Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија денеска со соопштение пренесе неколку свои одлуки, поврзани со последните натпревари од домашното првенство. Според одредените казни, посебно се истакнува суспензијата на фудбалерот на Вардар, Торес Јоакин Едуардо, кој ќе ги пропушти следните пет натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Инцидентот по крајот на дербито меѓу Вардар и Шкендија донесе сериозна суспензија и за ...
Манчестер Јунајтед имаше импресивен завршен дел на сезоната под водство на Мајкл Карик, а менаџерот смета дека за слични резултати во новата сезона се потребни дополнителни инвестиции во ростерот. „Црвените ѓаволи“ досега ги доведоа Јури Тилеманс и Андреј Сантош од премиерлигашки ривали, но Карик смета дека тоа не е доволно за да се биде конкурентен во жестоката англиска и европска конкуренција. – Прво и основно, презадоволни сме од ...
Милан влегува во последната фаза од подготовките за новата сезона, а значаен сегмент на овој период е и кратењето на составот, кое веќе го најави тренерот Рубен Аморим. Португалскиот стручњак имал состанок со раководството и на него било јасно посочено кои фудбалери не се во неговите планови и треба да си најдат нов клуб до крајот на преодниот рок, а постои и група играчи која може да замине ако Милан добие соодветна понуда. Откако беше јасно ...
Јури Тилеманс не се прослави кај фановите на Астон Вила уште пред да дебитира за својот нов клуб, па еден ден по спорната изјава, јавно се извини за тоа што го кажал. Белгискиот репрезентативец потенцирал дека Манчестер Јунајтед е многу поголем клуб од Вила, алудирајќи на новиот предизвик во кариерата, односно трансферот на „Олд Трафорд“. – Не сакав моите зборови да навредат некого или клубот Астон Вила, кого многу го почитувам и на кого сум ...
Манчестер Сити ова попладне ги израдува своите фанови со веста дека Жереми Доку ставил потпис на нов договор во времетраење од пет години, но од друга страна, во јавноста се погласна е информацијата дека клубот прави максимални напори за да се ослободи од играчот кој го доведе пред само една година. Тијани Рајндерс пристигна од Милан како големо засилување за средниот ред на Пеп Гвардиола, но 12 месеци подоцна, тој е на трансфер листата и ...
Трофејот „Тереза Ерера“ е фудбалско натпреварување кое традиционално се одржува секоја година во месец август, натпревар на кој улогата на домаќин секогаш ја има Депортиво А Коруња. Повратникот во шпанската Ла Лига оваа година го пречека Реал Мадрид во натпреварот кој е последен тест пред новата сезона во шпанската Ла Лига, а иако пружи добар отпор, сепак не успеа да го одбрани домашниот терен и загуби со 0:1 (Брахим Дијаз го постигна ...
Арсенал и Комо вчера одиграа пријателски натпревар во Лондон кој заврши со резултат 1:1, а иако домаќините беа оние кои славеа во пенал рулетот, Сеск Фабрегас не беше воопшто разочаран од тоа што го виде на теренот. Шпанскиот стручњак се сретна со својот сонародник Микел Артета и одблиску запозна како функционира неговиот тим, па по крајот на средбата на „Емирејтс“, тренерот на Комо не штедеше комплименти за сето она што го направи менаџерот ...
Комо загуби на пенали на вчерашниот контролен натпревар против Арсенал во пресрет на новата натпреварувачка сезона, но Сеск Фабрегас може да биде повеќе од задоволен од начинот на кој се носеше неговиот тим против англискиот првак. Италијанскиот тим се подготвува за премиерната сезона во Лигата на шампиони и донесе неколку звучни засилувања, меѓутоа на вчерашниот натпревар против Арсенал воодушеви играч кој беше дел од тимот и лани. Мартин ...
На денешен ден пред две години, македонската кошарка беше обвиена во црно, а причина за тоа беше смртта на една од најголемите легенди во историјата на овој спорт, неповторливиот Лазар Лечиќ. Човекот кој важеше за кошаркарски феномен и кој беше дел од најсаканата игра повеќе од 60 години беше препознатлив по својата харизма и добриот впечаток кој го оставаше на било кое место на кое ќе се појавеше, па како кошаркарска легенда која остави ...
Медитеранските игри во Таранто ќе бидат 20-ти по ред, а на јубилејното издание, македонската делегација ќе брои повеќе членови од било кога досега. Македонскиот тим ќе сочинува 130 членови, од кои 88 се пријавени спортисти кои ќе се натпреваруваат во различни дисциплини на мултиспортското случување, или поточно во 19 спортови. Медитеранските игри започнуваат на 21-ви август и ќе траат до 3-ти септември, а во пресрет завршните подготовки кои ...
