Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Американскиот претседател, Доналд Трамп, упати честитки до астронаутите од мисијата „Артемис 2“ откако тие прелетаа покрај Месечината, што е прво такво патување по повеќе од половина век. „Денеска вие влеговте во историјата и ја направивте цела Америка навистина горда“, изјави Трамп во телефонски разговор со екипажот, составен од тројца американски и еден канадски астронаут. „Вие сте вистинските пионери на нашето време“, додаде тој. ...
Известувачот за Македонија, Томас Вајц, во нонпејпер до Европскиот парламент побара разјаснување дали вториот протокол од седниците на Мешовитата македонско-бугарска комисија е обврзувачки во македонската кандидатура за членство во Европската унија. Дали протоколот е обврзувачка компонента на преговарачката рамка на ЕУ или само билатерален инструмент меѓу земја-членка и земја-кандидат, без директно правно дејство во Унијата, повикувајќи се на ...
Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Како што информираат од судот, по одржаната јавна седница на 11 март годинава, уважени се жалбите и на одбраната и на обвинителството, по што пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка. Предметот со сите списи е вратен на првостепениот суд на 30 март 2026 година, ...
Македонија е првата земја од Европа која има ваков стратешки дијалог со САД, со оваа администрација, рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање „што очекува од стратешкиот дијалог во САД каде има денес македонска делегација“. Нашата делегација таму ја предводи министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, а од другата страна е вториот човек на Стејт Департментот. -Исклучително високо ниво. Теми кои ќе бидат ...
Демир Демири е лицето кое вчера говореше на протестот организиран поради незадоволството од неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит. Веејќи албански знамиња и скандирајќи „УЧК, УЧК“, криејќи се зад превезот на „загрижени студенти“, луѓето кои вчера протестираа си ја покажаа и лажната грижа и вистинската намера. Меѓу нив најактивен беше говорникот Демир Демири, кој е член на СДСМ. Освен тоа, тој е и близок ...
Српскиот премиер Ѓуро Мацут утрово за РТС изјави по повод година дена од работата на Владата што изминува следната недела, дека „сите во владата се под анализа“, но и дека на Србија и недостасува желба за политички консензус, Тој изрази надеж дека во консултации со претседателот на државата ќе се постигне консензус во врска со тоа што е најдобро за Србија. Мацут изрази жалење што одредени партии од опозицијата не сакаат да учествуваат во тие ...
По пауза од четири години, во Вашингтон денеска ќе се одржи втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу Македонија и САД. Владина делегација е составена од министерите Тимчо Муцунски, Панче Тошковски, Владо Мисајловски, Стефан Андоновски и Сања Божиновска. -Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството со САД, со фокус на одбраната и безбедноста, ...
Силно полициско присуство, специјалци на терен и координирана акција против нарко подземјето рано утринава ја разбуди јавноста. Неофицијално КУРИР дознава, МВР – Бирото за Јавна Безбедност преку Одделот за организиран криминал, заедно со специјалните полициски сили и во координација со ОЈО за ГОКК, спроведува масовна акција во Скопје, Штип, Струмица, како и во селото Грчец – Скопско. На удар е криминална мрежа поврзана со нелегална трговија ...
Ченг Ли-вун, претседателката на опозициската Националистичка партија на Тајван (Куоминтанг, KMT), денеска допатува во посета на Кина, што е прва официјална посета на партиски лидер на КМТ на Кина последните десет години. Тајвнаската делегација доаѓа во Шангај на покана на Комунистичката партија на Кина и нејзиниот претседател Си Џинпинг, во посета што е предвидено да трае до 12 април. Последната партиска посета на Кина беше во 2016 година, ...
Во врска со вчерашните протести поврзани со прашањето за употреба на албанскиот јазикот при полагање на правосуден испит и административни постапки, Претседателството на Македонски Концепт донесе јасен и непроменлив став: Секој кој живее и работи во Македонија, треба да го знае македонскиот јазик и да полага на македонски јазик. Исто како во секоја нормална држава, членка на ЕУ. Ни повеќе, ни помалку! – стои во соопштението од партијата што ...
