Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, денеска настапи на маратонската трка во рамките на Европското првенство и истата ја заврши на 46. место. Ивановски настапи во Бирмингем како наш единствен претставник, а маратонската делница ја поминал за 2:22:39, што секако е далеку од неговото најдобро време. На маратонот настапиле вкупно 60 натпреварувачи, а дел од нив не успеале да истрчаат 42 километри низ улиците на Бирмингем. Златниот ...

Кошаркарскиот клуб Партизан денеска потврди уште едно засилување за новата сезона, а истото доаѓа од НБА лигата. Се работи за Итан Томпсон, со кого „црно-белите“ ќе се засилат на бековските позиции, а овој кошаркар го доведоа од редовите на Индијана Пејсерс. Томпсон минатата сезона дебитираше во НБА и имаше просек од 7 поени, 2,2 скокови и 1,8 асистенции по натпревар, а одлични бројки постигнуваше во развојната лига. Репрезентативецот на ...

Рафаел Ходар направи голем пресврт во третиот сет на дуелот со Денис Шаповалов и обезбеди следна рунда на тенискиот Мастерс во Синсинати. Шпанскиот тенисер имаше негатива од 5:1 во третиот сет, но успеа да направи неверојатна серија, освојувајќи шест гејмови по ред, за конечни 7:5 и победа од 2:1 во сетови. Она што го привлече вниманието на фановите е фактот што Ходар два пати бараше пауза на мечот за да ги смени врвките, а вториот пат ...

Ислам Махачев ја доби борбата со Иан Гери на поени и постави УФЦ рекорд со 17 победи во серија, нешто што досега не му успеало на ниту еден друг борец во оваа ММА франшиза. Русинот имаше добри моменти во октагонот, но заработи и многу незгодни удари од Ирецот, кој се покажа како достоен предизвикувач, иако на крајот не успеа да ја прекине победничката серија на ривалот. Она што УФЦ фановите го направија вирално од борбата е „хедкик“ ударот на ...

Фановите на Њукасл се загрижени поради сериозните промени во клубот по крајот на претходната сезона, по кои екипата има нов менаџер, а во ростерот недостасуваат неколку големи ѕвезди кои не добија соодветни замени. Ова ќе биде голем предизвик за клубот кој изминатите години стигнуваше и до Лигата на шампионите, а целата ситуација како да влијаеше и на организацијата на вчерашниот пријателски натпревар со Баер Леверкузен. Њукасл беше приморан ...

Новак Ѓоковиќ мина фуриозно во првиот сет од дуелот со Тиаго Тиранте кој значеше прв меч за него по полуфиналето на Вимблдон, но долгата пауза која ја направи Србинот од третиот грен слем во годината, очигледно направи да остане без здив во вториот сет. Откако го доби првиот сет со 6:2, Новак имаше проблеми со дишењето и почна да се мачи поради големата влажност во Синсинати, па во еден момент се доведе во ситуација да повраќа и да паѓа на ...

Манчестер Сити одамна ги започна преговорите за Ајуб Буади и англискиот клуб се надева дека до крајот на преодниот рок ќе го обезбеди потписот на мароканскиот репрезентативец. Играчот за врска го потврди својот голем потенцијал и на светското првенство, а со своите 18 години ветува неверојатна кариера, која барем во моментов е поврзана со екипата на Лил. Тренерот Давиде Анчелоти вчера потврдил дека клубот преговара за евентуален трансфер на ...

Ал Хилал е задоволен од работата на тренерот Симоне Инѕаги и има голема доверба во италијанскиот стручњак, а тоа подразбира и поддршка за неговите одлуки, пред се они поврзани со скапите странски засилувања. Поранешниот тренер на Интер и летово го прецрта Жоао Кансело и Португалецот добил јасна порака дека повторно треба да си најде нов клуб, а според медиумите во Саудиска Арабија, сега на ред е уште поголема ѕвезда на екипата. Најавите се ...

Ислам Махачев ја доби главната борба на УФЦ 330 изданието и постави престижен рекорд, со кој барем одреден период ќе биде број еден во УФЦ историјата. Махачев доби солиден отпор од Иан Мачадо Гери во борбата во октагонот во Филаделфија, која на крајот беше решена на поени, а победникот имаше минимална предност кај сите судии и го задржа појасот во велтер категорија. За Махачев ова е седумнаесетта победа по ред во УФЦ, ефект кој досега беше ...

Барселона ќе ја стартува сезоната како актуелен шпански шампион и императив да ја одбрани титулата, а Ханси Флик го подготвува својот тим за сериозниот предизвик, кој треба да биде надополнет и со амбициите конечно да се дојде и до европскиот трофеј. Германскиот стручњак ќе работи со променет состав, за кого постои простор да биде и надополнет со квалитетни имиња до крајот на преодниот рок, но самиот решил да направи една дефанзивна измена ...

