Ливерпул потроши огромна сума на пари во летниот преоден рок, вложи многу средства за засилувања, но во екипата се уште има позиции кои мора да се освежат, да се засилат, а една од нив е дефанзивната линија. „Црвените“ пред почетокот на кампањава се обидоа да дојдат до Марк Геји, но работите не се наместија и Англичанецот пред само неколку дена заврши во Манчестер Сити. Ова значи дека Ливерпул ќе мора да бара друга опција особено ако се земе ...

Лидерот во Калчо лигата Интер ја забележа 17. победа во 22. натпревар и тоа откако вечерва го реши составот на Пиза со 6-2. Овој резултат никој не го очекуваше во Милано ако се земе предвид дека гостите по само 23 минути игра водеа со 2-0 со головите на Морео. На фаворитот му требаше време да се соземе од шокот, па одигра пеколна завршница на првиот дел во кој од 39 минута до 47 минута (45+2) постигна три погодоци преку Зиелински, Мартинез и ...

Репрезентацијата на Шведска ја забележа четвртата победа на Европското првенство, прва во главната фаза со што направи голем исчекор кон местата кои водат до полуфиналето на овој голем настан. Скандинавците оваа вечер беа подобри од селекцијата на Словенија со 35:31. Словенците одиграа квалитетно прво полувреме и имаа дури и предност од два гола на паузата (15:13), но по одморот фаворитот воден од навивачите заигра на повисоко ниво пред се во ...

Составот на Пари Сен Жермен издвојува тешка победа над Оксер од 1-0 во првиот натпревар од 19. коло во Лига 1. Тренерот Луис Енрике не можеше да смета на доста важни играчи на овој меч како Хакими, Невеш, Руиз, Мендеш…поточно на клупата за резерви од седум играчи двајца му беа голмани, двајца дефанзивнци и како реални опции за да му помогнат Дембеле и Дуе. Токму француските репрезентативци влегоа во игра во 61 и 62 минута и успеаа да ги ...

Македонскиот интернационалец, Марко Ѓорѓиевски постигна убав гол против Динамо Букурешт во шампионатот на Романија. Марко влезе во игра во 64 минута, а во 77 минута успеа да ја искористи топката од голманот Кубуз, да се снајде во дуелот со противничките играчи и да стрела за 1-1 во тие моменти. Сепак до крајот Динамо погоди уште еднаш преку Опрут и со тоа му го нанесе на Хермаштад 13. првенствен пораз. Ова за Ѓорѓиевски беше прв гол во 2026 ...

Македонските фудбалски прволигаши Арсими и Силекс потврдија нови засилувања во овој зимски преоден рок. Клубот од Чегране го обезбеди потписот на напаѓачот Ремзифаик Селмани. Селмани е поранешен младински репрезентативец на Македонија, играч со големо домашно и интернационално искуство, офанзивец кој се враќа на нашата сцена по ангажманот во Феризај од Косово. Тој со Арсими потпише едно ипол годишен договор. Силекс пак ги обезбеди услугите ...

Манчестер Сити не е на посакуваното ниво во оваа 2026 година, период во кој одигра седум натпревари во кои забележа само две победи од кои само за издојување е онаа против Њукасл во Лига Купот затоа што другата беше против нискологашот Ексетер во ФА Купот. „Граѓаните“ беа особено лоши во последните два натпревари во кои прво беа надиграни од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, а потоа и шокирани од Бодо Глимт во Лигата на шампионите. ...

Швајцарија и Унгарија одиграа без победник 29:29 во вториот натпревар во новоформираната група 2 на Европското првенство. „Домаќините“ одиграа идеално прво полувреме во кое се изборија за предност од 20:14, во вториот дел во неколку наврати имаа и плус седум, но потоа Унгарците тргнаа во офанзива, се изборија за кам-бек во кој дури и поведоа, но потоа Швајцарците дадоа гол за реми на ова соочување во Малме. Рубин со 7 гола беше прв стрелец за ...

Екипата на Тинекс Пролет има нов тренер и тоа Доне Мајнов, информираше македонскиот прволигаш. Мајнов реши да ја заврши играчката кариера и веднаш се впушта во нов предизвик како предводник на клубот за кој настапуваше од 2012 година. Тој беше дел и од екипата што го освои третото место во Супер-лигата (најдобар пласман од осамостојувањето на Македонија), како и од тимот што потоа на гостински терен славеше на еден од двата меча со славниот ...

Се игра главната фаза на Европското првенство, а денеска е ден за групата 2 која се игра во Малме, Шведска. Токму на вториот меч од денешната програма се случи една неверојатна ситуација, момент кој сигурно ќе се памети и ќе се врти кога се во прашање најсмешните ситуации на големите ракометни настани. На соочувањето меѓу Унгарија и Швајцарија, кружниот напаѓач Роста „изведе магија“ и ја сокри топката. Тој по одбраната на Портнер се фрли во ...