Фудбалската филозофија на Чави Ернанднес целосно се поклопува со сфаќањата кои ги имаат Холанѓаните за најважната споредна работа во светот, па иако никој не најавуваше такво нешто, вчера пристигна официјална потврда за взаемен договор меѓу двете страни. Чави е избраниот човек од холандската Федерација како идеален кандидат за наследник на Роналд Куман, а еден ден по потврдата на соработката, легендата на Барселона се јави и со прва изјава. ...
Никола Ѓуретановиќ е единствениот македонски претставник на Европското пливачко првенство во Париз, а ова утро тој постави свој личен рекорд на квалификациите за 200 метри слободен стил. Македонскиот претставник заврши на шестото место во совјата група од квалификациите, а времето од 1.52,59 е најдоброто кое го има остварено во својата карирера. Ѓуретановиќ постави личен рекорд во базенот во француската престолнина, но тоа не беше доволно за ...
Реал Мадрид полека влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона во шпанската Ла Лига, па вчера го одигра претпоследниот натпревар пред првиот натпревар во Ла Лига. Тимот на Жозе Мурињо беше гостин во А Коруња на традиционалниот турнир „Тереза Ерера“, а иако мораше добро да се испоти против мотивираниот Депортиво, Реал Мадрид успеа да слави победа со голот на Брахим Дијаз. Комбинацијата меѓу голманот Лунин и Брахим направи главна ...
Душан Влаховиќ нема да ги менува боите на дресот, но дефинитивно направи голема промена во својата кариера и вчера официјално позираше со новите обележја во Истанбул. Иако направи трансфер во Турција, српскиот напаѓач ќе продолжи да носи „црно-бел“ дрес на себе и во иднина, но покрај тоа што беше еуфорично пречекан од фановите, за турските новинари посебно необичен беше и еден детаљ. Влаховиќ пристигна во Истанбул со две гајби домати покрај ...
Душан Влаховиќ нема да ги менува боите на дресот, но дефинитивно направи голема промена во својата кариера и вчера официјално позираше со новите обележја во Истанбул. Иако направи трансфер во Турција, српскиот напаѓач ќе продолжи да носи „црно-бел“ дрес на себе и во иднина, но покрај тоа што беше еуфорично пречекан од фановите, за турските новинари посебно необичен беше и еден детаљ. Влаховиќ пристигна во Истанбул со две гајби домати покрај ...
Фабијан Руиз се врати на тренинг обврските како актуелен светски шампион овој понеделник, а веќе вчера беше на теренот и доби мала минутажа во завршницата од Суперкуп мечот со Астон Вила. Шпанецот беше поштеден од Луис Енрике и допрва ќе треба да работи за враќање во максимално добар ритам, но кам-бекот во тимот е одбележан од еден разговор кој полека почна да се шири и надвор од соблекувалната на ПСЖ. Луис Енрике и соиграчите го гледаат ...
Роналд Куман ја презема одговорноста за раната елиминација на Светското првенство и ја остави празна селекторската функција во Холандија, а еден месец подоцна, „лалињата“ излегоа со соопштение за неговиот наследник. Иако првично се преговараше со Арне Слот, беше разгледувана и опцијата Роберто Мартинез, на крајот конечниот избор падна на човек кој го гледа фудбалот на сличен начин како Холанѓаните, Шпанецот Чави Ернандес. Легендата на ...
Горан Иванишевиќ мина незаборавен период како тренер на Новак Ѓоковиќ и во секое ново интервју му се воодушевува на Србинот, па така е и во најновиот разговор кој го имаше за хрватски „24 сата“. Славниот „Зец“ уште еднаш ги апострофира најголемите квалитети на најуспешниот играч во историјата на тенисот, но при обраќањето дава и една интересна изјава за најголемиот ривал на Новак, Рафаел Надал. Ако треба да бира тенисер кој би играл за ...
Реал Мадрид вчеравечер го одигра претпоследниот тест пред новата сезона во шпанската Ла Лига, а тимот на Жозе Мурињо беше гостин на традиционалниот турнир кој го организира Депортиво А Коруња. Повратникот во шпанската елита закажа контролка против Реал Мадрид за да го одбележи најновото издание на турнирот на „Риазор“, па во еден меч кој двата тима го сфатија доста сериозно, на крајот пресуди еден гол. Како многупати во кариерата на Жозе ...
ПСЖ не изгледаше најполетно и најдобро во еден дел од натпреварот против Астон Вила и во еден момент изгледаше дека „виси голот“ на Сафонов, но европскиот шампион одолеа на притисокот од Англичаните и зададе конечен удар со голот на Дезире Дуе. Погодокот за 2:1 во второто полувреме ја направи главната разлика во Салцбург и ПСЖ освои втор трофеј во европскиот Суперкуп, а Луис Енрике не го криеше задоволството што неговиот тим победи и во ...
