
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Продолжуваме со серијалот видео интервјуа со д-р Пеце Ристевски, дипл.метеоролог, експерт за климатологија и пременета метеорологија, кој во денешното второ издание ќе говори за историјатот на матеорологијата и метеолошките бдеења во Македонија. Метеорологијата како научна дисциплина народот ја препознава преку информациите за временските температури по градоците и временската прогноза која се емитува на крајот на секои телевизиски вести. Но, ...
На 7 јуни 1945 година со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија, озаконет е Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст бил усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставува израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини. Азбуката и правописот ги ...
Годишна изложба на основни училишта „ Динка и јас“ во објектот Даут пашин амам. Отворањето на изложбата е денес (вторник, 21.05.2019), во 13 часот… Годишната изложба на основни училишта, и оваа година им овозможи на најмладите преку учество во ликовните работилници да совладат одредена нова ликовна техника и да се запознаат со творештвото на нашите најголеми македонски ликовни автори. Оваа година тие се запознаа со ликовното творештво на проф. ...
Студентите ќе имаат можност да го прошират ствоето знаење, искажат ствоето мислење и да дискутираат на актуелни теми поврзани со СТЕМ образобанието. Продуктивно лето заедно со БЕСТ Скопје. Борд на Европски Студенти по Технологија – БЕСТ Скопје е интернационална, непрофитна, студенска организација која константно помага во развиваето на студентите преку академски курсеви, инженерски натпревари, тренинзи и културни размени. Еден ваков настан е и ...
Почина инспиративниот професор по филозофија Стефан Сидовски – Сидо. Тој 36 години беше професор во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, а предаваше и како вонреден професор по историја на филм и теорија на филм во ЕСРА. Беше режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм. Сидовски е познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици. ...
Летото е едно од најомилените годишни времиња за децата. Во текот на летниот период се реализираше циклус од детски креативни работилници во Националната галерија на Македонија, под наслов „Летни приказни”. Во креативниот циклус беа анимирани теми кои се составен дел од летниот распуст како: „Во морските длабочини”, „Сладолед”, „Овошјето како уметност”, „Градот убав пак ќе никне”, „Жнееме и твориме”. Ова лето, во проектот насловен „Летни ...
Професорот Томе Груевски, кој зад себе остави бројни генерации новинари, синоќа (16 септемвери 2019 година) почина по кусо и тешко боледување во Скопје во 70 година од животот. Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија. Дипломирал на ...
Едукативни работилници за деца, изложба на илустрации од уметникот Димитар Кондовски и дебати ќе бидат дел од програмата на вториот Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој од 14 до 19 октомври со почитување на здравствените протоколи ќе се одржува во галериите Мала станица и Даут-пашин амам, во Националната галерија на Македонија. Фестивалот ќе биде отворен на 14 октомври од 19 часот со изложба посветена на ...
Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје излезе со став во врска со новата Нацрт-концепција за основното образование. Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално. Најнапред, ги поздравуваме сите напори за спроведување сериозни реформи во образованието, како и настојувањето за усовршување на квалитетот во воспитнообразовениот процес. Ние сме и секогаш сме биле за реформи, ...
Комисијата за јазик и правопис е формирана од Президиумот на АСНОМ во ноември 1944 година со цел да поднесе предлог за азбука и правопис на македонскиот јазик. Но, првата комисија не ги оформила целосно своите ставови, па, со извесни измени во составот на комисијата, прашањето за азбуката и правописот е решено шест месеци подоцна, на 3 мај 1945 година. Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и ...
Крсте Петков Мисирков е македонски филолог и историчар, великан на македонската национална преродба… Д-р Крсте Петков Мисирков (Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, Царство Бугарија на 26 јули 1926) — македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и ...
По вчерашната седница во Софија, Бугарската академија на науките се огласи со став дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено-регионална норма“ на бугарскиот јазик. Македонската позиција е лажна, велат од БАН. Со тврдењата дека постои македонски јазик се нарушуваат односите меѓу двете земји, оценуваат бугарските академици испровоцирани од Повелбата на Македонската академија на наука и уметност од 3 декември. Тамошната научна ...
Утрово (четврток, 18 јуни) во Скопје почина Љубинка Басотова, долгогодишен професор на Филолошкиот факултет во Скопје и еден од најистанатите класични филолози кај нас. Покрај педагошката и научната дејност на Филозофскиот факултет, проф. д-р Љубинка Басотова извршуваше и други одговорни и раководни должности: во два мандати беше раководител на Институтот за класични студии, продекан за настава, потпретседател на Факултетскиот совет и др. ...
Денес (вторник, 7.7.2020 година) со почеток во 10:30 часот на Платото пред МАНУ ќе се одржи настанот: „Промоција на четири изданија за македонскиот јазик“. Овој настан претставува соработка на МАНУ со Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Советот за македонски јазик. Програмата вклучува: Поздравно обраќање акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ ПРОМОЦИЈА Колективна монографија: МАКЕДОНСКИОТ ...
„Неколку зборови за македонскиот литературен јазик“ е петтата статија од книгата на Крсте Петков Мисирков, „За македонцките работи“. (Во оригинал статијата е: „Неколку зборој за македонцкиот литературен јазик“.) Книгата „За македонцките работи“ од Мисирков е политичка анализа на положбата на македонскиот народ. Таа претставува предлог-програма за македонското народноослободително движење. Во неа се разоткрива асимилаторската политика на ...
