Над 300 уметници – членови на Културно уметнички друштва од западниот регион на Maкедонија, викендов во Охрид под звуците на тапаните, зурлите, гајдите продефилираа низ Охридската чаршија и го заиграа најголемото оро до сега на плоштадот Св.Климент Охридски. Дефилето беше во рамките на регионалната фолклорна смотра во организација на сојузот на фоклорни ансамбли на Македонија. Смотрата ја отвори проф.м-р Благица Илиќ раководител на ...

Биеналната изложба на 31та и 32та сесија на Ликовната колонија Галичник ќе се отвори на 9.11.2021 (вторник) во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, со почеток во 19.00 часот. Последните две сесии на колонијата го третираа горливиот проблем на екологијата, на заштитата на животната средина и враќање на загубениот линк со природата. 31та сесија имаше концепт Коегзистениција кој ја пролематизираше релацијата (изгубената ...

Продолжуваат активностите за ревитализација, санација и обнова на Спомен куќата на Лазар Личеноски. Покрај работата на инсталациите на објектот, на кои работат Конзерваторски центар – Скопје, Националната галерија на Македонија работи на конзервација и реставрација на мозаиците. Согласно Конзерваторското одобрение за конзервација и реставрација на 37 мозаици и 5 зграфита од Спомен – куќата на Лазар Личеноски, издадено од Управата за ...

Национална галерија на Македонија ja најавува Јубилејната изложба „Ѓорѓи Зографски (1871-1945), 150 години од раѓање“, која ќе се отвори во среда, на 3 ноември, од 19 часот, во објектот Чифте амам. На изложбата ќе бидат претставени 50тина дела (икони и слики) од сите творечки фази на авторот. Истите се дел од колекциите на Националната галерија, Народен музеј – Велес, црквите Св. Пантелејмон, Св.Спас, Св. Димитрија и Успение ...

Програмата за конференцијата Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско, која во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи во среда, 27 октомври 2021 година со почеток во 10.00 часот. П Р О Г Р А М А Среда, 27 октомври 2021 10,00 Отворање на конференцијата Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје Поздравни обраќања Промоција на зборникот Културниот туризам во ...

Денес (26 октомври, вторник), со почеток во 17:30 часот во НУ – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде отворена изложбата „Увертира кон македонскиот стрип“. Станува збор за поставка на педесетина рани форми на стрип од просторот на бивша Југославија, создадени во втората половина на 19 век. Во улога на промотор на изложбата се јавува стрип-авторот Александар Стеванов, кој во воведниот говор ќе ...

Дваесеттото издание на OFFest ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Скопје. Планираната програма е свежа, разнобојна и возбудлива, една од најинтересните во скорешната историја на фестивалот. Сеќавањата на делото на големата португалска пејачка легенда Амалиа Родригез (1920-1999) ќе бидат оживеани со настапот на извонредното дуо ЛИНА И РАУЛ РЕФРИ (Португалија/Шпанија) коешто испорачува модерно и надградено фадо, музика што ги надминува географските ...

Ироничен наслов за прошталните говори на Премиерот во заминување (така тој најави, го држиме за збор, иако никогаш до сега не останал на истиот) и Градоначалникот на Скопје во заминување. Имено, впечатокот е дека и двајцата ништо не научиле, ниту сфатиле. Дури и кога глумат жртви, и се влезени во Калимеро филм, очигледно или ништо не гледаат или се заслепени од магијата на моќта и власта. Никако поинаку не можам да сфатам дека мнозинството на ...

Навистина ми е непријатно кога слушам изјави на премиер на држава кога тресе зелени, со кои наидува на потсмев кај секого. Исто така, непријатно ми е кога праќа пораки за општо народни делби и омраза, а повикува на обединување. Кое црно обединување, кога вчера најави дека доколку Шилегов победи ќе ги рушиш сите обележја во центар на Скопје? Кој здрав човек дава таква талибанска изјава? Страшно! Паниката која ги зафаќа одредени кандидати од ...

На сцената на Драмскиот театар Скопје од 25.10.2021 до 31.10.2021 ќе можете да ги проследите следните претстави : ден и час: 26.10.2021 (вторник) | 20:00 претстава: ЧУДЕСНА ТЕРАПИЈА играат: Соња Стамболџиоска, Мава Вељковиќ – Пановска, Предраг Павловиќ автор: Даниел Глатауер режија: Димче Николовски ден и час: 27.10.2021 (среда) | 20:00 претстава: КАРМЕН (на мала сцена) играат: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска автор: Мигел Делибес ...

