Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на социјалната мрежа „Трут Соушл“ објави дека и покрај противењето на некои сенатори го поддржува именувањето на Тод Бланш за главен државен обвинител. „Ако сенаторите Корнин и Тилис, двајцата лути бидејќи не ги поддржав, не сакаат да го одобрат Тод Бланш, еден од најпочитуваните професионалци во земјата, за главен државен обвинител на САД, тогаш јас ќе го задржам Тод на функцијата в. д. главен ...

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ попладнево упати апел до дебрани да ја користат водата одговорно и исклучиво за неопходни потреби. – Свесни сме дека во изминатите денови и недели голем број жители во неколку населби од градот се соочуваат со недостиг на вода за пиење. Целосно го разбираме незадоволството и тешкотиите што оваа состојба ги предизвикува, но сите заедно треба да помогнеме во оваа ситуација. Од први јули воведовме ...

Британскиот премиер Енди Барнам денеска телефонски разговараше со премиерот на Шпанија, Педро Санчез, и му понуди помош откако повеќе од 50.000 мигранти влегоа од Мароко во шпанската ексклава Сеута на мароканска територија, пренесува британски „Гардијан“. „Гардијан“ додава дека од Барнам денеска бил побаран коментар за кризата додека присуствувал на собир на Лабуристичката партија. – Во контакт сум со шпанскиот премиер и ја нудиме целата ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека благодарение на ефикасната работа на полициите на Шпанија и Мароко, мнозинството од мигрантите кои илегално влегоа во северноафриканската шпанска ексклава Сеута се вратени назад во Мароко и дека ниту еден од нив не стигнал до европското копно, самата Шпанија која се наоѓа на другата страна од Гибралтарскиот Проток, ниту до другите земји од Европската Унија. Фон ...

Кувајт денеска соопшти дека пресретнал повеќе дронови лансирани од Иран, што е најнов од серијата напади насочени кон оваа заливска земја, сојузник на САД, за време на војната на Блискиот Исток. Кувајтската армија соопшти дека од утрово детектирала „непријателски“ дронови во воздушниот простор на земјата и за нападот го обвини Иран. – Гнасната иранска агресија беше насочена кон повеќе витални објекти, вклучително и владин објект во северниот ...

Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени ситуацијата и ќе се дефинираат координирани мерки. Тоа подразбира брза мобилизација на достапните ...

Шпанскиот премиер Педро Санчез критикуваше некои земји од ЕУ поради, како што наведе, нивната „себична, поларизирачка и незаконска реакција“ на масовните преминувања на границата кај Сеута. Санчез исто така му се заблагодари на Мароко „за помошта во решавањето на кризата“, пишува „Гардијан“. Во писмото до Брисел, Санчез наведе дека некои европски држави одлучиле да ја „нападнат“ Шпанија и да побараат нејзино привремено исклучување од ...

До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. – Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...

Деновиве градежната оператива е на повеќе локации, односно училишта кадевсе градат новите училишни спортски терени, со средства од Владата на Македонија и на Општина Битола, а градоначалникот на Битола Тони Коњановски направи увид на градежните работи. „Се асфалтираа спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познатото во јавноста како турско училиште. Се работи за два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а ...

Деветгодишно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако било удрено од патничко возило на регионалниот пат Куманово–Скопје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, сообраќајната несреќа се случила вчера во 15:53 часот. Во девојчето удрил автомобил „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 20-годишниот Б.А., исто така од Куманово. Повреденото дете било пренесено во Општата болница во ...

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска ќе биде пуштена на домашно лекување откако вчера беше хоспитализирана поради здобиени полесни повреди во сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во тунелот Кастелец, а Пирц Мусар била однесена во болница во Изола. Според полициската управа во Копер, во несреќата што се случила во петокот околу 17 часот на крајбрежниот автопат, учествувале две службени полициски возила кои патувале во ...

Она што беше јавно потврдено од самите претставници на Владата претставува невиден скандал и сериозен аларм за правецот во кој се турка државата. Владата, во која ВЛЕН беше избран од ВМРО-ДПМНЕ како најсоодветен и најпослушен партнер, додели околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување на Охридскиот договор на организации на српската заедница, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го објавува интегрално. Охридскиот ...

