
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Интернетот во голема мерка придонесе да се види што всушност народот сака. Ова посебно може да се каже кога е музиката во прашање. Македонските медиуми со години форсираа музички имиња, кои ни беа промовирани како музички ѕвезди, за кои повеќе знаевме што пазарат, отколку што испеале. Youtube, dailymotion, soundcloud и слични сајтови, ни овозможија да бидеме во тек со новите музички остварувања, на сите оние кои прават музика. Со самото нивно ...
Во Метрополис арената се случи првиот Скрим фестивал на кој настапија бендови кои спојуваат четири декади музицирање, и на кој уживаше публика од повеќе возрасни групи. За почеток организацијата не потфрли во однос на влез на фестивалот. Имаше два влеза спремни да ја пречекаат публиката која ја наполни до крај Метрополис арената. Улогата на бенд кој го отвори фестивалот ја имаше домашниот бенд Беи Д Фиш. Бенд кој станува се подобар во своите ...
На само неколку часа сме до почетокот на овогодинешниот Евросонг 2011 (заб. почнува во 20:00 часот), македонскиот избор за претставник на Евровизија. Македонската телевизија остана доследна до трендот секоја година да го менува форматот на фестивалот и начинот на гласање, не успевајќи да изнајде модалитет за избор на песна која ќе ги задоволи вкусовите и на македонската, но и европската публика. Оваа година, музичката понуда делува исклучително ...
Повод за пишување на овој напис ни даде најновата збирка песни „Возови на смртта“ која деновиве излезе од печат во реномираната издавачка куќа „Паблишер“ од Скопје. Единствениот натуралист во македонската литература, по збирката „Здивот на смртта“, во 2018 година на издавачка куќа „Феникс“, чии рецензенти се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Христо Петрески, за која ја доби и наградата „Орфеј“, а во 2019 година направена е и како аудио ...
Деновиве со свој став излезе новинарот и уредник во Македонската радио телевизија, Диме Ратајкоски, поврзано со негрижата за заштите на непроценливо културно наследство, при изградбата на финалната фаза од автопатот Кичево – Охрид. Да се надеваме дека властите правовремено ќе интервенираат и дека нема да се направи поголема штета. “Почитувани, Алармирам за совесност и голема внимателност при изградбата на делот од автопатот Кичево-Охрид, во ...
Важи и за бизнис-секторот и за државните општествени капацитети кои треба да се приспособат на новите текови кои неминовно доаѓаат, но и за политиката, бидејќи таа сè повеќе станува алатка да се допаднеме некому, а не да се наметнеме! Секоја успешна компанија во која тимовите остваруваат врвни резултати секогаш внимава како тие тимови да ги награди, со што тие понатаму придонесуваат за подобрување на резултатите во бизнисот. Денес, речиси во ...
Заштитата на градителското наследство го зазема најслжениот дел од целукупната заштита на културното наследство. Од една страна, тука се испреплетуваат конзерваторско-реставраторските практики, а, од друга страна, неопходното усогласување со документацијата од планско-просторен карактер како: генерален урбанистички план, детален урбанистички план, заштитно-конзерваторски основи, односно заштитно-конзерваторски услови. Понатаму, непотребната ...
Денес (4 февруари 1872) пред 149 години, се роди апостолот на македонската борба за самостојност и независност, големиот Гоце Делчев. Гоце Делчев е израснат во скромно македонско семејство. Својот пркос, борбата за правичност, за слобода и права ја манифестира уште како дете. Човек кој рано си замина од земскиот свет на само 31 година, но остана голем, лик кој неизбришливо остана дел од колективното сеќавање на македонскиот народ. Да беше денес ...
Токму тоа е објаснувањето за се што ни се случува. Новите состојби налагаат и нови термини. Идиократија е термин кој во еден современ речник го најдов со следното објаснување: Владеење исклучително врз основа на сопствениот став и мислење, без уважување на било чие различно мислење. Има неколку примери од каде потекнува самиот термин ИДИОКРАТИЈА. На сите топло им го препорачувам филмот Idiocracy со Лук Вилсон од 2006, во која тој, како просечен ...
Говорот и јазикот како средство за комуникација отсекогаш го привлекувале вниманието на научниците од многу научни дисциплини. Го привлекувале вниманието и на лингвистите, и на филозофите, и на логопедите, и на наставниците, и на психолозите. Секоја од овие области на свој начин го гледала проблемот на говорната комуникација, која на почетокот се јавува како несвесна манифестација – поддржување, а потоа како свесно реализирана мислата. Ние може ...
