе измешани реакции на „чизмата“, пред се поради фактот што трофејниот стручњак сам си замина од репрезентацијата за да заработи големи пари во Саудиска Арабија. Ова „предавство“ и ден денеска ги отвора раните кај голем број италијански љубители на фудбалот, а меѓу нив најверојатно е и Џанлуиџи Буфон кој во текот на својата кариера играше ...
Англиската Премиер лига со години наназад важи за најпопуларната и најбогата во Европа и светот, а тоа го гледаме на дело од сезона во сезона пред стартот на главните возбудувања. Финансиската моќ на англиските клубови посебно дојде до израз во последната деценија и тоа е тренд кој им дава огромна предност на премиерлигашите, па така додека италијанските и шпанските клубови се мачат да реализираат зделка поголема од 50 милиони евра, во ...
Арсенал ја надигра Џирона со 4:1 и запиша убедлива победа на пријателскиот тест кој се играше вчера, а по средбата против шпанскиот ривал, Микел Артета имаше соочување со новинарите кои со нетрпение чекаа негово излагање во јавноста. „Топчиите“ се поврзуваат со многу звучни имиња во последно време како актуелни шампиони во Англија, но ситуацијата посебно стана „жешка“ откако Реал Мадрид му испорача ултиматум на Винисиус. Ваквото делување од ...
Лионел Меси ја заврши двенеделната пауза по крајот на Светското првенство и одлучи да му стави на располагање на својот тим, кој рано утрово одигра 2:2 против Колумбус во МЛС лигата. Фудбалските разочарувања најдобро и најбрзо се забораваат со нови предизвици на теренот, а Меси денеска влезе во игра во второто полувреме на стартот на вториот дел. Иако Интер Мајами беше подобар ривал, фаворитот сепак не успеа да слави и натпреварот заврши 2:2, ...
Роберт Левандовски досега одигра два натпревари на гостински терен во МЛС лигата, но требаше да го дочека првиот на домашен терен за да се претстави во најдобро светло пред новите фанови. Полската гол машина е симбол за постигнување погодоци во текот на целата кариера, а рано утрово го отвори контото и во САД. Чикаго Фајр запиша победа од 2:1 над Шарлот благодарение на најзвучната ѕвезда која ја доведе оваа лето, бидејќи двата погодоци беа ...
Депортиво А Коруња мина низ вистинска голгота во изминатите осум години пред да се врати во шпанската Ла Лига, а во ситуација кога се избори за она кое долго го чекаше, некогашниот шпански шампион полека го менува кадарот за првата сезона во елитата од 2018-та година. Најзвучно засилување досега е Пјер Емерик Обамејанг кој ќе биде задолжен да ги тресе противничките мрежи во сезоната која престои, но сепак најскапо засилување досега за ...
Реал Мадрид остави зад себе еден тренинг натпревар против Леганес кој го доби со 4:1, но вчера беше одигран првиот официјален натпревар како дел од пресезонската подготовка на „кралевите“ под водство на Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак за првпат извлече свои заклучоци по еден меч во вториот мандат како тренер на Реал Мадрид, а по ремито од 2:2 против Фиорентина, искусниот Жозе посочи дека тимот прикажал три различни лица во текот на 90-те ...
Италијанскиот фудбалски прволигаш Јувентус долго време работеше на трансферот на Рандал Коло Муани во Торино, трансфер кој конечно треба да се реализира. Французинот имаше неколку успешни месеци во таборот на „бјанконерите“ во 2025 година и од тогаш постојано почна да се поврзува со Јувентус, но тој минатата кампања ја мина во Тотенхем кој не се одлучи да го откупи договорот од ПСЖ. Ова одново го запали алармот кај „старата дама“ која во ...
Калчолигашот Рома доживеа убедлив пораз од Кардиф од 4-1 на денешниот пријателски меч, натпревар на кој клубот од италијанската престолнина покажа многу слабости. Кардиф е тим кој оваа година влегува во Чемпионшип лигата, претходно Рома прими три гола и од Кан што доволно покажува дека тренерот Џан Пјеро Гасперини има доволно причини да биде загрижен и незадоволен. -Мислам дека се мачевме во некои ситуации, особено во одбраната во текот на ...
