Откако поради здравствени проблеми, српскиот претседател Александар Вучиќ мораше пред време да се врати од САД, по краткиот престој и пружената медицинска нега на белградската ВМА, реши да тргне на парадата на Црвениот плоштад во Москва, каде требаше да се сретне со рускиот колега, Владимир Путин. Но, уште еден пех му се случи на претседателот на Србија, откако авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и ...

Корупцијата и организираниот криминал немаат место во државата која сака да оди напред, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај. Мицкоски упати честитка до сите полициски припадници за нивната посветеност и храброст, испраќајќи порака дека во државата нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. – Имаше време кога институциите се користеа за лични и политички ...

Во оваа епизода на подкастот „ТЕКОВИ“, политичкиот аналитичар од Босна, Харун Церо, зборува за актуелните случувања во Босна и Херцеговина и сè што е поврзано со нив — вклучувајќи го и регионалниот контекст и пошироките меѓународни импликации. Разговорот го водеше: Џабир Дерала Обработка: Биљана Јордановска Монтажа: Ариан Мехмети Погледнете го интервјуто со Харун Церо: Харун Церо за ЦИВИЛ Медиа: Русија и Србија се најголемата закана за БиХ ...

Европската комисија денеска одлучи да покрене тужби против Бугарија, Грција и Полска пред Судот на правдата на Европската Унија поради неусогласеност со правилата на ЕУ за наплата на патарини, барајќи на трите земји да им бидат изречени парични казни. Комисијата посочува дека на 23 мај 2024 година упатила формални известувања до трите земји за оваа неусогласеност, како и образложени мислења на 16 декември 2024 година, со кои се бара од нив во ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ „Долгогодишното ропство и лошото владеење можат толку да го збунат и да му ги осакатат сеќавањето на еден народ, здравиот разум и вистинскиот суд да му ги истенчат, ослабнат и целосно да му ги извитоперат. Така пореметениот народ не може да ги разликува не само доброто од злото, туку и сопствената корист од очевидната штета“. Ова е мисла на нобеловецот Иво Андриќ, секако интелектуалец со големо искуство за однесувањето на ...

„Мислам дека најголемиот страв или најголемата закана доаѓа од Русија, од земји како Унгарија, но пред сè од Русија и Србија. Би рекол дека Унгарија е само трето тркало тука, но Русија и Србија се гледаат како најголемите закани“, вели политичкиот аналитичар од БиХ, Харун Церо за ЦИВИЛ Медиа. Церо, кој долго време работел и како новинар во Ал Џезира, истакна дека медиумите, барем независните си ја вршат работата, но прашањето е кој навистина ги ...

ЦИВИЛ ексклузивно го објавува преводот на македонски од клучниот дел од публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки за политики“. Преводот ќе биде објавен во 11 продолженија, почнувајќи од воведот што го потпишаа д-р Волфганг Ресман, Хедер Роберсон Гастон, Роџер Касале и Џабир Дерала во името на глобалната иницијатива Одбрана на демократијата, формирана во декември 2024 година. Авторитарните владетели и ...

Во неделата кога одбележуваме 80 години од крајот на Втората светска војна, уште еднаш се наоѓаме во одлучувачки момент во историјата на Европа, кога од начинот на кој ќе запре војната во Украина ќе зависи како ќе биде обликуван нашиот континент за генерациите што доаѓаат, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на поддршка на ЕУ за постигнување праведен, ...

Во Газа не е влезена никаква хуманитарна помош повеќе од два месеци, што претставува најдолга ваква блокада и предизвикува голема загриженост, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и еврокомесарките за Медитеранот и за еднаквост, подготвеност и справување со кризи, Дубравка Шуица и Хаџа Лабиб. – Агенциите на ОН известуваат дека резервите на храна се исцрпени и ...

Новиот канадски премиер Марк Карни ја посети Белата куќа во вторникот на своите први разговори со Доналд Трамп и отворено му рече на американскиот претседател дека Канада никогаш нема да биде на продажба, пренесува Ројтерс. Карни, кој победи на изборите на 28 април со ветување дека ќе се спротивстави на американските тарифи и разговорите за анексија, подоцна рече дека го замолил и Трамп да престане јавно да се осврнува на Канада како 51-ва ...

