Насловот е инспириран од книгата „Возот в снег“ (хрватски: Vlak u snijegu), роман за деца на хрватскиот писател Мато Ловрак, објавен во 1931 година. Очигледно нашите патници со возот на релација Скопје Битола имаат материјал за објавување, цели 90 години по случките кои ја инспирирале книгава. Искрено, навистина не ми е јасно како во 2022 година, железничка дестинација од 229 километри се вози 4 и пол часа (макар и застанувала скоро 25 пати, на ...

Отворениот конкурс на „Лузер Фест“ за пријава на демо изведувачи заврши и направена е селекцијата на осум финалисти од апликациите на млади таленти. За победникот ќе одлучува публиката и жири со тајно гласање за една од групите, кои ќе се натпреваруваат на 3 декември 2022 година, во Младинскиот Културен Центар – Скопје. Публиката и жирито, кое ќе биде непосредно објавено пред концертот, ќе одлучуваат за победникот со тајно гласање на вечерта на ...

На денешен ден, 1995 година, во Скопје почина Петре Прличко, доајенот на македонското глумиште. Петре Прличко (Велес, 13 март 1907 – Скопје, 16 ноември 1995) , сам по себе претставува вистинска легенда и е значаен дел во историјата на македонското глумиште во XX век. Неговата ненадмината актерска харизма остави неизбришива трага во македонскиот театар и филм од 20 век. Многумина го прогласија за легенда додека се уште беше жив. Зад себе остави ...

Во вторник (15 ноември 2022) во Националната галерија, во објектот Чифте амам, со почеток во 20 часот, ќе се отвори Ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски Тофе. Потегот со четка – налик на две трепкања со очите (кон ретроспективната изложба на Теофил Шулајковски – Тофе) Појдовен момент за организирање на изложба која има ретроспективен предзнак и е посветена на Теофил Шулајковски – Тофе (Дебар, 1934– Скопје, 2009), наш еминентен ликовен ...

Во среда, (16.11.2022) во 19 часот, во галеријата Рудиќ ќе се отвори изложба на “рециклирана фотографија под името АРТКРИЗИЈА на Игор Настевски. Маја Чанкуловска-Михајловска за неговата изложба вели: Како што сугерира насловот на најновата изложба на Игор Настевски – „АРТКРИЗИЈА“, авторот директно реферира на кризата во уметноста, а со тоа веројатно ја отвора Пандорината кутија во однос на повеќе прашања. Доколку го анализираме терминот ...

Не знам дали е ова обележје само на македонските политичари, или е дел од „мајндсетот“ и на други низ светот, ама постои едно правило: Кога тонеш, и гледаш дека не оди, повлечи се достоинствено со време, ем побрзо ќе се вратиш, ем нема да има до толку наталожена омраза кон тебе. Актуелната власт, на чудесен начин преживеа на изборите пред две и пол години, среде корона криза. Иако и тогаш беа зрели за „отстрел“, збир на околности предизвикаа тие ...

На големата сцена во Македонската филхармонија на 16 ноември 2022 (среда), со почеток во 20 часот, ќе се одржи гала премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски. Веќе следниот ден премиерно ќе почне да се прикажува во речиси 30 градови низ земјава. „Кајмак“ минатиот месец имаше светска премиера во Токио, а потоа се прикажуваше и во рамките на Филмскиот фестивал „Златен коњ“ во Тајпеј. Во филмот играат Сара Климоска, Камка Тоциновски, ...

Овој четврток (10 ноември) во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија, ќе го одржи концертот насловен „Вида“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов. Гостин на концертот е чембалистката Цветанка Созовска. На програмата се дела од Корели, Вивалди, Порпора и Рихтер. Арканџело Корели (1653-1713) е италијански композитор и виолинист кој живеел и создавал во периодот на музичкиот барок. Неговиот опус е многу важен за ...

Ретроспективна изложба на уметницата Јана Манева – Чупоска во Националната галерија на Македонија, во објектот Мала станица, која се отвора вечерва (четврток, 3 ноември 2022), со почеток во 19:30 часот. Изложбата се состои од нас стотина дела, изработени во повеќе медиуми: цртежи, колажи, масло на платно, акрил, видео арт, фотографии. Изложбата третира триесет години творештво вклучувајќи и дела на изложбата од студентски денови на едукација на ...