Англискиот шампион Арсенал со сигурен и убедлив триумф над Џирона од 4-1 ги отвори пријателските средби во подготвителниот период за натпреварувачката 2026/2027. „Топчиите“ покажаа сила на „Монтоливи“, реализираа во вистинско време, ги користеа слабостите на противникот што на крајот им донесе победа од три разлика. Се тргна од голот на Хаверц во 16 минута, потоа во 30 новото засилување Цолис зголеми на 2-0. Домаќините се врати во игра во 50 ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Грција од 73:42 во средбата од второто коло од групата Д на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што се одржува во Романија. За разлика од вчерашниот натпревар каде се прикажавме во добро издание против Данска, вечерва немавме решение за фаворизираната Грција. Јужниот сосед ги доби првите четвртини со 19:13 и 21:7 и потоа немаше никаков проблем рутински да ја заврши задачата ...
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Трпчевски влегува во посакуваниот ритам и бележи добри партии во дресот на Браге од Шведска. Денеска Браге беше подобар од Ландскрона со 2-1, а вториот погодок за домаќините беше дело на македонскиот напаѓач. Трпчевски на последните пет средби во втората шведска лига има учинок од два погодоци и три асистенции. Со вкупно 20 бода неговиот тим се наоѓа на 11. место на табелата. ...
Барселона имаше уште една успешна сезона под водство на Ханси Флик, сезона во која беа освоени две титули во Шпанија (лигата и Супер Купот), успеси во кои свој удел имаше и Маркус Рашфорд. Англичанецот на вкупно 49 средби на каталонците постигна 14 гола и запиша 14 асистенции, но и тоа не беше доволно за да биде продолжен неговиот престој на „Камп Ноу“. Клубот одлучи да не ја активира или поточно искористи опцијата да го откупи договорот од ...
Реал Мадрид го имаше најсилниот тест во досегашните подготовки за новата сезона, соочување со Фиорентина на кое не успеа да победи. „Кралевите“ по 24 минути игра водеа со 2-0 со погодоците на Ендрик и Сирија, но потоа подзастанаа и му дозволија на калчолигашот да воспостави контрола и да создава шанси. Пиколи во 41 минута стрелаше за 2-1, а во вториот дел нововлезениот Кен ги постави конечните 2-2. Наредниот пријателски меч за шпанскиот клуб ...
Англискиот премиерлигаш Челси го официјализираше третото засилување во овој преоден рок по дефанзивецот Марко Палестра и офанзивецот Морган Роџерс. Нов член на „сините“ е искусниот Дани Велбек кој на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа од редовите на Брајтон, тим за кој во минатата сезона даде 13 погодоци на 37 средби во Премиер лигата. -Кога ќе слушнете за интересот од Челси, тоа е нешто што ве исполнува со огромна гордост. Познавајќи ја историјата на ...
Македонскиот Дејвис Куп репрезентативец, Олег Приходко е на чекор од освојување на титулата на ИТФ фјучерсот во Кошалин што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари. Приходко денеска на турнирот што се игра во Полска му пресуди на првиот носител, домашниот рекет Даниел Михалски со 2-0 во сетови. Олег издоминира во првиот сет со 6-1, додека во вториот доби посилен отпор, ама пронајде начин и со 6-4 ја затвори оваа ...
Интер и Манчестер Сити се подготвуваат за новата сезона, а како дел од тие подготовки одиграа пријателски меч во Хонг Конг во кој победа на крајот издвојува италијанскиот шампион. За кратко време од 14 до 20 минута падна по еден гол на двете страни, Мубама стрелаше за „граѓаните“, Павар за „нероаѕурите“. До крајот немаше промени на резултатот, мрежите мируваа, па ударите од единаесет метри го одлучија победникот. Премиерлигашот реализираше ...
