Група млади активисти и уметници под менторство на програмата за креативен активизам на Центарот за современи уметности реализираа уметничка интервенција под наслов „Ограничена Мобилност, со цел да ја подигнат јавната свест за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попреченост, постарите граѓани со намалена подвижност, како и младите родители што секојдневно се движат низ градот со детски колички. Во рамките на оваа креативна ...

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент утре треба да гласа за Извештајот за напредокот на Македонија на известувачот за земјава Томас Вајц. Извештајот, првично, требаше да биде ставен на гласање на 4 јуни, но беше одложен на барање на Вајц поради притисоците од бугарските европратеници, кои не се согласуваат со тоа што во дoкументот децидно се наведуваат македонскиот јазик и идентитет. Вајц тогаш образложи дека бил сведок на ...

Што им порачаа на властите читателите на ЦивилМедиа на Граѓанскиот форум, во петокот (20 јуни, 2025). Во голем број од пораките, граѓаните непрекинато бараат од властите да си заминат, како минатиот петок, така и на сите граѓански форуми на ЦивилМедиа. ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ): Што сакате да им порачате на властите? Една од пораки за заминување на властите, гласи: Гледајќи ја нивната неспособност со која не туркаат во се поголема ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Говорејќи на поткастот на неделникот Време за актуелната ситуација на Блискиот Исток колегата Слободан Георгиев, уредник на N1 телевизијата рече дека неговиот син, додека ги следеле последните вести прашал – „тато дали сме во војна?“ Детскиот ум, оптоварен со сите тие слики од боиштата и краиштата погодените со глад, беда и секојдневна, масовна смрт, сето тоа го прима со сите сетила а за неговата свест, каде тие призори се ...

Филип Лазарини, генерален комесар на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), ги повика земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (OIC) да ги поддржат палестинските бегалци. „Сакам да апелирам до Организацијата за исламска соработка и нејзините земји-членки. Ве повикувам да преземете мерки, и политички и финансиски, за да се обезбеди пристап до најосновните услуги на палестинските бегалци“, изјави Лазарини на 51-та седница ...

Најмалку 22 лица се убиени, а 63 други се ранети во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск, соопшти сириското Министерство за здравство, пренесува Би-би-си. Маж отворил оган со оружје во грчката православна црква на Пророкот Илија во населбата Двеила за време на службата во неделата вечерта, пред да го детонира експлозивниот елек, според Министерството за внатрешни работи на Сирија. Се вели дека напаѓачот бил поврзан со џихадистичката ...

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година (сабота) донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. Со чувство на обврска кон сите граѓани и граѓанки кои веруваат во зелена, праведна, демократска и европска иднина на Македонија, Централниот одбор на ДОМ избра визија, храброст и граѓанска вклученост, ...

Русија започна бран напади со ракети и беспилотни летала врз Кијив во текот на ноќта на 23 јуни, при што загинаа шест лица, а 19 други беа повредени, објавија локалните власти, пренесува Кијив Индипендент. Кијивските независни новинари слушнаа експлозии и камикази беспилотни летала што летаа над глава од околу 1 часот наутро. Погласни експлозии од балистички ракети се слушнаа еден час подоцна, а нападот траеше вкупно околу 3,5 часа. Најголемата ...

Претседателот Доналд Трамп тврди дека американските бомбардери „уништиле“ три ирански нуклеарни објекти и алудирал на можноста за промена на режимот во Иран. Сепак, воените претставници во Израел и САД сè уште проценуваат колку значаен удар ѝ нанеле на програмата на Техеран, пренесува Си-ен-ен. Техеран ги осуди САД и Израел на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН. Во понеделник, врховниот командант на иранската армија предупреди за ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во неделата ја повика Кина да го охрабри Иран да не го затвора Ормутскиот теснец откако Вашингтон изврши напади врз иранските нуклеарни постројки, пренесува Економи тајмс. Коментарите на Рубио во емисијата „Sunday Morning Futures with Maria Bartiromo“ на Фокс њуз дојдоа откако иранската телевизија Прес ТВ објави дека иранскиот парламент одобрил мерка за затворање на Ормутскиот теснец, низ кој течат околу ...