Владата на денешната 77-та седница ја разгледала информацијата за носење на Предлог-програма за финансиска поддршка на проекти од областа на младите и младинските организации за 2025 година преку Министерството за социјална политика, демографија и млади. Како што информираат од владината прес-служба, преку Министерството ќе се дадат грантови за проекти во износ не поголем од 300.000 денари. – Проектите и апликациите треба да се насочени кон ...

Поранешниот американски претседател Џо Бајден, во ексклузивно интервју за Би-Би-Си, негово прво откако ја напушти Белата куќа, истакна дека притисокот од администрацијата на Трамп врз Украина да отстапи територија на Русија е „модерно смирување“, и дека тоа само ќе го охрабри Путин и ќе ја загрози глобалната безбедност. Бајден, кршејќи ја традицијата на поранешните претседатели кои избегнуваат критики кон наследниците на почетокот на нивниот ...

Две лица загинаа, додека бројот на повредени се искачи на осум, вклучувајќи четири деца, по масовниот напад со беспилотни летала врз Кијив, објави на Телеграм градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, пренесува Укринформ. „Бројот на повредени лица во главниот град се искачи на осум. Уште една жена е хоспитализирана. Претходно, три деца беа хоспитализирани. Значи, вкупно четири лица се хоспитализирани. Четири други добија медицинска помош на ...

И-ХИ Тинк Тенк, нов истражувачко-аналитички центар посветен на етичката и хумана примена на вештачката интелигенција (ВИ), вчера го промовираше својот прв позициски документ под наслов „ВИ – Меч со две сечила“. Документот ја истражува деликатната рамнотежа помеѓу иновациите и огромните потенцијали водени од ВИ и социо-економските нарушувања што таа може да ги предизвика. На промоцијата беа истакнати и објаснети сите позитивни трендови поврзани ...

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во Македонија да се менаџираат институциите без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба, истакна премиерот Христијан Мицкоски. ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите вие за „скандинавското“ работење на власта на локално и национално ниво? Редакција ЦивилМедиа ги повикува сите заинтересирани граѓанки и ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека доколку поранешниот министерот за економија Крешник Бектеши биде обвинет за трагедијата во Кочани ќе излезе на улица и нема да се врати додека не испровоцира предвремени пармалентарни заедно со локалните избори, ја окарактеризира како притисок врз судската власт. Шефицата на државата нагласи дека за разлика од Ахмети, таа ги мери зборовите, бидејќи не сака да ...

Индија вели дека започнала ракетни напади врз девет локации во Пакистан и Кашмир, администриран од Пакистан. Жителите биле разбудени од огромни експлозии, пренесува Би-би-си. Пакистан вели дека три локации биле нападнати и тврди дека соборил пет индиски борбени авиони. Индија не го потврди ова. Индиската армија соопшти дека најмалку седум цивили биле убиени од пакистанско гранатирање на нејзината страна од де факто границата. Пакистан, во ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Тој ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести по што ќе следи тет-а-тет средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Според агендата, планирано е состанок да одржат двете делегации по што за во 11:20 часот е најавенапрес-конференција на двајцата претседатели. За време на посетата на хрватскиот претседател. во централното градско ...

Најмалку 22 лица, вклучувајќи седум деца, беа убиени во вторник во израелски напад врз училишен комплекс во кој се сместени илјадници раселени лица во кампот Ал Буреиџ во централна Газа, соопштија болнички претставници, пренесува Си-ен-ен. Десетици други беа повредени во нападот, се додава. На местото на нападот, видео од местото на настанот покажа голем кратер каде што луѓето пребаруваа низ урнатините на училиштето за преживеани, остатоци од ...

ЉУБОМИР ФРЧКОСКИ Се потврдува, драги мои, идејата која сме ја повторувале многу пати, дека ВМРО-ДПМНЕ нема надворешна политика ниту било кога имало. Таа партија, независно од изборната поддршка, паразитира врз политиките на македонските леви и центристички партии од осамостојувањето до денес и само прашање е нивото и длабочината на штетата и срамот, понижувањето и подбивот до кој ќе ја донесе државата во својата неспособност, тотално ...

Католичката црква денес ќе го започне високо кореографираниот процес на избор на својот нов водач по смртта на папата Франциск минатиот месец. Тоа е таен собир познат како „конклава“, пренесува Си-ен-ен. Денешните настани ќе започнат со посебната миса „Pro Eligendo Romano Pontifice“, што значи „за избор на римски папа“. Потоа кардиналите ќе се упатат кон Систинската капела, која е под блокада за конклавата. Дури и мобилниот сигнал околу капелата ...