На сцената на Драмскиот театар Скопје во периодот од 18.10.2021 до 24.10.2021 ќе можете да ги проследите следните претстави: ——— ден и час: 21.10.2021 (четврток) | 20:00 претстава: СТРАНЦИ играат: Игор Ангелов, Ирена Ристиќ, Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Зоран Љутков, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Предраг Павловиќ автор: режија: Нела Витошевиќ ——– ден и час: 22.10.2021 (петок) | 20:00 претстава: ...

Викендов го видовме епилогот од првиот круг на Локалните избори 2021. Иако многумина беа скептични околу резултатите, посебно кога се однесува за Скопје и скопските општини, очигледно моите предвидувања излегоа во голема мерка реални и точни. Што се случи во Скопје, и скопските општини, но и на периферијата? ВМРО ДПМНЕ победи во 5 градски општини во првиот круг, каде и ги освои советите (Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров), ...

На само неколку дена сме од гласањето за градоначалници и совети, па сметам дека оваа колумна треба да е наменета токму за таа тема, со осврт токму на Скопје и општините во овој град. Од старт ќе бидам конкретен и директен: На Скопје му треба промена на сте десет општински градоначалници, топтан со се тој на Град Скопје. Едноставно, ниту еден од нив, кои повторно се кандидираа, ниту пак алтернативите кои актуелната власт ги нуди во Карпош, ...

Национална галерија на Македонија ја најавува ретроспективната изложба на академик Васко Ташковски, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и светот. Изложбата ќе биде отворена на 21.10.2021 година (четврток) во 20 часот, во објектот Даут-пашин амам и ќе бидат претставени слики, акварели и цртежи од сите творечки фази ...

„Pефлексии на новата реалност“ е шеста самостојна изложба на Лазе Трипков, која се осврнува кон приоритетните проблеми на новото време. Постојано сме опркужени со информации поврзани со пандемијата и вирусот КОВИД-19. Тоа не приморува да ги ограничиме нашите социјални потреби, па секојдневието полека ни станува „дигитално“. За време на изолација во април 2020, Трипков започна со својот визуелен проект под наслов ...

Единствено нешто позитивно од неодамна спроведениот попис е тоа што воопшто се одржа, и ништо повеќе. Работата се заврши во смисла „помина и тоа чудо“, и толку. Ајде малку да проанализираме како се изврши истата статистичка операција. За разлика од пописот во 2011 кога на терен одеа по двајца, овој пат истиот го спроведуваше само едно лице. Навидум небитно, за многумина и целосно ирелевантно, но за се средини, како онаа во која јас ...

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од денеска до 15 октомври oрганизира „Студентски саем на книгата“. На саемот ќе може да се набават учебници и прирачници и друга стручна литература по саемски цени. По специјални цени ќе може да се набават и книги од книжевните класици како и современи белетристички дела од светски и домашни автори. Доколку купите две книги, НУБ „Св. ...

Сево ова кое деновиве се случува дава силна потврда на она кое постојано го повторувам дека нема држава се додека полтрони и лигуши се на високи позиции во оној така наречен втор и трет раководен ешалон, токму оние со кој обичниот работник, административец или општата популација е во секојдневна комуникација. Почитувани, темелот на една држава е во интегритетот на државниот и јавниот службеник, а неговата сила, моќ, храброст, чест и интегритет ...

Во образовниот процес, историјата има примарно значење во формирањето на националниот идентитет и личниот развој. Читањето историски текстови е придружено со интензивни емоции кои влијаат врз формирањето на сегментот на патриотизам, чувство на чест, лојалност и национална свест. Покрај тоа, историјата и како наука, така и како предмет, исто така, придонесува за уривање на одредени предрасуди кон одредени народи, раси и верски групи, што е ...

Романот „Мрежата на Мамли“ од Блаже Миневски е преведен и објавен во Србија. Во најавата на издавачот „Арка“ стои дека станува збор за дело што предизвикува потрес на книжевната сцена; роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, кодошите и полтроните, рекетарите и секретарите; роман за сусамот и бостанот, за лагите и ветувањата, за подаништвото и расипништвото; роман за „креативниот“ инжинеринг извршен врз еден народ. Романот ...

Архитектот Стојан Павлески ќе се претстави со своето концептуално дело пред скопската публика на 17 септември (петок), во 20 часот, во објектот Чифте амам, во срцето на Старта скопска чаршија. Концептот „Глува соба“ ја преобмислува антрополошката димензија на уметноста во рамки на технолошката ера, во прeсрет на враќањето на примитивната енергија на капитализмот.легоризирајќи го „монументот“ на тоталитарните процеси, „глува соба“ престојува во ...

