„Pефлексии на новата реалност“ е шеста самостојна изложба на Лазе Трипков, која се осврнува кон приоритетните проблеми на новото време. Постојано сме опркужени со информации поврзани со пандемијата и вирусот КОВИД-19. Тоа не приморува да ги ограничиме нашите социјални потреби, па секојдневието полека ни станува „дигитално“. За време на изолација во април 2020, Трипков започна со својот визуелен проект под наслов ...

Единствено нешто позитивно од неодамна спроведениот попис е тоа што воопшто се одржа, и ништо повеќе. Работата се заврши во смисла „помина и тоа чудо“, и толку. Ајде малку да проанализираме како се изврши истата статистичка операција. За разлика од пописот во 2011 кога на терен одеа по двајца, овој пат истиот го спроведуваше само едно лице. Навидум небитно, за многумина и целосно ирелевантно, но за се средини, како онаа во која јас ...

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од денеска до 15 октомври oрганизира „Студентски саем на книгата“. На саемот ќе може да се набават учебници и прирачници и друга стручна литература по саемски цени. По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори. Доколку купите две книги, НУБ „Св. ...

Сево ова кое деновиве се случува дава силна потврда на она кое постојано го повторувам дека нема држава се додека полтрони и лигуши се на високи позиции во оној така наречен втор и трет раководен ешалон, токму оние со кој обичниот работник, административец или општата популација е во секојдневна комуникација. Почитувани, темелот на една држава е во интегритетот на државниот и јавниот службеник, а неговата сила, моќ, храброст, чест и интегритет ...

Во образовниот процес, историјата има примарно значење во формирањето на националниот идентитет и личниот развој. Читањето историски текстови е придружено со интензивни емоции кои влијаат врз формирањето на сегментот на патриотизам, чувство на чест, лојалност и национална свест. Покрај тоа, историјата и како наука, така и како предмет, исто така, придонесува за уривање на одредени предрасуди кон одредени народи, раси и верски групи, што е ...

Романот „Мрежата на Мамли“ од Блаже Миневски е преведен и објавен во Србија. Во најавата на издавачот „Арка“ стои дека станува збор за дело што предизвикува потрес на книжевната сцена; роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, кодошите и полтроните, рекетарите и секретарите; роман за сусамот и бостанот, за лагите и ветувањата, за подаништвото и расипништвото; роман за „креативниот“ инжинеринг извршен врз еден народ. Романот ...

Архитектот Стојан Павлески ќе се претстави со своето концептуално дело пред скопската публика на 17 септември (петок), во 20 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Старта скопска чаршија. Концептот „Глува соба“ ја преобмислува антрополошката димензија на уметноста во рамки на технолошката ера, во прeсрет на враќањето на примитивната енергија на капитализмот.легоризирајќи го „монументот“ на тоталитарните процеси, „глува соба“ престојува во ...

Романот „Анатомија на бумбарот“, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“ каде годинава беше и прворангиран во категоријата Источноевропска литература за Киндл, е мешавина од гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување зачинета со возбудливи трилер елементи. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво ...

Промоцијата на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска е закажана за 12.09 (недела) во 13 часот на Саемот на книга во Скопје.Промотор на романот е Стефан Марковски. Потпишувањето ќе биде на штандот на издавачката куќа Бата Прес. Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани ...

Светски познатиот психолог Пип Вилсон смисли серија тестови за да ја процени емоционалната состојба на тригодишниците при првиот контакт со училиште и истакна дека овие тестови се валидни и за проценка на емоционалната состојба на возрасните. Погледнете ја илустрацијата на фигурите на дрвото, и изберете една. Погледнете подолу што за вес вели избраното човече: Одговори 1, 3, 6 или 7 Ова се искачувачки фигури, што покажува дека сте личност ...

Денес e 8 септември. Ден кога МАКЕДОНИЈА стана независна држава. Значи, Република Македонија. Веќе неколку години тоа веќе не постои. Преспанските Северџани тоа го фрлија, уништија, закопаа. Оваа денешна Македонија е длабоко поделена, растурена и дисфункционална. Секој си слави тоа што му одговара со што се идентификува. СДС ни самите не знаат што слават. Отсекогаш најмногу се дразнеле на 11 Октомври, иако како проаѓа времето ниту знаат да му го ...

Она што се случува изминатите година и половина поврзано со светската пандемија на коронавирусот, ќе влече долгогодишни последици врз севкупната популација, на светско ниво, но најмногу во земјите со специфични културолошки карактеристики, плус оние кои лошо се справуваат со кризата. Зошто го велам ова? Одредени земји и народи (скандинавците и генерално северните народи, или земјите со специфични културолошки или верски карактеристики) имаа по ...

По повод 8 Септември, денот на македонската независност. Патриотизмот или родољубието е најсодржински, односно врховен сплет на чувства и односи кои определуваат припаднот кон колективот именуван како народ со терминолошките варијантни изрази: род, племе, нација, народност, етнос, етникум…, дадени во одреден социолошко-историски контекст, истовремено поврзан со територија на егзистирање. Независно од терминологијата, патриотизмот е исклучително ...

Фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи. Дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт на 17 и 18 септември. Публиката во шоу програмата ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, првата вечер, а втората вечер ќе настапат Дац и Александар. Инаку штипјани синоќа на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ уживаа во макфестовските хитови. По повод ...

Национална галерија на Македонија на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во ...

Македонскиот автор Александар Прокопиев е еден од почесните гости на 14. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак“, што од 1-24 септември се одржува во Риека (Хрватска). Во книжарите, но и во различни простори низ градот ќе се продаваат со голем саемски попуст книгите на хрватските и домашни издавачи. Средишниот, фестивалски дел ќе се одржи од 12-19 септември во прекрасната Гувернерова палата, каде на посебни вечери ќе бидат претставени ...