ГФК Охрид доживеа убедлив пораз од Работнички со 8-2 на вчерашниот пријателски меч што се одигра во Скопје, натпревар за кој се појавија сомнежи дека постоеле задкулисни игри. Во Фудбалската федерација на Македонија е пристигната пријава за крајно сомнителниот резултат на ова соочување, па ова е топ тема на денот кога е во прашање македонскиот фудбал. Работнички се огласи со кратко соопштение на социјалните мрежи и порача дека нема никаква ...

Екипата на Брера Струмица промовираше засилување за вториот дел од оваа сезона, засилување во офанзивната линија кое доаѓа од Хрватска. Се работи за 22-годишниот Леонардо Петровиќ, играч кој своевремено бил од школата на Хајдук, но и некогашен младински хрватски репрезентативец. Офанзивецот настапувал за Радник Бијељина и Посушје од Босна и Херговина, а во Македонија доаѓа по ангажманот во Змијавци каде на дванаесет натпревари имаше учинок од ...

Осум натпревари беа на програмата во НБА лигата, осум натпревари на кои домашните и гостинските екипи забележаа по четири победи. Од сите соочувања беа селектирани најдобрите акции и моменти, па на најновата топ листа се најдоа десет мајстории кои ги предводи членот на Шарлот Хорнетс, Мајл Бриџис со супер атракцијата над центарот на Орландо Меџик, Гога Битадзе. Осум натпревари беа на програмата во НБА лигата, осум натпревари на кои ...

Македонскиот интернационалец, Андреј Шошкиќ продолжува да игра на високо ниво во НЦАА лигата, а најновата забележителна партија ја имаше против Нортистерн Хаскис. Шошкиќ беше меѓу најзабележителните играчи во славјето на Стони Брук од 95:80. Гостите одиграа две ефикасни полувремиња, Андреј беше втор стрелец во екипата со 22 поени зад Ерик Прат кој имаше 31 поен. Имено некогашниот кошаркар на Работнички уфрли пет тројки од девет обиди, имаше 4 ...

Ракометната репрезентација на Хрватска издвојува победа над Исланд од 30:29 во првиот натпревар од денешната програма на Европското првенство. Составот кој го предводи Сигурдсон се избори за супер значаен триумф со кој дојде до првите бодови во главната фаза. Се водеше жестока борба до самиот крај, а како пресудно на крајот се покажа изданието на „коцкестите“ во првиот дел. Имено тој дел Хрватите го добија со 19:15, па иако противникот во ...

Тами Ејбрахам се враќа во Премиер лигата и наредниот период ќе го носи дресот на Астон Вила. Англискиот напаѓач сезонава го носеше дресот на Бешикташ, но како позајмен играч од Рома, при што Вила постигнала договор со двата клуба за реализација на трансферот. Бешикташ ќе го искористи правото да го откупи договорот од Рома за 13 милиони евра, додека Вила ќе му плати на турскиот клуб 21 милион евра за да го добие Ејбрахам уште овој месец. ...

Данската ракометна репрезентација вчера ја победи Франција и останува во игра за нокаут фазата и исполнување на своите шампионски амбиции на ЕП, но селекторот Николај Јакобсен се соочува со еден проблем во однос на повредите. Лукас Јоргенсен се повреди на дуелот со Романија и за него турнирот е завршен, а Јакобсен и неговите соработници по долго размислување, решија дополнително да го повикаат Андреас Магард како замена за Јоргенсен. За ...

Џек Грилиш се покажа како важно засилување за Евертон оваа сезона, но менаџерот Дејвид Мојс денеска открил дека повремениот англиски репрезентативец оди на принудна пауза. Кај Грилиш е потврдена стрес фрактура на стопалото и засега е тешко да се претпостави колку време нема да биде во комбинација за настап. Вообичаено стрес фрактурите бараат мирување и постепено враќање на движењата и напорите, посебно кај спортистите. Грилиш забележа 22 ...

Манчестер Сити утре ќе биде голем фаворит на дуелот со Волвс, но Пеп Гвардиола и неговите фудбалери го дочекуваат дуелот под голем притисок, откако доживеаја два незгодни порази во серија. По неуспесите со Манчестер Јунајтед и Бодо, Сити мора да оди на три бода, а менаџерот Гвардиола денеска зборувал пред новинарите, најавувајќи го претстојниот премиерлигашки настап на својата екипа. Сити заостанува седум бодови зад лидерот Арсенал, а ...

Вулверхемптон имаше понуди за Јорген Странд Ларсен и во летниот преоден рок, а засега не се решава да прифати сериозна трансфер сума и во актуелниот, јануарски трансфер прозорец. Англиските медиуми пренесоа дека „волците“ денеска одбиле дури 33 милиони фунти за напаѓачот, а понудата пристигнала од редовите на премиерлигашкиот ривал Лидс Јунајтед. Интересно е што Норвежанецот не блеска од почетокот на сезоната и наводно Волвс планира да ...

