
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Кој ги пишува говорите на Мицковски? Ги чита ли говорникот тие говори? Може ли да ги поврзе тој изречените зборови со стварноста? На Денот на полицијата Мицковски говори дека минале времињата на несигурноста и сега мајките слободно ги пуштаат ноќе децата, немало криминалци… „Безбедноста не била само статистика, тоа е чувство на безбедност…“ Да, мајките на 62 главно деца пред неполни два месеци ги пуштиле децата во диско клуб во ...
Изјави на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, министерката за образование и наука Весна Јаневска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорката на секторот за корпоративни политики и одржливост на Пивара Скопје, Снежана Савиќ Димовска, австрискиот амбасадор Мартин Памер, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, секретарот на Црвен ...
Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека Москва бара премногу отстапки од Кијив за да ја заврши војната во Украина. Вашингтон навести дека ќе се повлече во напорите за посредување во мирот меѓу завојуваните страни, иако Венс пред два дена се чини дека имплицираше дека ќе остане вклучен. Но, тој посочи дека фокусот сега е да се зближат двете страни и да се обиде да се затвори „јазот“ што ги разделува. Тој додаде дека верува оти Москва е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер денеска објавија трговски договор, со кој останува на сила царина од 10% за стоки увезени од Велика Британија, додека Велика Британија се согласи да ги намали своите царини на 1,8% од 5,1% и да обезбеди поголем пристап до американски стоки, јави Ројтерс. Спогодбата што ја објави Трамп од Овалната соба е првата откако предизвика глобална трговска војна со бран на давачки врз ...
ТЕМА НА ДЕНОТ Голем дел од Западна Европа го одбележува Денот на победата во Европа (VE Day) на 8 мај, но безусловната воена капитулација што ја заврши Втората светска војна во Европа всушност беше потпишана ден претходно, во 2:41 часот наутро на седми мај, во Ремс, источна Франција. Германија, за првпат, ќе го прогласи овој ден за државен празник, додека во Обединетото Кралство годишнината ќе се одбележи со богослужба во Вестминстерската ...
Кардиналот Роберт Превост од Соединетите Американски Држави е избран за следен папа, првиот американски понтиф во историјата. Тој ќе биде познат како папа Лeo XIV. Во своето прво обраќање како папа од балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, тој повика на мир и му оддаде почит на покојниот папа Франциск пред воодушевената публика. Роберт Превост, сегашен папа Лав XIV, е роден во Чикаго, Илиноис, во 1955 година. Превост дипломирал ...
Денес, на 8 мај, Украина и светот ја одбележуваат 80-годишнината од победата над нацизмот во Втората светска војна 1939–1945 година. Победа која ги постави темелите на современиот светски поредок и на развојот на човештвото. Таа крвава војна однесе милиони човечки животи, скрши милиони судбини и разори милиони семејства. Се чинеше дека нејзините ужасни последици ќе бидат трајна лекција за идните генерации – гаранција за она што секоја година го ...
„Ова беше најбруталната казнена акција против цивилите во цела Европа окупирана од нацистите. Масакрот во Корјукивка. Во март 1943 година, нацистичките трупи убија околу 7.000 цивили во украинскиот град Корјукивка, Черниговска област – повеќе отколку во Лидице, Орадур-сур-Глан и Хатин заедно. И покрај нејзините размери, оваа трагедија останува во голема мера непозната за светот,“ пишува Украинската амбасада во Северна Македонија на Фејсбук. ...
Новиот германски канцелар Фридрих Мерц, му порача на Вашингтон да се држи подалеку од внатрешната политика на неговата земја пред неговиот прв телефонски разговор со Доналд Трамп. Канцеларот го критикуваше мешањето од администрацијата на Трамп поради неодамнешната одлука на Берлин да ја класифицира крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија [AfD] како екстремистичка група. „Американската влада мора да прифати како се справуваме со ...
Европа одбележува 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, со настани што ќе се одржат низ континентот и надвор од него. Голем дел од Западна Европа го одбележува Денот на победата во Европа (VE Day) на 8 мај, но безусловната воена капитулација што ја заврши Втората светска војна во Европа всушност беше потпишана ден претходно, во 2:41 часот наутро на седми мај, во Ремс, источна Франција. Јосиф Сталин одби да ја признае таа ...