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа денеска поминаа на владина седница. Со нив, меѓу другото се предвидува референдумско отповикување на градоначалници, воведување на комунална полиција и поголемо учество на граѓанскиот сектор во носењето одлуки на локално ниво. Предлог-измените ќе бидат испратени во собраниска процедура и доколку бидат донесени до летово ќе важат за новите градоначалници кои ќе се избираат во октомври на редовните ...

Во организација на ЗГ Есперанца, Светски културен центар, во партнерство со Центар Јадро и ИМА, ќе се одржи јавна дебата „Важноста на Независната сцена во услови на поларизација“ што ќе се одржи во КСЦ Центар Јадро, на 07 мај, во 19 часот. Говорници ќе бидат Искра Гешоска, Мања Величковска, Роберт Алаѓозовски, а дебата ќе ја модерира Тијана Спасовска. „Независната културна сцена е повторно турната на маргините. Во изминатите години имаше знаци ...

Канцеларијата на американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредила привремено запирање на летовите за воена помош за Украина на почетокот на февруари без да ја извести Белата куќа, објави ексклузивно Ројтерс. Прекинувањето наводно влијаело на 11 пратки артилериски гранати и оружје од воздухопловната база Довер и американската база во Обединетите Арапски Емирати. Наредбата, издадена околу една недела откако американскиот претседател Доналд ...

Во рамки на прашањето на денот поставено на Facebook страницата на ЦИВИЛ – „Во каква состојба се македонските медиуми и медиумските слободи?“ – граѓаните масовно се огласија со остри и критички ставови. Одговорите што пристигнаа јасно укажуваат на длабоко разочарување и недоверба кон медиумската сцена во земјата. Повеќето коментари ја опишуваат состојбата како „катастрофална“, „срамна“ и „никаква“. Корисниците остро реагираат на, како што велат, ...

Украина обезбеди враќање на 205 војници во размена на затвореници еден за еден со Русија, која беше посредувана од Обединетите Арапски Емирати, објави претседателот Володимир Зеленски на Телеграм на 6 мај, пренесува Кијив Индипендент. „Украина врати 205 војници. Млади мажи и возрасни мажи од речиси сите видови и гранки на војската. Бранителите на Мариупол и бранителите на целата фронтова линија“, напиша Зеленски. Ова е петтата позната размена на ...

ДРАГАН МИШЕВ Додека во првите 100 дена од вториот мандат Трамп доживува фијаско, а својот неуспех да ги испорача ветувањата со кои ќе ја направи Америка повторно голема (царините донесоа повеќе штета од корист, ролокостер на берзите, не успеа да ја реши руската војна во Украина, како што вети, за 24 часа откако ќе стапи на власт), го сведува на телевизиско ријалити шоу, сега американскиот претседател се сети како на широките народни маси (негови ...

Вицепремиерот во Владата на Србија денеска ја отфрли идејата за вонредни парламентарни избори откако доцна синоќа студентите во блокада објавија за првпат дека бараат распуштање на Народното собрание. Ивица Дачиќ, кој е и министер за внатрешни работи на Србија, изјави утрово дека Владата има стабилно парламентарно мнозинство и дека таквите барања на студентите би можеле да значат „крај на нивниот сон“. „На Србија и е потребна политичка ...

„Државите мора да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат јазичните права на малцинствата во јазичниот систем.“ Ова е наведено во одговорите од 12 страници на Венецијанската комисија на прашањата поставени од Уставниот суд за Законот за јазиците. Комисијата ги нарекува прашањата апстрактни, образложувајќи дека нејзините одговори не можат да се сечат со нож. Во точка 52 од заклучокот на Мислењето на Венецијанската комисија се наведува ...

„Репортери без граници“ (RSF) на 5 мај објави дека ѝ овозможиле на руската новинарка Екатерина Барабаш да избега од Русија во Франција., објави Кијив Индипендент. „Избегав – немав друг избор. Новинарството повеќе не постои во Русија“, изјави Барабаш пред новинарите во Париз на 5 мај. Барабаш избега од домашен притвор на 21 април. Таа беше ставена во домашен притвор од московскиот суд поради објавување „лажни вести“ на нејзиниот Фејсбук профил за ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.39
74%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
74%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
54%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
83%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
47%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60