Неколку дена по смртта на неговиот татко, Лионел Меси се врати на терените, и тоа неполни часа по срцепарателното писмо кое го проследи преку социјалните мрежи. Аргентинскиот фудбалски мајстор остана без својата најголема поддршка во животот и смртта на Хорхе дефинитивно ќе остави длабока трага во неговиот живот, па иако самиот нагласи дека не знае дали вреди да продолжи да игра фудбал, тој сепак се врати на теренот неколку часа подоцна. ...
Пријателските натпревари во овој период од месец август се всушност последни контролки пред она најважното што следи, па во таква ситуација, постои и одредена тензија на дел од средбите кои играчите веќе ги сфаќаат и малку посериозно. Најдобар доказ за тоа е вчерашниот тест натпревар меѓу Малага и Фулам во Шпанија, на кој присутните гледачи на „Ла Росаледа“ беа сведоци и на бизарни сцени. Откако натпреварот заврши 2:2 во регуларниот дел, ...
Кристијан Ромеро дефинитивно го напушта Тотенхем, но ако до пред некој ден најблиску до неговиот потпис беше Интер, на крајот дефанзивецот ќе се пресели во Атлетико Мадрид. Поголем број угледни новинари од повеќе земји, вклучувајќи го и Бен Џејкобс, вечерва потврдија дека Тотенхем ја прифатил понудата на шпанскиот клуб и Ромеро ќе добие шанса да игра под водство на Диего Симеоне. Аргентинскиот репрезентативец немаше ништо против да го облече ...
Ракометниот турнир во Струга донесе соседско дерби уште на првиот натпреварувачки ден, а во него ГРК Охрид ја оправда фаворитската улога и славеше над Струга со 37:24. Охриѓани имаа само плус три на полувреме, но во вториот дел го откажаа противникот и рутински ја остварија првата победа, на турнирот на кој годинава го бранат трофејот. Охрид сега е на чекор до место во финалето и за таков епилог треба да го победи српскиот претставник ...
Расел Вестбрук имал неколку понуди за новата сезона, но сепак решил да стави крај на својата НБА кариера и се повлекува од американската професионална лига по 18 години. Вестбрук беше четврти пик на драфтот во 2008 година, беше избран од Сиетл, односно стана дел од новата преселената франшиза Оклахома Сити. Во 2017 година, во комбинација со Харден и Дурент обезбедија финале, во кое Тандер загуби од Мајами, а утеха за Вестбрук беше МВП ...
Актуелниот европски шампион ПСЖ втора година по ред го освои европскиот Суперкуп на УЕФА, а вечерва францускиот тим беше подобар од Астон Вила со резултат 2:1. Кварацхелија со атрактивен потег и погодок ги најави највозбудливите моменти на стадионот во Салцбург уште во 20. минута, а обидите на премиерлигашот да израмни резултираа со гол пред крајот на полувремето. 17-годишниот Маџо реализираше од тешка позиција и ја врати Астон Вила во егал ...
Шкендија утре го пречекува Хибернијан во Скопје, во обид да ја неутрализира минималната предност на противникот од првата средба и да се избори за место во плејофот на Конференциската лига. Шкотскиот ривал победи на првата средба со 2:1, а тренерот на нашиот претставник, Артим Положани, смета дека Шкендија мора да се бори за секоја топка ако сака да се надева на успешен реванш против овој ривал. – Дефинитивно ќе биде тежок натпревар, со оглед ...
Хал сезонава се враќа во Премиер лигата, а тоа донесе и императив за ангажирање нови имиња, со кои екипата ќе успее да ја оствари основната амбиција, а тоа е обезбедување опстанок во првата сезона во направениот камбек. Денеска клубот информираше дека вторпат во краток период поставил нов сопствен трансфер рекорд и тоа за ангажирањето на Нобел Менди. Сенегалскиот дефанзивец доаѓа од редовите на Рајо Валјекано, а иако сумата не е потврдена, ...
Шпанската фудбалска легенда, Чави Ернандез од денеска е нов селектор на холандската фудбалска репрезентација. Федерацијата одлучила да му ја довери улогата на поранешниот тренер на Барселона, со што тој ќе го наследи Роланд Куман на одговорната функција. За Чави ова е прв предизвик како селектор и прва работа по цели две години, односно откако доби отказ од Барселона во 2024 година. Шпанецот потпишал четиригодишен договор и би требало да ја ...
Реал Мадрид полека се подготвува за предизвиците кои ги носи новата сезона, а покрај новиот тренер, повратникот Жозе Мурињо, фановите ќе имаат можност да ја следат адаптацијата и на голем број нови и квалитетни имиња во неговиот ростер. Еден од нив е Ибрахим Конате, францускиот репрезентативец кој дојде како слободен агент од Ливерпул и ќе треба да помогне во одбраната на шпанскиот клуб. Она што е посебно интересно за Конате е што успеа ...