Додека државите од западната хемисфера на европскиот континентот Денот на победата во Европа го одбележуваат на 8 мај, останатите држави кои гравитира кон исток го слават 9 мај како Ден на победата над фашистичка Германија. Дали нацистичка Германија двапати се предаде во Втората светска војна? На 7 мај 1945 година, Германија безусловно им се предаде на сојузниците во Ремс, Франција, со што заврши Втората светска војна и Третиот Рајх. Или наместо ...
Препораки и политики (Прв дел) Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ и тимовите на партнерските организации кои ја спроведоа иницијативата ги претставуваат овие препораки врз основа на водечките премиси кои вклучуваат: Градење меѓуполитички и општествени сојузи: Усвојување координирани стратегии за спротивставување на авторитаризмот и зајакнување на демократските ...
За време на „Часот на сеќавање“ во Бундестагот по повод 80-годишнината од крајот на војната германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин за, како што ги нарече, неговите „историски лаги“. Обраќајќи се пред полна сала пратеници, меѓу кои и новата влада на канцеларот Фридрих Мерц, како и преживеани од Холокаустот и други специјално поканети гости, Штајнмаер ја осуди тврдоглавоста на Кремљ ...
Со одењето во Москва за да го прослави Денот на победата, Александар Вучиќ, претседателот на Србија, „му фрли ракавица на Брисел“, и покрај предупредувањата што доаѓаа оттаму во последните денови дека таков потег може да има своја цена. Тоа значи дека тоа може да значи прекин на преговорите на Србија за интеграција со ЕУ, пишува Данас. Дополнително, патувањето во Москва укажува дека политиката на седење на две или повеќе столчиња е завршена и ...
Европа денеска одбележува 80 години од Денот на победата над фашизмот. Во Северна Македонија одбележувањето е утре, 9 мај. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали се чувствувате како Европјани? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и граѓани да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата. Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па ...
ВОЈО МАНЕВСКИ Има една песна од руски поет кој пред осумдесет години напишал еден убав стих „ чекај ,чекај ме, чекај и јас ќе дојдам“. Песната е љубовна исто како и емотивниот изблик на моите сограѓани кога излегуваат да гласаат за нов состав на парламентот. Гласаат и се надеваат дека токму таа новата власт ќе им донесе подобар живот, ако не подобар барем за малку попристоен. Со емоции гласаат и чекаат подобар живот. Како и во песната после ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД и Европската Унија да ги укинат санкциите против Сирија во среда, откако го угости сирискиот лидер Ахмед ал-Шара во неговата прва посета на Европа. Францускиот лидер рече дека Вашингтон треба „да побрза со укинување на санкциите“, да ги задржи трупите во Сирија, а потоа да ја разгледа ситуацијата подоцна. „Интерес на сите, вклучително и на Американците, е денес да дејствуваат и да нè ...
Европскиот парламент го усвои извештајот за Србија, со 419 гласови „за“, 113 гласови „против“ и 88 воздржани. Така, тоа стана резолуција, која нема правно обврзувачки карактер. Авторот на извештајот, известувачот Тонино Пицула, за време на дебатата во Стразбур изјави дека, и покрај одреден напредок во економијата, Србија се соочува со големи пречки, пред сè во областите на владеењето на правото, политичкиот дијалог, борбата против корупцијата и ...
Најголемата конклава во историјата на Католичката црква треба да продолжи денеска, кога би можеле да се одржат четири круга гласање, бидејќи новиот папа не беше прогласен вчера, како што се очекуваше, по едно гласање. Папата Франциск, роден во Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга гласање. Осум години претходно, беа потребни два дена Германецот Бенедикт XVI да се прогласи за папа. Кардиналите вчера ...
На 11 мај 2025 година, во Албанија ќе се избира нова влада, која се очекува да ја води земјата во следните четири години. Оваа година, за прв пат, ќе гласа и дијаспората. Внатре и надвор од Албанија, 3 милиони 713.761 албански граѓани имаат право на глас на изборите на 11 мај 2025 година, од кои 114.642 гласаат за прв пат. Ова се 11-тите избори во Република Албанија, по доаѓањето на демократијата. За 140 места во парламентот се натпреваруваат ...