Македонскиот фудбалски интернационалец, Јани Атанасов одлично се снаоѓа во новата приказна во неговата кариера, поглавјето во Казахстан во дресот на Актобе. Во минатата лигашка рунда тој стрелаше против Окжетпес, додека денеска одново постигна гол и тоа во сочувањето со Кизилжар. Јани во 38 минута погоди со глава и израмни на 1-1, резултат со кој се замина на пауза. Во второто полувреме Актобе заработи два црвени картони, ситуација која беше ...
Поранешниот македонски репрезентативец, Никола Ѓорѓев не се прослави со епизодата во Португалија каде одигра само 9 натпревари за Фаренсе, па по една мината сезона одлучи да се врати во швајцарскиот фудбал. Тој официјално е претставен како нов член на Ксамакс, тим кој со две победи ја отвори натпреварувачката 2026/2027 во втората лига. Претходно Македонецот во оваа земја беше дел и од Грасхопер, Арау, Шафхаузен, а во еден период настапуваше ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија го доби соочувањето со Исланд и утре ќе се бори за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“. Избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ одиграа еден чуден меч со подеми и падови, меѓутоа на крајот дојдоа до посакуваниот резулат, славје од 86:74. Исланд ја доби првата четвртина со 25:9, потоа ние возвративме со 35:12, па одново „рибарите“ имаа свои минути (22:16) за да македонските ...
Судот за спортска арбитража во Лозана вчера му ја укина суспензијата на Михаило Мудрик и му дозволи на украинскиот фудбалер да се врати на редовните тренинзи во Челси, вест која дојде како гром од ведро небо за цела јавност после двегодишната голгота која ја мина крилото. Украинецот доби четиригодишна забрана за играње фудбал и некои поверуваа дека неговата играчка кариера е завршена, но после вчерашниот пресврт кој следеше, му се нуди нова ...
Манчестер Јунајтед забележа втора победа во подготвителниот период по шокантниот пораз од Рексам, овојпат над Атлетико Мадрид со кого играше во Стокхолм. Избраниците на Мајкл Карик се најдоа пред голем предизвик откако први примија гол од Атлетико, а иако избраниците на Чоло Симеоне важат за „воините“ кои се тешко пробивливи при почетна предност, денеска примија два гола во вториот дел. Во тимови кои тренерите испробуваа доста комбинаторики, ...
Алваро Мората се уште се двоуми размислува дали да остане во Комо со оглед на тоа што не му е загарантирана голема минутажа во тимот на Сеск Фабрегас, па во години кога Шпанецот промени доста клубови, се повеќе се шпекулира дека тој може да се одлучи за уште еден трансфер до крајот на месец август. Оваа тема допре до Сеск Фабрегас кој важи за човек кој ги штити интересите на Мората поради блискиот однос од играчката кариера, но во ситуација ...
Елиф Елмас стави крај на својата втора авантура во Наполи откако му заврши заемот на крајот од сезоната, но во период кога се уште неизвесно е каде ќе настапува македонскиот репрезентативец, офанзивниот фудбалер се огласи на социјалните мрежи поради специјалниот ден во градот Неапол. Наполи како клуб денеска слави 100 години од постоењето, а по повод неверојатниот јубилеј кој се слави под Везув, клубот објави и уникатно видео кое ја ...
Џенаро Гатузо доби нов предизвик во Италија и реши да го води Лацио во период кој делува доста турбулентно, па во период кога сака да постави нови методи и правила во првиот тим, Рино се соочи со несекојдневна ситуација пред неколку дена. Тренерот на Лацио ја избрка од тренинг големата ѕвезда Кенет Тејлор и се појавија видеа од инцидентот на тренингот, а иако агентот на фудбалерот јасно стави до знаење дека ова е нормална ситуација во ...
Најлошите стравување од планината Брод Пик денеска за жал беа потврдени, а тоа е дека без живот останала цела експедиција која завчера имаше за цел да го освои врвот во Пакистан. Страшната лавина која настанала во моментите кога експедицијата транзитирала од вториот базен камп до третиот ги понела со себе сите десет члена, меѓу кои и лидерот Нирмал „Нимс“ Пурџа. Легендарниот Непалец стана најпознатиот алпинист во последните неколу години со ...