ОЛИВЕР АНДОНОВ За горчливата лојалност Интересно е тоа како во нашата партија ВМРО-ДПМНЕ се бара безусловна лојалност. Не лојалност кон идеологијата на партијата, кон каузата на ВМРО, кон демократските вредности, кон европските вредности за кои се залагаше ВМРО-ДПМНЕ кога се формираше, туку исклучиво лојалност кон претседателот на партијата. Лична лојалност кон човек, не кон вредностите, кон делото. Дури не се бара ниту лојалност кон татковината ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика Иран веднаш да започне преговори со Соединетите Американски Држави и Израел со цел да се најде дипломатско решение за конфликтот, соопшти денеска портпаролот на германската Влада. Тој рече дека Мерц „тесно ќе се координира“ со своите партнери од ЕУ и САД за понатамошните чекори во текот на денот. Британскиот премиер Кир Стармер го повика денеска Иран да се врати на преговарачка маса и нагласи дека ...

Стелт бомбардерите Б-2 Спирит на американските ВВС беа вклучени во нападите врз нуклеарните објекти на Иран. Три ирански нуклеарни објекти беа погодени во „многу успешен напад“, изјави претседателот Доналд Трамп, додавајќи дека крунскиот бисер на нуклеарната програма на Техеран, Фордо, е уништен. Б-2 е една од најнапредните платформи за стратешко оружје на САД способен да упадне во софистицирана воздушна одбрана и да изврши прецизни напади врз ...

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси за утре свика итен состанок во седиштето на Агенцијата во Виена, откако САД нападнаа три нуклеарни постројки во Иран. „Поради итната ситуација во Иран, свикувам за утре итен состанок на Управниот одбор на МААЕ“, напиша Гроси на Икс. САД изутрината директно се вклучија во конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека нападнале три нуклеарни објекти во таа ...

Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен. Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук. -Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од ...

Колку и да не е вистина, нека звучи убаво. Кажи ѝ го на рајата она што сака да го слушне. Некои ова го викаат популизам, но што да прави вицепремиерот Александар Николоски кога вакви алегории му се јавуваат насон. И откако ќе се разбуди утоп мокар, истите решава да ни ги раскаже. А можеби преку сонот ја гледа иднината која допрва ќе се оствари, или пак преку сонот отвара некој прозорец од паралелна димензија, дистопија во која Македонија ...

Иран ги евакуираше трите нападнати нуклеарни објекти извесно време пред бомбардирањето, изјави денеска заменик-директорот на тој медиум, Хасан Абедини, за иранската национална телевизија. „Резервите на збогатен ураниум претходно беа преместени од нуклеарните центри и таму не останаа никакви суровини кои, во случај на напад, би можеле да предизвикаат зрачење и да бидат штетни за нашите сонародници“, изјави Абедини за Иранската телевизија. ...

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Фатив две три минути од натчовечките напори на Гордана Силјановска Дафкова да го убеди Мишко Иванов, а преку него и Македонија, какви се видливи и помалку видливи, но со сигурност смртоносни опасности, се кријат во барањата Бугарите да ги пуштиме во Уставот, па во протоколите и евентуалниот почеток на преговорите со Европската унија под условите што ги одредува преговарачката рамка и заклучив, и по тоа што го зборуваше и по ...

12 април 2025 САД и Иран започнуваат индиректни преговори за нуклеарната програма во Мускат, Оман, по писмото на американскиот претседател Доналд Трамп до врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи. Дијалогот, предводен од специјалниот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, е оценет како конструктивен. Април–мај 2025 Се одржуваат повеќе рунди преговори во Оман и Рим. И покрај почетниот напредок, остануваат нерешени ...

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social сподели објава од неофицијален отворен разузнавачки профил, во која се тврди дека подземниот ирански нуклеарен објект Фордо бил уништен (Fordo is gone). Фордо е подземен објект за збогатување ураниум, сместен на длабочина од околу 90 метри, и се смета за клучна точка на иранската нуклеарна програма. Објектот се најде во фокусот на актуелната, десетдневна размена на ...

Американските бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува своите постапки во врска со тензиите меѓу Израел и Иран, објавија Ројтерс и „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на веб-страници за следење на летовите во реално време. Стратешките бомбардери Б-2 се единствените способни да ја носат американската бомба за разбивање бункери GBU-57. Авионите ...

„Во војна веќе дефинирана со својата бруталност, Газа сега се ниша на својот најсмртоносен раб. Моментално само 40 проценти од капацитетите за производство на вода за пиење остануваат функционални во Газа (87 од 217). Без гориво, секој од нив ќе престане да работи за неколку недели, се посочува во извештај од УНИЦЕФ. Од УНИЦЕФ алармираат дека децата во Газа ќе почнат да умираат од глад доколку не се прекине 100 дневната блокада на гориво. ...

Турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм минатата недела се испорачани во Македонија, а официјалната нивна промоција ќе се одржи следниот месец, потврди за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски. Детали за договорот не може да се соопштат, вели Мисајловски, бидејќи тој е класифициран. Информцијата дека Македонија стана првата европска земја што ги добила турските влечни хаубици БОРАН со калибар од 105 мм ја соопшти турското ...

„Случајот против „Абзас Медиа“ е пример за тоа како азербејџанскиот судски систем се користи како оружје за да се замолчи независното новинарство и повикува на силен меѓународен одговор, изјави , Мари Струтерс, директорка на Амнести Интернешнл за Источна Европа и Централна Азија, реагирајќи на изрекувањето на долги затворски казни за седум медиумски работници во случајот „Абзас Медиа“ во Азербејџан. На 20 јуни, Судот за сериозни кривични дела во ...

СAД го зголемија своето воздушно присуство во близина на Блискиот Исток пред евентуално директно вклучување во израелско-иранскиот конфликт, објави Скај њуз. Според податоците за следење на летовите, најмалку 52 американски воени авиони се регистрирани како летаат над источниот Медитеран кон Блискиот Исток помеѓу понеделникот и четвртокот. Меѓу нив, 25 авиони слетаа на грчкиот остров Крит, што е осумкратно зголемување во споредба со почетокот на ...

Палестинскиот активист Махмуд Калил вчера е ослободен од федерален имиграциски притвор, ослободен по 104 дена со пресуда на судија откако стана симбол на репресијата на Доналд Трамп врз протестите на кампусот, пишува Асошиетед прес. Поранешниот дипломиран студент на Универзитетот Колумбија во петокот го напушти федералниот објект во Луизијана. Се очекува тој да се упати кон Њујорк за да се соедини со својата сопруга, државјанка на САД, и ...

Владимир Путин изјави дека верува оти цела Украина е „наша“, и предупреди дека напредувачките руски сили би можеле да го освојат северниот украински град Суми како дел од обидот да се создаде тампон зона по должината на границата, пишува Гардијан. Украинскиот министер за надворешни работи ги осуди изјавите на рускиот претседател во како доказ за рускиот „презир“ кон мировните напори на САД и рече дека Москва е решена да заземе повеќе територија ...

Најмалку 34 Палестинци се убиени, а неколку други се ранети од израелски оган додека чекале хуманитарна помош во централниот и јужниот дел на Појасот Газа, изјавија болнички извори за Ал Џазира. Најмалку 82 Палестинци беа убиени низ Газа од страна на израелската армија во петокот, велат извори за Ал Џазира вклучувајќи неколку во напад каде што авиони бомбардираа куќа западно од Деир ел-Балах. Израелските напади врз гладните Палестинци во близина ...

Локалните избори оваа есен во Македонија се обликуваат како клучна пресметка за зајакнување на позицијата на албанскиот политички фактор и за нова конфигурација на теренскиот баланс. Две паралелни разврски го привлекуваат вниманието: мобилизацијата на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и консолидирањето на коалицијата ЗАЕДНО (BASHKË), која ги вклучува Алијансата за Албанците (крилото на Арбен Таравари) и Европскиот фронт. ДУИ повикува на ...

Иран и Израел разменија нови напади во раните утрински часови, еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори, јави Ројтерс. Според Ројтерс, иранската новинска агенција Фарс соопшти дека Израел го нападнал нуклеарниот објект Исфахан, еден од најголемите во земјата, но немало истекување на опасни материјали. Иранските медиуми, исто така, ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
1.54
29%
1017
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
3.09
43%
1020
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
1.03
32%
1020
weather icon

Софија

33ᴼ / 28ᴼ
5.14
28%
1019
weather icon

Сараево

31ᴼ / 31ᴼ
4.02
30%
1020
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
1.03
57%
1020
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
11.18
37%
1012
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
1.54
19%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.54
24%
1014
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
6.17
35%
1022
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
38%
1021
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.32
48%
1018
Currency

61.54

Currency

52.8443

Currency

71.0488

Currency

34.4192

Currency

38.3484

Currency

65.0653

Currency

7.35348

Currency

0.66488

Currency

0.35714

Currency

0.52371

Currency

1.2986

Currency

0.60315