Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Един Џеко малку размислуваше пред да донесе одлука дали вреди да продолжи да игра фудбал по крајот на Светското првенство, но на крајот процени дека се уште чувствува голема мотивација за да се натпреварува на највисоко ниво. Откако му помогна на Шалке 04 да обезбеди место во елитната Бундеслига, Џеко реши да стави потпис на нов едногодишен договор и во новата сезона ќе го гледаме во најсилното германско друштво, а како играч кој меѓу ...
По само две одиграни кола, Арсими и Башкими се издвоија како два тима кои се главни кандидати за испаѓање во Втората лига, а третата рунда донесе пресметка на „давениците“ на стартот на сезоната. Арсими и Башкими примија девет, односно единаесет голови на првите два натпрвари, па во дуелот на најслаборангираните, како подобар се покажа денешниот домаќин. Фудбалскиот тим од Гостивар профитираше благодарение на еден момент на инспирација во ...
Новиот светски шампион Родри е последниот фудбалер кој се приклучува на Манчестер Сити на пресезонските подготовки, иако доста веројатно е дека Шпанецот ќе направи се во наредните неколку дена за да го комплетира она што ги има замислено. Родри имаше за цел воопшто да не патува за Англија и да потпише договор со Барселона уште додека е на одмор, но во ситуација кога двата клуба се „натегаат“ за одредување на вистинската цена, шпанскиот играч ...
Ева Карнеиро ја заврши својата етапа како главна доктора во Челси по инцидентот кој го имаше со Жозе Мурињо во 2015-та година, па иако подоцна таа профитираше од тој скандал со вонсудско обесштетување од клубот, оваа тема повторно стана актуелна 11 години подоцна. Причина за тоа е најновиот документарец за Жозе Мурињо кој се емитува на „Нетфликс“, а во кој отворено се говори за споменатиот инцидент од август 2015-та година од различни агли. ...
Шпанската фудбалска филозофија веќе со години наназад се поврзува со определбата „тики-така“, а ваков стил на фудбал сега очекуваат и водечките луѓе на Црвена Звезда со човекот кој беше избран за наследник на Дејан Станковиќ. Фијаското и елиминацијата од Хапоел Бер Шева во квалификациите во Лигата на шампиони предизвика вистински потрес во клубот, но неполни 72 часа подоцна, Црвена Звезда ја информираше јавноста со потврда на веста која веќе ...
Во Првата македонска фудбалска лига веќе се одиграа две рунди, но Втората ќе стартува овој викенд и тоа ќе биде едно ново искуство за реномираниот Работнички. Клубот кој е гордоста на Дебар Маало имаше разочарувачка сезона и испадна во понизок ранг како последица на катастрофалните резултати, па сега пред „романтичарите“ е тешка сезона во која тимот ќе биде целосно изменет. Целта дефинитивно ќе биде експресен кам-бек во најсилното фудбалско ...
Реал Мадрид отвора ново поглавје во својата историја со Жозе Мурињо како лидер на проектот, а дел од втората етапа на Португалецот на „Сантијаго Бернабеу“ нема да бидат играчи кои во минатите сезони имаа значајна улога. Крајот на минатата сезона означи крај и за тројца фудбалери со подолг стаж во „кралскиот клуб“, односно капитенот Дани Карвахал, стоперот Давид Алаба и шпанскиот играч за врска, Дани Себалјос. Тројцата станаа достапни за било ...
Никола Секулов ги помина речиси сите категории во младинската академија на Јувентус, беше еден од играчите со најмногу настапи во вториот тим кој игра во Ц лигата, но „бјанконерите“ не му обезбедија доволно простор за вистинска шанса во сениорскиот тим. По неколку заеми, Секулов ја заврши соработката со торинскиот клуб и во моментов има договор со Сампдорија, екипата која и сезонава ќе игра во Серија Б, но за жал нема да смета на офанзивниот ...
Хулијан Алварез сака да реализира трансфер во Барселона, но барем засега Атлетико Мадрид не сакаше да дозволи такво сценарио и не под условите на кои инсистира големиот ривал. Аргентинецот е подготвен за нов предизвик, но барем досега немаше најави дека би добил зелено светло за ваков трансфер, а се очекуваше дека топката ќе биде дополнително смирена по состанокот кој напаѓачот го имал со тренерот Диего Симеоне. Не е јасно што заклучиле ...
Ливерпул влегува во новата сезона со неколку промени во составот, но и најважно со нов менаџер, откако Андони Ираола беше ангажиран да го наследи отпуштениот Арне Слот. Клупската легенда Џон Барнс не очекува подвиг на „црвените“ и повторување на успехот кој го направи Слот во својата прва сезона во Премиер лигата и се надева дека раководството нема да брза со делење откази поради послаб пласман во транзицискиот период. – Мислам дека Арсенал и ...