Секој пат кога ништо не функционира, секоја власт наоѓа начин да ја дефокусира јавноста со некоја тема која ќе ги поларизира односите, ќе креира табори, и ќе се занимава со се, само со тековните предизвици, не! Ако зборуваме за државно ниво, да видиме до каде сме со инфраструктурните проекти, со реализацијата на капиталните инвестиции, субвенциите и развојот на земјоделието, до каде сме со здравството, болниците, Клиничкиот центар (виртуелен ...
Едно нешто за кое веќе мислевме дека е завршена работа од минатото, беа лажните политички ветувања. Можете што сакате да кажете за владеењето на претходната структура која ја водеше државата повеќе од 10 години, но едно нешто за кое треба да им се симне капа е држење до изборната програма и ветувањата во истата. Дали чекорите и политиките кои ги водеа беа исправни и добри, тоа времето ќе покаже. Не, дека се држеа во огромна мера до тоа кое го ...
За ова сум пишувал многу пати, и повеќе од очигледно е дека треба повторно и повторно да се навраќаме на некои теми додека не се освестиме. Немањето кауза, или подобро би рекол напуштената кауза и идеали се она нешто што ја прават Македонија како држава ранлива и дисфункционална. На Македонија и треба обединување зад заедничка цел и мисија, и етничка помеѓу етничките Македонци, и национална за сите останати Македонци, според нација. Што сакам да ...
Понекогаш треба да се прашаме самите себе дали знаеме каде тераме? Која ни е целта, идејата, концептот, каде и кога сакаме да стигнеме, и кога ќе сме таму, што тогаш? Од старт да расчистиме некои дилеми околу моите гледања на нештата. Местото на МАКЕДОНИЈА е поврзано со Запад, со западна Европа и САД, како партнери и сојузници. Дали тие (не самите држави туку нивните водства, политичари и дипломати) секогаш биле фер и коректни е сосема друг ...
Во литературните кругови се’ е толку сериозно, тешко и драматично. Таму е неприфатливо човек да се смее. Во Бугарија книгите со хумор многу поретко добиваат награди. Хуморот и сатирата не се меѓу најсаканите жанрови на уметничките комисии – вели познатиот бугарски писател Алек Попов, годинашен лауреат на интернационалниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“ што започнува започнува утре (недела, 19 мај) и трае до 21 мај. Алек Попов е меѓу ...
Цветковски на македонската книжевна сцена е присутен педесет години, зад себе има педесетина книги, многу награди и признанија. Годинава е добитник и на „Книжевниот жезол“, награда што Друштвото на писателите на Македонија ја дава во рамките на престижната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“, што ќе се одржи на 5 јуни (среда) во просториите на ДПМ. Радован П. Цветковски е роден во с. Сопотница, Демирхисарско, 1931. Работел како ...
Ариан Лека е еден од најплодните и најпознати албански поети, прозаисти, креативци. Тој е и одличен познавач на балканската и на македонската култура, несебичен поддржувач и поттикнувач на балканската културна соработка, основач на интернационалниот книжевен фестивал „Поетека“ и уредник на списанието „Поетека“ – партнер на Еурозине. Лека е годинашен добитник на „Книжевниот жезол“, поетско признание што го доделува Друштвото на писателите на ...
Да се биде поет во денешно време е силна светлост која низ пламенот на зборовите ги упатува суптилните и нежни души кон совршенството на постоењето. Да се живвее во склад со совршенството, не е воопшто едноставно. Денес човекот многу лесно воден од материјалните побуди знае да потпадне под некои зли сили, иако длабоко во себе сепак знае дека единствената убавина и совршенство доаѓаат од складот со природата, па и со сопствената природа – ВЕЛИ ...
Во нашава ситуација, културата ни оддалеку не е на своето заслужено место и за тоа се одговорни многу фактори и чинители. Но тоа воопшто не значи дека таа реалност треба да се прифати како краен пораз, туку напротив како мотив повеќе за што понапорна работа – вели Игор Крајчев, писател, поет, есеист и актуелен директор на една од најуспешните библитеки, велешката. Првата книга поезија ја издава во 2005 година, а потоа следуваат прозни објави, ...
Вчера вечер (четврток, 19 декември 2019), во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, се отвори изложбата „Свадбен пат“ на младата авторка Кристина Пулејкова. Пулејкова е уметница, која по завршувањето на средното уметничко „Лазар Личеноски“, продолжува со своето образование вон Македонија, а изминатите неколку години, твори и функционира во Лондон, Велика Британија. По изложбата во 2016 година во Музејот на современата ...