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска во Дебар изјави дека е особено значаен моментот кога 47 семејства од најранливите категории добиваат можност да живеат во нови станови. -Навистина е убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои од денеска ќе имаат станови што ќе можат да ги користат во еден исклучително добро изграден објект тука во Дебар, изјави Николоски. Тој посочи дека станува збор за лица ...

Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија, истакна на прес-конференција Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да ...

Министерството за здравство денеска соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. – Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и ...

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. -Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора простор за содржаен и аргументиран дијалог – ...

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информираат од МЗ. На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се ...

Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски што МИА ја пренесува интегрално. Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука ...

Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5 проценти или, ако се земе вториот квартал, е 4 ...

Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на конфликтот во 2001 година, повеќе од две децении беше користен од ДУИ за политички придобивки, при што партијата на Али Ахмети го претставуваше како темел на своето политичко дејствување и го постави во центарот на својата политичка нарација, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го објавува интегрално. Сепак, за време на промоцијата на иницијативата „Отворен Балкан“, се создаде впечаток дека ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска изјави дека процесот за нормализирање на водоснабдувањето во Гостивар е во завршна фаза и изрази очекување дека уште денес граѓаните ќе добијат вода што ќе биде безбедна не само за техничка употреба, туку и за пиење и подготовка на храна. Одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата од опозицијата во врска со состојбата со водоснабдувањето и спроведувањето на ...

Премиерот Еди Рама објави дека Албанија ќе распореди интелигентни дронови од домашно производство за безбедност на воздушниот простор за време на самитот на НАТО, што ќе се одржи во Тирана следната година. Тој додаде дека владата нарачала напреден систем за воздушна одбрана, што се очекува наскоро да пристигне во Албанија. – Како што ветивме, одбраната на небото за самитот на НАТО, каде што ќе биде присутен и претседателот на САД, Доналд ...

Агенцијата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО) соопшти дека во Ормуска Теснина, во близина на брегот на Оман е погоден танкер од „непознат проектил“. Моторот на бродот е оштетен, но нема повредени луѓе и причинета еколошка штета. Инцидентот се случи околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормуска Теснина долж неговиот брег, повторувајќи дека само рутата ...

Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден. Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места. Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Маја Серафимовска Борозан. Соопштението го ...

Мигрантската криза во шпанската енклава Сеута повторно ги зголеми тензиите помеѓу Шпанија и Израел, а според Мадрид истата е дел од поширока геополитичка борба. Изјавата на шпанската политичка аналитичарка Каролине Алонсо дека Израел се обидува да ја ослабне владата на Шпанија поради нејзиниот став кон војната во Појасот Газа предизвика меѓусебни обвинувања помеѓу Мадрид и Ерусалим. Според неа, барањето на Италија, Шпанија привремено да се ...

„Убавото нема смисла ако не е споделено“. Реченица, која, според раскажувањата и усните преданија, го отсликува животот на Јоргос Зорбас или Гркот Зорба во Скопје. Она што го заработувал не го задржувал себично само за себе, туку го делел со пријателите, познајниците и со случајните минувачи. Им помагал и на сиромашните, не затоа што ги жалел, туку поради ставот дека ништо што поседуваш не е вредно ако немаш со кого да го споделиш. Иако ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание ...

По големиот мигрантски бран врз Суета, стотици мигранти вчера се обиделе од Мароко да влезат во шпанската енклава Мелиља. Околу 500 лица се обиделе да влезат во Мелиља, но биле спречени од шпанските безбедносни сили. Два часа подоцна мигрантите се обиделе да ја пробијат граничната ограда. Мигрантите фрлаа со камења кон безбедносните сили, кои одговорија со солзавец. Сè уште е непознато дали некој од мигрантите успеал да влезе во Мелиља. ...

Летонија ја затвори границата со Белорусија, изјави синоќа летонскиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава. Тој наведе дека границата со Белорусија е затворена поради „технички причини“ и ги повика патниците да користат алтернативни патишта. Летонија го затвори граничниот премин Силене со Белорусија во 2023 година поради бранот миграни, за која Рига тврди дека е организирана од Минск. Оттогаш функционира само граничниот премин ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
68%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
65%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
0.45
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Цинк

3.76