Манчестер Јунајтед ја заврши серијата контролни натпревари и на генералката пред стартот на сезоната, загуби од Милан со 4:2. Поранешниот менаџер Рубен Аморим успеа да ги одведе „росонерите“ до победа во Вроцлав, а актуелниот менаџер на премиерлигашот, Мајкл Карик, не криел дека е незадоволен од она што го видел. – Разочаран сум од она што го видов денеска. – Не игравме добро и има причини за тоа, треба да извлечеме поуки и да се подобриме во ...

Рубен Аморим за првпат го имаше Манчестер Јунајтед како ривал откако доби отказ од клубот пред осум месеци, а судбината посака португалскиот стручњак да биде тој кој го заврши мечот во Вроцлав со насмевка на лицето. Аморим ги подготви своите фудбалери од Милан и славеше со 4:2 на последната контролка пред новата натпреварувачка сезона, па како човек кој добро ги познава речиси сите играчи во Јунајтед, по последниот судиски свиреж имаше и ...

Екипата на Нешвил покажа зошто е актуелен лидер во МЛС и успеа со убедливи 4:1 да го совлада Интер Мајами на дербито, на кое актуелниот шампион со победа можеше да го преземе првото место. Ова не беше добра вечер ниту за Лионел Меси, кој не реализираше пенал при минимална негатива на својот тим, со што постави личен антирекорд. Меси првпат во кариерата не реализираше трет пенал по ред, серија која ја започна во дресот на Аргентина, ...

Борусија Дортмунд и Рома одиграа возбудлив контролен натпревар на „Сигнал Идуна парк“, а посебно френетични беа воведните 30 минути во кои видовме четири голови. Интересната пресметка беше отворена со ремек-дело и докторски потег на фудаблскиот мајстор Пауло Дибала, кој најпрво демонстрираше страшна контрола на топка, а потоа постигна и елегантен гол откако топката и малку среќно стигна до него. Магијата на Дибала го отвори мечот на најдобра ...

Екипата на Охрид ја одбрани титулата и го освои 54-то издание на традиционалниот меѓународен турнир кој се игра во Струга, и тоа во финале во кое на крајот одлучуваше еден напад. Вардар имаше негатива во поголем дел од натпреварот и се доби впечаток дека ќе остане без сили во завршницата, но тимот на Чупиќ не се предаде и дојде во ситуација да напаѓа за израмнување, откако претходно судиите вратија три секунди на семафорот. Охрид одржуваше ...

ПСЖ го отвори денот со потврда на трансфсерот на Феран Торес, а возбудливата сабота ја затвора со официјализирање на уште еден трансфер кој надминува 50 милиони евра. Европскиот шампион од денеска е посилен и за бисерот на Ајакс Мика Годтс, кој вечерва стави параф на договор до 2031-ва година, исто како што направи и Торес. Годтс зад себе остави сензационална сезона во холандската Прва лига и го заврши шампионатот со 17 голови и 12 ...

Новата сезона во шпанската Ла Лига стартуваше вечерва со натпреварот меѓу Алавес и Хетафе, а во дуел во кој се водеше жестока битка на секој дел од теренот во првиот дел, клучен момент беше оној во 42-та минута. Кико Феменија поради опасен старт доби директен црвен картон и ги остави гостите од Мадрид на цедило, па во таква ситуација, Алавес знаеше како да профитира во целост. Домаќините нападнаа во второто полувреме со сите сили и успеаја да ...

Феран Торес ги налути фановите на Барселона со првата изјава која ја даде како играч на ПСЖ, бидејќи шпанскиот напаѓач заклучи дека бил посебно поласкан да направи трансфер во клуб кој веќе е докажан во Европа и кој е научен да победува во Лигата на шампиони. Напаѓачот кој донесе втора светска титула за Барса заклучи дека ПСЖ е адекватен клуб за да се освои најпрестижната европска титула во ситуација кога не можеше да го направи тоа со ...

Џамал Мусиала постигна гол против Ред Бул Лајпциг на „Телеком Купот“ кој се одигра на „Алијанц арена“, но набрзо после тоа ги исплаши сите присутни на трибините откако без никаков контакт падна на теренот. Младиот фудбалер на Баерн за момент ја загуби свеста и падна на теренот, а откако дотрчаа неколку соиграчи до него, реагираа и лекарските служби. Баерн го освои „Телеком Купот“, Мусиала доби топлотен удар и се струполи на земја (Видео) Од ...

Пред големото финале кое следи на 54-то издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2026“, Прилеп и домаќинот на турнирот го одиграа натпреварот за третото место, а на крајот поуспешни испаднаа гостите со резултат 28:30. Прилеп успеа да го освои третото место и да го освои бронзениот медал на силниот подготвителен турнир, играјќи против ракометарите на Струга, но и домашната публика. Гостите успеаја да се справат во одличната ...

