Распишан е повик за изработка на физибилити студија и проектно решение за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево, а се очекува постапката да биде комплетирана до крајот на годинава, изјави денеска во Делчево премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за иднината на патното поврзување на Пијанечкиот и Малешевскиот Регион, Мицкоски истакна дека во тек е првата фаза од подготовката на проектот. – Конечно е распишан тендер ...

Шемата на Али Ахмети е пробиена. Гајле нема ни за правата на Албанците, ни за Охридскиот договор, а уште помалку за правичната застапеност, која, патем, имаше цели 25 години да ја претвори во законска гаранција, се вели во соопштението од ВРЕДИ, кое МИА го објавува интегрално. Вечните фотелјаши од Мала Речица имаат само една цел во глава. Да блокираат сè што е во корист на Албанците, а со таквата политика да ѝ одат нарака на македонската ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Делчево го повика Обвинителството да отпочне постапка за проверка на 400 пријави за неквалитетна вода во 2021 година во Гостивар и не преземањето ништо од тогашната власт за заштита на здравјето на гостиварци. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека Владата ништо не направила во врска со Гостивар тој подвлече дека кога станува збор за Гостивар и за ...

Уште една странска компанија ја затвора својата инвестиција и ја напушта С. Македонија. За само две години, три американски и германски инвеститори донесоа одлука да го прекинат или да го преселат своето производство, што претставува сериозен удар за економијата и за вработените, се вели во соопштението од ДУИ. Интегрално го пренесуваме соопштението на ДУИ, која додека беше на власт „ја разви“ автоиндустријата со фабрика за електрични ...

Работиме на заокружување на набавките на нови мамографи во повеќе здравствени домови и општи болници врз основа на достапниот кадар, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека меѓу приоритетите се основната радио дијагностика, дигитални рендгени, дигитални мамографии низ целата земја. – Не можеме да зборуваме за сериозна превентива во конкретниот случај на рак на дојка ако се уште се базираме на аналогни ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува в понеделник да има надолна корекција на цените на дизелот и на бензините во државава и дополнително стабилизирање на инфлацијата. Порача дека Владата останува на политиката за поддршка на стандардот на граѓаните и зачувување на ценовната стабилност. – Прерано е да зборува, денеска имаме мал скок, вчера цените за брентот се движеа 83, 84 долари за барел, денеска повторно имаме нагорно придвижување, од 87, ...

Со два милиони евра грант од Европската Унија се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани, најавија денеска од Царинската управа на Република Северна Македонија. – Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со што се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства ...

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска објави дека планира да свика нов состанок во формат „5+1“ за решавање на кипарското прашање, за да можат учесниците да ги утврдат понатамошните чекори кон решавање на конфликтот што трае повеќе од половина век. Покрај двете кипарски страни, на состанокот ќе учествуваат Грција, Велика Британија и Турција, како држави кои ја гарантираат независноста на Кипар. „Одлучив да свикам ...

По труењето на граѓаните на Гостивар, со над 4.000 заболени граѓани, по труењето на уште седум други населени места и загадување на две реки мора да има кривична одговорност, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција, која МИА ја објавува интегрално. Од сите. Наместо да прикриваат и бараат виновници насекаде, освен во сопствените редови, криминалната ВМРО треба да ја признаат вистината за тоталниот институционален ...

Се смирува епидемијата во Гостивар. Регистрирани се 71 нов случај што е на ниво на фреквенција на инциденца пред 25 јуни, кога биле регистрирани помеѓу 50 и 100 случаи, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој додаде дека е подобрен квалитетот на водата во градскиот водовод и дека има подобро хлорирање. – Сметаме дека настанува смирување на епидемијата. Крај на епидемија мора да има само кога врз ...

Европските сојузници засега одбиваат да ја поддржат американската иницијатива за формирање заедничка поморска мисија во Ормуската Теснина додека не се воспостави траен прекин на огнот во конфликтот со Иран, пишува денеска Политико, повикувајќи се на неименувани претставници, додавајќи дека таквото однесување укажува на растечките резерви на европските држави кон американската политика. Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, побара од ...

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 27 јули поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против три лица, осомничени за кривични дела поврзани со поткуп и противзаконскои влијание. Како што информираат од МВР, пријавени се А.Т. (27) од Битола за кривично дело „давање награда за ...

Подобри услови за работа и извршување на задачите на припадниците на македонската Армија. Тоа е нашата искрена заложба и цел кон која посветено работиме, затоа што припадниците на Армијата го заслужуваат најдоброто, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски. Министерот за одбрана, заедно со командантот на 1. пешадиска бригада, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски, денеска ги посети припадниците на лесната пешадиска баталјонска група во ...

Француската полиција заплени речиси 165 килограми кокаин скриени во системот за климатизација во камион со холандски регистарски таблички, кој го запрела во регионот Бургундија на истокот од земјата, соопшти денеска царинската служба. Возилото, управувано од 32-годишен Шпанец без претходно криминално досие, се движело на 17 јули за време на топлотниот бран, по автопатот А6 меѓу Бон и Шалон сир Сон, се наведува во соопштението за јавност, ...

Денеска одржавме работен состанок посветен на Реформската агенда и процесот на европска интеграција, на кој преку онлајн обраќање учествуваше директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Разговаравме за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено ...

Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со заменик-министерот Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Тетово Билал Касами, делегација на Светска банка и претставници на Министерството за здравство, денеска ја посетија Клиничката болница во Тетово. На средбата присутен беше и директорот на Клиничката болница Тетово, Ерзен Елези. На средбата, како што соопшти Министерството за ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп забрани увоз на нови модели кинески хуманоидни и четириножни роботи, како и на нови кинески инвертори што се користат во соларни инсталации и центри за податоци, повикувајќи се на причини поврзани со националната безбедност и заштитата на американскиот синџир на снабдување во областа на вештачката интелигенција. Мерките ги објави Федералната комисија за комуникации (FCC) и стапија во ...

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на ...

Во оваа фаза најважни се засилениот епидемиолошки и ентомолошки надзор, следењето на активноста на вирусот, систематската контрола на комарците и личната заштита од убоди – напиша доктор Драган Даниловски на „Фејсбук“ за случаите на западнонилска треска во државата. Во државата досега се евидентирани осум случаи на западнонилска треска. – Сите регистрирани пациенти имале тешка, невроинвазивна форма на болеста, со зафаќање на централниот ...

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нападнал и запрел три нафтени танкери, кои ги игнорирале предупредувањата во Ормуската Теснина. Пред неколку часа, три нафтени танкери, кои ги игнорираа нашите предупредувања и продолжија по опасната и нелегална рута, се погодени и беа принудени да запрат, се наведува во соопштението на ИРГЦ. Иранските сили претходно лансираа балистички ракети врз американските сили на ...

Денес сакаме да зборуваме за суштината на усвоениот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Овој Буџет не е документ на паника и не е отстапување од економската политика. Тој е навремено приспособување на Буџетот кон реалните економски движења и кон потребите на граѓаните, општините и стопанството, вели Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Вкупните приходи се зголемуваат за 4 милијарди и 575 милиони денари, или 1,2 проценти, и достигнуваат ...

Илјадници лица се вратија во своите домови по повеќедневната евакуација поради големите шумски пожари во централна Шпанија, додека пожарникарите продолжуваат со борбата против огнот пред новиот топлотен бран што би можел дополнително да го отежне гасењето. Претставникот на шпанската влада за покраината Мадрид, Франциско Мартин Агире, соопшти дека 24 илјади евакуирани жители се вратиле во своите домови, додека за дополнителни дваесет илјади е ...

Чад преку писмо ги информираше Обединети нации дека иницира процес на повлекување од Меѓународниот кривичен суд. Повлекувањето трае најмалку една година. Чад е четврта африканска држава која од 2025 година се повлекува од Меѓународниот кривичен суд. Минатата година се повлекоа Нигер, Мали и Буркина Фасо. Бирото на Стејт департментот за африкански прашања ја поздрави одлуката на Чад и ги повика сите држави да се повлечат од Меѓународниот ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, по телефонскиот разговор со неговиот украински колега Андриј Сибиха соопшти дека Техеран не бара ескалација на тензиите со Киев, но дека мора да има обештетување за загубите предизвикани од украинскиот напад врз ирански трговски брод. Арагчи преку пост на платформата „Икс“ потврди дека Сибиха го уверил оти нападот бил ненамерен и оти Киев немал намера да ја влошува ситуацијата. „Ниту Иран ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...

Премиерот на Ирак, Али ал Заиди, по синоќешните воздушните американско-саудиски напади врз цели на ирачките милициите поддржани од Иран, свика итен состанок на Советот за национална безбедност. Ирачката влада соопшти дека сака да ги разоружа милициите, иако има малку индикации дека тоа ќе биде можно во блиска иднина. САД соопштија дека нападите биле насочени кон милициите сојузнички на Иран, кои дејствуваат во Ирак. Американската армија ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Општина Делчево, каде што ќе изврши увид во тековните градежни активности на неколку инфраструктурни проекти. Како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе изврши увид на градежните активности на реконструкцијата на улицата Индустриска кај Градскиот пазар, покрај мостот на реката Брегалница, како и на реконструкцијата на улицата Видео Смилевски Бато во ...

Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД за време на пандемијата со САРС ков-2 вирусот и тогашен директор на Националниот институт за алергија и заразни болести (NIAID), денеска во 8.30 часот по вашингтонско време во американскиот Сенат ќе биде испрашуван пред Комисијата за домашна безбедност и владини работи, со која претседава сенаторот Ранд Пол, републиканец од Кентаки. Сослушувањето ќе се случи неколку дена откога ...

Саудиска Арабија соопшти дека нејзината армија во координација со Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ), во извршила целни напади во Ирак врз милитантни групи поддржани од Иран. Нападите се одговор на неодамнешните напади со беспилотни летала извршени од Ирак врз саудиските нафтени постројки. И американските сили потврдија дека заедно со саудиските вооружени сили нападнале цели на ирачките милиции поврзани со иранскиот Корпус на исламската ...

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на околу 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.83
98%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
80%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
84%
1025
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
88%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.23
95%
1028
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.72
94%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
99%
1025
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
91%
1029
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
1.79
81%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1030
Currency

61.562

Currency

54.966

Currency

73.761

Currency

38.002

Currency

39.164

Currency

67.235

Currency

8.2482

Currency

0.67187

Currency

0.34738

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58426

Сребро

1666.05

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Иридиум

321507.47

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Паладиум

32279.35