
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Претседателот Доналд Трамп во неделата ја прошири својата трговска војна во киното, воведувајќи 100% царина за филмови што се произведуваат надвор од САД и се увезуваат во Америка, пренесува Си-ен-ен. Трамп, во вечерен пост на неговата платформа за социјални медиуми Truth Social, рече дека им наложил на Министерството за трговија и на трговскиот претставник на САД да воведат 100% царина за филмови што се произведуваат надвор од САД и се ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека одредени личности во Европа го блокираат процесот на европска интеграција на Украина за да добијат подобро место на Црвениот плоштад во Москва. „Ја цениме поддршката на Чешка за нашиот чекор кон Европската Унија. Оваа година сме подготвени да го отвориме првиот кластер во процесот на преговори. Жалиме што одредени личности во Европа го блокираат овој процес. Не поради интересите на ...
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, официјално го започнува новиот проект „Отворена агенција“, насочен кон вклучување на млади луѓе, да стекнат работно искуство во Националната агенција, преку оглас за прием на волонтери и практиканти. -Преку овој проект, младите ќе добијат уникатна можност за стекнување на прво работно искуство во ЕУ-акредитирана институција, каде што ќе можат директно да се запознаат со работата ...
Еден од мажите обвинети за учество во бран секташко насилство против сириското алавитско малцинство пред два месеци изјави за Би-Би-Си дека тој и другите вооружени цивили кои патувале во областа биле советувани и надгледувани од владините сили таму. Абу Халид рече дека патувал како цивилен борец во медитеранското крајбрежно село Санобар на 7 март, за да помогне во борбата против поранешните бунтовници на режимот. „Одделот за општа безбедност ни ...
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори. За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ. – Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека ...
ЏАБИР ДЕРАЛА Овој текст е објавен на 14 октомври 2023 година во ЦИВИЛ МЕДИА Хамас е одговорен за ужасниот терористички напад во кој беа убиени повеќе од 1.200 Израелци, повеќето цивили, меѓу кои и деца. Киднапирањето на повеќе од 240 цивили и заканата со нивна ликвидација, е уште една мрачна одлика на оваа крвава операција на Хамас. Но државата Израел е одговорна за сите луѓе што живеат во неа, а тоа значи и палестинскиот народ. Нападот на Хамас ...
Од мониторингот на ЦИВИЛ ((објавено на 17 октомври 2023) Целосен хаос владее во партиско пропагандните центри во однос на израелско-палестинскиот конфликт. Партиските ботови делуваат збунето и некоординирано во однос на нападот против ЦИВИЛ, како организација во целост. Со посебна жестина се бележат ад хоминем напади против Џабир Дерала. Може да се препознае дека нападите врз Дерала имаат цел, освен него лично, да ја дискредитираат и ...
Израелската војска почна да повикува десетици илјади резервисти за да ги „интензивира и прошири“ своите операции во Газа, објави Би-би-си. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека „го зголемуваат притисокот“ со цел враќање на заложниците држени во Газа и поразување на милитантите на Хамас. Критичарите велат дека неодамнешната воена офанзива, по прекинот на прекинот на огнот, не успеа да гарантира ослободување на заробениците и ги ...
Во интервјуто за ЦивилМедиа, Џелал Хоџиќ, претседателот на СДА Македонија, меѓу другото зборува и за последиците од блокираниот стратешкиот интерес на државата на патот на Северна Македонија кон ЕУ и предизвиците кои ги носи за стабилноста и меѓуетничките односи во земјата. Пред нас е нова општествена криза, која во себе ќе ги содржи и политичката и економската криза, а која ќе биде надополнета со нарушување на меѓуетничките односи, смета Хоџиќ. ...
Хуманитарната состојба во Газа е на работ на целосен колапс, предупреди денес Светската здравствена организација (СЗО), која ги опиша условите во Газа како „катастрофални“, поради израелската блокада која речиси два месеци го спречува влезот на медицинска помош. „Многу сме блиску до работ на бездната“, изјави портпаролката на СЗО, Маргарет Харис. Таа рече дека Палестинците во опколената енклава се лишени од основни потреби, вклучувајќи храна, ...