Да се познава теологијата, и посебно Светото писмо, е неопходно за да може да се чита и да се разбере европската книжевност… Преводот на „Улис“ ме научи како вистински да го читам и него и кој било друг писател по него. Со преводот на „Улис“, Џојс е единствениот писател што ме натерал одново да ја пречитувам Библијата. Во крајна линија, теологијата е тесно поврзана со книжевноста – вели Марија Гиревска -преведувач, теоретичар, есеистичар. Марија ...
МКЦ – Битола е една од најпрепознатливите младински организации во Република Македонија. Во периодот од 21 година постоење, МКЦ – Битола се разви во одржлива организација со значајни капацитети за организирање на различни проекти и програми во Македонија, регионот на Југоисточна Европа и пошироко. Во рамките на својата годишна програма на 12 август 2018 година (недела) со почеток во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола организира јавен ...
Во организација на Стрип центарот на Македонија-Велес во Велес започна првата стрип колонија во Македонија насловена „Велес 2018“, која ќе трае до сабота, а која е финансиски помогната од Министерството за култура и Општина Велес. На првата стрип колонија учествуваат гости од Србија – Рашка, Лесковац и Белград, од Црна Гора и автори од разни генерации од Македонија. Колонијата се одржува под менторство на специјалниот гостин, професорот Владимир ...
Голем успех на македонскот тим, учесници на првиот Music Tech Fest, кој викендот се одржа во Битола, како прв пандан настан на Music Tech Fest – Стохолм. Битолските хакери Андреј Антуновиќ и Андреј Мицков кои како дел од мешаниот тим со хакери од САД и Шведска беа дел од Hackathon /Хакатон кој работеше на темата „Geographically Challenged Creativity – Remote Development Challenge“. Уште еден тим и старт- ап, се собраа заедно за да го прошират ...
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес ги објави имињата на победниците на меѓународниот стрип конкурс, кои ќе бидат врачени на 16-от по ред стрип салон „ВЕЛЕС 2018“ што ќе се одржи на 12 октомври во Велес. Конкуренција за наградите пристигнале 185 стрипа од повеќе земји во светот. Првата награда насловена “ЗЛАТЕН СТРИП“ за стрипот „Влез во харем“ ќе биде доделена на Алекса Гајиќ за цртеж и колор, и Марко Стојановиќ за сценарио. Алекса ...
На фестивалот Салон на стрип Белград кој од 27 до 30 септември во главниот град на Србија се одржа по 16-ти пат, традиционално и годинава учество зедоа македонските стрип-автори. На меѓународниот натпревар, во рамки на манифестацијата, меѓу 377 учесници од целиот свет кои испраќаат вкупно 334 стрипа, застапени се и 21 автор од Македонија. Со тоа, веќе втора година по ред, Македонија е втора земја по бројот на учесници, веднаш зад домаќинот ...
Околу 50 луксузни и несекојдневни олдтајмери и 20-тина моторцикли ќе бидат дел од „Skopje Classic Day“ 2018 што ќе се одржи во недела (14 октомври) на паркот кај авиончето во општина Аеродром. Меѓу нив ќе има и околу 10-тина автомобили донесени од соседните држави кои за првпат ќе бидат видени во Македонија. Возилата ќе бидат постари од 35 години што е услов за да се класифицираат како олдтајмери. – Идејата е да се претстават олдтајмерите што ги ...
Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, со поддршка од Министерството за култура, деновиве го објави вториот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“. Автор на ова енциклопедиско издание е стрип-хроничарот и сценарист Александар Стеванов од Штип, кој воедно се потпишува и како негов графички уредник. Продолжувајќи ја иницијативата за прибележување на домашното стрип-творештво и издаваштво, во книгата Стеванов го обработува ...
Во соседна Србија, деновиве беше објавен најновиот број на публикацијата „Линије фронта“ во која со свој стрип е застапен и македонскиот автор Владо Николовски. Се работи за стрипот од четири табли „12 септември 1914, Петроварадинска тврдина“, кој Николовски го црта според сценарио на Предраг Ѓуриќ од Нови Сад. „Со Предраг заеднички имаме направено десетина кратки стрипови. Последниот од нив обработува вистинска случка од почетокот на Првата ...
Музичко-визуелниот перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 15 март (недела) во Концертната сала на Македонската Филхармонија. Станува збор за сосема нов, автентичен и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни се соединува со холограм, со тоа наметнувајќи му го епитетот мултимедијален. За првпат во Македонија се реализира концерт кој ...