ТЕМА НА ДЕНОТ МК-ЕУ интеграции: Галоп на полжавите во изборна година „За тоа дали власта ќе го повтори успехот на локалните избори од пред 4 години ќе влијаат секако општите состојби во земјата. Економските неприлики се секако многу значајни а тие се влошуваат од ден на ден. Коалициските клоцања меѓу владините коалициони партнери се посебна приказна а на крајот тука се еден куп на скандали што едноставно го нервираат јавното мислење. Луѓето како ...
Министерот за надворешни работи на Данска го повикува американскиот амбасадор за да разговара за извештајот дека на шпионските агенции на Вашингтон им е кажано да се фокусираат на Гренланд, поради заканите на Доналд Трамп дека ќе го преземе островот, пренесува Би-би-си. „Многу ме загрижува тоа бидејќи не шпионираме пријатели“, рече Ларс Леке Расмусен, одговарајќи на извештајот во „Волстрит џурнал“. Според весникот, на американските шпионски ...
Европскиот парламент (ЕП) на 7 мај усвои резолуција во која се оценува дека, и покрај одреден напредок, Србија сè уште треба да надмине значајни пречки на патот кон Европската унија (ЕУ), пред сè подобрување на внатрешниот политички дијалог, реформи во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите со Косово, како и целосно усогласување со надворешната политика на ЕУ. ...
Хуманитарната организација „Светска централна кујна“ (WCK) објави дека престанала да работи во Појасот Газа бидејќи ѝ снемало залихи. -По послужувањето на повеќе од 130 милиони оброци и 26 милиони векни леб во текот на изминатите 18 месеци, WCK повеќе нема залихи за готвење оброци или печење леб во Газа, се вели во соопштението. Од 2 март, Израел ги држи премините во Газа затворени за храна, медицинска и хуманитарна помош, продлабочувајќи ја ...
Најмалку 13 цивили беа убиени, а 59 се ранети во пакистанските напади врз индиската страна од спорниот регион Кашмир, објави денеска индиската Влада за новиот биланс на жртви од конфликтот. Повеќето цивили загинаа во село на северозапад, по должината на „Линијата на контрола“ што го дели спорниот регион Кашмир меѓу двете земји, соопшти Министерството за надворешни работи. Според најновите податоци, на пакистанска страна загинале најмалку 31 ...
Мрежа за заштита на жените Ромки “Рамајана”, неформална група од Ромки активистки и граѓански организации, бараат итна акција за фемицидот врз Рамајана Асан. На 3 мај 2025 година, 36-годишната Рамајана Асан беше убиена од нејзиниот партнер во нејзиниот дом во Шуто Оризари, во присуство на 5 годишната ќерка. Според достапните информации, велат од Мрежата, жртвата претходно повеќепати пријавувала семејно насилство во присуство на сведоци, но ...
На денешната прес-конференција, советничката група на СДСМ и коалицијата во општина Куманово, алармираа дека се работи за криминал чист како солза, во кој претседателот на движењето ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски и партијата ДУИ се во тешка коруптивна спрега. Од СДСМ велат дека Димитриевски, кој остро се противеше на политиките на ДУИ, заради лични бизнис интереси во соработка со советниците од ДУИ во Куманово, го донесе ...
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека нивниот предлог за 30-дневен прекин на огнот сè уште е на сила, оценувајќи дека тоа ќе ѝ даде шанса на дипломатијата и ќе овозможи деескалација на конфликтот со Русија. -Не го повлекуваме овој предлог. Тоа би можело да отвори врата кон дипломатијата, рече Зеленски во видео обраќање, објави Укринформ. Зеленски нагласи дека Украина останува посветена на мирот, но дека „нема никаков одговор ...
Најмалку 33 Палестинци се убиени, а десетици се ранети во два израелски напади врз преполн ресторан и пазар на истата улица во градот Газа, соопштија медицински лица и Министерството за здравство управувано од Хамас, пренесува Би-би-си. Сликовити видеа објавени на социјалните мрежи покажаа тела легнати на маси во ресторанот „Тајланд“, во северната населба Римал, кој исто така работеше како заедничка кујна. Снимките од блискиот пазар покажаа мало ...
Државата не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во ЕУ. Вие добивате многу совети, од вашите соседи, од меѓународната дипломатија, од ЕУ, не се сите тие совети паметни, ниту корисни за вас… Вие сте тие, кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква уцена или изнудување, кога станува збор за вашето членството во ЕУ, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на заедничката прес-конференција со ...