Викендов се случи нешто што долги години беше мисловна именка во Бугарија, па дури и во Пиринскиот крај. Се отворија простории (културен клуб) на Македонците во Бугарија, во градот Благоевград (поранешна Горна Џумаја). Оние Македонци на кои им се оспорува постоењето. Знаете, да ви каже некој дека во 21 век, некој ви го негира постоењето е фарса. Да ве убедува некој, дека името Македонец е само регионално/територијално објаснување, е навреда и ...

Оркестарот на Македонската Филхармонија в четврток (3 ноември 2022) ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, посветен на големиот македонски композитор. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија „Баланс-Мк“. На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот ...

Цели 30 години политичките елити го фарбаат народот со ЕУ интеграции. Со подобар живот, со подобри услови, повисок стандард. Прашањето е само која од двете структури води, и секако кој е оној од позадина „лапа“ а се вади на етничка припадност. За жал, иако зборуваме цело дека сме парламентарна демократија, дека имаме граѓански устав, всушност ние сме еден бинационален хибрид, со договорна племенска хиерархија. Се менуваат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, се ...

„Македонска песнарка“ нa Ѓорѓија Пулевски, објавена 1879 година во Софија, е првата одделна стихозбирка на македонски јазик во нашата литературна историја. Во оваа поезија е одразена македонската национална идеологија и суштина на Македонското (Кресненско) востание (1878-9), а песните биле пеени меѓу револуционерите, за што биле и наменети. Во збирката, освен македонски народни песни, Пулевски објавил и 3 свои авторски поеми: – „Плачење ...

На 23-ти октомври 2022, во кино „Манаки“, битолчани имаа можност да го проследат визуелниот – театарски спектакл „Нож“, работен според оригиналниот драмски еп „Нож“ од македонскиот писател Зоран Пејковски. Преку еден театарско-визуелен спектакл битолчани имаа можност да го видат и почувствуваат на битолската културна сцена драмскиот еп „Нож“ од оригиналниот и единствен натуралист во македонската литература Зоран Пејковски, кој токму на ваков ...

„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Портретот отсекогаш бил многу специфичен жанр, во која било ликовна дисциплина или медиум. Тој не подразбирал само добра занаетска подготвеност и фотографско, т. е. реалистичко празно пренесување, туку значел умеење да се проникне во тајните и суштината на портретираната личност, да се одгатнат нејзините тајни, ...

Самостојна изложба на Сашо Блажес „Високо во ничија земја“, на 25 ноември 2022 година (вторник), со почеток во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, во објект Чифте амам. Сликите од циклусот „Високо во ничија земја” на Сашо Блажески, изработени во комбинирана техника (масло, акрилик и колаж на платно и масло на најлон), иако се во извесна помала или поголема корелација со различните дефиниции на терминот, сепак конкретно се ...

На 21 октомври (петок), со почеток од 18 часот, во Културно Информативниот центар – КИЦ Скопје, ќе се одржи промоцијата на сликовницата „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски и Наташа Андонова. Антологискиот расказ „Страшна ноќ“ од Славко Јаневски, кој се смета за еден од најубавите раскази во македонската книжевност, е дел од едицијата „Старо купувам“ на издавачката куќа Темплум. Расказот „Страшна ноќ“, со помош на извонредната ликовна техника на ...

Навистина не можам да го сфатам однесувањето на функционерите и политичарите кога во обид политички да поентираат, го малтретираат народот! Нај актуелно е ова со градскиот превоз во Скопје. Имало бомба подметната, па ќе штрајкувале, Владата презела обврска за учениците, па не плаќа заостанати побарувања… Си се местат меѓу себе, се роварат и си прават опструкции, а жртва е народот. А бе, несреќи едни, знаете ли како е на сабајле да во паника ...

Најновата оптичка илузија ќе ви помогне да откриете дали имате супер натпреварувачка личност или сте брутално искрена личност. Некои гледаат череп, а некои две девојки како играат карти. Илузијата првично беше објавена на TikTok профилот на Чарлс Мериот, а видеото од тогаш е прегледано скоро 84.000 пати. Ако забележавте девојки како играат карти, тоа значи дека сте весели и оптимистични, многу сте натпреварувачки расположени и сакате да ...

На првата самостојна изложба на Александар Томовски која вчеравечер (12 октомври) беше отворена во МКЦ беа изложени дела што прикажуваат балерини, но во една поинаква средина – зад кулисите. Се чини дека Томовски во своите црно-бели фотографии успева да го долови светот каде што место во вообичаената сценска поставка ги гледаме балерините без аудиториумот од кој некогаш сме дел и самите. Прикажувајќи ги сами со себе авторот го доловува сиот ...