Романот „Анатомија на бумбарот“, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“ каде годинава беше и прворангиран во категоријата Источноевропска литература за Киндл, е мешавина од гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување зачинета со возбудливи трилер елементи. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво ...

Промоцијата на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска е закажана за 12.09 (недела) во 13 часот на Саемот на книга во Скопје.Промотор на романот е Стефан Марковски. Потпишувањето ќе биде на штандот на издавачката куќа Бата Прес. Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани ...

Светски познатиот психолог Пип Вилсон смисли серија тестови за да ја процени емоционалната состојба на тригодишниците при првиот контакт со училиште и истакна дека овие тестови се валидни и за проценка на емоционалната состојба на возрасните. Погледнете ја илустрацијата на фигурите на дрвото, и изберете една. Погледнете подолу што за вес вели избраното човече: Одговори 1, 3, 6 или 7 Ова се искачувачки фигури, што покажува дека сте личност ...

Денес e 8 септември. Ден кога МАКЕДОНИЈА стана независна држава. Значи, Република Македонија. Веќе неколку години тоа веќе не постои. Преспанските Северџани тоа го фрлија, уништија, закопаа. Оваа денешна Македонија е длабоко поделена, растурена и дисфункционална. Секој си слави тоа што му одговара со што се идентификува. СДС ни самите не знаат што слават. Отсекогаш најмногу се дразнеле на 11 Октомври, иако како проаѓа времето ниту знаат да му го ...

Она што се случува изминатите година и половина поврзано со светската пандемија на коронавирусот, ќе влече долгогодишни последици врз севкупната популација, на светско ниво, но најмногу во земјите со специфични културолошки карактеристики, плус оние кои лошо се справуваат со кризата. Зошто го велам ова? Одредени земји и народи (скандинавците и генерално северните народи, или земјите со специфични културолошки или верски карактеристики) имаа по ...

По повод 8 Септември, денот на македонската независност. Патриотизмот или родољубието е најсодржински, односно врховен сплет на чувства и односи кои определуваат припаднот кон колективот именуван како народ со терминолошките варијантни изрази: род, племе, нација, народност, етнос, етникум…, дадени во одреден социолошко-историски контекст, истовремено поврзан со територија на егзистирање. Независно од терминологијата, патриотизмот е исклучително ...

Фестивалот на забавна музика „Макфест 2021“ годинава повторно ќе се одржи на отворено, поради здравствените протоколи. Дваесет и шест песни ќе бидат изведени на сцената на Аква бела ресорт на 17 и 18 септември. Публиката во шоу програмата ќе ја забавуваат „Тумбао салса бенд“, првата вечер, а втората вечер ќе настапат Дац и Александар. Инаку штипјани синоќа на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ уживаа во макфестовските хитови. По повод ...

Национална галерија на Македонија на 9 септември 2021 година, во објектот Даут пашин амам, во 20 часот ќе се отвори изложбата со наслов „70 години од првата Национална поставка” (1951-2021), изложба организирана по повод 70 години од свеченото отворање на првата Поставка во Националната галерија. На изложбата ќе бидат застапени повеќе од 100 автори со околу 150 ликовни дела (слики, акварели, цртежи, графики и скулптури) подарени и откупени во ...

Македонскиот автор Александар Прокопиев е еден од почесните гости на 14. Саем на книгата и фестивал на автори „Врисак“, што од 1-24 септември се одржува во Риека (Хрватска). Во книжарите, но и во различни простори низ градот ќе се продаваат со голем саемски попуст книгите на хрватските и домашни издавачи. Средишниот, фестивалски дел ќе се одржи од 12-19 септември во прекрасната Гувернерова палата, каде на посебни вечери ќе бидат претставени ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.09
78%
1020
weather icon

Загреб

15ᴼ / 11ᴼ
1.54
67%
1024
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
3.6
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
5.92
75%
1016
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
0.51
79%
1024
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
60%
1010
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
6.17
42%
1017
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
85%
1014
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
2.24
65%
1021
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
4.12
82%
1011
Currency

61.535

Currency

54.2037

Currency

73.2024

Currency

35.0114

Currency

39.2987

Currency

65.5716

Currency

7.52558

Currency

0.68932

Currency

0.37558

Currency

0.52531

Currency

1.38614

Currency

0.63488

Алуминиум

2.49

Кобалт

42.99

Никел

14959.00

Рутениум

19708.41

Калај

31.91

Сребро

1066.65

Злато

106656.85

Бакар

9.47

Паладиум

30768.26

Платина

34644.47

Родиум

174417.80

Цинк

2.68