На овогодинешниот Саем на книга од 8ми до 14ти септември со своја понуда ќе се појави Оливера Ќирковиќ, авторката на бестселерот „Пинк Пантер“. Оливера Ќирковиќ е добропозната на македонската читателска публика по својата книга „Пинк Пантер“. Засега се издадени два дела од трилогијата „Пинк Пантер“ кои воедно се преведени на македонски јазик. Првиот дел „Исповед“ и вториот дел „Архондиса“ се издадени на македонски јазик неодамна, а авторката ...

Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена во 20 часот, во вторник, 31 август 2021 година, во Национална галерија на Македонија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на историчарите на уметност и ликовни критичари, Кирил ...

Празникот по својата смисла и значење за човечкиот род е еден од централните христијански празници. Се базира на настанот на Христовото преобразување, т.е. покажување на неговата божественост пред најблиските ученици Петар, Јаков и Јован на Таворската Гора кратко време пред неговото страдање во Ерусалим. Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за ...

Управниот суд ја поништил одлуката на Министерство за култура за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“. Судот ја уважил тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Мансбарт и според образложението на пресудата тужбата е основана, а тужениот, Министерството за култура, донело неправилна и незаконита одлука. Одлуката на Управниот суд е донесена на 8ми минатиот месец, а ја објави Иницијативата „Култура или ...

Методија Андонов Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп во типично работничко Македонско семејство кое живее под жезлото на заедничката држава Кралството СХС. На 25 март 1930 година, во Нови Сад, склучува граѓански брак со Василка Спирова Поп-Атанасова. Ченто е олицетворение на цела една генерација Македонци кои не престанале да живеат и работат за независна, смаостојна и обединета Македонија во нејзините етнографски граници. Роден е ...

Во Скопје на 10.08.2021 г., на 59 годишна возраст почина проф. д-р Владимир Давчев, редовен професор на Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше роден на 03.11.1962 година во Скопје. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. По завршувањето на гимназијата се запишува на Филозофскиот факултет во Скопје на групата за филозофија. На Филозофскиот факултет почнува да работи на ...

На 75 годишна возраст, почина актерката Сабина Ајрула Тозија. Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија, почина по долго боледување. Сабина Ајрула Тозија е родена на 17 април 1946 година во Скопје, и е дел од златната генерација на македонски актери. Позначајни улоги на Ајрула-Тозија се: Олга („Чехов“); Гертруда („Хамлет“); Фатима („Солунски патрдии“); Лисијен („Болва во уво“); Костадинка („Јане Задрогаз“); Џеси („Добра ноќ мајко“); ...

Несуденото име, пробниот балон кој траеше само некој ден, пред да ни се смести за целосна употреба Северната, географската одредница. Илинденска ќе беше историско идеолошка, но ќе не легитимираше како 40тина години постар народ. Како и да е, главниот проблем е во тоа што актуелната власт се согласи да даде се’! Да смени име за целосна употреба, да го релативизира идентитетот, јазикот, историјата. Целосна капитулација. И што добиваме неколку ...

На 30-те територијални противпожарни единици во земјава им недостигаат најмалку 536 пожарникари за да имаат барем толку вработени колку што е законски пропишаниот минимум. 17/02/2020 Противпожарнивозила на општините декември 2019 Само четири од сите 30 противпожарни единици имаат повеќе пожарникари од законскиот минимум (и тоа само по еден или двајца), додека шест други единици имаат токму толку колку што бара минимумот. На останатите 20 единици ...

Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал. Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика. Овој млад културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, но и нови филмски ...

Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, за нивна трајна заштита и чување. ...

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва (среда, 28 јули) организира хуманитарен концерт со ансамблите на народни игри и песни „Танец“ од Македонија и „Ладо“ од Хрватска. Концертот ќе се одржи на Античкиот театар со почеток во 22 часот. Како што информираат од фестивалската дирекција, средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани за потребите на здравствениот систем, како благодарност за се она што го прават медицинските лица при ...

На денешен ден (недела, 28 јули 2019 година) почина македонскиот актер Гоце Влахов, на 70-годишна возраст. Неговата сопруга и ќерката преку социјалните мрежи соопштија дека Влахов починал по храбра шестгодишна борба со рак. Гоце Влахов е роден на 12 мај, 1949 година. Ќе остане запаметен по улогите во Македонските народни приказни, од раните 70-ти до 90-тите години. Влахов остварил и низа филмски и телевизиски улоги во текот на неговата ...

Господинот Бин (Mr. Bean), ликот на актерот Роуан Аткинсон, е еден од најпознатите карактери во светската комедија. Тој е себичен, анархист, чуден, интровертен човек кој секојдневните работи ги извршува на необичен, смешен и само нему типичен начин. Живее во мала куќа во Хајбури, Лондон и секогаш е облечен исто (со црвена граватa и твид сако). Никогаш не може озбилно да сфати некоја работа и не ги познава аспектите на животот. На почетокот на ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
88%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
82%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 15ᴼ
4.63
80%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
4.73
83%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
96%
1022
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.06
53%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
73%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
49%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
5.14
36%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 16ᴼ
4.63
70%
1019
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
78%
1013
Currency

61.53

Currency

53.1132

Currency

70.7075

Currency

34.4282

Currency

38.5891

Currency

65.7388

Currency

7.36476

Currency

0.66459

Currency

0.361

Currency

0.52461

Currency

1.30565

Currency

0.60613

Алуминиум

2.57

Иридиум

153908.69

Кобалт

42.99

Никел

14595.00

Рутениум

26299.31

Калај

33.33

Сребро

1192.35

Злато

108057.75

Бакар

8.90

Паладиум

38645.20

Платина

42182.01

Родиум

221840.15

Цинк

2.71