Ферари денеска го претстави новиот болид, односно болидот со кој Луис Хамилтон и Шарл Леклер ќе возат во согласност со новата техничка регулатива, а тимот ќе биде под притисок да ги подобри резултатите од претходната сезона. Италијанскиот тим не успеа да оствари ниту една победа во 2025 година, а останува да се види како новиот болид ќе котира во однос на ривалите, имајќи ги предвид сериозните промени во регулативата кои стартуваат од оваа ...

Раководството на Тотенхем е во напредни преговори за ангажирање актуелен фудбалер на Ливерпул и медиумите тврдат дека транферот ќе биде реализиран најдоцна по крајот на сезоната. Се работи за искусениот Енди Робертсон, левиот бек чиј договор истекува во јуни и според тоа има право да преговара со други клубови уште од јануарскиот преоден рок. Желба на Тотенхем е да го добие Робертсон уште пред крајот на овој месец, а во спротивно ќе мора да ...

Ждрепката за четвртфиналето на македонскиот фудбалски Куп донесе едно големо дерби и поволна ждрепка за актуелниот лидер во првенството, екипата на Вардар. Во најинтерсниот натпревар од оваа рунда ќе се сретнат Струга и Шкендија, што значи дека само една од овие две екипи ќе го продолжи настапот во полуфиналето и ќе остане во битката за посакуваниот трофеј. Вардар за противник го доби тимот на Охрид и тоа ќе игра на домашен терен, додека ...

Најдобриот македонски одбојкар, Никола Ѓорѓиев, од денеска официјално е нов член на чешкиот прволигаш Карловарско. Македонскиот репрезентативец реши да ја напушти Романија, односно по првиот дел од сезоната минат во редовите на Рапид, кариерата ја продолжува во Чешка. За 37-годишниот Ѓорѓиев ова е прво искуство во чешки клуб, а стави потпис на договор со Карловарско, кој е лидер на табелата во чешкото првенство. – Ова ми е 21. сезона во ...

Ливерпул утре има незгодно гостување кај Борнмут во Премир лигата, а позитивна вест за менаџерот Арне Слот е и враќањето на Мохамед Салах во тимот. Крилниот напаѓач ги заврши обврските кон националниот тим на Африканскиот куп на нации, Слот вели дека е во комбинација за настап, но дополнително ќе одлучи дали да биде стартер. Истовремено, менаџерот на Ливерпул истакнал еден фудбалер кој го импресионирал со своите настапи последниот месец. – ...

Фабио Капело ја анализирал актуелната ситуација во Серија А и според него Милан со досегашните резултати потврдил дека е сериозен кандидат за скудетото. Интер има три бода повеќе од градскиот ривал, тренерот Макс Алегри постојано потенцира дека главна амбиција на Милан е Топ 4 пласман, но Капело смета дека тоа е само интелигентен потег на искусниот тренер. – Ако Милан победи со Рома во недела, тешко ќе може да ги сокрие амбициите за титулата. ...

Заминувањето на Рубен Аморим од Манчестер Јунајтед и назначувањето на Мајкл Карик како негов привремен наследник може да донесе одредени промени и во трансфер стратегијата на клубот, иако е јасно дека менаџментот прво ќе треба да назначи долгорочно решение на менаџерската функција, па да носи поважни одлуки поврзани со преодните рокови. Сепак, премиерлигашот во јануари има одредени приоритети, а еден од нив е да го задржи Коби Мејну, фудбалер ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино учествувал на Светскиот економски форум во Давос и таму се истакнал со коментар за британските фанови, кој предизвика негативни реакции на островот. Инфантино зборувал за безбедносниот аспект за претстојниот мундијал, при што се пофалил за безбедноста на претходното СП во Катар, за кое ФИФА заработи многу критики. – Имаше многу критики, но реално првенството во Катар помина без инциденти. – Замислете, ...

Марк-Андре тер Штеген веќе е потврден како засилување за Џирона, екипа во која ќе се обиде со посакувана минутажа да ја потврди својата препознатлива форма, на која изминатите години ги навикна фановите на регионалниот ривал Барселона. Германскиот голман се реши на ваков чекор откако стана втора опција за сонародникот Ханси Флик, а по официјализирањето на неговиот заем во Џирона, искрено зборувал за овој потег. – По рехабилитацијата од ...

Тринити Родман стави крај на комплицираните преговори со Вашингтон Спирит и потпиша тригодишен договор со кој испиша историја за женскиот фудбал, но и воопшто за спортистките. Ќерката на НБА легендата, Денис Родман, со своите досегашни настапи се избори за уникатна позиција на американската фудбалска сцена, за што договорила годишна плата од 2 милиони долари, што е нов апсолутен рекорд. Според информациите на медиумите, досега најплатена ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
87%
1002
weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
9.77
74%
1001
weather icon

Загреб

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
6.17
74%
1007
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.31
99%
1009
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
9.26
72%
1006
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
6.17
81%
999
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.63
95%
1009
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
66%
1012
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Родиум

339994.14

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Алуминиум

3.09

Калај

48.78

Бакар

12.12

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Злато

157561.16

Кобалт

64.04