Кошаркарската федерација на Македонија на 24 и 25 август 2026 година во Скопје организира задолжителна тренерска клиника, посветена на континуирана едукација и професионално усовршување на македонските тренери. Клиниката носи богата програма и предавања од реномирани стручњаци од Македонија и странство, меѓу кои Светислав Пешиќ, Хосе Мариа Берокал и Саша Грујиќ. Темите опфаќаат дефанзивна и офанзивна транзиција, позициона одбрана, развој на ...
Почетокот на првенството во Саудиска Арабија донесе и одредени заклучоци во однос на плановите и амбициите на клубовите кои ќе се борат за највисок пласман. Екипата на Ал Хилал последните години инвестираше многу пари во интернационални засилувања, па и оваа сезона во ростерот кој ќе биде пријавен за настап нема доволно простор за сите странци. Тренерот Симоне Инѕаги без размислување го прецрта Жоао Кансело, со што португалскиот ...
Бруно Гимараеш реализираше трансфер во Арсенал и веќе дебитираше за „топчиите“ на пријателскиот дуел со Комо, а фановите на премиерлигашот забележаа еден интересен момент од неговиот прв настап во црвено-белиот дрес. Бразилецот дојде за 75 милиони фунти од редовите на Њукасл, каде последните две години ја носеше и капитенската лента, навика која се почувствува уште на првиот натпревар на кој облече дрес на друга екипа. Очигледно е дека Бруно ...
Сантош мораше да прави пресврт на дуелот од Копа Судамерикана, но на крајот успеа да го добие првиот од двата натпревара против Макара. Бразилскиот тим е дел од нокаут завршницата во ова јужноамериканско натпреварување, а најголемата ѕвезда Нејмар се истакна со две асистенции, кои се покажаа и како клучни моменти за победата на неговиот тим. Она што дефинитивно вреди да се истакне е мајсторската асистенција на Нејмар за првиот гол, односно ...
Зинедин Зидан неодамна беше промовиран за нов француски селектор и наследник на Дидие Дешамп, а од вчера е официјализиран и составот на неговиот стручен штаб. Се работи за подолг список на соработници кои ги опфаќаат сите сегменти од подготовката на националниот тим, вклучувајќи го лекарскиот тим и грижата за исхраната на репрезентативните собири, а дефинитивно најпознато име меѓу соработниците е Фабиен Бартез. Поранешниот голман на ...
Филмовите „Патот на Кобрата до ѕвездите“, во режија на Радован Максимовиќ – Макса од Белград, Србија, направен за легендарниот фудбалер Дарко Панчев, и “Булеварот на Ивица Осим“ (режисер Мухамед Бикиќ од Сараево, Босна и Херцеговина) ја добија “Гранд При“ наградата “Драган Пантелиќ – Панта“ за најдобар спортски филм на престижниот шести Меѓународен фестивал за документарни филмови, “Сити Фест 2026“. Овој мошне квалитетен филмски фестивал се ...
Кристијано Роналдо пред неколку дена ја потврди венчавката со својата партнерка Џорџина и фактот што сега таа и официјално му е брачен партнер, но Португалецот немаше време за „меден месец“ и наместо тоа веќе тренира со соиграчите од Ал Наср. Шампионот на Саудиска Арабија ја започнува новата сезона, па Роналдо експресно им се придружи на соиграчите и напорно работи под водство на новиот тренер Анге Постекоглу. Австралискиот стручњак сепак ...
Македонија може да биде домаќин на најпрестижното ракометно натпреварување во организација на ЕХФ, откако ракометните федерации на Србија, Македонија и Словенија официјално поднесоа заедничка кандидатура за организација на машкото EHF EURO 2034. Информацијата е потврдена утринава од нашата федерација, а во продолжение и целосното соопштение за овој важен чекор: – Трите земји со богата ракометна традиција ги здружија силите со јасна амбиција ...
Полскиот клуб Јагјелонија излезе како победник од двомечот со Глазгов Ренџерс во квалификациите за Лига Европа, што е уште едно разочарување за шкотскиот клуб кој влезе лошо во новата сезона. Новиот менаџер МекИнис има сериозни проблеми и заработува многу критики поради постигнатите резултати, а вчера не успеа да му помогне ни Бојан Миовски, кој ретко добива шанса под негово водство, но синоќа се најде во неколку опасни ситуации за многу ...
Микел Артета во последната изјава за медиумите истакна дека само мал број достапни играчи можат да донесат надградба на квалитетот на актулниот ростер на Арсенал, а се чини дека сега јасно е лоциран еден таков фудбалер. Најугледните англиски медиуми објавија дека актуелниот премиерлигашки шампион води интензивни преговори за засилување на одбраната и тоа со Астон Вила. Цел на „топчиите“ е Езри Конса, фудбалер кој ако се пресели во лондонскиот ...