Дали Зоран Заев земал мито од 4 милиони евра од Дака за промена на ДУП-от во Тетово? Во аудио снимката во која прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака разговара со посредникот на Заев, Зоран Милески Кичеец, Дака му вели на Кичеец дека ако се спроведе работата, тој ќе им даде 2 милиони, а друг ќе им даде уште 2 милиони евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, кое МИА го објавува интегрално. Во снимката која е достапна на социјалните ...
Денеска е 25 март (според стар стил) и се празнува Благовештение или Благоец. Именден слават: Благој, Блага, Евангелиј, Евангелија… Кога Пресветата Дева наврши единаесет години минати во служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците и соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на ...
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – февруари 2026 година, изнесува 1 258.6 милиони евра: +2.4 % и бележи пораст од 2.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 1 879.6 милиони евра, што е за 2.4 % повеќе во споредба со истиот период од 2025 година, соопшти Државниот завод за статистика. Во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со ...
Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата За или против на телевизија Алфа, каде се осврна на континуираниот економски раст, како и стабилните политики на Владата, и како истата се справува со кризата поврзана со енергенсите. ,,Веќе одминуваат скоро две години од мандатот, и можам да кажам дека ние сите изминати шест квартали имавме раст на БДП од 3%. Тоа донесе една подруга стабилност на оваа Влада, да може да ги ...
Волк што беше фатен во Хамбург минатата недела откако касна жена во трговскиот округ во северниот германски град е пуштен во дивината, објави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Младото животно беше опремено со предавател и беше пуштено назад во неговото природно живеалиште вчера, соопштија властите, без да ја откријат областа каде што беше пуштен волкот. Сенаторката за животна средина на Хамбург, Катарина Фегебанк, рече дека враќањето ...
Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници привеле осум лица поради семејно насилство, а регистрирала 14 пријавени случаи. Како што информират од Министерството за внатрешни работи, вчера во 13:30 часот во Тетово, полициски службеници го привеле О.С. (47) од Тетово. Претходно, во 12:40 часот во ПС Тетово, неговиот 76-годишен татко, пријавил дека подолг временски период тој и неговата сопруга се жртви на семејно насилство од ...
Јавна расправа по Предлог-законот за Советот на јавните обвинители одржа денеска собраниската Комисија за политички систем. -На расправата поканивме претставници од невладиниот сектор, академската заедница, адвокати, јавни обвинители и експерти од областа, со цел сите засегнати страни да го дадат своето мислење, предлози и забелешки, за законот да биде дополнително подобрен и да донесеме квалитетно законско решение. Верувам дека само преку ...
На 20 март, светот беше потресен од веста за смртта на легендарниот Чак Норис, кој почина на 86-годишна возраст поради ненадејни здравствени проблеми. Еден ден откако семејството ја потврди веста, деталите за распределбата на неговото значително богатство станаа јавни. Преку филмски и телевизиски проекти, како и мудри деловни инвестиции, Норис собрал богатство проценето на околу 70 милиони долари. Сепак, според луѓе блиски до него, ...
Украинската компанија „Фајер поинт“ (Fire Point) работи на развој на поевтин систем за противвоздушна одбрана (ПВО), кој би можел да стане оперативен веќе следната година, со цел да понуди алтернатива на американскиот систем „Патриот“. Соосновачот и главен конструктор, Денис Штилерман, изјави дека целта е цената за пресретнување балистичка ракета да се намали на помалку од еден милион долари. Компанијата води преговори со европски партнери за ...
Германските власти подготвуваат истрага за шишенце означено како „Полониум-210“, пронајдено за време на велигденско барање јајца во близина на Штутгарт, за да утврдат дали содржи потенцијално смртоносна супстанција. Експерти од покраинското Министерство за животна средина утре ќе го отворат и испитаат шишенцето, откако двајца мажи го пронашле вчера во една градина, што предизвика голема итна интервенција поради страв од радиоактивност. ...