Во Германија, најмалку 193 полицајци се под дисциплински постапки или истраги поради сомневање за десничарски екстремистички верувања или склоност кон теории на заговор, објавија германското списание Штерн и телевизијата RTL, повикувајќи се на податоци од германската полиција. Тие медиуми објавија дека бројот на такви акции против полицајци би можел да биде поголем, бидејќи германските сојузни покраини Северна Рајна-Вестфалија и ...
Доналд Трамп објави слика генерирана од вештачка интелигенција од себе облечен како папа додека продолжува оплакувањето на папата Франциск и само неколку дена пред почетокот на конклавата за избор на негов наследник. Постапката на Трамп предизвика осуда од група што ги претставува католичките бискупи во Њујорк и меѓу Италијанците. Сликата, споделена во петокот вечерта на веб-страницата на Трамп Truth Social, а подоцна повторно објавена од Белата ...
Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите во клубот „Пулс“, што заеднички ја организираа нивните семејства и Општина Кочани. Учесниците, меѓу кои имаше деца и родители на жртвите, возеа на кружна патека во должина од 15 километри во правец на селата Грдовци, Мојанци и Горни Подлог, а на местото на трагедијата им беше оддадена едноминутна почит ...
ОЛИВЕР АНДОНОВ Всушност, почитувани читатели, оваа колумна е резултат на по кој знае кој пат прашањето поставено од мнозина: „Зошто Внатрепартиска фракција за демократизацција и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ“? Колумната која е пред Вас можете да ја гледате и во контекст на моето интервју во емисијата „во Центар“, со Васко Ефтов кое вечерва ќе се емитува. Впрочем, манипулациите со членството заради лични интереси започнати во времето на Груевски ...
Најмалку 40 Палестинци загинаа, а 125 ранети во Појасот Газа во израелски напади во последните 24 часа, според извори во медицинските служби, пренесуваат денеска палестински медиуми. Локалните здравствени власти во исто време потврдија дека бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади во октомври 2023 година се искачи на 52.535, додека 118.491 лица се ранети, објави палестинската новинска агенција. Според извештаите, повеќето ...
Апелациониот суд на САД ги запре одлуките на пониските судови со кои се бараше од администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ги пренасочи средствата одобрени од Конгресот кон Радио Слободна Европа/Радио Либерти (РСЕ) и други медиумски куќи финансирани од федералната влада. Одлуката на панел од тројца судии во Вашингтон на 1 мај, заедно со поврзаната одлука на истиот панел на 3 мај, значи дека буџетот на РСЕ останува неизвесен, како и ...
Стотици сегашни и поранешни израелски воени пилоти во отворено писмо повикаа на крај на војната во Газа за да се ослободат заложниците, објави Скај њуз. Според потписниците, сегашната војна ѝ служат само на политички и лични интереси, а не на безбедносни. Пилотите на Израелските одбранбени сили (ИДФ) бараат итно враќање на преостанатите заложници на Хамас, по цена на стопирање на војната. Ова барање на израелските воени пилоти има посебна ...
Украинската воздушна одбрана собори 69 од 165 дронови користени во рускиот напад врз Украина во текот на ноќта, соопшти украинската војска. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека 80 од дроновите исчезнале од радарот, веројатно поради мерки за електронско војување преку кои тие биле пренасочени, или биле мамки што не носеле експлозиви. Најмалку 11 лица се повредени во рускиот напад со беспилотни летала врз Киев во текот на ноќта, во кој ...
еменските бунтовници Хути ја презедоа одговорноста за ракетниот напад врз израелскиот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, пренесоа агенциите, повикувајќи се на телевизиско обраќање на портпаролот на вооружената група, Јахја Сарија. Во обраќањето Хутите посочија дека „го нападнале аеродромот Бен Гурион со хиперсонична балистичка ракета која успешно ја погодила својата цел“. Сарија го повтори предупредувањето на групата до авиокомпаниите ...
ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ 1. Навидум „од ведро небо“ и без реакции кај Македонците пројде веста за укинувањето од Уставниот суд на владината согласност за основање на „Медресата Иса Беј“, исламското верско средно училиште формирано од ИВЗ. Имено, покрај комплицирањето на статусот на учениците во Медресата, логично е прашањето дали на ист начин е загрозен и статусот на средното богословско училиште, бидејќи негов основач е МПЦ-ОА, со одлука на Третиот ...
Граѓаните на Романија денес гласаат на претседателски избори, кои претставуваат повторување на претходниот изборен процес, коге беа поништени резултатите од ноемвриското гласање по наводи за масовно руско влијание. Овие избори би можеле на власт да донесат ултранационалист кој е против помошта за Украина, остро ја критикува Европската Унија и се смета за „природен сојузник“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, пишува британски Гардијан. Џорџе ...
„Заживувањето“ на политиката за проширување на ЕУ, поттикнато од руската агресија врз Украина, ги разгоре дебатите за институционалните прашања во блокот, особено поврзани со рамнотежата на моќта и процесите на донесување одлуки во европските институции, како и за тоа дали и какви институционални реформи се потребни за подготовка на Унијата за прием на нови членки. Ова се наведува во анализата на Шведскиот институт за европски политички ...
Казни во вредност од 8 350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна. -Со спроведените контроли на месарниците ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена што е можно поскоро да премине кон прекин на огнот доколку Русија преземе слични чекори кон воспоставување целосен прекин на конфликтот во траење од најмалку 30 дена. Зеленски во синоќешното видео обраќање рече дека се подготвува за важни состаноци и разговори со странски партнери за тоа дека е потребно да влијаат на Русија да се согласи на целосен прекин на огнот ...
Премиерот и лидер на австралиската централно-левичарска Лабуристичка партија, Ентони Албанезе прогласи победа на денешните парламентарни избори. „Им се заблагодарувам на народот на Австралија што ми дадоа можност да продолжам да ѝ служам на најубавата земја во светот“, рече Албанезе во Сиднеј. Претходно беше соопштено дека Лабуристичката партија победи на денешните парламентарни избори, по тешката трка во која од аутсајдер стана победник поради ...
Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија Иконата во православието и католицизмот претставува исклучителен свештен атрибут, особено во православната традиција. Таа има длабоко сакрално значење за верниците и служи како посебна форма на дијалог — дијалог што може да ги излечи раните што Украинците ги трпат и против кои се борат веќе 1165 дена поради руската воена агресија против ...
Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Мекедонија, во интервју за ЦивилМедиа зборува отворено за актуелните политички случувања во земјава, регионот и во светот. Со Хоџиќ разговаравме за патот по кој се движи Северна Македонија во евроинтегративните процеси, кој го пали бурето барут во регионот на Западен Балкан, за меѓуетничките односи во земјава, како и за тоа колкава поддршката добива Украина од сегашната владејачка номенклатура. Претседателот на ...
ЏАБИР ДЕРАЛА No Truth, No Freedom Да го запомниме овој Светски ден за слобода на медиумите со тага и огорченост за судбината на сите оние новинари и новинарки кои го загубија животот само затоа што ѝ служеа на вистината. За сите оние што се затворени, цензурирани, дискредитирани, исмевани или присилени на молк. Во свет полн со бучава и лаги, тие продолжуваат да зборуваат – некогаш со зборови, понекогаш само со тишина што вреска. Овој ден не е ...
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај, институциите на Европската Унија испратија силни пораки за поддршка на медиумските слободи и плурализмот, истакнувајќи дека тие се клучни вредности за секое демократско општество. Европската комисија: Силна посветеност кон слободата и плурализмот Европската комисија потврди дека останува посветена на заштита и промоција на слободата на медиумите и медиумскиот плурализам и во рамките на ...
Судијка на Обединетите нации е осудена на шест години и четири месеци затвор откако беше прогласена за виновна за принудување млада жена да работи како робинка. Лидија Мугамбе (50) е прогласена за виновна затоа што ја искористила „својата положба“ над државјанка на Уганда на „најтежок начин“, додека студирала за докторат по право на Универзитетот во Оксфорд. Мугамбе, која исто така е судијка на Високиот суд во Уганда, ја спречила жената да има ...