На неодамна одржаната научна конференција на далечина „Бугарија- Македонија – Словенија: „Литературниот превод во целната култура и во образованието“, организирана од страна Софискиот универзитет „Свети Климент “, а со поддршка на Љубљанскиот универзитет и познатата македонистка проф. Намита Субиото. Учество зедоа и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје, Соња Должан (преведувачка од словенечки на ...
По одредени реакции од невладиниот сектор и отстранувањето на зборови од Дигиталниот толковен речник на македонски јазик со пејоративно значење, дојде до бројни реакции во спротивен правец, коментирајќи ја истата одлука за цензура. Во еден толковен речник треба да се сите зборови кои реално активно се користат, но со напомена дека тоа се пејоративни зборови. Еве една од бројните реакции на стручни лица и професионалци. Реакција на иницијативата ...
Деновиве, во издание на издавачка куќа „Центар за култура и културолошки студии“ – (ЦККС) од Скопје, од печат излезе новата научно-истражувачка книга: „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од македонскиот драмски писател, поет, научен работник Зоран Пејковски. Во предговорот Зоран Пејковски, меѓу другото, ќе напише:…„Оваа научно-истражувачка книга: „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ се осврнува на дел од ...
На денешен ден (24 јануари 1922 година) родена е Блага Алексова, македонски археолог и академик. Нарекувана е прва дама на македонската археологија. Нејзините истражувања биле насочени кон докажување на културолошкиот континуитет меѓу раното христијанство и средновековјето во Македонија. Ја открила најстарата христијанска црква во Македонија (Старата епископска базилика во Стоби). Вршела ископувања на локалитетите: Демир Капија, Баргала, ...
Прва палеонтолошка тематска изложба со наслов 8 MEGA ANNA, во која e претставено природното фосилно богатство од селото Долни Дисан, Неготино, во петок (8 февруари 2019 година) со почеток во 19 часот, во Природно научниот на Македонија. Изложбата е плод на 5 годишно истражување на реонот од кои последните две се заедно со тимот од палеонтолози, експерти во својата област од Природонаучниот музеј во Софија. Изложбата се состои од фосилен ...
Изложба „Црн петел, црвена кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања” со која Музејот на Македонија гостува во Етнографскиот музеј во Загреб, Хрватска. Викендов во Етнографскиот музеј во Загреб, Хрватска, свечено беше отворена изложбата „Црвен петел, црна кокошка: култови на плодноста, обреди, обичаи и верувања“, која ја подготви Музеј на Македонија во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија. Отворањето на изложбата ...
Со изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ Музејот на град Скопје, по повод 70 години од своето постоење ќе гостува во Музејот на Нови Сад, Петроварадинска тврдина. Изложбата ке биде отворена од 4 септември до 4 октомври. Автори на изложбата се кустосите Снешка Лакалиска, Драгица Живкова и Игор Кузманоски. На изложбата ќе бидат презентирани 110 предмети кои ги отсликуваат различните аспекти од животот на Скопското Кале во ...
Почина Иван Микулчиќ, еден од најзначајните претставници на современата македонска археологија (25. 03. 1936 – 26. 06. 2020) „Професорот на Филозофскиот факултет во Скопје на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Господарот на вербалната едукативна визуелизација на минатото, предводникот на теренските археолошки истражувања на Македонија од втората половина на 20. век Истражувачот кој ја задолжи македонската, балканската и светската археологија со ...
Македонската Влада, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Како што соопшти Министерството за култура, Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше ...
Во моментов на Археолошкиот локалитет Стоби се работи на расчистување на работите на терен и подготовка за овогодинашната програма на Националната установа „Стоби“. Програмата на Националната установа „Стоби“ за 2021 година опфаќа 17 проекти, од кои 11 директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, три проекти во областа на музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство, еден проект ...
Од денеска (2 ноември) па се до 06.11.2020 година, „Довидување Скопје-довидување граду наш мил. Евакуација на децата по земјотресот во скопје 1963-1964г.“ Изложбата е посветена на патешествието на скопските деца по земјотресот 1963г., нивно сместување, престој во бројни места ширум тогашна СФР Југославија и школувањето на македонски наставен јазик во: Пореч, Цриквеница и Лесковац. 2. „Скопје во времето на градоначалникот Јосиф ...
На денешен ден (25.11) во 1939 година во Самобор близу Загреб е објавена „Бели мугри“, збирка поезија од Кочо Рацин. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година. Стихозбирката е испечатена во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се ...
По кусо боледување во Скопје почина д-р Александар Стојчев, универзитетски професор и воен историчар. Проф.д-р Александар Стојчев е роден на 5 април 1975 година во Белград. Дипломира во 2001 година на Одделот за Историја при Филозофскиот Факултет на Државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје како професор по историја. Во 2002 година завршува Семинар на Партнерството за мир на тема “Употреба на интернетот од страна на учесниците во ...
На денешен ден (4ти мај) загина Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) — македонски револуционер и национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Делчев е еден од основоположниците на ...
Петар Наумов Тошев (1865 – 4 мај 1912) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, апостол и совеста на револуционерна Македонија и национален херој. Пере Наумов Тошев е роден во 1865 година во Прилеп, во семејство на богати и видни иселеници од Дебарско. Основното образование го завршил во Прилеп, а потоа продолжил да се школува во Солунската ...