Основното јавно обвинителство Скопје, по анализа на сите докази прибрани во предистрагата до овој момент денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири физички и едно правно лице за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за ...
Јавното обвинителство поведе истрага против сопствениците на отпадот во Трубарево. За загрозување на животната средина ги сомничи таткото и ќерката кои управувале со отпадот, неговиот раководител и уште едно лице кое работело на складирање и механичка обработка на електричниот отпад. „Како соизвршители кои постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на прописите за заштита на животната средина вршеле повеќекратно оставање, фрлање, ...