Делото „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство (стручно-правни аспекти)“ од авторот м-р Александар Јорданоски е стручна монографија која излегува од печат во бурни и непредвидливи времиња за македонскиот идентитет, којшто сам по себе ги вклучува јазикот и неговите дијалекти, фолклорот, ракописното наследство, песните, умотворбите, игрите… Авторот во оваа стручна монографија ги анализира негувањето, грижата и ...

Синоќа (сабота, 15 октомври 2022) во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022). Марин Бабиќ (роден 24 октомври 1947 Белград – 15 октомври 2022 Скопје) во 1971 година дипломирал на Театарската Академија во Софија и истата година се вработил во Драмски Театар Скопје. Учествувал во бројни и значајни улоги во бројни претстави не само во Драмскиот театар, туку и во ...

Почина македонскиот ликовен уметник Јован Балов (61) кој живееше и твореше во Берлин, Германија. Јован Балов имаше своевидна амбасадорска улога за македонската култура кога во 2004 година во Берлин ја отвори галеријата „Прима центар“, каде што на негова иницијатива се одвиваше интензивен ликовен живот на уметници од Македонија и од регионот. Сликарот Јован Балов е роден во Скопје на 6 ноември 1961 година. Студиите ги завршил на Факултетот за ...

Синдикатот на културата на Република Македонија испрати соопштение до јавноста дека откако го добиле извадокот од нацрт-записникот од 88-та седница на Владата на РСМ и како синдикат кој е еден од потписниците на Колективниот договор во културата, зачудени се од предлог-мерките од страна на Владата во однос на Колективниот договор во културата, кој веќе трета година се применува со пропишана методологија за пресметка на плати, која од истава оваа ...

На моменти ме плаши оваа општа смиреност во јавноста, иако е повеќе од очигледно дека се врие. Нема протести, нема блокади, нема демонстрации, дури и нема нервозни и хистерични јавувања по медиумите, како што неретко има. Впечатокот е дека се таложи бес и омраза кај народот за се што се случува, а не се гледа спас на повидок. И кога секој смета нека не може да оди подолу и полошо, државата најавува намалување на платите, онаму каде што ќе ...

На 05 октомври 2022 (среда), во Македонска академија на науки и уметностите – МАНУ, со почеток во 19 часот, ќе се отвори изложбата на фотографии, како и промоција на фотомонографија со текст на Ферид Мухиќ, како и аудио визуелна снимка. “Копнежот по светлината“ претставува мулти медиски проект инспириран од универзалниот стремеж на човекот да излезе од темнината за да стаса до светлината; темнината на осаменоста да ја замени со светлината на ...

Промоција на книгата „Дијалектите на македонскиот јазик како нематеријално културно наследство – стручно-правни аспекти“ на м-р Александар Јорданоски на 5 октомври 2022 (среда), од 12 часот, во објектот Порта Македонија. Модератор на промоцијата на книгата ќе биде д-р Марјан Патлиџанковски, додека промотори на истата се проф. д-р Михајло Марковиќ од Државниот универзитет во Тетово и м-р Ивона Опетческа Татарчевска од Управата за заштита на ...

Денес се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред ...

Артис Леон Ајви Џуниор познат по псевдонимот Кулио (Coolio), почина доцна вчера (28.09.2022) од срцев удар, на 59 години. Кулио бил во посета на пријател кога се срушил во бањата. Брзата помош констратирала смрт на самото место. Кулио беше рапер, продуцент на плочи и актер, а неговиот мејнстрим успех е на крајот 90-тите години со неговите албуми It Takes a Thief (1994), Gangsta’s Paradise (1995) и My Soul (1997). Најпознат е по неговиот ...

Сите велат дека не треба да се мешаат спортот или културата, со политиката. Како ли не сфаќаат дека севкупното живеење е политика и борба за доминација? „Војната“ е природна состојба на човекот, според Томас Хобс. По својата природа, човекот му е на човека волк (Homo homini lupus). Бидејќи секој човек е потенцијален непријател на другите луѓе, кај секого се јавува страв да не биде нападнат и уништен, а стравот и недовербата водат кон некаква ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
7.2
34%
1026
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
2.68
47%
1026
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
0.51
44%
1026
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
38%
1028
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
33%
1025
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.89
71%
1026
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
6.17
53%
1022
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
34%
1023
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
2.06
40%
1025
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
4.63
47%
1026
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
7.72
49%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.5888