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото натпреварувачко коло во Првата македонска лига, откако во првиот меч со кој беше отворена саботната програма славеше на домашен терен против Скопје. Гостите од главниот град одолеаја во првото полувреме кое заврши со резултат 0:0, но во вториот дел, Силекс додаде на педалот за гас и постигна три гола за рутинска победа. Хасукиќ го отвори резултатот на стартот на вториот дел и тоа им ...

Жан-Филип Матета беше најавен како големо зимско засилување за Милан пред седум месеци, но кога се требаше да се реализира за сума од 35 милиони евра, трансферот пропадна во последен момент по иницијатива на „росонерите“. Матета не ги комплетираше медицинските епрегледи и неговите испитувања беа означени како неуспешни поради хронична повреда на коленото, па Французинот мораше да се врати во Англија и да ја доигра сезоната во Кристал Палас. ...

Џед Спенс беше најпријатно изненадување во стартната постава на Томас Тухел на Светското првенство, а како играч кој остави извонреден турнир зад себе, десниот бек стана примамлив за многу клубови. Тотенхем не правеше опструкции во обидот да му ја исполни желбата на фудбалерот и му дозволи да преговара со различни клубови, но конечната одлука падна на Интер. Италијанскиот првак доби големо засилување во одбраната за 35 милиони евра, или ...

Славко Виниќ реши да објави пензија откако го достигна зенитот на својата кариера, односно откако го оставри најголемиот успех со арбитражата во големото финале на Светското првенство. Словенечкиот арбитар ја доби најголемата чест и тој ја делеше правдата на средбата во Њу Џерси, па иако покажа завидно добар квалитет во текот на сите 120 минути, јасно е дека некои негови одлуки наидоа и на негодувања од самите играчи. Винчиќ на крајот им ...

Манчестер Јунајтед и Милан денеска ја имаа последната контролка пред стартот на новата сезона во Премиер лигата и Серија А, па на натпреварот кој се одигра во Вроцлав гледавме офанзивен и допадлив фудбал, во кој на крајот подобро се снајдоа избраниците на Рубен Аморим. Португалскиот стручњак успеа да му се „одмазди“ на својот доскорашен клуб поради отказот кој го заработи на стартот на годината, а иако стануваше збор за пријателски меч, јасно ...

Работнички претстави десет засилувања пред стартот на новата натпреварувачка сезона во Втората лига, а денеска „романтичарите“ тргнаа сигурно во воведната рунда и јасно ставија до знаење дека за цел имаат кам-бек во елитата. Тимот од Скопје не виде мака со екипата на Кожуф од Гевгелија и славеше со 3:0, пресметка на која првиот гол беше постигнат во првото полувреме од Кудијан, а останатите два во второто од Подграџа и Богданоски. Победа ...

Џед Спенс беше едно од најпријатните изненадувања во стартната постава на Томас Тухел и младиот дефанзивец импресионираше со своите изданија, а како играч кој побара трансфер уште на крајот на минатата сезона, Роберто Де Ѕерби направи се за да му го олесни заминувањето. Тотенхем не сакаше да држи играч кој не се гледа како дел од проектот и десниот бек беше ставен на трансфер листата, а по интензивни преговори кои траеја со денови, Интер ...

Баерн Минхен не им допушта на германските ривали да освојат трофеј ниту на пријателски Купови, па така националниот првак денеска славеше против РБ Лајпциг со 3:1 и го освои најновото издание на „Телеком Куп“. Баварците одиграа доминантен натпревар како во најдобар дел од минатата сезона и славеа со погодоците на Диаз, Браун и Мусиала, а токму последниот стрелец предизвика и голема нервоза на трибините во самата завршница. Џамал Мусиала ги ...

ПСЖ пред неколку дена го договори ангажманот на Зион Сузуки од Парма за сума од 35 милиони евра, па иако двата клуба веќе ги имаа разменето документите, на крајот стигнало до прекин на целата операција поради високите провизии кои ги побарале агентите. Претставниците на јапонскит голман побарале нова висока провизија за нив во последен час и тоа целосно ги разбеснило директорите на европскиот шампион, кои сега без размислување ја стопирале ...

Феран Торес ова попладне официјално беше претставен како ново големо засилување за ПСЖ, а уште при своето прво обраќање понуди доволно добар материјал за да биде оспоруван од фановите на Барселона. Каталонските навивачи секако беа изморени од големите број промашувања на Феран и не жалат премногу за продажбата која се реализираше за 50 милиони евра, но дефинитивно ги боли изјавата на Шпанецот поврзана за неуспехот на Барселона во ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35