Секој што го сака Христос, секој што е негов ученик, секој што е посветен на неговото учење и секој што е посветен на доброто и на спасението, треба да се причестува, да го засведочува своето единство со Христос преку неговото тело и крв на света литургија. Тоа е утврдено на тајната вечера. Христос нè учи дека вистинската љубов е жртвена. И тој цело време тоа ни го сведочи. Првин миењето на нозете, па тајната вечера, па евхаристија – причест, ...
Руските извозници на енергенси од 23 до 29 март изгубија приближно 970 милиони долари поради неодамнешните украински напади со дронови врз главните руски нафтени терминали Уст-Луга и Приморск во Балтичко Море, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“. Приморск и Уст-Луга сочинуваат повеќе од 40 проценти од рускиот извозен капацитет за сурова нафта по морски пат. – Само во Приморск, при нападите уништена е нафта во вредност од 200 милиони ...
Белата куќа денеска потврди дека медијаторите предложиле 45-дневен прекин на огнот во Иран, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не ја потврдил идејата. „Ова е една идеја меѓу многуте и претседателот не ја потврдил. Операцијата „Епски бес“ продолжува и претседателот ќе одржи прес-конференција денеска во 13 часот по локално време (17 часот по Гринич), изјави висок американски функционер. Според американското издание „Аксиос“, ...
Советот на странски инвеститори ги поздравува напорите на Владата за решавање на проблемот на македонските транспортери со новиот Систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС) и особено најавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, за одложување на примената на овој систем за македонските превозници до 30 септември. Советот на странски инвеститори соопшти дека со интерес ја следи состојбата и укажува на сериозност на проблемот ...
Бројот на пациенти со алергии и астматични симптоми во Куманово бележи значителен раст кај сите возрасни категории, вклучително и кај децата. Според д-р Нора Господинова-Николовска, специјалист по интерни болести во општа болница Куманово од астма центар Куманово, амбулантата работи со зголемен интензитет, особено во сезоните на висока концентрација на полен. Најчестите симптоми за кои пациентите бараат помош се затнат нос, кивање, течење на ...
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ги отфрла како целосно невистинити и злонамерни обвинувањата на СДСМ дека децата биле „принудени“ да пеат песна од изборна кампања. Ваквото тврдење е брутална лага и свесна манипулација со која СДСМ се обидува да создаде скандал таму каде што истиот не постои, се вели во реакцијата на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија на соопштение на СДСМ, која МИА ја објавува интегрално. Во конкретниот случај, во ОУ Кочо ...
Генералниот секретаријат на Советот на Европската Унија за утре во Брисел закажа состанок на Работната група за проширување и земји што преговараат за пристапување во ЕУ, каде што ќе се дискутира за предлогот на Европска комисија за укинување на дополнителните трошоци за роаминг за Западен Балкан, односно проширување на режимот „Роаминг како дома“ (Roam Like at Home). По успешното завршување на преговорите, граѓаните од земјите од Западен ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека Москва нема сигурни информации за евентуалната посета на американските пратеници на Киев. Пред два дена шефот на кабинет на украинскиот претседател, Кирило Буданов изјави дека американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер би можеле да го посетат Киев по православниот Велигден, што е на 12 април. – Не, не знаеме со сигурност дали ова се планира, посочи Песков. Тој се осврна и на ...
Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска ...
Министерството за правда го почитува правото на протест како едно од темелните демократски права на секој граѓанин. Слободното изразување на ставови и иницијативи преку јавни собири претставува значаен сегмент од демократското општество и придонесува кон унапредување на јавниот дијалог. -Сепак, со жалење констатираме дека денешниот протест уште еднаш покажа обид за манипулација со граѓаните од страна на политички структури кои повеќе од две ...