Рутинските лекарски прегледи би требало да бидат последната пречка пред Интер да се пофали со своето најново засилување. Италијанскиот шампион и дефинитивно го ангажираше англискиот репрезентативец Џед Спенс, кој доцна синоќа пристигна во Италија и е подготвен за новиот предизвик во кариерата. Иако често потценет, Спенс последната сезона се наметна со добрите игри во редовите на Тотенхем, а доби сериозна шанса и од Томас Тухел на последното ...
Манчестер Сити веќе активираше една голема трансфер бомба ова лето и исплати 116 милиони фунти за ангажманот на Елиот Андерсон, но пред да се подготви за нови завршни возбудувања и трошење на многу пари, „граѓаните“ одлучија малку да ја наполната касата и да испразнат некое место за потенцијални засилувања. Последните вести од Англија велат дека Сити договори продажба на Тијани Рејндерс во Ал Кадсија за 50 милиони фунти, но ова нема да биде ...
Односот меѓу Барселона и ПСЖ доживеа своја кулминација кога Нејмар направи фамозен трансфсер од „Камп Ноу“ на „Паркот на принцовите“ пред девет години, a севкупно гледајќи во последната деценија, актуелниот европски шампион е клубот кој најчесто пазари од Барса и кој буквално ја наполни касата на Каталонците. Последен ќе биде трансферот на Феран Торес кој набрзо ќе биде претставен во Париз, а откако пристигна информација дека зделката ќе чини ...
Раководството на Јувентус успеа да му го договори посакуваното засилување за одбраната на Лучијано Спалети и на почетокот на следната недела, во Торино на промоција пристигнува Џон Лукуми. Колумбиецот веќе неколку недели чекаше да финишираат маратонските преговори меѓу Јуве и Болоња, но на крајот бил постигнат договор за трансферот и тој ќе биде реализиран. Корпулентниот дефанзивец ќе го чини торинскиот клуб 20 милиони евра плус евентуални ...
Шкендија не успеа да постигне гол на реваншот со Хибернијан и го заврши настапот во квалификациите за Конференциската лига. Последниот македонски претставник во европските купови ги разочара своите фанови на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, каде одигра само 0:0 на дуелот со шкотскиот ривал и го потврди пласманот на Хибернијан во плејофот. Тетовци во голем дел од средбата имаа иницијатива, не ги искористија своите шанси да го совладаат ...
Во рамки на завршните подготовки за настапот на Македонската олимписка делегација на Медитеранските игри Таранто 2026, Македонскиот олимписки комитет денеска организираше едукативен ден за спортистите и членовите на придружниот персонал на делегацијата. Преку двете интерактивни сесии, членовите на делегацијата добија практични информации и знаења кои ќе им помогнат полесно да се справат со предизвиците што ги носи настапот на голем ...
Феран Торес ќе си ја оствари желбата и ќе потпише за ПСЖ, со што станува дел од амбициозниот тим предводен од Луис Енрике, кој сезонава ќе ја брани европската титула. Барселона и ПСЖ изминатиов период преговараа за трансферот, откако самиот фудбалер инсистираше на ова сценарио, а вечерва е постигнат и договор. Шпанскиот шампион ќе добие 50 милиони евра за трансферот на фудбалерот кој со својот гол го реши последното мундијалско финале, а ...
Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години доживеа уште нов пораз на Европското првенство Б дивизија, чиј домаќин е, а денеска подобри од нашите надежи беа репрезентативците на Република Ирска. Двете селекции се борат за што подобра завршна позиција на конечната табела на ЕП, а во првиот дуел од разигрувањето од 9 до 16 место, Македонија доживеа пораз пред своите фанови во Скопје. Ирците имаа само три поени предност на ...
Педро Поро беше еден од членовите на шпанската репрезентација кој максимално ја искористи својата шанса на последното светско првенство и со одличните настапи имаше директно влијание на големиот успех на „фуријата“. Членот на Тотенхем стана светски шампион со својата репрезентација, а по заслужениот одмор, денеска им се врати на клупските обврски. Многу подоцна од најголем дел соиграчи, Поро им се приклучи на подготовките на Тотенхем за ...
Душан Влаховиќ денеска беше официјално претставен како големо засилување за Бешикташ и фудбалер кој сериозно ги зголемува амбициите на екипата предводена од Винченцо Италијано. Италијанскиот стручњак доби искусен напаѓач кој досега настапуваше за Јувентус, а во турскиот клуб е најавено дека ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси. Она што го привлече вниманието на фановите на „бјанконерите“ е неочекуваниот потег на Влаховиќ, кој ...